Војната на САД во Иран досега чинеше 25 милијарди долари, изјави денеска високиот функционер на Пентагон задолжен за финансии, Џулс Херст, со што ја даде првата официјална процена за воените трошоци. Херст пред конгресмените во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом изјави дека најголемиот дел од тие пари се потрошени за муниција. Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот ...

На денешната седница Уставниот суд утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на новинарот Давид Илиески и со примена на член 57 став 2 Актот ја задолжува Развојна банка на Северна Македонија да ги достави бараните информации, согласно Барањето за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.03-2916/1 од 10 октомври 2025 година и тоа да го стори во рок од 8 дена откако Одлуката на Уставниот суд ќе се ...

Техничката влада е клучен механизам за обезбедување фер и демократски избори, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во своето обраќање на собраниската седница. „Техничката влада на прв поглед се наметнува како тема поврзана со институционална хигиена, а всушност отвора многу подлабока политичка рана. Се претставува како рационализација на системот, како враќање кон нормалноста и ослободување на изборниот процес од едно преодно решение. Но ...

Руските и белоруските боксери добија зелено светло да се натпреваруваат како неутрални спортисти, објави денеска „Ворлд боксинг“, повикувајќи се на ставот на Меѓународниот олимписки комитет. Според одлуката, боксерите од двете земји ќе се натпреваруваат во поединечна конкуренција со статус на неутрални спортисти (AIN), без национални знамиња, химни, логоа или дресови, и ќе подложат на процес на проверка. Овој потег следи по одлуката на ...

Шефот на британската антитерористичка полиција и помошник комесар Лоренс Тејлор потврди дека денешниот напад во еврејскиот кварт во Голдерс Грин во Лондон, во кој беа избодени две лица, се третира како терористички инцидент. Тејлор рече дека „високо специјализиран“ тим на антитерористички истражители работи заедно со Метрополитен полицијата за да се „унапреди истрагата“ и додаде дека полицијата соработува со „партнерите од безбедносните ...

Министерството за спорт активно се вклучи во реализација на проектот ELEVATE, финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската Комисија кој има за цел да ја унапреди пристапноста на стадионите и да го подобри искуството на навивачите, стои во соопштението од Министерството што МИА ви го пренесува во целост. ELEVATE проектот е насочен кон развој на практични алатки, дигитални решенија и содржини за обука кои ќе им помогнат на фудбалските ...

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед го продолжи денеска договорот со Коби Мејно, јавија светските агенции. Новиот договор на 21-годишниот играч од средниот ред е со важност до крајот на сезоната 2030-2031 и вклучува зголемување на неговата неделна плата. Мејно зад себе има 98 натпревари во дресот на Манчестер јунајтед на кои постигна седум голови, вклучувајќи го и погодокот за победата над градскиот ривал Манчестер Сити во финалето на ФА Купот ...

– Голманот на шпанскиот второлигаш Сарагоса, Естебан Андрада (35), е суспендиран на 13 натпревари откако удри противнички играч во главата на неделното дерби против Хуеска. Аргентинскиот голман доби суспензија од 12 натпревари поради удирање противник, а уште еден за црвен картон. Андрада и неговиот клуб, исто така, ќе мораат да платат и парична казна. Андрада доби втор жолт картон во последните минути од локалното дерби на Арагонија во ...

Финалето од Купот на Македонија во футсал е на програмата вечерва во Гевгелија каде за трофејот ќе се борат КМФ Кеги Моби од Велес и КМФ Проект од Валандово. Патот до финалето беше различен за двете екипи. КМФ Кеги Моби дојде до финалето по неизвесни натпревари. Во осминафиналето го победи Шкупи со 4-3, во четвртфиналето беше подобар од Бутел со 8-6, а во полуфиналето триумфираше против Јувентус Серава на пенали со 5-4. КМФ Проект имаше ...

