Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде претесна да ги собере сите љубители на ракометот кои сакаат да го гледаат реванш дуелот од полуфииналето на ЕХФ Европскиот куп помеѓу ГРК Охрид и словенечки Целје. Еуфоријата се чувствува, резултатот од првиот меч (минимален пораз од еден гол разлика) дава големи и реални надежи дека Гладијаторите ќе влезат во финалето. На пет дена пред мечот, клубот објави дека продадени се сите билети. ...
Струга цели три години чекаше на домашен триумф над Силекс, а попладнево не само што победи, туку и дефинитивно си го потврди третото место на табелата во Првата лига. Стружани славеа со сигурни 2-0 во дуелот на поранешните шампиони на Македонија и сега имаат предност од 10 поени во однос на денешниот противник на четири кола до крајот на првенството. Третото место на табелата е значајно, бидејќи во случај тетовска Шкендија да го освои Купот ...
Во Sport Life ништо не е невозможно, а доказ за тоа е и тикетот во Кочани. Со влог само од 50 денари, одигра 31 натпревар, кои беа погодени, па сосема заслужено си доби неверојатна сума од 945.859 денари нето. На тикетот беа одиграни различни игри, но доминираа двојните шанси и двојни шанси во комбинација со голови. Поголемиот дел од натпреварите се одиграа во саботата, но добивката се славеше во неделата навечер, кога заврши последниот меч, ...
Откако женската кадетска репрезентација на Македонија славеше над Турција за финале на Светското ракометно првенство за средни училишта, тоа им појде од рака и на нивните колеги од машката селекција, кои ја декласираа Србија и ќе играат меч за злато. Македонските ракометари беа убедливи и победија со 30-19 во полуфиналето против Србија, па утре ќе играат во финалето од училишниот Мундијал во Скопје. Македонија доминираше во текот на целиот ...
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес, и понатаму е главна трансфер цел на Барселона за претстојниот летен преоден рок и покрај сериозните финансиски потешкотии кои би ја придружувале евентуалната зделка. Според шпанските медиуми, уште во јануари спортскиот директор на Каталонците, Деко, одржал неколку средби со претставници на играчот, но засега нема конкретен напредок во преговорите и ситуацијата останува во застој. Од Атлетико ...
Реал Мадрид и втора сезона по ред нема да освои ниту еден трофеј, а Кралевите сега се соочуваат со нов проблем. Според шпанските медиуми, Килијан Мбапе нема да игра за Реал Мадрид до крајот на сезоната, и тоа само за да биде поодморен за настапот со Франција на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Ваквиот потег доколку се покаже како вистински, е само уште еден проблем за Кралевите, но и за сè она што се случува во Реал Мадрид во ...
Новата работна седмица започнува со фантастичните квоти во Бет билдерот на Sport Life. Натпревари од италијанската Серија А и англиската Премиер лига имаат квоти и до 20.00. Трите најинтересни вечерни натпревари имаат по две опции, а квотите се навистина „набилдани“. Каљари и Аталанта имаат квоти од 15.00 и 16.00, додека Лацио и Удинезе имаат квоти од 14.00 и 15.00. Најголемите квоти се за мечот помеѓу Манчестер јунајтед и Брентфорд – 15.00 ...
Кошаркарската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за мечот од претквалификациите за Европското првенство против Ирска. Дуелот се игра на втори јули во салата „Лазар Лечиќ” со почеток во 18 часот, а билетите се по симболична цена од 200 денари и се продаваат преку МКтикетс. Македонија е лидер во групата со максимални четири победи од четири натпревари, а со победа против Ирска и теоретски ќе го обезбедиме местото во ...
Македонската женска кадетска репрезентација се пласира во финалето на Светското училишно првенство во ракомет откако во полуфиналето ја совлада Турција со 29-22. Нашите кадетки одиграа уште еден идличен натпревар, на кој потврдија дека имаат победнички менталитет. Во првото полувреме Турција го диктираше темпото, но Македонија во чекор го следеше противникот. Пред крајот на полувремето, избраничките на Даниела Новеска успеаја да направат мини ...
Борбата за фудбалската титула во македонското првенство дефинитивно ќе биде неизвесна до самиот финиш. Фактот дека во последното коло ќе играат Вардар и Шкендија, може да значи во директен дуел главните ривали да одлучуваат и со тоа да покажеме дека го имаме едно од најнеизвесните првенства во Европа. Вардар како полека да се разбуди од „зимскиот сон“. Црвено-црните се мачеа речиси два месеца и не можеа да дадат повеќе од еден гол на меч, ...
