„Денес се претставува почетокот на работите на преостанатиот дел од автопатот Скопјe-Блаце. Тоа е добра вест за граѓаните и за стратешкото поврзување со Косово. Но, јавното мислење заслужува да ја знае вистината: ова е проект замислен, дизајниран, финансиран и бранет од владата предводена од ДУИ“, изјавија од опозициската ДУИ. Како што е наведено во соопштението на партијата, во време кога првичните студии проценија дека автопатот не е ...

Од Влен велат дека конечно, автопатот Скопје-Блаце станува реалност, по децении ветувања и празна демагогија. „Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на Влен. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два дена се правда и се чувствува непријатно. Затоа што тие не го направија за 24 години, а ние го правиме за 24 месеци“, се вели во реакцијата на Влен на денешното соопштение од ДУИ. ...

„Македонија за првпат во својата историја истовремено гради повеќе автопатски делници, колку што во моментов не гради никоја од земјите во регионот. Еден од клучните инфраструктурни проекти што започнува е автопатот Скопје-Блаце, со кој државата ќе добие современа автопатска врска со Косово, а индиректно и со Црна Гора и пристаништето Бар“. Вака изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју ...