Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби. “Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит ...

Осумгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата „Марко Симоновски“ во Гостивар. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар во 21:30 часот, кога патничко моторно возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот А.О. од Гостивар, удрило во малолетничката. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, по несреќата девојчето било веднаш пренесено ...

Синоќа во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ.Ш.(33) и 29-годишната С.Ш., двајцата од Велес, постапувајќи по претходна пријава за запуштање и малтретирање на дете. Како што се наведува во полицискиот билтен, полициски службеници и претставници од Центар за социјални работи Велес извршиле увид во домот каде престојуваат Ѓ.Ш., С.Ш. и нивните пет малолетни деца, при што било констатирано дека немало ...

Голем пожар изби на територијата на општина Сопиште, во атарот на селата Света Петка и Соње, лоцирани зад планината Водно. На терен веднаш започна интензивна интервенција на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје со цел спречување на понатамошно ширење на пламенот. Како поддршка на противпожарните екипи, на критичните позиции се упатени и четири специјализирани теренски возила „пинцгауер“ од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место помлад полицаец во Полициска станица Центар при СВР Скопје, на 24.05.2026 околу 02:53 часот во Градски парк – ...

Вчера во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лиција од слобода С.Ѓ.(46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка и фрлал тврди предмети кон домот. Тој бил приведен во полициска станица и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, каде што издржувал казна затвор, а бил пуштен на викенд отсуство. По целосно документирање на случајот ќе ...

Вчера во 20:10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.К.(49) од Охрид. Според пријавеното, околу 19:30 часот во домот каде што живее тој со неговиот татко и сестра, настанала расправија помеѓу него и неговиот 44-годишен брат, по што тој со стаклен предмет ја нападнал сопругата на брат му, а откако влегле во возилото, останатите членови на семејството му кажале дека извадил пиштол и барале да си оди побрзо. По ...

Вчера во 23:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово настанала физичка пресметка помеѓу две групи, при што бил употребен и нож. Притоа, со убодни рани се здобиле Е.М.(20) и А.Р.(20), двајцата од с.Камењане. По преземени мерки на 08.08.2026 во 01:25 часот во Клиничката болница Тетово од солбода е лишен од слобода А.Р.(20), додека во 01:30 часот во СВР Тетово сами се пријавиле Х.Ш.(22) од ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави најновите мерења на температурите на амбиенталниот воздух во градовите и мерните станици низ Македонија, направени денеска во 14:00 часот. Според официјалните податоци, највисока температура во 14:00 часот е измерена во Гевгелија, каде што живата на термометарот достигнала 38,3 степени Целзиусови. Веднаш зад Гевгелија се Демир Капија со измерени 37,6 степени и Кавадарци со 36,8 степени ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати порака по повод годишнината од загинувањето на бранителите кај локалноста Карпалак, истакнувајќи дека 8 август останува засекогаш врежан во колективната меморија на македонскиот народ. Тој нагласи дека изминатите години не ја избришаа болката за загинатите кои ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. „Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку ...

Три противпожарни авиони „ер трактор“ се подготвуваат да полетаат со цел да се вклучат во гаснењето на пожарот што избувна на територијата на општина Сопиште, зад планината Водно. Информацијата за ангажирањето на воздушната поддршка ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Три ер трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот на територијата на општина Сопиште (зад Водно)“, соопшти Ангелов. Три ...

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината. Оваа активност се спроведува во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL. Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила ...

Нови тешки пожари избувнаа попладнево на територијата на Волково и во општина Сопиште, зад планината Водно, информираше Стојанче Ангелов. Според првичните информации, Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје веќе го става под контрола пожарот во Волково. Во исто време, започнува интервенција на скопските пожарникари и во општина Сопиште, каде што како поддршка се упатени и четири пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). ...

Лет од Солун за Германија беше откажан синоќа на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако во еден од моторите на авионот била пронајдена птица, објави локалниот информативен портал Теспост. Авионот требаше да полети вчера рано навечер, превезувајќи околу 150 патници. По подолг престој и чекање кај излезот за качување, патниците биле известени дека летот се откажува поради присуство на птица во еден од моторите. Според информациите, патниците ...

