По убедливата победа на првиот меч во Штип, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Штип УГД, денеска го очекува и првото гостување во финалната серија од домашниот одбојкарски плеј-оф. Штипјани ќе се обидат да направат „брејк“ на гости и да дојдат на чекор до историската двојна круна во домашната одбојка. Тимот на Кристиан Ристески игра победничката сезона и се надева дека ќе успее да ги запре налетите на жилавите ривали од Велес, кои ...

Одбојкарите на ОК Штип УГД се на само една победа од шампионската титула, откако и во вториот финален натпревар славеа убедливо против Борец во Велес со 0:3 во сетови. Штипјани уште еднаш покажаа квалитет и сигурност на теренот, контролирајќи го натпреварот од самиот почеток. Првиот сет беше најнеизвесен, но заврши во корист на гостите со 24:26. Во продолжение, Штип УГД целосно ја презеде иницијативата и со 14:25 го доби вториот сет, додека ...

Одбојкарски клуб “Штип Угд” – Штип е на чекор до шампионската титула и обединување на круните во домашната сцена откако вечерва на гостувањето во Велес славеше со 0:3 (24:26, 14:25, 23:25) над O.K. Борец Велес во вториот натпревар од финалето на плејофот во Првата лига мажи. Велешкиот состав мотивирано влезе во дуелот, имаше и водство од 7:1, односно 20:17 во финишот на сетот, но израмнувањето дојде на 21:21, а во играта на нерви гостите ја ...

Штип УГД е на чекор од нова голема клупска историја откако стигна до 2-0 во полуфиналната серија совладувајќи го ГОК Борец во Велес со 0-3 во сетови. Тимот на Кристиан Ристески одигра нов перфектен меч со максимален учинок и веќе станува повеќе од јасно дека во петок Штип УГД ќе биде прогласен во нов шампион на Македонија. Велешкиот тим одлично го започна мечот со водство од 7:1 во првиот сет, а предност Борец испушти и при 20:17, а потоа ...

Утре ќе има големо славје во градот под Исарот, одбојкарите на Штип УГД се на чекор од историска шампионска титула, во спортската сала „Јордан Мијалков“ повеќе од јасно е дека ќе биде исполнето секое столче со верните навивачи и љубители на одбојката. Утре, петок со почеток од 19 часот се игра третиот меч од финалната серија, кој меч ако го добијат штипјани ќе ја освојат шампионската титула. Штип УГД има водство од 2-0 во финалната серија, а ...