Најмалку девет лица се повредени во удар од гром на пистата на меѓународниот аеродром „Артуро Микелена“ во Валенсија во Венецуела вечерва, соопштија денес локалните власти. Меѓу повредените има четворица припадници на Националната гарда и неколку цивилни работници кои обезбедуваат услуги на терминалот, објави „Ел Импулсо“. Според властите, осум од повредените биле итно префрлени во одделот за траума на болничкиот комплекс „Д-р Енрике Техера“ ...

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе претседава со меѓуресорски кризен состанок на Министерството за внатрешни работи за пожарите што моментално беснеат во Франција. Според телевизијата BFM, кризниот состанок првенствено ќе се однесува на големиот пожар што избувна пред пет дена во градот Сом, во југозападна Франција, а сè уште се шири во департманот Жиронд. Според француското Министерство за внатрешни работи, пожарот досега изгорел ...

Според астролошките прогнози, три хороскопски знаци влегуваат во период кој би можел да им донесе повеќе радост, љубов и успех. Некои периоди од животот носат промени кои долго се паметат. Според астролошките толкувања, трите хороскопски знаци во август влегуваат во особено поволен период, време кога се отвораат нови врати, пристигнуваат добри вести и конечно доаѓа наградата за сè што поминале. По месеци предизвици, сомнежи и чекање, среќата ...

Денот за гостиварци и натаму не почнува вообичаено. Паниката можеби стивна, но неизвесноста остана. Чешмите ги отвораат со недоверба, шишињата со вода станаа дел од секое домаќинство, а меѓусебните разговори во продавниците, кафулињата и на улиците каде што стојат во ред за донирана вода почнуваат и завршуваат со прашањето „до кога?“ Гостивар ги живее најтешките денови во поновата историја. Десетина дена од здравствената криза што погоди ...

Експертите предупредуваат дека покрај стресот, исхраната може да придонесе и за зголемување на кортизолот, особено кога често се консумираат слатки појадоци, засладени житарки, брза храна и рафинирани јаглехидрати како што е белиот леб. Во последниве години, сè повеќе се зборува за кортизолот и неговото потенцијално негативно влијание врз здравјето, а социјалните мрежи, нутриционистите и здравствените портали често го истакнуваат како еден од ...

Под влијание на атмосферски фронт со поладен воздух на висина, и на влажна и на нестабилна воздушна маса од северозапад, на ден понеделник 27 јули во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, најави Славчо Попоски. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Иран мора да се откаже од својата нуклеарна програма, оценувајќи дека целта на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп е да го натера Техеран да го промени курсот, а во исто време да ја поддржи можноста за договор со Саудиска Арабија за цивилна нуклеарна енергија со нормализација на односите меѓу Ријад и Тел Авив. Нетанјаху во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека ги поддржува ...

Италијанската крајбрежна стража во неделата објави дека евакуирала повеќе од 400 луѓе по море поради пожар во општината Пешичи во регионот Пуља во јужна Италија. „Досега, повеќе од 400 туристи и капачи се евакуирани по море, што е единствениот можен пат за евакуација“, соопшти крајбрежната стража на каналот WhatsApp во недела попладне. Портпарол на крајбрежната стража изјави за АФП дека се очекува евакуација на уште околу 300 луѓе. ...

Пилешкото подготвено во богат ловечки сос е одличен избор за семеен ручек. Комбинацијата од месо, зеленчук и ароматични зачини се готви бавно во едно тенџере, така што пилешкото останува исклучително нежно, додека сосот добива полн и богат вкус. Состојки: Пилешко 2 големи кромиди 4 чешниња лук 2 црвени пиперки 400 г излупени домати 2 лажици доматно пире 100 г црни маслинки 400 мл пилешка супа 3 лажици маслиново масло 2 ловорови листа 1 ...

На планината Елбрус на Кавказ денес беа пронајдени телата на уште тројца планинари од Босна и Херцеговина, дел од седумчлена група која побарала помош додека се спуштала од планината, соопшти денес Истражниот комитет на Руската Федерација. „Телата на уште три жртви се пронајдени и нивната локација е позната, но тие сè уште не се евакуирани поради лошо време“, изјави извор за РИА Новости. Група од седум граѓани на Босна и Херцеговина ...