– Соединетите Американски Држави нема да ја укинат блокадата на Иран додека не се постигне нуклеарен договор, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп за израелскиот Канал 12 изјави дека поморската блокада е „поефикасна“ од бомбардирањето и дека Иран „се гуши“, пренесува Тајмс оф Израел. Американскиот претседател рече и дека Иран очајнички сака договор за укинување на блокадата. – Соединетите Американски Држави нема да ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 49‑годишно лице осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, откако при претрес во подрумска просторија во скопската населба Аеродром биле пронајдени марихуана, амфетамин, метадон и предмети поврзани со илегална трговија со дрога. Како што соопштуваат од ЈО, при претрес во подрумска просторија во Аеродром ...

Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за провоцирање нуклеарна војна, предупредувајќи ја Европа за последиците. Киев ја гранатира нуклеарната централа Запорожје, а Зеленски бара не само членство во НАТО, туку и нуклеарно оружје за безбедноста на Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. – Тој продолжува да провоцира нуклеарен ...

Двајца британски државјани со еврејско потекло денеска се нападнати и избодени со нож во предградието Голдерс Грин во северниот дел на Лондон, пренесуваат британските медиуми, според кои, Метрополитен полицијата и формлано го квалфикувала инцидентот како терористички напад. Нападнатите, како што објави Би-би-си се на возраст во околу 70 и 30 години. Тие се пренесени во болница и, според информациите се наоѓаат во стабилна состојба. За нападот ...

Собранието попладнево го донесе Законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кој по одржувањето на следните парламентарни избори ќе се укине техничката (преодната) влада. Т.н. пржинска влада беше воведена како ад хок решение за изборите во 2016 година и како механизам што ќе гарантира фер и демократски избори, со вклучување дополнителни министри предложени од опозицијата во 100-те дена пред ...

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и во следната сезона ќе се натпреваруваат во македонската Првата лига, откако успешно ја минаа бараж фазата. Тимот на Благоја Ставревски со 2-0 во победи се радуваше над второпласираниот тим во Втората лига, Вардар 2019 и го одбрани прволигашкиот статус. Откако со 3:1 изминатиот викенд славеше на гостински терен, одбојкарките на Фит Фан Волеј го потврдија опстанокот во Првата лига жени попладнево со максимална ...

Шеснаесетгодишната ера на национална управа во Унгарија заврши со изборите, означувајќи го почетокот на новиот период дефиниран со либерална државна управа и пронационална опозиција, порача унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан во писмо упатено до членовите на неговата партија Фидес. „Задача на нашата заедница е да ги брани големите национални достигнувања од изминатите 16 години и да го одржи идеалот на пронационалната управа. ...

– Континуираното поморско пиратство и бандитизам на САД во форма на таканаречена поморска блокада наскоро ќе биде одговорено со практична и „невидена“ воена акција, изјави денеска висок неименуван извор од иранските безбедносни сили. Иранските вооружени сили, кои дејствуваат под команда на штабот Хатам ал-Анбија, велат дека трпението има граници и дека казната е неопходна ако Вашингтон продолжи со својата нелегална поморска блокада околу ...

Ова ја прави пресудата за напаѓачот, 73-годишниот пензионер Јурај Цинтула, конечна. Специјалниот суд во Банска Бистрица го осуди напаѓачот на 21 година затвор за тероризам во прв степен. Цинтула се жалеше на одлуката и побара полесна казна. За време на жалбеното рочиште денеска, тој повторно ја опиша казната како „луда“ и нагласи: „Јас не сум терорист“. На 15 мај 2024 година, Цинтула пукаше во Фицо додека излегуваше пред културниот центар во ...

Македонија утре, на 30 април, ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса, што ќе донесе значителна промена на временските услови. Се очекува облачно време проследено со врнежи од дожд. На поединечни места врнежите ќе бидат пообилни, со очекувана количина од 15 до 20 литри на метар квадратен. Покрај дождот, дополнителен проблем ќе создава ветерот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Неговата брзина повремено ќе ...