Милан и Јувентус ремизираа без голови на „Сан Сиро“ во меч на кој двете екипи имаа главна цел да бидат меѓу најдобрите четири на табелата во Серија А за да обезбедат место во Лигата на шампионите за следната сезона. По ова реми, Милан остана трет со 67 бода, а Јувентус е на четвртото место со 64 бода. Екипите на Комо и Рома со по 61 бод чекаат од заднина. По мечот, тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, беше задоволен од освоениот бод. „Морате ...
1154 Манчестер ј. – Брентфорд (21 ч.) Манчестер јунајтед е многу блиску да биде дел од Лигата на шампионите за следна сезона, но на Црвените ѓаволи сигурно им е важно да бидат и трети на табелата пред Ливерпул и Астон вила. Одличен е билансот со 10 победи, три ремија и само три порази на Манчестер сезонава на „Олд Трафорд“. Брентфорд е деветти на табелата, а делува неверојатно дека последните шест меча на овој тим завршиле нерешено. На ...
Шефот на судиската работа во Серија А, Џанлука Роки, се најде во центарот на огромен скандал во кој наводно е вклучен и Интер. Според италијанската новинска агенција AIA, Роки е под истрага од страна на обвинителството во Милано за „наводно соучество во спортски измами“ и е обвинет за мешање во одлуките на ВАР-собата и фаворизирање на Интер. Како лице одговорно за судењето во Серија А и Серија Б, Роки е осомничен за директно мешање во ...
Тенис и фудбал ја сочинуваат денешната понуда во Супер типот на Sport Life. Возбудувањата ќе започнат со тениските пресметки на АТП турнирот во Мадрид и тоа уште во претпладниевните термини. Од 11 часот, Руд е фаворит за победа над Давидович-Фокина, додека Бенчиќ треба да слави над Баптисте. Фаворити за денешни победи се и Циципас, Медведев и Церундало кај мажите, а кај жените има зголемени квоти за победи на фаворитките Коко Гоф и Каролина ...
Два меча на кои домашните екипи се во улога на фаворити се дел од денешната поуда во Прва фудбалска лига на Македонија. Покрај Охридското езеро екипата на Струга ТЛ ќе го пречека Силекс во дуелот на третиот и четвртиот на табелата. Струга ТЛ има седум бодови повеќе од Силекс, но кратовци имаат четири победи по ред и сигурно ќе сакаат да ја продолжат победничката низа. Ако тоа се случи, Силекс ќе се доближи на само четири бода до Струга. Од ...
Пет интересни мечеви кои се играат во силните европски првенства се дел од денешната понуда во Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 37.76. Аталанта гостува кај Калјари, а се нуди коефициент од 2.05 за тимот од Бергамо да постигне еден или два гола во првото полувреме. Копенхаген е апсолутен фаворит за победа над Вејле и тука комбинацијата е домаќинот да води на ...
Чави Симонс е еден од лидерите во репрезентацијата на Холандија. Со 23 години, овој фудбалер на Тотенхем се очекуваше да биде главна алка во тимот на Холандија на Светското првенство кое започнува за помалку од 50 денови. Сепак, планот на Симонс за настап на Мундијалот останува само неостварена желба, затоа што се повреди и ќе мора да паузира подолг период. Холандскиот репрезентативец се повреди изминатиов викенд во дресот на Тотенхем во ...
Кадетските репрезентациии на Македонија во машка и во женска конкуренција се меѓу најдобрите четири на Светското училишно првенство во ракомет кое е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и денеска ќе играат за пласман во финалињата. Кадетките по голема драма, во четвртфиналето беа подобри од врсничките од Бразил со 19-18, а следениот, денешен ривал ќе им биде селекцијата на Турција. Полуфиналето меѓу Македонија и ...
Сан Антонио спарс со голем пресврт стигна до триумф на гостувањето кај Порталнд од 114:93 и поведе со 3:1 во победи во првото коло од НБА плеј-офот кој се игра до четири победи. Виктор Вембањама блескаше во победничкиот тим, за 34 минути поминати на теренот постигна 27 поени (шут од поле 9 од 17), а имаше и 12 скокови, три асистенции, четири украдени топки и дури седум блокади. Последен пат еден играч со вакви бројки на меч од плејофот имал ...
Како се доближува крајот на сезоната, така се вжештува атмосферата како на трибините, така и на теренот, посебно кога се играат некои многу важни дуели. Еден таков меч вчера играа екипите на Хуеска и Сарагоса во шпанската Сегунда дивисион. Двете екипи се борат за опстанок и се во зоната за испаѓање. Пред овој меч, Хуеска беше претпоследна со 33 бодови, додека Сарагоса имаше 35 на една позиција погоре. Во дуректниот дуел, Хуеска победи ...
