Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Во депонијата Вардариште во Скопје се одвиваат интензивни активности за нејзина санација и одгасување, објави на Фејсбук профилот градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и додаде дека на терен се поставува инфраструктура, со цел трајно решавање на еден од најдолготрајните еколошки проблеми во главниот град. Тој напиша дека процесот се реализира со силна динамика и според предвидениот проект, нагласувајќи дека Вардариште, кое со децении ...
Камерите од проектот „Сејф сити“ за пет месеци регистрирале 120.000 сообраќајни прекршоци. Ова денеска го кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Од 1 февруари, кога стартуваше примената на „Безбеден град“, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за истиот период лани. До 22 јуни 2026, преку камерите се регистрирани 120.000 прекршоци, од кои 95 проценти се за ...
„СДС и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда. На СДС и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања. Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го препознаваат“, ...
„Од првиот ден ја презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет. Изминатите две години се соочивме со бројни безбедносни предизвици, но покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка, може да се постигнат видливи резултати, рече утрово министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во отчетот за сработеното во изминатите две години. Тој напомена дека МВР во изминатиов период ги зајакнало институционалните ...
Два автомобили биле опожарени во раните утрински часови во скопската населба Бутел, а едното возило е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била примена околу 2:20 часот, по што на местото веднаш излегла увидна екипа. Во пожарот биле зафатени автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички и „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на двајца жители ...
„Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит. Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји“, соопштија денеска од СДСМ и додадоа: „Кога и таа последна битка ќе заврши, бидејќи можеби и нема да останат во Владата, Мицкоски ќе остане без инструментот што го користеше за да го ослабне опозицискиот блок. ...
Американската војска изврши напади врз ирански воени цели, откако Вашингтон го обвини Техеран за кршење на примирјето по нападот врз товарен брод во Ормускиот Теснец. Централната команда на САД соопшти дека биле погодени складишта за ракети, беспилотни летала и крајбрежни радари. Иранските власти тврдат дека бродот бил нападнат затоа што користел неовластена рута, додека Револуционерната гарда соопшти дека возвратила со напади врз американски ...
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне, претежно во планинските предели, ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ...
Пренатрупаноста, немањето навремена и достапна здравствена заштита, недоволна кадровска екипираност на институциите и натаму остануваат главен проблем во македонските затвори и потребна е политичка волја, институционална посветеност и ресурси за да се разрешат постоечките состојби. – Недостигот на кадар, недоволните материјални ресурси, ограничениот пристап до здравствени услуги, несоодветните услови во дел од установите и потребата од ...
Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела во близина на главниот град Каракас. Според официјалните податоци, бројот на загинати се искачи на 920, повредени се најмалку 3.360 лица, а околу 4.000 останале без своите домови. Во катастрофата се оштетени 383 згради, меѓу кои 13 болници и 25 трговски центри, како и повеќе од 1.000 други инфраструктурни објекти. Властите ...
По седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе се знаат персоналните решенија и промената на ресорите во рамки на планираната реконструкција, најави премиерот Христијан Мицкоски. Според премиерот, реконструкцијата не се прави само поради резултатите кои се постигнати досега, туку и заради промена на приоритетите и засега не се знае дали реконструкцијата ќе биде во рамки на промена на една третина од составот или повеќе. ...
Со години запуштениот и неискористен простор долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош” во Бутел ќе прерасне модерен, функционален мега парк, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека работните активности се во завршна фаза и веќе е посадена тревната површина, се поставува хидрантска мрежа за редовно одржување на зеленилото, уредени се патеките и просторот добива лик каков што заслужуваат жителите на Бутел. ...
По информацијата дека бели волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици во скопската Зоолошка градина, Здружението за заштита на животните Анима Мунди бара под итно да се затвори Зоолошката и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон ќе игра против шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова, која лани стигна до финалето на турнирот. Ѓорческа вчера преку квалификациите обезбеди историски пласман во главната сингл-конкуренција на најпрестижниот тениски турнир во светот, што е прв ваков успех за македонски тенисер. Натпреварите од првото коло на Вимблдон ќе се играат на 29 и 30 јуни. ...
Македонскиот шампион Вардар 1961 ги доби противниците за групната фаза од новата сезона во ракометната Лига на шампионите. „Црвено-црните“, кои по неколкугодишна пауза се враќаат во европската елита, ќе играат во групата Б заедно со Нант, Мелсунген и Висла Плок. Од оваа сезона Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат со 24 екипи, поделени во шест групи од по четири тима. Натпреварите од групната фаза започнуваат во септември, а ...
Мјузикл со повеќе од 100 уметници ќе биде еден од главните проекти во одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Проектот, чиј идеен творец и режисер е Дејан Пројковски, ќе се изведува во петнаесетина градови низ земјава во текот на август и септември и ќе ги претстави најзначајните моменти од македонската независност преку музичко-сценски спектакл. Низ приказната ќе води Игор Џамбазов, кој најави дека во фокусот ќе бидат успесите ...