Се сеќавате ли на моментот кога на последниот голем концерт на групата „Меморија“ во арената Борис Трајковски, кога бура од емоции и аплаузи предизвика тогаш последната нова песна на бендот „За добро да е“, во која заедно со групата на сцената се појави да пее момчето во инвалидска количка, прилепчанецот Филип Николовски кој и покрај хендикепот многу ја сака музиката, свири на синтисајзер, пее и настапува. Беше тоа уште еден доказ дека сите ...

Судиите во Кривичниот суд, Даниела Димовска и Ивица Стефановски, влегуваат со речиси идентичен број бодови во финалето на изборот за нов претседател на Основниот кривичен суд – Скопје. Развојот следи по денешната одлука на Судскиот совет да изврши корекција на вонредното бодување на двајцата кандидати по огласот за пополнување на позицијата. Судиите во Кривичниот суд, Даниела Димовска и Ивица Стефановски, влегуваат со речиси идентичен број ...

Пратеникот од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари порача дека УЧК и нејзините борци не се терористи и бара веднаш да се смени таблата пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“, поставена во спомен на загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година. Тој реагира на објавата на министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на годишнината од масакрот положи цвеќе пред ...

Министерот Игор Филков повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопствената неспособност и блокада на реформите – коментираат од Социјалдемократски сојуз откако претходно денеска министерот за правда обвини дека поради отсуство на опозициската партија се одложила денешната седница на работната група за реформи во изборното законодавство. Од СДСМ прашуваат како е можно нивното прво отсуство од седницата на работната група да ...

На 28.04.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватен превозник, управуван од Б.А.(61) од с.Грчец, скопско, а кој сообраќал на градска линија број 12, удрил во 81-годишната Р.С. од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје, информира МВР. Извршен ...

Министерството за правда денеска соопшти дека е одложена четвртата седница на работната група за реформи во изборното законодавство поради отсуство на претставниците на опозицискиот СДСМ, кои претходно најавија дека ќе ја бојкотираат работата на работната група ако власта не се откаже од укинувањето на техничката влада. Министерот за правда Игор Филков информира дека додека останатите политички партии и институции вклучени во процесот на ...

Ова е историски ден не само за мене туку и за сите нас во државата бидејќи претседател на Швајцарија е во прва официјална посета на нашата држава – истакна денеска претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по приемот и посетата на претседателот на Швајцарија, Ги Пармелан. Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека денешната посета на Пармелан значи дека тој на Западен Балкан му придава големо значење, ...

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Н.Џ. (50), Ѓ.Ј. (57) и Е.Џ. (44), сите од Штип, поради постоење основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, продолжено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Според пријавата, во текот ...

Не би сакал воопшто да ја коментирам одлуката на судот во однос на основот и висината на казната, но морам да кажам дека обвинетиот Раде Трајковски во целиот тек на постапката тешко ја следеше расправата и затоа тешко се обезбедуваа докази кои одат во негова одбрана, изјави денеска бранителот на Раде Трајковски – Штекли, адвокат Александар Новаковски, по одлуката на Основниот кривичен суд – Скопје за казна затвор во траење од осум години за ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов. Оваа измена е во насока да ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на масовен протест на 1 Мај, порачувајќи дека Меѓународниот ден на трудот не е ден за пикник, туку ден за работничка солидарност, гласен отпор и борба за повисоки плати, подобри услови за работа и поголема безбедност на работните места. На денешната прес-конференција во пресрет на 1 Мај, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека работниците треба масовно да излезат на улица и ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
8.23
42%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
6.17
71%
1020
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
88%
1022
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
58%
1017
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.94
67%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
95%
1022
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
52%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1016
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
63%
1018
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
7.72
39%
1020
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
62%
1018
Currency

61.635

Currency

52.6211

Currency

71.1326

Currency

37.7924

Currency

38.4589

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Бакар

11.92

Цинк

0.00

Злато

147447.44

Рутениум

52984.43

Кобалт

45.39

Паладиум

46200.62

Родиум

321507.47

Алуминиум

3.54

Платина

62147.39

Сребро

2365.28

Калај

49.49

Иридиум

253540.09