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека западните земји, по распадот на Советскиот Сојуз, почнале да го менуваат меѓународниот поредок воспоставен по Втората светска војна, наведувајќи го распадот на Југославија и проширувањето на НАТО како примери. Во овој контекст, тој оцени дека Украина порано или подоцна ќе ги изгуби своите западни територии. Според него, по распадот на Советскиот Сојуз, „победниците од Студената војна“, ...

Заврши ерата во Македонија кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти и меѓусебно се натпреваруваа кој ќе летува во поексклузивно одморалиште, рече лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната панел-дискусија „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“ што се одржа во Струмица. Тој вели оти конечно е дојдено време за одговорен пристап и транспарентно давање отчет пред граѓаните и кажа оти политичарите мора ...

Осомничениот за вчерашниот напад на Парадата на гордоста во Берлин е убиен во полициска операција, објавија германските медиуми. Регионалниот јавен радиодифузер Рундфунк Берлин-Бранденбург (RBB) го идентификуваше осомничениот како 21-годишниот Абдул Балут, кој беше смртно застрелан во комплекс за рекреативни паркови во берлинскиот кварт Шпандау, објави Скај. Откако се случи синоќа околу 22 часот по локално време (21 часот по британско време), ...

Моделирајќи ги воените операции во Иран во текот на изминатите 20 години, угледниот професор Роберт Пејп тврди дека светот влегол во „стапица на ескалација“. Геополитичката и енергетската криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток и блокадата на Ормускиот теснец влегува во својата најопасна фаза. Во опширно интервју за популарниот подкаст „Дневникот на еден извршен директор“, професорот Роберт Пејп – водечкиот светски експерт за воена ...

Редок небесен спектакл, во кој целосно затемнување на сонцето и метеорски дожд – Персеидите – ќе се случат во рок од 24 часа, ќе се одржи на 12 август. Најдоброто место во светот за набљудување на двата небесни феномени ќе биде северна Шпанија, но ентузијастите за астрономија во Србија исто така ќе можат да уживаат во нив. Сенката на Месечината ќе помине над северниот дел од Земјата, а целосното затемнување ќе биде видливо од делови од Сибир, ...

Спасувачите од руското Министерство за вонредни ситуации ги евакуираа телата на двајца планинари од Босна и Херцеговина кои загинаа на падините на планината Елбрус во руската република Кабардино-Балкарија, на надморска височина од 5.350 метри, објави во недела регионалната администрација на министерството. „Телата на двајцата планинари беа евакуирани на ливадата Азау и предадени на истражната и оперативна група на надлежните органи“, се вели ...

Насилник ја влечел мајка си дваесетина метри со возило, при што жената е повредена. Полицијата го уапси насилникот. „На 25.7.2026 година во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село. Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со ...

Шеснаесетгодишно момче од селото Кондово починало откако било донесено во бессознание на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 16:22 часот од Клиничкиот центар. Малолетникот бил донесен во бессознание, а и покрај напорите на лекарите, за кратко време починал. Според првичните информации, момчето заедно со својата мајка било на гости кај ...

Во близина на островот Шолта во Далмација се спроведува интензивна потрага по австрискиот капетан на едрилица кој паднал во морето и исчезнал утрово за време на силна бура. Како што дознава Телеграф.рс, драмата се случила откако капетанот сфатил дека јаже се заплеткало околу пропелерот. Според информациите добиени од извор запознаен со ситуацијата, капетанот на едрилицата забележал дека има проблеми со управувањето, а потоа сфатил дека јажето ...

Гравот и долговечноста се поврзани, а таа врска не доаѓа од скапо шише, туку од тенџерето во кое готвеле нашите баби. Додека потрагата по поздраво стареење не тера да посегнуваме по додатоци во исхраната, егзотични прашоци и скапи диети, експертите за долговечност укажуваат на нешто многу поедноставно. Грав, леќа, наут, грав и црн грашок. Храна што генерации ја готвеле со векови, долго пред долговечноста да стане опсесија. Заборавената храна ...

Две недели по инцидентот на летот на „Рајанер“ од Солун до Минхен, 61-годишниот Љубиша Каровиќ собира докази и планира тужба, но пред сè, бара одговор на прашањето кој е одговорен за фактот дека, според неговите тврдења и тврдењата на сведоците, тој висел од авионот „боинг 737“ околу две минути, пишува РТС. „Во моментов, истражните органи спроведуваат истрага. Очекуваме да добиеме одговор за приближно 30 дена за тоа што се случило и кој е ...

СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест лица од селото Просениково поради сомнение дека сториле кривични дела „насилство“, а дел од нив се товарат и за противправно лишување од слобода и напад врз службено лице. Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавени се Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите од село Просениково. Според истрагата, на 24 јули околу 21:20 часот тие насилно ...

Италија дополнително ги заострува мерките против дизел автомобилите на северот од земјата, каде што на милиони возила не им е дозволено да влезат во посебни зони во бројни градови. Причината се долгогодишните проблеми со загадувањето на воздухот во долината на реката По, а најстрогите правила ги применуваат регионите Пиемонт, Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања. Новите ограничувања важат за речиси сите градови со повеќе од 30.000 жители, ...

Светската програма за храна на Обединетите нации предупреди дека ќе мора значително да ја намали својата помош за Газа, каде што поддржува 70 проценти од населението, до октомври, освен ако не се обезбедат дополнителни средства. „Без доволно средства, ќе бидеме принудени да ја намалиме помошта за луѓето кои зависат од тоа за опстанок“, рече Рос Смит, директор за подготвеност и одговор во вонредни ситуации во Светската програма за храна. Смит ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, засега, ги прекина плановите за значајно проширување на воените операции против Иран поради загриженоста околу намалувањето на резервите на американски проектили за противвоздушна одбрана, објави „Њујорк тајмс“. Според американскиот весник, одлуката е донесена по состанокот што го одржа Трамп во петокот, со високите советници и членови на администрацијата. Воените функционери предупредија дека ...

Иран ги прекина своите воени операции откако САД ги прекинаа нападите во текот на изминатите две ноќи, изјави во понеделник портпаролот на иранската војска, Мохамед Акрами, додека Техеран рече дека неговите одмазднички напади го принудиле Вашингтон да ја преиспита својата регионална стратегија. – Американците ги прекинаа своите напади во текот на изминатите две ноќи. Бидејќи нашата стратегија во основа се базира на меѓусебен одговор, ние ги ...

Плажите на северот на Франција на кои се истоварија сојузничките сили во текот на Втората светска војна, легендарната планина Олимп во Грција и древните јапонски престолнини Асука и Фуџивара се вброени денеска на списокот на светско наследство на УНЕСКО на состанокот на Комитетот на УНЕСКО во Јужна Коренја, каде што се разгледуваат десетици кандидатури. Комитетот на УНЕСКО, кој заседава во градот Бусан до среда, на списокот на светско ...

Американскиот производител на автомобили „Форд“ ќе повлече 565.692 возила во САД поради ризик од пожар во моторниот простор предизвикан од можно оштетување на инсталацијата за електрични кабли. Ова го соопшти американската Национална управа за безбедност во сообраќајот на патиштата. Повлекувањето се однесува на возила кај кои заштитата на снопот за електрични кабли во моторниот простор не е доволна, поради што може да дојде до абење на ...

Претседателот на Русија Владимир Пуин есенва ќе изврши нова мобилизација, ијзави украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на разузнавачки податоци, пренесува „Москва тајмс“. Според него, од почетокот на годината Министерството за одбрана на Руската Федерација привлекло 221 илјада војници по договор во војската, но тоа не било довоно, загубите за истиот период достигнале 225,5 илјади луѓе, од кои 131 илјади се убиени. „Путин ...

Нападот на Парадата на гордоста во Берлин беше исламистички терористички напад, изјави денес германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека осомничениот за нападот им бил познат на полицијата и безбедносните служби за неколку претходни кривични дела. „Сè што гледаме укажува на исламистички терористички напад“, рече германскиот министер на прес-конференција, според германската јавна служба за покраините ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.34
51%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.68
74%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.0
87%
1009
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.07
40%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.7
40%
1011
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.17
88%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
63%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.11
53%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.91
81%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
3.13
70%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.79
55%
1007
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.54
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Иридиум

252383.36

Злато

130265.18

Кобалт

56.29

Бакар

12.74

Сребро

1870.85

Цинк

0.00

Родиум

263636.12

Алуминиум

3.17

Паладиум

39448.97

Калај

53.50

Рутениум

53852.50

Платина

50958.93