Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Со свечена церемонија и со многу уметничко-забавна програма, свечено е отворено новото Светско првенство кое ќе се одржи во Мексико, САД и Канада. На стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити кој е обоен во зелено, вечерва првенството ќе го отворат Мексико и Јужна Африка. „Добредојдовте во Мексико“, рече водителот „Мексико ве пречекува со насмевки и срца, ние сме нација на различност, наследство, гордост. Фудбалот го носи истото чукање на срцето. Ги ...
Сега е и официјално! Жозе Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид, потврди најтрофејниот европски клуб. На денешниот состанок управниот одбор на чело со претседателот Флоренрино Перез, се согласи да го назначи Португалецот за тренер. Договорот е на три сезони, односно до 30 јуни 2029 година. Мурињо ќе почне со подготовките на 13. јули. Доаѓа од таборот на Бенфика, која ќе добие 15 милиони евра отштета. За Мурињо ова е втор мандат на клупата на ...
Само шест дена пред почетокот на Светското првенство, младиот фудбалер Асан Уедраого (20) ги спакува куферите за патувањето што го прави во животот. Ѕвездата на Лајпциг беше повикана во германската репрезентација како замена за повредениот Ленарт Карл (18), сензацијата на Баерн Минхен, кој беше исклучен поради скината тетива. Повикот на селекторот Јулијан Нагелсман го затекна целосно неподготвен, на одмор во Марбеља. Во разговор за ...
Иако се веќе беше готово и договорено со Барселона, може да се случи епски пресврт, и да потпише за Реал Мадрид. Станува збор за португалскиот фудбалер Бернардо Силва кој е слободен агент од Манчестер Сити, откако му истече договорот и истиот не беше продолжен. Според информациите од Шпанија, сега Силва е поблсику до „Сантијаго Бернабеу“, откако до трансфер на „Ноу Камп“. Ова би бил голем пресврт, со оглед дека Силва се поврзуваше со трансфер ...
Германските фудбалери ќе платат за автобуски превоз на 600 германски навивачи до нивниот последен натпревар од Групата Е против Еквадор во Њу Џерси на 25 јуни, објавија медиумите. Градските власти неколку пати ги зголемија цените на билетите за воз и автобус од Њујорк до стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, наведувајќи го зголемениот притисок врз системите за јавен превоз. Ова предизвика реакција од навивачите кои веќе платија високи цени на ...
Њукасл е блиску до потпишување со Виктор Муњоз, а договорот би можел да биде завршен наскоро. Откако заработија 80 милиони евра од продажбата на Ентони Гордон, „Свраките“ се подготвени да инвестираат речиси половина од таа сума. Според информациите од „Ел Чирингито“, кои беа потврдени и од „АС“, се преговара за трансфер вреден 35 милиони евра, со дополнителни 5 милиони евра во бонуси. Ова би ја достигнало клаузулата за ослободување од 40 ...
Поранешниот голман на Арсенал, Дејвид Симан, изјави дека Бруно Фернандеш не ја заслужува наградата за играч на сезоната во Премиер лигата . 31-годишниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед го доби гласот на навивачите и експертите за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната 2025/26. „Бруно беше добар, но Манчестер Јунајтед беше далеку од добар на почетокот на сезоната. Лесно е да се издвоите кога остатокот од вашиот тим е ѓубре, и ...
Светското првенство 2026 ќе влезе во историјата како турнир што никогаш порано не сме го виделе. За прв пат, со 48 национални селекции и со домаќини во три земји, САД, Канада и Мексико, ветува дека ќе биде најголемиот фудбалски спектакл во речиси стогодишната историја на натпреварувањето. Сепак, за генерацијата фудбалери кои доминираа во спортот речиси две децении, ова првенство го означува крајот на патот. Бројни легенди се збогуваат со ...
Јужна Кореја и Чешка ќе се обидат да постигнат позитивен резултат на почетокот на Светското првенство во 2026 година, на дуелот од првото коло од Групата А на стадионот Гвадалахара кој се игра престојново утро од 04 часот наутро! За Јужна Кореја, ова е 12-то учество на Светското првенство, повеќе од која било друга азиска репрезентација. Во исто време, Корејците играат на своето 11-то Светско првенство по ред, а само Бразил, Германија, ...
УЕФА објави дека Сомалиецот Омар Артан е назначен за главен судија на Европскиот Суперкуп 2026, што претставува историски момент за африканскиот фудбал и судиската организација. На 12 август, Артан ќе го суди дуелот помеѓу победниците на Лигата на шампионите, ПСЖ и победниците на Лигата на Европа, Астон Вила, во Салцбург. Иако е релативно млад, Артан се етаблираше како еден од најпочитуваните африкански судии во последните години. Тој е на ...
