Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното лого вградено во потпирачот на возачкото седиште се загреало на сонце до температура што им предизвикала сериозни изгореници. Еден од случаите веќе завршил пред суд, а пријавена е и втора речиси идентична повреда. Металното AMG лого оставило препознатлив белег Тужителот Габриел Лахијани тврди дека се здобил со изгореница откако влегол во својот Mercedes-AMG за време на многу топол ...
Стотици љубопитни граѓани и туристи денеска се собраа пред катедралата во Фуншал, откако се прошири информација дека таму наводно ќе се венчаат Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез. Плоштадот пред катедралата бил исполнет со луѓе кои со нетрпение го очекувале пристигнувањето на славниот португалски фудбалер и Џорџина, објави Jornal da Madeira. Во црквата навистина се одржувала свадбена церемонија, но набрзо ...
Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со домувањето што произлегува од тоа на шпанскиот медитерански остров. Две недели по големиот протест во главниот град Палма против она што многумина го сметаат за прекумерен туризам, најновиот протест се одржа во западниот град Солер. Двата протести беа организирани од граѓанската иницијатива „Помалку туризам, повеќе ...
Со високите летни температури и силното сончево зрачење, правилната заштита на кожата станува особено важна. Дерматолозите препорачуваат користење производи со широк спектар на заштита и заштитен фактор SPF 30 или повисок, но често се поставува прашањето што е подобро – класична крема или спреј за сончање. Во теорија, и кремата и спрејот можат да обезбедат подеднакво добра заштита доколку правилно се нанесат и се употреби доволна количина. ...
Хорхе Меси, таткото на Лионел Меси, почина на 68-годишна возраст. Таткото на Лионел Меси и долгогодишен менаџер почина синоќа во 22 часот во санаториум во Росарио, Аргентина, објавува „Infobae“. Тој имаше 68 години и долго време се бореше со болеста. Хорхе Меси беше сопруг на Селија Кукучитини и татко на четири деца Лионел, Родриго, Матијас и Марија Сол. Тој одигра важна улога во развојот на кариерата на својот најпознат син и со години се ...
Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се случил само два дена откако на аеродромот Лајпциг/Хале беше пронајден дрон со експлозив. Безбедносниот надзор во базата на Бундесверот забележа два дрона околу 22 часот во четвртокот. Нивното присуство беше потврдено, по што воената полиција беше испратена на терен. Германската армија соопшти дека ...
Македонија е зафатена од нов интензивен топлотен бран, а поради екстремно високите температури земјата се наоѓа во портокалова фаза на опасност. Жешкото време веќе се одразува врз здравјето на граѓаните, но и врз потрошувачката на вода и секојдневното функционирање. Екипите на Итната медицинска помош во повеќе градови бележат зголемен број интервенции, најчесто поради колапси и кардиоваскуларни компликации предизвикани или влошени од ...
Апликацијата за навигација доби нови функции, вклучувајќи Motorcycle mod со вештачка интелигенција. Waze е фундаментално различен во својата филозофија од Google Maps; дизајниран е првенствено имајќи ги предвид возачите и мотоциклистите и става голем акцент на податоците собрани од самите корисници (crowdsourcing). Овие податоци се исто така подетални и поописни од Maps, што ги прави секогаш ажурирани. Ова е исто така една од причините зошто ...
Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше во спринт трката на Големата награда на Велика Британија, 12-та од овогодинешното Мото ГП првенство. Шпанецот со оовј триумф стави крај на доминацијата на Дукати во спринтот во Силверстоун. Мартин го забележа својот трет триумф во саботните трки оваа сезона. Мартин водеше од почетокот до крајот, а Аи Огура од Тракхаус беше најблиску до него, задоцни две секунди. На третото скалило на подиумот ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека одлуките во енергетскиот сектор мора да се носат врз основа на факти, темелни анализи и стручно знаење. „Во енергетиката, секоја одлука мора да се темели на факти, анализи и стручно знаење“, истакна Божиновска. Според неа, приоритетите во енергетиката треба да бидат насочени кон обезбедување сигурно снабдување со енергија, создавање услови за поконкурентна ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Нова студија покажува дека децата во Европската Унија поминуваат до шест часа на ден на платформи како што се TikTok и Instagram. По новиот експертски извештај кој изнесува загрижувачки податоци, Европа презема чекори за да им забрани на децата да користат социјални медиуми, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција. „Јасно е дека ни се потребни ограничувања соодветни на возраста на овие ...
Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше на неодамна одржаното Светско првенство, го напушта Атлетико по само една сезона. За клубот што го тренира неговиот сонародник Диего Симеоне, одигра 40 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола. Алмада, кој игра на позицијата офанзивен играч од средниот ред, а доколку е потребно и ...
На осамена алпска ливада во регионот Алгој, на југот на Германија, расте дрво за кое експертите веруваат дека е најстарото познато дрво во земјата. Станува збор за тиса чија старост се проценува на околу 1.100 години, што значи дека никнала уште во раниот среден век и преживеала повеќе од единаесет столетија. Дрвото се наоѓа во близина на местата Штајбис и Балдершванг, на надморска височина од приближно 1.100 метри. Според проценките на ...
Македонскиот државјанин кој се повреди на одмор во Кушадаси безбедно е пренесен во Скопје, информира Министерството за здравство. Тој се здобил со сериозна повреда на ’рбетниот мозок при пад од тобоган, а сега е хоспитализиран на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ „Пациентот се здобил со повредата при несреќен случај на тобоган, за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси. На 23 јули му била извршена хируршка интервенција во локална ...
Бразилецот Бруно Гимараеш е нов играч на Арсенал, објави англискиот шампион. Фудбалерот од средниот ред им се придружи на „Топџиите“ од Њукасл. Арсенал за овој трансфер издвои 87,5 милиони евра. Гимараеш (28) ја започна својата професионална кариера во 2015 година во бразилскиот Аудакс, а две години подоцна се пресели во Атлетико Параненсе. Со тој клуб освои четири трофеи и се стекна со статус на еден од најталентираните бразилски играчи од ...
Расчистувањето на домот често започнува со едноставно правило – сè што долго време не сме го користеле треба да заврши во ѓубре. Сепак, професионалните организатори предупредуваат дека ваквиот пристап може да доведе до фрлање предмети кои подоцна повторно ќе ни бидат потребни или имаат вредност што не може лесно да се надомести. Експерти за организација на домот за „Good Housekeeping“ издвоиле 11 категории предмети со кои треба да бидеме ...
Три „Ер трактори“ се вклучија во гаснење на пожарот на територијата на општина Сопиште, зад Водно. Дирекцијата за заштита и спасување објави видеа од акцијата. „Дејство на противпожарните авиони на ДЗС,’Еер трактор’ врз пожарот во Општина Сопиште, под јужната страна на планината Водно кај Скопје“, стои во описот на видеата. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека денеска низ земјата има пет пожари, но дека ниту еден од нив нема ...
Екстремно ниските нивоа на водата на Дунав во Унгарија открија остатоци од пароброд и мотор од Втората светска војна. Продолжената суша и високите температури го спуштија Дунав на исклучително ниско ниво. Според официјалните податоци од Унгарската хидролошка служба, нивото на водата кај Баја денес било околу 16 сантиметри под нултата точка на водомерот, што е рекордно ниско ниво. Минусот не ја означува длабочината на реката, туку висината на ...
Еден месец поминат во италијанските Алпи, со обезбедено сместување, храна и дополнителен паричен надомест, звучи како понуда која тешко се одбива. Сепак, не станува збор за бесплатно туристичко патување, туку за научен проект чија цел е да открие како подолгиот престој на поголема надморска височина влијае врз човечкиот организам. Истражувачкиот центар „Eurac Research“ бара здрави доброволци на возраст од 18 до 40 години за учество во ...
