Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најави изградба на нова поликлиника во општината. Најавата ја објави на својот Фејсбук-профил, без да соопшти дополнителни детали за почетокот на изградбата, локацијата или роковите за реализација. „Долго се чекаше, но големите работи вреди да се почекаат. Бутел го заслужува ова. И многу повеќе! Историјата допрва ќе се пишува“, напиша Костовски, најавувајќи ја „Нова поликлиника Бутел“. ...

Со доделување на признанијата „Феникс“ за животни постигнувања на истакнати личности од различни области, Општина Центар одбележа 50 години од формирањето на локалната самоуправа. На свеченоста беа наградени личности кои оставиле значаен белег во општествениот, културниот, научниот и јавниот живот, а градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодари на сите кои низ годините придонесувале за развојот на општината. Годинашни добитници на ...

Општина Гази Баба започна со спроведување бесплатен офталмолошки скрининг за учениците во сите општински основни училишта. Со проектот, како што информираат од Општината, Гази Баба е првата општина во Македонија што организира ваков вид превентивни прегледи за сите основци на својата територија. Првите активности се реализираа во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево, кое го посети градоначалникот Бобан Стефковски. Во наредните денови скринингот ...

Повеќе делови од Скопје утре, 5 ноември (четврток), ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа. Прекин на водоснабдувањето е најавен и за дел од Општина Центар. Во Кисела Вода, од 8:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците на улицата „Коста Новаковиќ“, на потегот од маркетот „Зур 5“ до крајот на улицата, кај Салата на Јеховините сведоци. Во истата општина, од 8:30 до 12:30 ...

По повод 50-годишнината од основањето на Општина Карпош, беа доделени 185 хуманитарни пакети на семејства во социјален ризик од општината. Акцијата е реализирана со придонес на децата од општинските градинки, учениците од основните училишта и вработените во општинската администрација. Пакетите содржат прехранбени производи, конзервирана храна и средства за хигиена. Градоначалникот Сотир Лукровски лично ги доделуваше пакетите на две локации, ...

Општина Илинден во насока на подобрување на условите за работа и зголемување на оперативната ефикасност, комуналното претпријатие го збогатува својот возен парк со нови комбинирани товарни возила – патари, кои ќе придонесат за полесно, побрзо и поефикасно извршување на секојдневните работни задачи. „Новите возила ќе се користат за превоз на работници, алат, машини и товар, со што значително ќе се олесни организацијата на работниот процес и ...

Општина Центар денеска додели стипендии на 37 талентирани ученици од општинските основни училишта, кои остваруваат забележителни резултати во областа на културата. Десет ученици добија стипендии од по 4.500 денари месечно, а 27 ученици по 4.000 денари месечно. Финансиската поддршка годинава е зголемена, со цел младите да се поттикнат во развивањето на нивниот талент и творештво. „Како што ветив во предизборната програма, оваа година ги ...

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, пратеничката Драгана Бојковска, како и претставници на јавните установи и Советот на Општина Илинден, ги посети новоуредените простории во детската градинка „Гоце Делчев“ и новоотворениот шалтер за социјална работа во општинската зграда. При посетата беа разгледани двете нови занимални, кои се уредени ...

По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“, каде што пред три години засадија дрвја како симбол на пријателството, партнерството и заедничката грижа за животната средина, информираат од Општина Карпош. Овојпат, како што наведуваат оттаму, свој белег во зелената приказна на Карпош оставила и Општина Живинице од Босна и ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, предлага зголемување на старосната граница за ослободување од општинскиот дел од комуналиите за изградба на прв дом – од досегашните 35 на 40 години. Предлогот доаѓа по одлуката на Град Скопје, со која младите брачни парови до 40 години и самохраните родители се ослободуваат од градскиот дел од комуналиите. Со предложеното усогласување, младите кои ги исполнуваат условите би можеле да ...

Жителите на повеќе скопски населби и околните села утре, 6 ноември, ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија. Дел од прекините ќе започнат уште во раните утрински часови, а на некои локации струја нема да има и до шест часа. Photo by Lucas Santos on Unsplash Според најавата, од 04:30 до 05:30 часот без електрична енергија ќе бидат Маџари, Сингелиќ, Трубарево, Јурумлери, Арачиново, Стајковци, Камник, Хиподром и ...

Поради одбележувањето на Задушница, утре (7 ноември) во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим околу градските гробишта, поради очекуваниот зголемен број посетители и возила. Најголеми измени ќе има во близина на гробиштата Бутел, каде од 6 часот наутро ќе биде воспоставен еднонасочен кружен режим на движење. Возилата што ќе се упатуваат кон гробиштата ќе се движат по улицата „Бутелска“, потоа ќе свртуваат лево по улицата ...

На 4 ноември се отвораат можности за обновување на старите контакти, подобрување на односите и нови деловни договори. Photo by Gruescu Ovidiu on Unsplash Венера во Вага прави хармоничен аспект со Јупитер во Лав, што може да донесе поддршка од личност со која претходно сте соработувале, но и поинаков поглед на ситуација што долго време ве загрижувала. Неочекувана порака, покана или предлог од некој од минатото може да се покаже како корисен ...

На 2 ноември, Месечината во Лав прави хармоничен аспект со Венера во Вага, создавајќи поволни услови за соработка, дружење и обновување на контактите. Photo by Caleb George on Unsplash Денот носи можност повторно да се поврзете со луѓе со кои претходно сте имале добра соработка, но и да најдете поинаков начин за решавање на недоразбирањата. Еден стар контакт може да ви понуди корисна информација, деловна можност или совет што ќе ви помогне ...

