Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Искусниот Благоја Спиркоски е најновото засилување за второлигашот Пелистер. Како што објавија од клубот, 30-годишниот дефанзивен играч за врска ќе биде ново име во составот на тренерот Христов. Прилепчанецот минатата сезона ја заврши во екипата на Охрид, откако во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Кожуф. Во дресот на Пелистер беше во сезоната 2020/21. Искусниот Благоја Спиркоски е најновото засилување за второлигашот Пелистер. ...
Во очекување на стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Работнички запиша уште една победа на пријателски натпревар. Денеска дебармаалци одиграа контролен меч со екипата на Еуромилк ГЛ и остварија победа од 2:1. Момците на Баже Јанакиевски двата гола ги постигнаа во првиот дел од натпреварот. Во 39. минута погоди Кудијан, а смао три минути подоцна гол постигна и Исмаили. Попладнево тест-натпревар одиграа и ...
Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот на Медитеранските игри во Таранто. Селекторот Гавриловиќ излезе со свои оценки на составот и очекувањата од претстојните натпревари. „По кратка пауза повторно се собравме на подготовките за Медитеранските игри. Составот е малку сменет, не се сите девојки кои беа со нас и во првиот дел. Помладите ќе настапуваат за селекцијата до 20 години. На ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно планира да продаде акции од Светското првенство на приватни инвеститори. Тоа значи дека ќе биде основана компанија која ќе ги стекне комерцијалните права за главните натпреварувања на ФИФА: Светското првенство за мажи и жени и Светското клупско првенство. Ова е според „Тајмс“ носи нов договор од повеќе милијарди долари за ФИФА? Извештајот сугерира дека таков договор би можел да го зголеми ...
Во само неколку часа, беше донесена одлуката, а потоа и потврдена од страна на Фудбалската Федерација на Италија, дека следниот селектор на „Азурите“ е искусниот Роберто Манчини. Челните луѓе на Федерацијата по огромните проблеми кои што се создадоа со Андреа Прило, несудениот нов селектор, решија веднаш да реагираат и да постават проверено име за наследник на Џенаро Гатузо. Манчини како што е добро познато, веќе ја обавуваше оваа функција, ...
И тоа се случува во Примера. Една од најголемите фудбалски лиги во светот. Тимот на Рајо Ваљекано се соочува со сериозен проблем, откако локалните власти во Мадрид, го затворија стадионот на клубот, ја прекинаа концесијата која што ја има Рајо врз објектот и донеоа решенија за итно реновирање на истиот. Причината е очајната состојба на објектот, неисполнувањето на безбедносните мерки и прописи, нефукнционални електрични и противпожарни ...
Тимот на Манчестер Сити уште долго време ќе биде предводен од еден од најдобрите дефанзивци на планетава, хрватот Јошко Гвардиол. Тој денеска и официјално потпиша нов договор со клубот кој што е важечки до 2031 година. „ Штом дознав дека Сити сака да ми го продолжи договорот, веднаш почувствував дека токму тоа го сакам. Навивачите на Сити се однесуваа неверојатно кон мене уште од првиот ден, а клубот им обезбедува апсолутно сè на играчите. ...
Попладнево, НК Олимпија и официјално го претстави македонскиот фудбалски стратег, Југослав Тренчовски за свој нов тренер. Најголемиот клуб во Словенија, се одлучи за Трнчовски пред се затоа што струмичанецот имаше одлично минат период во тимот на Радомље, а резултатите таму беа препорака за преселба во Љубљана. „Ова е голем предизвик за мене, можеби и најголем во мојата тренерска кариера досега. Да се работи во најголемиот клуб во Словенија ...
Според информациите од германскиот „Скај Спорт“, Реал Мадрид направил нов потег во преговорите со бразилскиот интернационалец за продолжување на неговиот договор. Кралскиот клуб наводно испратил контрапонуда до Винисиус и неговите претставници во обид да постигнат конечен договор по месеци разговори. Мадрид сака што поскоро да го затвори прашањето за нов договор и да го обезбеди останувањето на еден од своите најважни играчи. Истиот извор ...
Сериозно лошата ситуција во италијанскиот фудбал, и скандалот со новиот селектор очигледно ќе го решава добро познато лице. Роберто Манчини е решението за „мир во куќа“ што се вели, по огромните проблеми кои се создадоа се (не)поставувањето на Андреа Пирло, и оставките на Паоло Малдини и Леонардо. Трансфер гуруто Фабрицио Романо објавува дека Манчини е најновото решение на Италијанската Фудбалска Федерација која што се одлучува за човекот ...
Реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, помеѓу екипите на Шкендија и Браво од Словенија кој што ќе се одигра в четврток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе биде со бесплатен влез. Вака одлучи менаџментот на клубот, во насока на што поголема посета на овој меч во овие летни денови. Шкендија има негатива од првиот меч во кој што поведе но сепак, на крајот загуби со 2:1. Реванш дуелот од ...
Искусниот македонски стратег, Југослав Тренчовски и официјално е нов тренер на екипата на Олимпија. Легендарниот словенечки клуб се одлучи да го ангажира Тренчовски кој одлично се покажа во изминатиот период во тамошниот шампионат, и токму затоа му е доделена довербата да го води убедливо најголемиот клуб во оваа земја. Тренчовски потпишува договор „1 плус 1“ и веднаш се зафаќа со работа. Има императив пред себе да го врати тимот на ...
Фудбалската Федерација на Франција предмалку во своите простории свечено го претстави новиот селектор на репрезентацијата во името на легендарниот Зинедин Зидан. Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, за Франција и да не говориме, конечно застана на чело на националниот тим со кој како играч и капитен освои многу трофеји. Сега, како тренер ќе се обиде да го врати сјајот на „Триколорите“ кои што на последниот Мундијал во САД, Мексико ...
Екипата на ГФК Тиквеш предмалку се пофали дека од сега натаму сезонава е посилна за бразилскиот интернационалец Жоао Габриел Фереира Сантос Ренатињо. Тој пристигнува како уште едно од неколкуте интернационални имиња кои што во моментов се дел од ростерот на прволигашот од Кавадарци, и даваат сериозен квалитет. Тиквеш одлично го стартуваше овогодинешниот ПМФЛ шампионат со победата на домашен терен од 5:1, против Арсими и токму странските ...
Европскиот шампион Пари Сен Жермен нема намера да преземе чекори за да го потпише играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, објавува „Ле Паризиен“. Одлуката е поврзана со фактот дека раководството на ПСЖ верува дека тие го имаат најдобриот среден ред во светот и не им требаат засилувања во оваа област. Не е тајна дека Родри сака да го напушти Манчестер Сити, а негов приоритет е да се врати во татковината и да потпише за Реал Мадрид. ...
Англискиот фудбал воведува експериментално правило насочено кон ограничување на одложувањето на натпреварот. По одобрувањето од страна на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), почнува да се тестира мерка според која тимот привремено ќе остане со еден играч помалку ако неговиот голман бара медицинска помош поради повреда. Целта е да се намали бројот на тактички прекини што ги фрустрираат играчите и публиката. Англиската ...
Кристијано Роналдо влегува во филмскиот бизнис. Ѕвездата ќе глуми и ќе биде извршен продуцент во својата прва ТВ драма. Тој се здружи со режисерот на „Кингсман“, Метју Вон, за нова серија за светот на фудбалските агенти со високи влогови. Кариерата на Кристијано Роналдо одамна се протега далеку подалеку од фудбалскиот терен. Петкратниот добитник на „Златна топка“ изгради глобална бизнис империја што вклучува хотели, мода, фитнес, дигитални ...
Ракометната Федерација на Македонија предмалку објави дека Игор Марковиќ е назначен за нов селектор на женската сениорска репрезентација. Се работи за искусен ракометен страгег од Црна Гора кој што има богато интернационално играчко, а потоа и тренерско искуство. Специјализиран е што се вели во раководењето на женски екипи, и има постигнато одлични резултати на тоа поле. Ракометната Федерација на Македонија предмалку објави дека Игор ...
Жозе Мурињо сака Гонзало Гарсија да остане во клубот и не го поддржува неговото заминување, објавува шпанскиот весник „Марка“. Според информациите од овој весник, искусниот португалски стручњак смета дека во тимот моментално нема напаѓач кој ги има карактеристиките на Гарсија. Затоа Мурињо е јасен во својот став дека младиот напаѓач треба да остане дел од тимот следната сезона. „Марка“ наведува дека тренерот верува дека Гарсија може да игра ...
Доаѓањето на Жељко Обрадовиќ ја потресе кошаркарска Европа, Панатинаикос би можел да биде уште посилен на хартија отколку минатата сезона, бидејќи пристигнаа Бадио, Бонга, Фол и Јабуселе, но потребно е уште едно големо име на позицијата плејмејкер. Кој би можел да биде тоа? Костас Слукас е единствениот класичен плејмејкер во тимот, Кендрик Нан може да ја заврши таа работа, но потребен е уште еден по заминувањето на Ти Џеј Шортс и Василис ...
