Изложбата „Македонска рок меморија 1963-2026“, посветена на 63 години македонски рок и современа музика, ќе биде отворена на 20 ноември во 20 часот во НУЦК „Бели мугри“ во Кочани. Под насловот „Културно наследство од подрумите“, изложбата ќе претстави оригинални артефакти, плакати, музички инструменти, касети, фотографии, фанзини, документи и аудиовизуелни материјали кои ја раскажуваат историјата на македонската рок-сцена од 1963 година до ...

Стендап комичарот Стефан Николовски ќе одржи и втор настап во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, на 13 декември, откако се распродадени билетите за првиот, закажан за 12 декември. Настанот е насловен „Ацо наш“. Поради големиот интерес на публиката, „Прагма“ продукција закажа уште една вечер, за која, според нив, остануваат малку слободни места. Николовски е првиот македонски стендап комичар кој ќе настапи со самостојно шоу во Арената. ...

Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано на 5 март 2027, ќе одржи концерт во Филхармонијата, насловен „Километри љубов“, на кој ќе ги изведе своите најголеми хитови, како и преработки на познати македонски песни. На концертот се најавени и гости, чии имиња дополнително ќе бидат објавени. Лани Лозано одржа концерт во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, на кој со неколку госто настапи пред бројна публика и ги испеа своите најпознати песни. Бината ...

Краткометражниот анимиран филм „Неми филмови“ на режисерот Крсте Господиновски освои Гран при за анимација на Меѓународниот фестивал на краток филм во Тимимун, Алжир. Претходно, на меѓународниот фестивал за анимација КРАФТ во Јогџакарта, Индонезија, филмот доби специјално признание за најдобра кинематографија. „Неми Филмови“ доби и специјално признание во натпреварувачката програма „Мајстори“ на Светскиот фестивал на Приманима, кој се одржа ...

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе одржи јубилеен концерт на 14 ноември од 20 часот во Националната опера и балет по повод 25 години од своето постоење и 60 години уметничка дејност на маестро Рамадан Шукри. Со оркестарот ќе диригираат Рамадан Шукри и Ерхан Шукри, а како гости ќе настапат мецосопранистката Јадранка Јовановиќ од Србија и виолинистките Лалита и Нандини од Индија, како и солистите Катерина Стојановска, Вариса Хајдерпашиќ ...

Оперските пејачи Ана и Игор Дурловски на 6 декември ќе одржат заеднички концерт насловен „Завет“ во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Концертот, кој го организира „Пасворд продукција“, беше најавен на прес-конференција во Скопје како нивна најголема заедничка концертна продукција досега во Македонија. Дурловски ќе настапат во придружба на симфонискиот оркестар „Ајга“, хор и специјални гости, под диригентство на Ана Спасовска. ...

Холивудските актери Зои Кравиц, Николас Хоулт и Пит Дејвидсон се појавија на премиерата на новиот акционен филм „Како да ограбиш банка“, која се одржа во Њујорк. На црвениот тепих им се придружија и колегите Џон Си Рајли, Ана Саваи и Кристијан Слејтер. Филмот, во режија на Дејвид Лич, раскажува за група ограбувачи на банки кои ги снимаат своите грабежи и ги објавуваат на социјалните мрежи, стекнувајќи огромна популарност. Но, нивната интернет ...

Седмото издание на Котон блуз фестивал ќе има две вечери, кои ќе се одржат на 19 и 26 ноември. Како и лани, локацијата на фестивалот повторно е рок барот „Русти“ во Карпош. Програмски, првата вечер е замислена како домашна, а втората како меѓународна. На 19 ноември ќе настапат триото на Теодосиј Поповски, бендот на Гуру Харе и „Ласт хаус“, a седум дена подоцна гостуваат романското трио „Аксис“ и бразилскиот гитарист Артур Менезес (фото), ...

Грузискиот пијанист Давид Хрикули ќе настапи како солист на концертот „Ехо“ во Филхармонијата, кој ќе се одржи на 12 ноември од 20 часот. Со оркестарот ќе диригира францускиот маестро Сами Рашид. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Рахмањинов и Симфонијата бр. 4 во С-дур од Антон Брукнер. Хрикули е роден во 2001 година, а музичкото образование го продолжил во Мадрид. Во 2025 беше финалист на престижниот Меѓународен ...

Џони Деп се враќа во американските кина со филмот „Ебенезер“, нова адаптација на славната „Божиќна приказна“ на Чарлс Дикенс. Светската премиера се одржа на 9 ноември во Лондон, каде што актерот се појави пред публиката и медиумите. Деп го толкува ликот на Ебенезер Скруџ, богатиот, но скржав и осамен човек, кој во текот на една божиќна ноќ го посетуваат духови кои го соочуваат со неговите минато, сегашност и иднина. Филмот е во режија на Тај ...

Во Истанбул се отвори модна изложба на која се претставени 80 уникатни чанти и дизајнерски предмети од 55 светски луксузни брендови, меѓу кои „Луј Витон“, „Диор“, „Валентино“, „Версаче“ и „Скијапарели“. Изложбата насловена „Безвременски богатства – вечното патување на чантата“ се одржува во културниот комплекс „Бејмен Терсане“, сместен во историско бродоградилиште старо 600 години. Меѓу највпечатливите експонати е патнички ковчег на „Луј ...

Народниот театар Битола на 14 ноември ќе одбележи 82 години од основањето со отворање на 12. издание на Шекспир фестивалот и со премиера на претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел. Фестивалот годинава ќе донесе театарски продукции и уметници од Италија, САД, Ерменија, Романија, Грузија и Малта. Автор на фестивалскиот плакат е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо. Претставата „Кориолан“,премиерно беше изведена на Охридско ...

Со пет концертни вечери, од 11 до 26 ноември во Скопје ќе се одржи 27. издание на фестивалот Есенски музички свечености, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Фестивалот ќе се отвори во концертната сала на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) со концерт на студентите посветен на 60-годишнината од основањето на ФМУ. На 16 ноември во Салонот 19:19 во Културно-информативниот центар (КИЦ) ќе настапи триото „Саундскејп“ ...

Полските музичари Мариуш Патира (виолина) и Радослав Курек (пијано) ќе одржат концерт на 17 ноември од 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата во организација на Охридско лето. Концертот е дел од активностите на Охридско лето надвор од редовната летна фестивалска сезона. „Со овие концерти продолжуваме да ја промовираме врвната музичка уметност и да ѝ овозможуваме на публиката квалитетни музички доживувања во текот на целата година“, ...

Јован Јованов и Тони Зен го објавија спотот за новата песна „Уште ми требаш“, десет дена по нејзината промоција на фестивалот Макфест во Штип. Песната е продолжение на хитот „Итно ми требаш“, кој пред 18 години го испеаја заедно со Ламбе Алабаковски. Спотот е во режија на Горан Божиновски, а во него се појавува и манекенката Вања Петрушевска. „Некои песни не можат да се повторат, но некои приказни заслужуваат да продолжат. ‘Итно ми требаш’ ...

Битолскиот оркестар „Дива“ на 23 декември ќе го одржи 13. издание на традиционалниот новогодишен концерт „Виена во Битола“ во Центарот за култура во Битола. Ќе диригира Владимир Димовски, кој е продуцент на проектот. Инспириран од новогодишните концерти на Виенската филхармонија, Димовски создаде музичка традиција која секој декември ја носи виенската атмосфера во Битола. На концертите низ годините се изведуваа познатите валцери и полки на ...

На 9 ноември, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во Велес во чест на Денот на Општината. Концертот е закажан за 20 часот во салата на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Програмата со која Националниот џез оркестар ќе настапи во Велес е поделена на два дела. Во првиот ќе бидат изведени нумери од неговиот албум „Македонски сновиденија“. Во вториот дел ќе свири македонски евергрини, а одделни песни ќе ги пее Светлана Јовановска. ...

„Дозволете им на луѓето да видат дека сте убави одвнатре“, „Блескајте“, „Љубовта боли“, „Ова е песна за сите оние кои не се разбрани“, ѝ говореше Емели Санде на македонската публика на синоќешниот концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Триесет и деветгодишната шкотска пејачка и авторка, која за првпат настапи во Скопје, секоја песна ја најавуваше со кратка порака, не пропуштајќи да ѝ се заблагодари на публиката за топлиот прием и ...

Концерт по повод 120-годишнината од раѓањето на рускиот композитор Дмитри Шостакович и 135-годишнината од раѓањето на неговиот сонародник Сергеј Прокофјев ќе се одржи на 9 ноември од 19 часот во Малата сала на Филхармонијата. Влезот е слободен. Ќе настапат пијанистките Викторија Митеска-Малезан и Огненка Герасимовска-Димитровска, виолинистките Анна Кондратенко и Ева Богоевска, сопранот Магдалена Тодоровска и бас-баритонот Дарко Тодоровски. На ...

Слатко по рецепти од бабите зготвија учениците од средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес, а учениците од економското училиште „Јовче Тесличков“ направија современото пакување. Настанот се одржа во просторот на поранешното кино „11 Октомври“, односно во „Дворчето“ на Европската куќа во Велес. Традицијата продолжува и со младите генерации. Иако начинот на подготовка се менува, старите рецепти и тајните на готвењето се пренесуваат од ...

Амбасадата на Јапонија организираше мастерклас за јапонска кујна во средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, наменет за учениците, идни готвачи. Учениците и нивните професори се запознаа со вашоку, традиционалната јапонска култура на исхрана, која се темели на рамнотежа на сезонски состојки, хранливост и визуелна убавина. Вашоку е впишано на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. На мастеркласот беа презентирани јапонски ...