Motorola наскоро би можела да ја прошири својата серија Edge 70 со уште еден модел, а се чини дека веќе го открила (случајно или намерно). Покрај телефони како Edge 70, Edge 70 Max, Edge 70 Pro и Edge 70 Pro+, компанијата се чини дека го подготвува и Motorola Edge 70 Neo, иако овој уред сè уште не е официјално претставен. Името на телефонот се појави на прилично неочекувано место – во објава на форумот на Motorola посветен на бета програмата ...
Иран нема повторно да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ја променат својата политика кон Техеран и не ги исполнат шесте ирански барања, изјави Мохамад Багер Золгхадр, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Золгхадр рече дека Вашингтон мора да „го корегира своето однесување“ пред Иран да дозволи нормална пловидба во една од најважните светски бродски линии за нафта и гас. Барањата вклучуваат крај на заканите ...
Врската меѓу Луис Хамилтон и Ким Кардашијан повторно го привлече вниманието на јавноста, откако славниот Формула 1 возач објави серија досега невидени фотографии од заедничките моменти со ријалити ѕвездата. Хамилтон во петокот на Инстаграм сподели фотографии од нивните неодамнешни дружења, давајќи им на своите следбеници редок поглед во приватниот живот на парот. Меѓу објавените фотографии има кадри од нивна заедничка прошетка, како и ...
Google официјално потврди кога ќе започне со исклучување на Google Assistant на Android уредите. Компанијата им испрати на корисниците известување дека почнувајќи од 4 септември 2026 година, Gemini ќе стане главен и единствен AI асистент на повеќето Android телефони и таблети. Како што е наведено, процесот нема да се имплементира одеднаш, туку постепено ќе се прошири на сите корисници во текот на наредните недели. Откако промената ќе стигне ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека во Србија треба да се отвори нова фабрика за дронови, кон средината на септември, што ќе се реализира во соработка со Израел. „Србија ќе отвори фабрика за дронови, но со Израелците“, рече Вучиќ денеска на заедничката прес-конференција по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Палатата на Србија. Според него, се очекува фабриката да се отвори околу 15 или 20 септември. ...
Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците, велат од ДУИ. „Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на Албанците. Бараме албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните табли, а надлежните институции ...
Меган Маркл ѝ оддаде почит на својата покојна свекрва, принцезата Дијана, избирајќи посебен накит за вечерното излегување со принцот Хари во Канада. Војвотката од Сасекс ги носеше дијамантските обетки со сафири кои ѝ припаѓале на Дијана, додека со сопругот присуствуваше на свечена гала по повод 40-годишнината од фондацијата на познатиот канадски музичар и продуцент Дејвид Фостер. Според „People“, 45-годишната Меган ги комбинирала впечатливите ...
Meta воведе голем број нови функции за групите на WhatsApp, првенствено поврзани со анкети, известувања и управување. Анкетите добија најголемо подобрување. Администраторите и членовите на групите сега ќе можат да го постават точниот рок за гласање. Кога ќе истече зададеното време, анкетата автоматски ќе се затвори, така што последователните гласања повеќе нема да можат да го променат конечниот резултат. Дополнително, WhatsApp воведува ...
Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8 Август е еден од тие датуми. Ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи, објави премиерот, Христијан Мицкоски, на 25-годишнината од убиството на војниците кај Карпалак. „Дваесет и пет години подоцна, времето не ја избриша болката, ...
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се потсети на еден од најтешките порази во неговата кариера, елиминацијата од Хуан Мартин дел Потро во првото коло на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. Тој призна дека овој неуспех толку многу го погодил што почнал да се сомнева во сопствените способности. Ѓоковиќ пристигна во Рио како прв тенисер во светот и во моментот кога беше на врвот на својата кариера. Неколку недели ...