Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
На двата денешни натпревари од 13. коло во Прва МФЛ, Струга ТЛ – Шкендија Тетово и Силекс – Вардар, беа забележани вкупно пет значајни ВАР ситуации. Во сите случаи, видео-технологијата придонесе за донесување правилни и оправдани судиски одлуки. ФК СТРУГА ТЛ - ФК ШКЕНДИЈА 2.минута – Главниот судија досуди пенал за екипата на Шкендија поради наводен контакт меѓу напаѓачот и противничкиот одбранбен играч. По ВАР-интервенцијата, судијата беше ...
Диего Симеоне има навистина добар биланс кога се во прашање нокаут дуелите со Барселона предводена од Ханси Флик, но аргентинскиот стручњак не сакаше многу да навлегува во минатото и исклучиво се фокусираше на тоа што следи. Утрешното дерби во Ла Лига е директна пресметка меѓу два тима кои ги делат само два бода, па јасно дека и Атлетико и Барселона ќе влезат со големи амбиции и цели во натпреварот кој се игра на „Метрополитано“ во 21:00 ...
Екипата на Каљари ја прекина серијата лоши резултати и го победи Фрозиноне (1-0) во натпреварот од 11. коло во Серија А. Стрелец на единствениот гол во првото полувреме беше Мишел Адопо, кој во 38. минута ја затресе мрежата на гостите. Фрозиноне имаше поголем посед на топката, но домаќините беа поефикасни и успеаја да ја искористат својата можност за победоносен погодок. Голманот на Каљари, Елија Каприле, имаше значајна улога во триумфот, ...
Пеко Бањаја доживеа тежок пад на спринт-трката во Мото ГП во Катар на 7 ноември, по контакт со Фермин Алдегер. Италијанскиот возач на „Дукати“ беше изнесен на носилка, а организаторите ја прекинаа трката со црвено знаме за да овозможат безбедно извлекување од патеката. Според првичните информации, Бањаја бил свесен. Според „Скај спорт“, Алдегер го удрил Бањаја одзади, по што Италијанецот бил исфрлен од мотоциклот. Возачот останал на земја со ...
Откако Каљари го совлада Фросиноне во првиот дуел од Серија А денеска со миниминални 1:0, на вториот дуел, екипите на Торино и Лече одиграа без победник 1:1. Домаќинот успеа да дојде до водство во 60. минута откако Гаспар си постигна автогол, за да Ндри во 73. минура израмни на 1:1. Со гол со кој што му донесе бод на гостинот дваесетина минути подоцна. Со четиринаесет освоени бодови досега од единаесет мечеви, тимот на Торино се наоѓа токму ...
Додека неговите врсници сонуваа за големи договори, познати стадиони и богатство, Боб Фелер направи нешто што ја шокираше цела Америка. Тој беше една од најголемите ѕвезди во бејзболот, имаше само 23 години, со сезона од соништата зад себе и цела кариера пред него. А потоа, само два дена по јапонскиот напад врз Перл Харбор, тој одлучи да го напушти спортот и доброволно да оди во војна! Неговата животна приказна звучи како сценарио за ...
Тренерот на Струга Трим Лум, Бленди Шкемби, беше задоволен од освоените три бода од дербито против Шкендија, но призна дека неговиот тим не го прикажал посакуваното издание во првиот дел од дербито. Стружани славеа со 1-0 со погодокот на Малески во 79. минута, резултат со кој се искачија на првото место на табелата. Шкемби смета дека неговите фудбалери направиле значителен напредок во второто полувреме, кога успеале да го наметнат својот ...
Тренерот на Шкендија, Артим Положани, смета дека неговиот тим бил подобар противник од Струга Трим Лум во дербито од 13. коло во Првата македонска лига, и покрај минималниот пораз од 1-0. Стружани до победата стигнаа со голот на Малески во 72. минута, со кој воедно го презедоа првото место на табелата. Положани, сепак, смета дека неговите фудбалери имале иницијатива и повеќе можности за погодок, но не успеале да ја искористат својата надмоќ. ...
Фановите на Манчестер Јунајтед и менаџерот Мајкл Карик имаа неколку помирни денови откако тимот направи импресивен пресврт против Рома во Лигата на шампиони, но она што беше добро сработено во вториот дел на „Олд Трафорд“, сега ќе треба да се надогради и утре. Јунајтед веќе седум меча не знае за победа во Премиер лигата и се најде многу блиску до опасната зона на табелата, а Карик како менаџер кој доби шанса да го извади тимот од многу ...
Одлична, прекрасна „опаска“ на коментаторот кој што го покриваше преносот на дуелот од ХНЛ шампионатот помеѓу Горица и Славен Белупо денеска на кој што нашиот интернационалец Илија Нестроровски постигна два гола во победата од 3:5. „Ilija Nestorovski ne zna za starost“…. беше коментарот откако Нестор го постигна првиот гол на овој меч за 0:1. Алудирајќи секако на годините на нашиот напаѓач кој што сезонава веќе има девет гола во ХНЛ ...
Добриот прекар честопати открива повеќе од името и презимето на фудбалерот. Со само неколку зборови, може да го опише неговиот изглед, карактер, стил на игра или приказна што го следи уште од детството. Некои прекари станале толку моќни што вистинското име на играчот се ставило во втор план. Најдобар пример е секако бразилскиот напаѓач Џиванилдо Виеира де Соуза, кого целиот свет го знае едноставно како Хулк. Неговиот татко ја обожавал ...
Вистински спортски празник и атмосфера за паметење на која сведочеше и екипата на Спортска Станица од трибините! СРЦ „Јане Сандански“ беше распродаден уште вчера, а трибините беа исполнети до последното место. Спектакуларната кореографија на „Комитите“ со порака „Шампионот повторно на трон“ го најави спектаклот, а вистинскиот дерби набој се комплетираше пред крајот на првото полувреме кога во салата пристигнаа и околу 200 гостински навивачи, ...
Вечерва Скопје пулсира во ритамот на ракометот. Нашите репрезентативци, предводени од селекторот Кирил Лазаров, ги започнуваат квалификациите за Европското првенство во 2028 година, а првиот предизвик на тој пат е репрезентацијата на Луксембург. Натпреварот започнува во 19:00 часот во Т-Арена при СЦ „Борис Трајковски“, место каде што историјата и традицијата секогаш биле наша силна страна. Ракометната магија како мост за обединување Само пред ...
Црвена звезда имаше големи очекувања за продажба на Василије Костов, но неговиот трансфер сè уште не се реализирал. Сега младиот фудбалер би можел да падне во втор план поради македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров, кој блеска под водство на Алберт Риера. Звезда во изминатите неколку години реализираше низа големи трансфери. Клубот од Белград продаваше млади фудбалери и заработи стотици милиони евра. Сега на „Маракана“ сите надежи ги ...
Реал Мадрид воведува поинаков пристап во управувањето со физичката подготвеност на фудбалерите, откако Жозе Мурињо одлучил да го примени моделот на ПСЖ и Луис Енрике за распределба на минутажата и одморот во текот на сезоната. Според шпанската „Марка“, планот предвидува поголемо растоварување на најважните играчи, не само преку ротации на натпреварите, туку и со дополнителни слободни денови и посебни програми за физичко и психолошко ...
Петнаесетгодишниот Марко Џорлев член на Карате клубот (КК) Штип и на Македонската карате репрезенатација се искачи на пиедесталот на Светското карате првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржа минатиот месец во Бјелско-Бјала во Полска. Штип градот каде што живее, тренерира и се радува на неговите европски и светски успеси. Годинава општината му ја додели наградата 8 Ноември, највисокото општинско признание, кое ...
Френки Де Јонг се покажа одлично и во улога на стопер за Барселона, но фактот што Ерик Гарсија се враќа и ќе биде на располагање за утрешното дерби со Атлетико Мадрид остава шанса Холанѓанецот да се врати на својата природна позиција. Тоа посебно добива на сила поради отсуството на повредениот Родри, но Ханси Флик ова попладне нагласи дека со сериозни шанси за стартерскак улога е и младиот Бернал од чии квалитети тој е презадоволен. – Гарсија ...
Бразилскиот фудбалер Родриго Моледо се најде на удар на сопствените навивачи поради грешката што ја направи во финишот на натпреварот меѓу Коритиба и Интернасионал. Неговиот невнимателен потег резултираше со пенал во судиското продолжение, кој домаќините го искористија за победа од 1-0. Иако од натпреварот поминаа три дена, реакциите на навивачите не стивнуваат. Сепак, критиките за лошата игра одамна ја преминаа границата на спортскиот ...
Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ и неговиот Арис стигнаа до нова победа во грчкиот шампионат откако славеа на гостувањето кај Лефкада со 77-88. Уште од самиот старт тргнаа фуриозно гостите и веќе по првиот период имаа убедлива предност од 23-32. До крајот Арис рутински го приведе мечот за конечен триумф од 77-88. Димитријевиќ беше најдобар поединец во победничкиот табор завршувајќи го натпреварот со 25 поени, три скока и ...
Илија Несторовски не запира со фантастичната форма и повторно постигна гол за неговиот Славен Белупо на гостувањето кај екипата на Горица. Прилепчанецот го отвори резултатот во 17. минута и донесе водство за својот тим, а за него ова е осми погодок сезонава. Несторовски потсетува на своите најдобри денови, и покрај фактот што веќе има полни 36 години. Неговиот учинок е убедливо најдобар во екипата која се бори да фати приклучок кон погорните ...
Првиот дуел од денешната шпанска Примера донесе гостинска победа. Екипатан на Расинг Сантандер со конечни 1:2, тријмфираше кај Малага и со тоа извојува значајна победа пред репрезентативната пауза. Дотор погоди за домаќинот во првиот дел, а потоа Расинг направи комплетен пресврт. Луке и Забири во само десетина минути реализираа за 1:2, што подоцна ќе се покаже дека е и конечен резултат. Дополнителен проблем за домаќинот беше и играчот ...
Конор Мекгрегор планира да ги остави своите ракавици внатре во „Октагонот“, но не затоа што завршува со кариерата како борец. Поранешниот шампион во две категории во УФЦ беше специјален гостин на настанот „Hype Italy“ во Рим. Мекгрегор беше прашан дали преферира мешани боречки вештини (ММА) или борби без ракавици. Како што се очекуваше, косопственикот на „Bare Knuckle Fighting Championship“ (BKFC) се најде во тешка дилема при изборот. „Многу ...
Работнички продолжува со одличните настапи во македонската кошаркарска Суперлига, откако го совлада Скопје 2023 со 89-79 и ја запиша петтата победа во исто толку натпревари. Најзаслужен за триумфот беше Рикиќ со 29 поени, додека Паркер постигна 23 за Скопје. На останатите два натпревари, Тиквеш го совлада ТФТ со 77-74, додека Штип славеше против Струмица со 87-81. Во победничкиот тим на Штип најефикасен беше Ивица Димчевски со 20 поени, а ...
Кошаркарите на МКК Куманово вечерва на свој терен во последниот меч од 5.коло во елитната кошаркарска лига на Македонија славеа убедлива победа против Кожув со 91:74. Ова за МКК Куманово е трета победа а за гостите вториот пораз. Гуден кај победничкиот тим запиша 21 поени, а кај гостите најефикасен беше Бојчев со 22 поени. Клубот од Аеродром воден од Дејан Србиновски и Тино Даневски успеа да слави над Пелистер (74:60) во Суперлигата и со тоа ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа нов убедлив пораз од 89:66 на гостувањето кај Џики Варшава, во петтото коло од ФИБА Европа купот. Полскиот состав ја искористи предноста на домашниот терен и стигна до сигурна победа, оставајќи го македонскиот тим со празни раце. Во редовите на МЗТ, Адем Мекиќ беше најефикасен со 11 поени, три скока и две асистенции за нешто повеќе од 21 минута на паркетот. Ноа Фаракан и Емир Крајниќ постигнаа по девет ...
Летонскиот центар сè уште нема одиграно ниту еден натпревар во новата сезона, а датумот на неговото враќање е неизвесен поради здравствени проблеми чија точна природа не е позната. Поради тоа, Голден стејт се обидува да најде решение за неговата иднина, па дури и да го размени. Порзингис има релативно поволен договор за трејд, со годишна плата од 20 милиони долари. Според информациите на инсајдерот Брет Сигел, три екипи покажале интерес за ...
Репрезентацијата на Шведска славеше победа против Грција во квалификацискиот натпревар за Европското првенство со конечни 33-24. Најдобар поединец во победничкиот состав беше Албин Лагергрен со седум гола, а на спротивната страна осум погодоци запиша Теодорос Боскос. Следен противник на Шведска е Луксембург, а Грција игра со нашиот национален тим на осми ноември. Репрезентацијата на Шведска славеше победа против Грција во квалификацискиот ...
Комо приреди вистинска голеада на гостувањето кај Ленс, славејќи со неверојатни 9:1 во натпреварот од четвртото коло во ЛШ. Италијанскиот тим „експлодираше“ на мечот во Франција каде Тасос Дувикас беше најзаслужен за убедливиот триумф со три постигнати гола. Грчкиот напаѓач го отвори резултатот во седмата минута, а во 32. повторно ја затресе мрежата на домаќините. Нико Паз во 40. минута зголеми на 3:0, со што Комо веќе на паузата имаше ...
Милан има разочарувачки настапи во Лига Европа, натпреварување во кое оваа го доживеа третиот пораз во четвртиот натпревар и тоа од унгарски Ференцварош. -Нема објаснување. Нема ништо што можам да кажам, особено за првото полувреме. Не се сеќавам дека сме играле вака слично како во првото полувреме. Станува збор за амбиција, концентрација. Подаривме можности, направивме глупави грешки. Не бевме подготвени да играме фудбал. -Тешко е да се ...
Од Битола до Јапонија – пет и пол децении посветеност на боречките вештини за Ѓуро Илиќ значат признание со највисокото мајсторско звање. Македонскиот мајстор во повеќе боречки вештини официјално е промовиран во носител на мајсторски црвен појас, 10 дан во џиу-џицу. Сертификатот му е доделен од Јапонската Будо меѓународна федерација, за време на светскиот семинар за боречки вештини во јапонскиот град Танабе – родното место на основачот на ...