Угледниот сајт за патувања „Лонли планет“ ја состави својата традиционална листа на најдобри дестинации за патување во 2027, која се состои од 25 места што мора да се посетат и 25 најдобри искуства во следната година. Хрватскиот град Шибеник (фото) е едно од петте места во Европа што треба да се видат во 2027, заедно со Венето (Италија), Сканер-Фалстебро (Шведска), Леон (Шпанија) и Десау (Германија). Од Северна Америка се избрани Квебек и ...

Настапот на светската диџеј-ѕвезда Дејвид Гета во Скопје, по повод 35 години независност на Македонија, ја потсети модната дизајнерка и професорка Лидија Георгиева на интересна приказна од времето кога живееше и работеше во Париз. Во 2004, тогашната сопруга на Гета, Кати Гета, позната како „кралица на ноќта на париската сцена“, носела креација на Георгиева на Канскиот филмски фестивал. „Настапот на Гета по повод 35 години независна Македонија ...

Дваесетгодишната Срна Шекерова од Скопје го освои второто место, односно титулата прва придружничка, на првото издание на меѓународниот избор за убавина „Мис на светот – нова генерација“, што се одржа во Фрушке Терме, Србија. Шекерова освои уште една титула како претставничка на Македонија откако победи на натпреварот за Мис талент, каде што се претстави со танцова и вокална изведба. Победничка на изборот е претставничката на Конго, а ...

Триесет и третото издание на Моден викенд Скопје ќе се одржи од 30 октомври до 1 ноември во Музејот на современата уметност во Скопје, Галерија 4. Под мотото „Модата сега“, настанот ќе ја истражува модата како современа креативна сила што ги поврзува уметноста, одржливоста, иновацијата и културата. Во тридневната програма се најавени модни ревии, изложби, перформанси, јавни разговори и предавања со учество на дизајнери, уметници и културни ...

Никол Кидман, Дуа Липа и Зендаја беа меѓу бројните светски ѕвезди кои ги следеа ревиите на завршницата на Париската модна недела, каде што модните куќи „Шанел“ и „Луј Витон“ ги претставија своите колекции за пролет/лето 2027. Кидман и Липа беа во првиот ред на ревијата на „Шанел“, заедно со Педро Паскал и Алекса Деми. Кидман на ревијата дојде со ќерка ѝ Фејт Маргарет, а нејзини снимени читања од романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф беа дел од ...

Фустан со проѕирни детали од модната куќа „Живанши“, дизајниран од Сара Бартон, е избран за фустан на годината од Модниот музеј во Бат, Велика Британија. Избраниот фустан е дел од трендот на таканаречена „гола мода“, кој во последните години е присутен на модните писти и црвените килими. Според музејот, ваквиот начин на облекување отвора прашања за женската слобода, самодовербата и за односот кон телото. Сара Бартон, која долги години ...

Американската ТВ-ѕвезда Кајли Џенер (29) дебитираше на модната ревија на „Викторијас сикрет“ во Лос Анџелес, носејќи градник украсен со 4.410 природни дијаманти, вреден 50 милиони долари. Џенер беше најголемото изненадување на ревијата, а од публиката ја бодреа нејзиниот партнер, актерот Тимоти Шаламе и мајка ѝ Крис Џенер. Луксузниот градник „Фантази бра“ (Fantasy Bra), кој оригинално го носеше шведската манекенка Елса Хоск во 2018, е ...

Младите модели Лина Настевска и Драган Николов обезбедија пласман во финалето на меѓународниот натпревар „Топ модел Европа“, кое ќе се одржи на 6 декември во Белград. Тие ги освоија гласовите на публиката на балканското полуфинале, кое се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Организаторка на настанот беше модната креаторка Душица Шалева, која работи во Париз и е директорка на „Топ модел Европа“. На модната вечер ...

Со девет авторски колекции, моден перформанс и панел-дискусија, вчера (1 ноември) во Музејот на современата уметност во Скопје заврши 33. издание на Моден викенд Скопје. Завршниот ден започна со панелот „Стереотипите и социјалните медиуми“, посветен на самоизразувањето преку облеката, по што следуваше модниот перформанс „Модни икони- редизајнирани: Носи ја својата приказна“. Ревискиот дел започна со колекциите на пет дизајнери од ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
66%
1028
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
9.77
64%
1023
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
9.77
70%
1028
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.15
72%
1029
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.78
97%
1022
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
5.36
68%
1025
weather icon

Тирана

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
85%
1023
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1024
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
87%
1025
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
7.2
93%
1029
Currency

61.737

Currency

55.727

Currency

73.893

Currency

37.931

Currency

39.142

Currency

66.733

Currency

8.3619

Currency

0.67422

Currency

0.34855

Currency

0.52436

Currency

1.1075

Currency

0.59248

Иридиум

326330.08

Бакар

12.18

Родиум

293375.56

Платина

47808.16

Сребро

1567.56

Злато

124854.21

Калај

48.52

Цинк

3.75

Алуминиум

3.01

Кобалт

33.53

Паладиум

31572.03

Рутениум

61086.42