Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина одигра 1:1 против домаќинот Канада во Торонто на отворањето на Светското првенство. БиХ поведе со голот на Јова Лукиќ во 21. минута, но Сајл Ларин им обезбеди бод на Канаѓаните во вториот дел. Ова е прво реми за БиХ во четвртиот меч на светските првенства, додека Канада ја прекина црната серија и го освои историскиот, прв бод на СП. Во следното коло Канаѓаните ќе играат против Катар, а БиХ ја ...

Папата Лав се качи на авион „Фалкон“ што му го понуди шпанскиот крал во неделата, откако технички проблем приземји поголем папски авион на островот Тенерифе, одложувајќи го неговото враќање во Ватикан на крајот од еднонеделната посета на Шпанија. Шпанската влада соопшти дека авионот на воздухопловните сили што го користел кралот ќе го однесе папата и неколку членови на неговата придружба во Рим. Остатокот од делегацијата и новинарите ќе ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека во минатото често сме преферирале уставен релативизам, па дури и уставен нихилизам, осврнувајќи се на барањето од преговарачката рамка да бидат вметнати Бугарите во Уставот. Во интервју за МИА таа вели дека треба да се залагаме за уставен патриотизам. „Несоодветно се однесуваме кон законот на законите. Доказ? Тоа се 36 амандмани, најголем дел од нив иницирани од надвор. Прашањето е сега ...

Компанијата „СпејсИкс“ (SpaceX) на Илон Маск денеска забележа рекордно деби на берзата при нејзината првична јавна понуда (ИПО), откако вредноста на акциите на отворањето скокна за повеќе од 11 отсто, достигнувајќи 150 долари во споредба со почетната цена од 135 долари. Со овој скок, пазарната вредност на компанијата се искачи на речиси два билиони долари. Ваквата почетна проценка го направи Маск – преку неговите удели во „СпејсИкс“ и во ...

Воените трошоци на Русија во првиот квартал од 2026 година достигнаа нов рекорден максимум од 5,908 билиони рубли, според пресметките на Јанис Клуге, истражувач во Германскиот институт за меѓународни безбедносни студии, врз основа на податоци од Министерството за финансии. Во споредба со истиот период минатата година, воените трошоци и трошоците за производство на оружје се зголемија за 29,9%, за 68,7% во споредба со јануари-март 2024 ...

Електричните тротинети за изнајмување ќе бидат забранети во Брисел од 2027 година, соопштија денеска градските власти. Одлуката е донесена како одговор на сè поголемиот број несреќи, на зголеменото попречување на другите учесници во сообраќајот и на злоупотребата на електричните тротинети за криминални цели. Во 2025 година, 666 лица биле повредени во Брисел во несреќи во кои учествувале електрични тротинети, што претставува зголемување за ...

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој ги обединува стопанските комори од регионот на Западен Балкан. На седницата одржана во Белград, Република Србија, Азески беше едногласно избран со мандат да спроведе темелни корекции во структурата на КИФ и на Бизнис советот, составен од најголемите компании од регионот. Како што инфомрираат од Комората, ...

Успешните средби што денеска ги имав со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Средбите се одржаа во рамики на на македонско-турскиот бизнис-форум што денеска се одржува во ...

Од 17 до 20 јуни ќе се одржи Фестивал на француски филм „Корзика во фокус“ кој ќе понуди четири значајни филмски остварувања, но и единствена можност за средба со режисерите и актерите. Свеленот отворање на фестивалот ќе се одржи в среда, на 17 јуни 2026 година, во 19:00, во киното Синеплекс, соопштија од Францускиот институт во Скопје. И ова издание, кое ќе трае од 17 до 20 јуни, е посветено на современата француска филмска ...

Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од рестартирањето на рудникот ќе бидат засадени 20 нови дрвја во паркот „Младост“ во Македонска Каменица, кој претходно беше изграден токму со поддршка од Рудник Саса. За потребите на Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица, дониран е дрон и соодветна обука за негово користење, со кој се овозможува ефикасно и рано откривање на шумски пожари и пожари на непристапни терени. ...

Украинската војска соопшти дека успешно уништила 50 руски воени возила во моќен напад врз мостот Армјанск што го поврзува окупираниот Крим со континентална Украина. Првиот украински одделен јуришен полк „Да Винчи“ соопшти дека нападот „целосно парализирал“ клучен логистички пат за руските сили, со што мостот станал неупотреблив. Според Киев, погодените руски воени возила биле натоварени со муниција и гориво за употреба во рускиот окупиран ...

Здружението на одгледувачи на говеда „Симентал“ од Делчево на прес-конференција алармираше дека најавениот прекин на откупот на млеко од страна на млекарниците „Осогово Милк“ и „Малеш“ сериозно ќе го загрози опстанокот на сточарските фарми во регионот и ќе остави без пласман околу 15.000 литри млеко што дневно го произведуваат околу 80 сточари. Од Здружението оценија дека одлуката претставува сериозен удар врз млечното сточарство во ...

