По девет години договор со Реал Мадрид, играчот од средниот ред Дани Себаљос го напушта клубот бесплатно. Реал нема да бара ниту едно евро обештетување. Дани Себаљос стана член на Реал Мадрид во 2017 година, а со двегодишна позајмица во Арсенал, беше член на првиот тим на кралскиот клуб вкупно седум години. Сепак, неговата приказна во Мадрид завршува ова лето и клубот одлучи да го пушти бесплатно, иако е под договор до летото следната ...

Репрезентацијата на Австрија влегува во својот втор натпревар на Светското првенство со победа од 3:1 против Јордан, но вечерва во 19 часот ја чека сосема поинаков предизвик – актуелните светски шампиони Аргентина. Селекторот Ралф Рангник, најавувајќи го натпреварот, рече дека се аутсајдери, додека капитенот Марсел Сабицер истакнува дека тимот е „опуштен, но концентриран“ пред натпреварот во кој немаат што да изгубат. Атмосферата пред ...

Во натпревар од второто коло од Групата Х, Уругвај и Зеленортските острови ги поделија бодовите играјќи 2:2. Двете екипи сега имаат по два бода. Нерешениот резултат ги остава двата тима за пласман во нокаут фазата, но за Уругвај ситуацијата стана многу покомплицирана бидејќи играат против Шпанија во последното коло. Кевин Пина Лентини и донесе предност на африканската селекција, со гол од слободен удар. Во финишот Уругвај изедначи во 44-та ...

По неуспехот во дуелот со Зелено’ртските Острови, Шпанија рутински победи против Саудиска Арабија во второто коло од Групата Х – 4:0. Шпанците се задоволни и од враќањето на ѕвездата на тимот, Ламин Јамал, во почетниот состав, а најмладиот играч на оваа репрезентација го одигра првото полувреме, во кое го постигна и водечкиот гол за својата селекција, во десеттата минута. Во центарот на вниманието беше Микел Ојразабал, кој имаше четири ...

Белгија уште еднаш разочара на Светското првенство. По ремито со Египет, Белгија одигра 0:0 со Иран. Инаку, иранскиот тим на оваа средба влезе во историјата како најстариот тим во историјата на Светските првенства, односно од 1966 година, кога се води статистика. Просечната возраст на играчите што тренерот Амир Галенои ги извади на теренот беше 32 години и 181 ден, надминувајќи ја Германија од Светското првенство во 1998 година, кога ...

Фудбалерите на Малага се вратија во елитниот ранг на шпанскиот фудбал, откако ја победија Алмерија во плејофот на ЛаЛига 2 по два натпревари со вкупен резултат од 2:1. Првиот натпревар во Малага заврши без голови, а во реваншот сино-белите славеа како гости со 1:2 (0:0). Поради големите немири што му претходеа на натпреварот, почетокот беше одложен за 30 минути. Одлуката за победникот беше донесена во второто полувреме. Гостите поведоа со ...

Фудбалерите на Јапонија ја остварија својата прва победа на Светското првенство совладувајќи ја Тунис со 4:0. Јапонија сега има четири бода во Групата Ф, исто колку и првопласираната Холандија, додека Тунис го заврши натпреварувањето, не освои ниту еден бод, а гол разликата во два натпревари е 1:9. Тунис, да потсетиме, го отпушти селекторот по првиот натпревар, но тоа не им помогна да не се резилат и во следниот меч. Момците од земјата на ...

Фудбалската репрезентација на Германија го победи Брегот на Слоновата Коска со 2:1 со головите на Дениз Ундав. Екипата на Јулијан Нагелсман собра шест бода, обезбеди пласман во нокаут фазата, но остана без ценгтрален дефанзивец. Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, почувствува проблем со левата нога веќе по 13 минути, откако се судри со Амад Дијало. Лекарите му ставија мраз на глуждот и тој стисна заби до крајот на полувремето. ...

Курасао го освои првиот бод во својата историја на Светските првенства, откако одигра 0:0 против Еквадор во Канзас, а херој на натпреварот беше голманот Елој Рум со дури 15 одбрани. Рум со тоа постави нов рекорд на Мундијалите по бројот на одбрани во еден натпревар од 90 минути (15), без продолженија, и практично го запре тимот кој доминираше од првата до последната минута. Еквадор ја имаше најдобрата шанса во првото полувреме веќе во ...

Фудбалскиот клуб Њукасл ја отфрли понудата на Тотенхем вредна околу 92 милиони евра за италијанскиот играч од средниот ред Сандро Тонали, објавија британските медиуми. Понудата пристигна на почетокот на неделата, но „страчките“ експресно ја отфрлија можноста за преговори, јасно ставајќи до знаење дека не сакаат да се откажат од еден од клучните играчи во тимот. Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, има голема желба да го доведе ...

Германската фудбалска репрезентација направи голем пресврт и славеше пбеда во дуелот со Брегот на Слоновата Коска со 2:1 во натпреварот од второто коло од Групата Е. Брегот на Слоновата Коска водеше од 30-та минута, а Денис Ундав ја донесе победата на Германија од клупата со два гола. Со оваа победа, Германија обезбеди место во нокаут фазата на Светското првенство. Германија беше подобриот противник во првите 20 минути, Германците создадоа ...

Лидерот во кралската класа, во Мото ГП шампионатот, Марко Бецеки, е суспендиран од утрешната трката за Големата награда на Чешка. Дирекцијата на трката му изрече толку строга казна на возачот на Априлија за неспортско однесување, откако по излетувањето во спринт трката, тој турна и удри стјуард кој се обидуваше да стигне до неговиот мотор. Во образложението на одлуката се наведува дека таквото однесување е спротивно на интересите на ...

Репрезентацијата на Холандија ја декласира Шведска со 5:1, во второто коло во Ф групата и со една нога е во нокаут фазата. „Лалињата“ на овој натпревар станаа осмата репрезентација што постигнала најмалку 100 гола на Светските првенства. Холанѓаните во „првата четвртина“ ја најавија победата, кога џокерот на Роналд Куман, напаѓачот на Сандарленд, Брајан Броби постигна два гола, во шестата и 17-та минута. Следуваше потоа период на добра игра ...

Пред 1000-от натпревар на Светското првенство помеѓу Тунис и Јапонија, ФИФА потсети на сите јубилејни натпревари што ја одбележаа историјата на Мундијалите. Репрезентативците на Тунис и Јапонија ќе влезат во историјата кога ќе излезат на теренот во Монтереј во сабота по локално време, односно рано наутро во недела по средноевропско време (06.00 часот), бидејќи оваа средба од Групата Ф го означува 1000-от натпревар во историјата на ...

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ја доби најновата (воедно и последна) понуда од Јувентус за продолжување на соработката, објавува „Газета дело Спорт“. Според угледен италијански весник, челниците на торинскиот клуб му испратиле на Влаховиќ конечен предлог за договор во кој се обидуваат да го задржат во своите редови и за следната сезона. Според истиот извор, Јувентус му понудил на напаѓачот едногодишен договор вреден осум милиони ...

Реал Мадрид издаде официјално соопштение како одговор на медиумските тврдења за наводен интерес за играчот на Баерн Минхен, Михаел Олисе. Шпанскиот клуб соопшти дека немал никаков контакт со францускиот фудбалер или неговите претставници, пишува на официјалната веб-страница на клубот. Во соопштението за медиумите се нагласува дека Реал Мадрид не стапил во директен или индиректен контакт со Олисе, неговите претставници или луѓе од неговата ...

Се чини дека незадоволството во португалската репрезентација расте по ремито 1:1 со Конго на Светското првенство, а најголем дел од критиките повторно се насочени кон Кристијано Роналдо. Иако Роналдо и натаму е една од најголемите икони во историјата на португалскиот фудбал, дел од јавноста смета дека неговите години веќе не му дозволуваат да игра на нивото што го очекува репрезентацијата. Неговиот соиграч Жоао Невеш изјави дека Роналдо ...

Легендарниот Бразилец, Роналдињо се враќа на фудбалските терени, речиси една деценија откако стави крај на својата играчка кариера. Поранешниот освојувач на „Златната топка“ постигнал договор со Равена, клуб кој настапува во италијанската Серија Ц. Деталите од договорот засега не се целосно познати. Во Равена веруваат дека неговото доаѓање ќе донесе огромно медиумско внимание, но и дополнителна мотивација за помладите фудбалери во тимот. ...

Фудбалската репрезентација на Турција постави нов неславен рекорд на Светското првенство 2026, откако не постигна ниту еден гол и покрај тоа што упати 62 шута кон противничкиот гол во првите два натпревара, покажуваат податоците на статистичкиот сервис „Опта“. „Турските фудбалери упатија вкупно 62 шута кон голот, што е најголем број неуспешни обиди во два натпревара од почетокот на водењето на статистиката во 1966 година“, наведува „Опта“. ...

Фудбалската репрезентација на САД продолжува да ги воодушевува навивачите на Светското првенство, бидејќи по две кола има максимален учинок во Групата Д. По победата од 2:0 над Австралија, селекторот Маурисио Покетино испрати јасна порака – Америка може да сонува за титулата ако сите нејзини најдобри играчи се подготвени. Во центарот на вниманието беше отсуството на најголемата ѕвезда на тимот, Кристијан Пулишиќ, кој не настапи во Сиетл ...

Поранешниот аргентински фудбалер и сегашен тренер на чилеанскиот клуб Универсидад де Чиле, Фернандо Гаго, беше итно опериран во Сантијаго де Чиле, поради кардиоваскуларни проблеми. Тоа се случи по победата на неговиот тим против О’Хигинс. Клубот соопшти дека Гаго е во добра состојба. „Ја информираме јавноста дека нашиот тренер Фернандо Гаго помина низ серија кардиоваскуларни тестови и нема да го води тренингот денес. Фернандо е во добра ...