Баерн Минхен ги одбил понудите за трансфер од Реал Мадрид и од Манчестер сити за играчот од средниот ред Александар Павловиќ. Германскиот шампион нема намера да се раздели со 21-годишниот фудбалер, кој се етаблираше како стандарден првотимец во составот на тренерот Венсан Компани. Германскиот репрезентативец дебитираше во Бундеслигата за Баерн во октомври 2023 година, откако помина низ академијата на клубот, а неговиот договор е со важност до ...
Виљареал ја искористи предноста на домашен терен и со 2-1 ја совлада Селта Виго во натпревар од 33. коло на Ла Лига. Овој резултат најмногу му одговара на Бетис, кој со оваа победа на Виљареал се приближи уште еден чекор кон местата што водат во Лигата на шампионите, додека дополнителна добра вест за нив е и падот на градскиот ривал Севиља во зоната на испаѓање. Натпреварот започна бурно, бидејќи уште во првите минути беше досуден пенал за ...
Милан и Јувентус одиграа без голови (0-0) на „Сан Сиро“ во дербито на 34-тото коло од Серија А, резултат кој повеќе му одговараше на домаќинот. Со овој бод, Росонерите остануваат со предност од три поени пред Старата дама, во трката за врвот и местата кои водат во Лигата на шампионите. Натпреварот започна со неколку полушанси, а првото поголемо возбудување се случи во десеттата минута кога Кефрен Турам слабо шутираше. Милан првпат посериозно ...
Ѕвездата на Минесота тимбервулвс, Ентони Едвардс, нема наскоро да се врати на теренот, откако повредата на коленото што ја заработи ноќеска против Денвер Нагетс бара повеќенеделна пауза. Според информациите, Едвардс заработил модринка и истегнување на коленото, што не дава голем оптимизам во Минесота, иако лигаментите не се сериозно оштетени. Повредата се случи во момент кога тој незгодно доскокна по дуел со играчот Џонсон, при што болното ...
Црвена ѕвезда го доби „вечното дерби“ против Партизан со убедливи 3-0 и со тоа и официјално ја осигура 37-та шампионска титула. Натпреварот во Белград доби и дополнителна емоционална нота поради присуството на поранешниот македонски репрезентативец Митко Стојковски. Пред стартот на дербито, некогашниот капитен Митко Стојковски излезе пред навивачите и беше пречекан со бурни овации, во атмосфера исполнета со силни емоции. Во тој момент од ...
Галатасарај направи огромен чекор кон освојување на четвртата последовна шампионска титула, откако во дербито на Истанбул го совлада Фенербахче со убедливи 3-0. Со оваа победа, Галата уште повеќе ја зацврсти лидерската позиција и сега има сериозна предност во однос на најголемиот ривал, на само неколку кола до крајот на сезоната. Натпреварот можеше да тргне во поинаков правец, откако Талиска промаши пенал во 14-тата минута, што внесе ...
Кога посветената работа и амбициозноста ќе се спојат, среќата се заслужува и успехот порано или подоцна е неизбежен. Таков е примерот и со 28-годишниот Алексо Лембанов кој по оставката на Стевче Алушовски, доби задача да го извлече максимумот од составот на Еурофарм Пелистер во завршницата од сезоната. Ова е ново ново поглавје во неговата кариера во која има евидентен напредок, нафаќајќи се на одговорноста да го води актуелниот македонски ...
Црвена ѕвезда на убедлив начин ја завери шампионската титула, откако во големото дерби го совлада Партизан со 3-0. На Црвено-белите им беше доволен и бод за математички да го осигураат трофејот, но тие не оставија ништо на случајност и со доминантна игра стигнаа до убедлива победа и 37-та титула. Резултатот беше отворен во 18-тата минута, кога Страхиња Ераковиќ реализираше по асистенција на Александар Катаи, што беше и единствениот погодок во ...
Интер одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај Торино, но и понатаму е на чекор до освојување на титулата во Серија А. Нераѕурите сега имаат дури 10 бода предност пред Наполи на четири кола до крајот, па им е потребна само уште една победа за да ја заверaт 21-та шампионска титула. Интер имаше одличен почеток и поведе со головите на Маркус Турам во 23-тата минута и на Јан Бисек во 61-та минута, а клучна улога одигра Федерико Димарко, кој запиша ...
Борусија Дортмунд одигра убедлив натпревар и со 4-0 го совлада Фрајбург во последниот меч од 31-то коло во Бундеслигата, со што и официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Иако уште минатото коло остана без шанси да го симне Баерн Минхен од врвот, тимот од Дортмунд влезе максимално мотивиран да ја задржи втората позиција и да стави крај на серијата од два порази. Милионерите тргнаа силно и веќе во осмата минута поведоа преку ...