ВМРО-ДПМНЕ преку реакција на Кети Штерјова ги отфрли обвинувањата од денешната прес-конференција на СДСМ во врска со најавената изградба на Националниот дата центар. Од владејачката партија истакнуваат дека опозицијата намерно ги меша фактите и шири страв меѓу јавноста наместо да ги разграничи комерцијалните од државните проекти. „СДС продолжуваат со својот филм во кој има само лаги и ширење на страв во јавноста. Денес на прес-конференцијата ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека последните наоди покажуваат значително подобрување на квалитетот на водата, но посочи дека е потребно уште време пред таа официјално да биде прогласена за исправна за пиење. Според него, конечната одлука е во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), која ќе даде одобрение откако ќе се потврди дека се исполнети сите потребни стандарди. ...

Терористички напад со беспилотно летало натоварено со експлозив на аеродромот во Лајпциг бил спречен од возач на аеродромски автобус кој го забележал дронот како лета ниско и го удрил. Ова го изјави пратеникот во германскиот Бундестаг, Детлеф Сеиф од Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Заиф за новинарите појасни дека возачот забележал беспилотно летало на ниско летање во текот на ноќта во вторникот на аеродромот Лајпциг/Хале, по што ...

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од УХМР информираат дека следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена ...

Вчера во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, ...

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања за начинот на кој власта се справува со кризата со водоснабдувањето во Гостивар и упати апел до обвинителот Савевски веднаш да отвори постапка. Таа посочи дека институциите со недели давале контрадикторни изјави, додека граѓаните се соочувале со сериозни здравствени проблеми. „Министерот Клековски конечно прозборе, призна дека во ...

Христијан Ефтимов од Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) на денешната прес-конференција изнесе обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ неовластено користи доверливи полициски документи од Полициската станица Струмица. Тој посочи дека наместо заштита на жртвите од инцидентот во Ново Село, опозициската партија врши јавен притисок со податоци кои претставуваат службена тајна. „Денес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. ...

ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение објави реакција на изјавата на Христијан Ефтимов од СДММ, оценувајќи дека опозициската партија покажува целосна дезориентираност во врска со инцидентот во Ново Село. Од владејачката партија тврдат дека со денешните обраќања практично се потврдени нивните претходно изнесени информации за прекршочните и кривичните досиеја на учесниците. „СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со ...

Потпретседателот на СДСМ, д-р Александар Трајановски, во интервју во вестите на телевизија Телма, нагласи дека катастрофата во Гостивар ја покажа целосната некапацитетност и дезорганизација на власта. Трајановски укажа дека четири недели граѓаните на Гостивар се оставени без основното човеково право, без безбедна вода за пиење, и притоа изложени на сериозни здравствени ризици. Тој посочи дека наместо брза реакција, навремени мерки и целосна ...

Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Александар Јамалов. Тој посочи дека од почетокот на мандатот се спроведуваат конкретни политики и мерки со кои земјава се позиционира како сè поатрактивна туристичка дестинација. „Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и железничка поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции во ...

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати серија жестоки обвинувања до претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Според Манасиевски, раководството на опозициската партија дава поддршка на лица кои претходно биле правосилно осудувани за кривични дела. „Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина. Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја ...

Вчера во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури во 11 часот на мерните станици низ државата, каде што е активирана портокалова фаза за високи температури. Според мерењата, највисока температура предпладнево е измерена во Гевгелија, каде што живата во термометарот достигна 34,8 Целзиусови степени. Веднаш по Гевгелија следува Скопје на мерната станица Зајчев Рид со измерени 33,7 степени, ...

Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која стапката на инфлација во јули изнесува 2,9 проценти. Колку за споредба во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценти, во мај 4,8 отсто и во ...

Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак. Од СДСМ оддадоа почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован ...

Комбе со македонски регистарски таблички утрово се запалило во близина на патот што води кон Кемиштај, кај градот Љушња во Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија, а возачот го забележал пожарот веднаш откако излегол од автопатот и свртел кон Кемиштај. Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот за да го изгаснат огнот кој ја зафатил кабината. „По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.99
54%
1017
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.05
58%
1018
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.75
53%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.59
50%
1017
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.63
61%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.42
91%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
0.89
40%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.34
36%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.87
52%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.13
59%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
50%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
2.27
100%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Платина

56038.75

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Злато

139576.04

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56

Сребро

2044.16

Калај

56.36

Бакар

13.23