На 6 ноември, Месечината во Вага прави опозиција со Сатурн во Овен, аспект што може да донесе чувство на притисок, замор и преоптовареност со обврски. Photo by Look Studio on Unsplash Можно е да се соочите со очекувања што тешко ги исполнувате или со ситуација во која туѓите потреби постојано доаѓаат пред вашите. Наместо да се обидувате да завршите сè одеднаш, направете проценка што навистина бара ваша реакција, а што може да почека. Овој ...

Ако во последните денови сте се соочиле со разочарување или застој, разговор со пријател или нова информација може да ви помогне да видите дека сè уште имате повеќе можности отколку што мислите. Photo by Look Studio on Unsplash Денот е поволен за дружење, обновување на контактите и разгледување на идеи што претходно сте ги отфрлиле. Подоцна, Месечината преминува во Шкорпија и атмосферата станува поинтензивна. Емоциите, љубомората и ...

На 5 ноември 1931 година во Тетово е роден Бранко Гапо, македонски филмски режисер и сценарист, кој со своето творештво остави значаен белег во развојот на македонската кинематографија. Роден како Бранко Ивановски, Гапо се посвети на филмот и создаде дела во кои ги обработуваше историските настани, општествените промени и човечките судбини. Во текот на својата кариера режираше документарни и играни филмови, а меѓу неговите најпознати ...

На археолошкиот локалитет Пеленица кај Драчево е откриен полихромен мозаичен под од доцноантичкиот период, со што се потврдени историски записи за постоење мозаик на оваа локација стари речиси девет децении. Археолошките истражувања ги спроведува Националниот археолошки музеј, а започнаа на 28 октомври годинава. Целта била да се проверат историските податоци за постоење мозаичен под во кружна просторија на локалитетот. Покрај мозаикот, ...

Утре, 8 ноември, православните верници го празнуваат Митровден, денот посветен на Светиот великомаченик Димитрија Солунски. Во македонската народна традиција, овој празник има посебно значење бидејќи некогаш се сметал за почеток на зимата, а според временските прилики на Митровден, луѓето се обидувале да предвидат какви ќе бидат студените месеци. Во минатото, народната година била поделена на два дела. Од Ѓурѓовден до Митровден траело ...

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ч. (30) од Скопје. Од МВР информираат дека причина за брзата кривична пријава против 30-годишниот скопјанец следела поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, при извршен преглед на патничко возило „пежо“ со скопски ...

Европската Унија не смее да применува различни критериуми за различни земји во процесот на пристапување, порача словачкиот министер за надворешни и европски работи Јурај Бланар при посетата на Скопје. На средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, Бланар ја потврди поддршката на Словачка за европската интеграција на Македонија и за продолжување на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан. ...

Мицкоски разговарал со Срдановиќ по изборите во Србија: „Се надевам дека ќе имаме уште подобра соработка“ Премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ изјави дека по изборите во Србија разговарал со носителот на листата Илија Срдановиќ, оценувајќи дека станувало збор за протоколарен разговор. „Со носителот на листа се слушнав некаде околу пладне, околу 12 часот. Не очекував дека сето тоа треба да го претворам во естрада, дека ...

Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски прогласен за „Заслужен граѓанин на Општина Карпош“ за неговите врвни достигнувања во оперската уметност и исклучителен придонес на меѓународната афирмација на македонската култура, а по повод 50-години од основањето на Општина Карпош. Во објава на социјалните мрежи, Нацоски наведува дека за него претставува особена чест и огромно задоволство ми е што токму кога Општина Карпош го прославува својот ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа средба со претставници на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), на која се разговараше за спречување на корупцијата, јакнење на интегритетот и поголема отчетност на локално ниво. На средбата, Ѓорѓиевски ја нагласил важноста на институционалната соработка и размената на добри практики за одговорно управување со јавните средства. Тој посочил дека граѓаните имаат право да знаат ...

На археолошкиот локалитет Пеленица кај Драчево е откриен доцноантички полихромен мозаик, со што по речиси 90 години се потврдени сознанијата за неговото постоење, информираат од Министерството за култура и туризам. Во текот на истражувањата, што ги спроведува Националниот археолошки музеј, пронајдени биле и керамички материјал и монета од истиот период. Проектот е финансиски поддржан од Општина Кисела Вода, во соработка со Конзерваторскиот ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска бил пуштен во употреба современо опремениот фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“, оценувајќи го како простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се применува, а младите ќе ги прават првите чекори кон својата професија. Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 позиции за шминкање, како и ...

Скопјанка пријавила дека била физички нападната од нејзината колешка, која исто така ѝ упатила и закани. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, Ж.Т.(55) од Скопје пријавила дека на 04.11.2026 во објект во скопското село Кадино, била физички нападната од нејзина колешка С.К., а исто така ѝ упатила и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Скопјанка пријавила дека била физички ...

Карпош денеска ќе ја прослави 50-годишнината од своето постоење со голема музичка вечер на платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Програмата ќе започне во 20 часот со настапот на групата SEMPRE, по што на сцената ќе се појави Џајковски, еден од најпознатите македонски музичари и продуценти, препознатлив по спојувањето на електронската музика со балканските музички традиции. Подготовките за настанот се во тек, а сцената и ...

Вчера во 16:30 часот на улица „Финска“ во Скопје во угостителски објект полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Е.О.(37) од Скопје. Од МВР информираат дека при преглед кај него, бил пронајден и одземен пиштол. Исто така во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Центар го лишиле од слобода З.И.(64) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со ...

Рестораните, кафулињата и останатите угостителски објекти во Скопје ќе имаат посебен временски термин за одлагање на отпадот, за кои ќе биде дозволено да се фрла до 1 часот по полноќ. Измената е усвоена на последната седница на Советот на Град Скопје, по иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, како дел од измените на Одлуката за комунален ред, а има за цел да се намали оптоварувањето на контејнерите наменети за домаќинствата, кои ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Калај

46.54