Доаѓањето на Леброн Џејмс во Филаделфија веќе привлече големо внимание од јавноста на НБА, а се очекува „76ерс“ да бидат меѓу најгледаните тимови на националната телевизија следната сезона. Според „Фронт офис спортс“, Филаделфија ќе има 34 натпревари на национално ниво во сезоната 2026-27, максималниот број што лигата го планира за еден тим. Тоа е огромен скок во однос на претходната сезона, кога „76ерс“ имаа само 14 натпревари на национално ...
Вардар во новата сезона влегува со промени во составот, во своите редови има седум новајлии, кои заедно со останатите ракометари треба да дадат совршен производ за високи дострели. Еден од новите играчи Леон Љевер, кој игра на позицијата лев бек. На нему добро му се познати амбициите на клубот, знае дека има притисок, но тоа е нормално за еден тим како што е Вардар. „Јас сум еден од новите ракометари, не има пет-шест. Амбиците на Вардар како ...
Македонија е една од ретките земји во која право за настап на фудбалери од странство има само во елитната лига. Бројката е 8+2, но само Вардар, па и Шкендија го исполнуваат максималниот бонус за кој на федерацијата треба да и се плати максимална такса од 35.000 евра. Иако лани гласно се говореше, за оваа сезона повторно има иницијатива за носење на правилa да има барем двајца „странци“ кои би играле во втората по ранг лига на Македонија. Што ...
Летонците се далеку од фудбалска велесила а нивниот клубски фудбал според ранкингот на УЕФА е блиску до нашиот. Низ историјата на репрезентативно ниво Македонија редовно си ја „гази“ селекцијата на оваа земја, а на клупски план имаме само една позитива. Една и тоа вредна елиминација имаат нашите екипи и тоа пред точно 20 години. Во времето на Работнички, кога тогашниот првак на нашата земја со убедливи и рекордни 6:0 во Скопје го прегази ...
Не е мала работа да се биде тренер во клуб како Олимпија од Љубљана. На „Стожице“ во престолнината на Словенија се е подготвени за денешната промоција на новиот тренер на „змајчеките“. Југослав Тренчовски седнува на жешкото столче на “зелените“ кои по две кола и со два порази бараат спас во првиот тренер од Македонија кој ќе седне на клупата на најголемиот фудбалски бренд од оваа земја. Струмичанецот со многу труд и знаење стигнува на ...
Вардар денеска означи старт на подготовките во новата сезона во која го чека Лигата на шампиони во која се враќа после четири години, како и одбрана на домашните титули. Иван Чупиќ не го менува ниту ставот, ниту амбициите, иако ги чека потешка задача, како што самиот вели – потешко е да се освојат титули отколку да се одбранат. Тука е европскиот предизвик. „Целите секогаш ни се исти во првенството и Купот, Вардар секогаш цели кон двојна ...
Според Siol.net, натпреварот на стадионот „Бонифика“ имал и турбулентно „трето полувреме“, а по последниот свиреж се случила физичка пресметка во која учествувале челниците на двата клуба. На теренот, Копер спаси бод против Радомље во последните минути, играјќи 2:2, иако губеа со 2:0 во текот на натпреварот. Сепак, вистинската драма следела по натпреварот. Според Siol.net, инцидентот прво избувнал во ходниците на стадионот, а потоа се ...
Актуелниот македонски шампион, тимот на Вардар утре со почеток од 19:00 часот на стадионот Сконто во Рига, против истоимениот противник го игра реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции. Првиот дуел во Скопје заврши со триумф на тимот од Летонија, со 2:3, па сега нашиот првак има задача да ја анулира таа негатива. „Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од ...
Екипата на Вардар пред една недела во Скопје не успеа да ги искористи своите шанси, направи грешки во одбраната и за тоа ја плати цената во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Рига. Конечните 2:3 од Скопје можат само да бидат поука за „црвено – црните“ дека секоја грешка скапо се плаќа и дека тоа не смеат да го направат на утрешниот реванш дуел во Летонија. Истиот се игра на стадионот Сконто во ...
Македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров од летово е дел од првиот тим на Црвена Звезда, каде што се надеваме дека ќе се избори за доволна минутажа. Позајмиците на кои што одеше младиот офанзивец очигледно дека имаа влијание врз неговата форма, и пред се квалитет, а тоа е проценето од страна на тренерот Дејан Станковиќ. Гаштаров денеска на тренингот на Звезда, покажа зошто е таму каде што е во моментов, со прекрасен потег со ...