ФИФА воведува ново судиско правило кое стапува на сила веќе на Светското првенство 2026, а по контроверзниот случај од натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид. Светското првенство во САД, Канада и Мексико започнува денес, а заедно со најголемите фудбалски ѕвезди и спектаклот што ги очекува навивачите ширум светот, стапуваат на сила одредени измени во Правилата на фудбалската игра. Во последните месеци, ИФАБ (Меѓународното тело за судиски ...
Светското првенство во 2026 година конечно започнува, а честа да го отворат најголемиот фудбалски турнир во светот им припадна на домаќинот Мексико и на Јужноафриканската репрезентација. Првиот натпревар од Светското првенство ќе се игра вечерва од 21 часот, по средноевропско време, на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. Ова ќе биде повторување на отворањето на Светското првенство во 2010 година кога Јужноафрииканската република ...
Познат е распоредот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/27. Сезоната во второлигашката конкуренција ќе стартува на 15 август. Повеќекратниот македонски шампиион Работнички, кој првпат во независна Македонија се пресли во Втората лига, сезоната ќе ја отвори на домашен терен против Кожуф. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно ...
По децении запоставеност, култната спортска сала „Расадник“ одново ги отвора вратите како нов дом на спортот, младите таленти и идните шампиони на Македонија. Министерот за спорт, Борко Ристовски заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска официјално ја пушти во употреба комплетно реконструираната сала „Расадник“, една од капиталните инвестиции на Министерството за спорт во спортската инфраструктура. На свеченото отворање ...
Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Мексико и Јужна Африка веќе еднаш се сретнаа на отворањето на еден фудбалски мундијал. Тоа беше во 2010 кога домаќин беше Јужна Африка, а дуелот заврши без победник, 1-1. ...
Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, го релативизираше значењето на инцидентот меѓу Џуд Белингам и Ентони Гордон за време на последниот тест натпревар пред Светското првенство. Се чинеше дека ѕвездата на Реал Мадрид ќе изведе пенал во второто полувреме, но потоа му беше наложено да му ја предаде топката на новиот крилен играч на Барселона, Гордон. Конфузијата почна откако Белингам веднаш ја зеде топката со намера да го ...
ЕКИПА и Моцарт во заеднички проект за овој фудбалски мундијал. Секој ден ќе избираме по една интересна понуда за секој од натпреварите што ќе бидат на програмата на СП 2026, и тоа од „специјалите“ што ги нуди Моцарт. Отворањето на шампионатот и мечот меѓу Мексико и Јужна Африка, квотата е 5,50 за двете селекции да постигнат погодок, како и да имаат по повеќе од 3,5 корнери на натпреварот. Сосема реална комбинација за одлична квота. Чешка и ...
Поранешниот играч на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Алваро Арбелоа, е еден од кандидатите за менаџерската позиција на Фулам по заминувањето на Марко Силва. Според „Атлетик“, челниците на лондонскиот клуб воделе разговори со Арбелоа, кој е меѓу фаворитите да го преземе тимот од „Крејвен Котиџ“. Фулам во моментов нема трајно решение на клупата, бидејќи Силва го напушти клубот по пет години за да се приклучи на Бенфика. На почетокот на ...
Виктор Вембањама повторно заработи неспортска лична грешка. Њујорк Никс ги победија Сан Антонио Спарс со 107-106 во четвртиот натпревар од финалето на НБА и сега водат со 3-1 во серијата. Иако во третиот натпревар судиите не го казнија Вембањама за грубите фаули врз играчите на Њујорк Никс, во четвртиот натпревар Виктор доби неспортска грешка. Тој го удри Карл-Ентони Таунс со лакт во главата и доби неспортска лична грешка, собирајќи три бода ...
Македонскиот кошаркарски клуб ТФТ денеска и официјално потврди дека и следната сезона ќе биде дел од АБА 2 лигата. Еден од најмладите македонско кошаркарски клубови минатата сезона имаше одличен настап во второто по ранг јадранско натпреварување каде за малку му избега и историски пласман во елитното натпреварување во регионот. ТФТ стигна до финалето каде беше поразен од Широки Бријег, а потоа не успеа ни во баражот против Борац Чачак. Клубот ...