Холандската фудбалска репрезентација има неколку мали проблеми пред натпреварот со Шведска. Можеби ќе настапат без Френки де Јонг, а секако нема да игра Квентен Тимбер. Де Јонг се судри со Тимбер, кој доживеа потрес на мозокот, додека вториот беше полесно повреден. Сепак, Тимбер сигурно нема да биде во составот вечерва за натпреварот со Шведска. „Тимбер, кој влезе како резерва во ремито 2:2 со Јапонија, има мал потрес на мозокот и сигурно ...

Во екот на Светското првенство, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, донесе одлука за својата иднина. Кејн е фудбалер на Баерн, но во овој преоден рок медиумите го поврзуваат со Манчестер Јунајтед и Барселона. Капитенот на Англија има договор со Баварците до јуни наредната година. Германските медиуми тврдат дека Кејн им соопштил на челниците на Баерн дека ќе остане во клубот. Баерн за англискиот напаѓач подготвил договор до ...

Легендарниот Ули Хенес е целосно разочаран од Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Поранешниот фудбалер и долгогодишен претседател на Баерн Минхен ја критикуваше ФИФА и организацијата на Мундијалот. „Според мене, ова Светско првенство е фијаско за фудбалот. Просечната цена на билетите за финалето е 2.000 долари? Каде одиме?“, праша 74-годишникот од Улм. Иако почесниот прв човек на баварскиот гигант смета ...

Фудбалската репрезентација на Сенегал на стартот на СП беше поразена од Франција со 1:3 (0:0), но мора да се напомене дека повеќе од еден час игра целосно му парираа на фаворитот. Сепак, како што објавија медиумите, Сенегалците се соочуваат со големи проблеми на Светското првенство, а ситуацијата достигна точка каде што основните услови за нормално функционирање се загрозени. Најголемо внимание предизвика информацијата дека селекторот на ...

Последното коло од Групата Д на Светското првенство може да донесе сценарио кое организаторите сигурно не го посакуваа. Имено, резултатите од второто коло донесоа интересен исход, па стана познато дека нерешениот резултат помеѓу Австралија и Парагвај во третото коло ќе им одговара на двете репрезентации и ќе ги одведе во нокаут фазата од натпреварувањето. Таквиот исход отвори дебата меѓу навивачите за тоа дали новиот формат на Светското ...

Фудбалскиот сојуз на Алжир поднесе официјална жалба до Светската фудбалска федерација (ФИФА) во врска со контроверзното судење на натпреварот од Светското првенство против Аргентина. Алжирците сметаат дека Лионел Меси и Алексис Мекалистер требало да бидат исклучени. Убедливата победа на Аргентина од 3:0 против Алжир, благодарение на трите гола на Лионел Меси во групната фаза на Светското првенство, не помина без контроверзии. Два дена по ...

Парагвајскиот фудбалер Мигел Алмирон беше првата жртва на новото правило на ФИФА. Правилото е наречено „Лекс Винисиус“ или „Законот на Винисиус“. Алмирон заработи директен црвен картон на натпреварот против Турција. Судијата Бартон од Ел Салвадор му го покажа патот до соблекувалната, по консултацијата со ВАР, бидејќи си ја покри устата додека разговараше со Мерт Мулдур. Ова е ново правило кое најстрого ги казнува овие ситуации поради некои ...

Како и да заврши Светското првенство во фудбал, веќе сега се знае дека најголемото разочарување е репрезентацијата на Турција. Селекцијата предводена од Винченцо Монтела по само два натпревари, во Д групата, доживеа елиминација. Турците беа шокирани на стартот од Австралија, а во втората рунда доживеаја уште поголем шок, загубија и од Парагвај, со гол постигнат по само 65 секунди игра. Не им помогна ниту исклучувањето на Алмирон и играч ...

Фудбалерите на Бразил го победија Хаити со резултат од 3:0, во натпреварот од второто коло од Групата Ц на Светското првенство. Во оваа група претходно Марко со 1:0 славеше победа над Шкотска. „Кариоките“ го решија прашањето за победникот веќе во првото полувреме. Двоен стрелец беше Матеуш Куња во 23-та и 36-та минута, Винисиус погоди во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме. Сенка на победата на Бразил фрли повредата ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.69
33%
1018
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
4.34
56%
1018
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
3.1
40%
1021
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.62
45%
1019
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.18
41%
1018
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 31ᴼ
0.89
55%
1021
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
6.26
35%
1016
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.3
35%
1018
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.92
37%
1018
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
4.47
55%
1018
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
1.79
43%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
6.65
82%
1017
Currency

61.645

Currency

53.73

Currency

71.1667

Currency

37.6517

Currency

37.8978

Currency

66.5171

Currency

7.93737

Currency

0.7351

Currency

0.33273

Currency

0.52564

Currency

1.1566

Currency

0.56948

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.39

Платина

53756.05

Сребро

2121.92

Рутениум

48965.59

Паладиум

40284.89

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Злато

134937.98

Калај

53.40

Бакар

12.75