Меѓународната поморска организација (ММО) привремено ја прекина операцијата за придружба на бродови низ Ормускиот Теснец, откако товарен брод беше нападнат во близина на брегот на Оман. Според американски претставници, зад нападот стои Иран, додека Техеран соопшти дека нема да гарантира безбедност за бродовите што не ги користат рутите одобрени од иранските власти. Нападнатиот брод, кој пловел под знамето на Сингапур, не бил дел од програмата ...
Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако беа информирани дека отпадот повеќе нема да се одлага на досегашниот пункт пред мостот, кој со години претставуваше место за фрлање на секаков вид отпад од несовесни граѓани, станарите ја прифатија идејата ...
Од јануари до мај оваа година се регистрирани 4,0 проценти повеќе возила во споредба со истиот период лани, што претставува стабилен резултат, и покрај политичката неизвесност и ослабената економска активност. Позитивниот тренд, сепак, главно е поттикнат од промените во структурата на пазарот и зголемената побарувачка за одредени типови погони. Растот на продажбата на нови автомобили најмногу се должи на зголемениот интерес за хибридни и ...
По историскиот пласман на главниот турнир на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не ја криеше радоста, истакнувајќи дека го остварила својот долгогодишен сон. „Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историјата, и во машка и во женска конкуренција, која се изборила за место на главниот турнир. Ова за мене е остварување на сонот“, изјави Ѓорческа. ...
ФИФА направи чекор кој во Русија се толкува како можен почеток на враќање на земјата на меѓународната фудбалска сцена, четири години по суспензијата воведена по почетокот на војната во Украина. При промоцијата на Светското првенство за фудбалери до 15 години, кое оваа есен ќе се одржи во Азербејџан, светската фудбалска организација порача дека натпреварувањето е отворено за сите нејзини членки. Иако Русија не беше директно спомената, од ФИФА ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетска соработка и дијалог. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека по успешната организација на Четиринаесеттиот меѓународен форум за ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 35,03 поени, односно за 0,36%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 се повредени во двата силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што ја погодија Венецуела. Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините, а властите предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми. Земјотресите ја погодија северна Венецуела, западно од главниот град Каракас, предизвикувајќи големи материјални штети и уривање на ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја и за првпат обезбеди пласман на главниот турнир на Вимблдон. Тетовчанката успешно го мина и третото квалификациско коло, откако во Лондон убедливо ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2-0 во сетови (6-1, 6-2) за само еден час и 15 минути игра. Со овој успех, Ѓорческа стана првата македонска тенисерка која се пласирала во главната ждрепка на еден од четирите Грен слем турнири. ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД не се подготвени да прифатат договор со Иран по секоја цена, нагласувајќи дека Вашингтон има сериозни резерви кон можноста Техеран да воведе наплата за премин низ Ормуската Теснина. За време на посетата на Бахреин во рамки на турнејата низ земјите од Персискиот Залив, Рубио порача дека евентуален договор мора да биде прифатлив и одржлив, а не резултат на отстапки по секоја цена. Тој ...
Гувернерот Трајко Славески предупредува дека голем дел од идните пензионери кои ќе се пензионираат преку вториот пензиски столб би можеле да се соочат со значително пониски пензии од очекуваните. На својот профил на социјалните мрежи тој сподели интервју од 2024 година, во кое посочува дека според актуарските анализи, меѓу 70 и 80 проценти од осигурениците кои ќе почнат да се пензионираат во периодот од 2030 до 2032 година нема да можат да ...
Денеска во Собранието имаше жестока дебата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во своето обраќање, Мицкоски упати серија критики на сметка на Филипче и поранешната власт, обвинувајќи ги за одговорност за бројни афери и пропусти од минатото. „Виновен сум што не сте во затвор, туку уште уживате на јахтите во Палури“, му порача Мицкоски на Филипче, додавајќи дека граѓаните очекуваат правда и одговорност. ...
Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 се повредени во двата земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени што ја погодија Венецуела, изјави денеска привремената претседателка Делси Родригез, прогласувајќи вонредна состојба. Таа нагласи дека сè уште нема информации за државата Гуарија, која се наоѓа во близина на главниот град и која, како што рече, е најтешко погодена. Земјотресите го погодија северниот дел на Венецуела, западно од ...
Ако викендов патувате кон Халкидики, треба да знаете дека од утре пред полноќ до недела во 23:00 часот, сообраќајот ќе биде целосно прекинат во двата правци на дел од солунската обиколница поради работи на изградба на надвозник. Затворени ќе бидат источниот правец кон аеродромот и Халкидики, како и надвозникот Пилеа – Панорама. Сообраќајот ќе биде пренасочен по алтернативни градски сообраќајници. Грчките служби предупредуваат за можни ...