Ракометниот клуб Младост 1977 од Богданци го промовираше своето најново засилување за претстојната сезона. Станува збор за младиот и исклучително талентиран ракометар Тодор Узунчев, кој доаѓа како сериозно засилување за тимот. Узунчев важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција во Македонија. Својот ракометен пат и развој го градеше во екипите на Алкалоид и Бутел Скопје, клубови кои се добро познати по одличната работа со ...
Со вечерашниот натпревар помеѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка (21 часот, Арена спорт) започнува 23. Светско првенство во фудбал. Во следните 39 дена, не очекуваат рекордни 104 натпревари, а кулминацијата ќе се случи на 19 јули во Њу Џерси, кога ќе добиеме нов светски шампион. Дали Лионел Меси и неговите „гаучоси“ ќе ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар? Или Кристијано Роналдо конечно ќе се искачи на врвот на светот со ...
Голманот на Астон Вила и аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез е на добар пат да стане играч на Јувентус. Одличниот голман наводно се согласил и на пониска плата. Во Торино би заработувал пет, додека во Бирмингем има седум милиони евра годишно. Аргентинецот сака нов предизвик, бидејќи минатата сезона ја освои Лигата на Европа со Астон Вила и со тоа клубот директно се пласираше во Лигата на шампионите. Сега останува клубовите да се ...
Црногорскиот репрезентативен голман, Небојша Симиќ (33), е главна тема во европските ракометни кругови по неговиот спектакуларен настап на завршниот турнир во Европската лига. Искусниот чувар на мрежата со серија феноменални одбрани речиси сам го водеше својот Мелсунген до престижниот пехар. Тој во разговор откри дека му е криво што никогаш не заиграл за двократниот европски шампион Вардар. „Двапати имав понуда да дојдам во Вардар. Првиот пат ...
Шпанскиот гигант Барселона испрати голема понуда до УЕФА. Именоеден од најуспешните клубови во светот заедно со градот Барселона испратија понуда до европската фудбалска организација да биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите. Барселона го реновира култниот „Камп Ноу“ во последните неколку години, па оваа сезона се врати на тој стадион, иако не со полн капацитет. Постепено го зголемија бројот на гледачи на стадионот, но никогаш не го ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино им порача на фудбалските фанови да „се опуштат и смират“ пред почетокот на Светското првенство. Голема тема беа прашањата за имиграцијата со оглед на ситуацијата на Блискиот Исток. Инфантино, зборувајќи во Мексико Сити еден ден пред почетокот на турнирот, решително ја бранеше организацијата, особено по прашањето за цените на билетите и проблемите со визите. Проблемот се појави кога на сомалискиот судија ...
Фитнес тренерот на Анадолу Ефес, Серхат Гунеш почина по еден месец борба. На 12 мај, срцето на младиот 40-годишен стручњак застана за време на тренинг. Во тоа време, во близина беше д-р Серхан Антаљали, кој брзо интервенираше. Срцето на Гунеш не работеше 10 минути, но по третманот на Антали, повторно почна да чука. Пристигна брза помош и го однесе во болница. Тој веднаш беше интубиран таму, а потоа информациите за неговата здравствена ...
Манчестер Сити доби уште една корпа од Нотингем Форест во обидот да го доведе Елиот Андерсон на „Етихад“. Откако првичната понуда од 90 милиони евра експресно беше одбиена, „граѓаните“ се вратија со историска, втора понуда. Раководството на Сити на маса стави фантастични 121 милион фунти. Оваа сума вклучуваше 106 милиони фунти фиксен дел и дополнителни 15 милиони во бонуси, што ќе претставуваше рекорден трансфер во историјата на клубот. ...
Фудбалската репрезентација на Англија со убедливи 3-0 ја совлада Костарика во последниот контролен натпревар пред почетокот на Светското првенство. Мечот се одигра во Орландо, откако претходно беше под знак прашалник поради силно невреме и поплавен терен, што предизвика доцнење од повеќе од еден час. Избраниците на селекторот Томас Тухел покажаа доминација на теренот, а стрелци на головите беа Деклан Рајс, Ентони Гордон и Оли Воткинс. Овој ...
Кошаркарите на Њујорк никс се на само победа до освојување на титулата во НБА лигата откако поведоа со 3-1 во финалната серија против Сан Антонио спурс. Никс во Медисон сквер гарден синоќа славеа во трилер меч со 107-106. Уште поголема е победата бидејќи гостинот во еден период од мечот, на стартот на третиот период имаше и предност од 52-81. Сепак до крајот избраниците на Мајк Браун одиграа неверојатно и стигнаа до триумф од 107-106 за ...