Општина Центар информира дека во наредниот период ЈП „Паркови и зеленило“ ќе спроведе активности за сечење и кастрење на дрвја на улиците „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, согласно решенијата донесени од Град Скопје, по извршен стручен увид на терен. Општинската прес-служба денеска соопшти дека на улица „Ленинова“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, ќе бидат отстранети 25 дрвја, а 74 ќе бидат ...

Основниот суд Велес соопшти дека, постапувајќи по обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Велес, донел пресуда со која Ѓоре Петровски од село Ореше, Општина Чашка, и Даниел Димески од Прилеп се огласени за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со предизвикување пожар, со што целосно била опожарена куќа во село Нежилово. Како што информира Судот, по одржана главна, јавна и усна расправа на 5 јуни 2026 ...

Заштита, конзервација, реставрација и вреднување на културното богатство преку примена на најсовремени стандарди, модерно управување на музеите, дигитализација на архивскиот материјал, обука на професионалци од областа на културата, како и многу поголема мобилност на уметниците и луѓето од креативните индустрии преку учества на фестивали, средби и проекти во музичката и театарската уметност, кинематографијата и визулени уметности – предвидува ...

Претставата на МНТ, „„Страв и надеж“ според Франц Ксавер Крец е најдобрата претстава во целина на годинашниов, јубилеен 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој вечер завршува во Прилеп. Прилепскиот театар со претставата „Црнила“ се закити со пет награди, меѓу кои и за најдобра режија за Дејан Пројковски. Жирито во состав Снежана Коневски Руси, претседател и членовите Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ во Прилеп ја соопшти својата ...

Има голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по учеството на бизнис-форумот во Истанбул, каде што со владина и бизнис-делегација ги презентира можностите на македонската економија. Целта, посочи Мицкоски, е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул. – Овде сум присутен заедно со владина, но и со бизнис-делегација. Ја ...

По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција, соопшто Царинската управа. По пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна ...

ФИФА објави дека на натпреварот од Светското првенство во четврток помеѓу Јужна Кореја и Чешка во Гвадалахара имало 44.985 гледачи, но големиот број празни седишта околу стадионот ги обнови загриженостите околу цените на билетите и побарувачката за проширениот турнир. Додека повеќе од 80.000 луѓе се собраа на стадионот „Ацтека“ за да го гледаат отворањето на натпреварот помеѓу ко-домаќинот Мексико и Јужна Африка, глетката на празните редови ...

Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е во завршна фаза на договор по неколку рунди ревизии, а се базира на предлогот од 14 точки на Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА. Можно е тој да биде потпишан веќе во недела. Иако засега нема официјална потврда од Вашингтон и Техеран, иранските медиуми во последните часови објавуваат сè повеќе детали за содржината на привремениот договор што би можел да биде потпишан следната ...

Подлабоката монетарна интеграција може да одигра значајна улога во намалувањето на финансиската ранливост на регионот на Западен Балкан, особено имајќи ја предвид широко распространетата употреба на еврото во повеќе економии од регионот. Усвојувањето на заедничката валута го намалува ризикот од неусогласеност меѓу приходите во домашна валута и задолжувањето во странска валута, со што се олеснува управувањето со финансиските обврски на ...

Оркестарот на Филхармонија на 20 јуни, со почеток во 21 часот во Градскиот парк ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која ќе биде моќна завршница на концертната сезона „Без Филтер“. Во реализација на овој проект, покрај оркестарот на Филхармонија на РСМ, учествуваат музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од ...

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто се предвидува воведување на две нови државни награди: Државна награда „Блаже Конески“ и Државна награда „Ремзи Несими“. Предлогот за државните награди го образложи пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска. „Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата во 2019 година, ...

На 21 септември 2026 година, во Врховниот суд (Касацискиот суд на Грција) се разгледуваат две жалби од седум физички лица против распуштањето на здружението наречено „Центар за македонски јазик во Грција“ со седиште во Лерин/Флорина, Грција, кое има за цел законско зачувување и негување на македонскиот јазик како автохтон јазик во Грција, се наведува во соопштение до јавноста од Центарот. И потоа се наведува генезата на случајот: „Овие ...

Венко Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција. Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа. Вака реагираше ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ на која ветувањата за нов клинички центар беа наречени „нова лага на Мицкоски“. „ВМРО-ДПМНЕ остави готов проект за нов Клинички центар со ...

Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“. Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага, рече Андреј Жерновски – секретар за меѓународна соработка на СДСМ, на прес-конференција. „Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше“, рече тој. Жерновски изјави дека опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак алиби за ...

Опозицискиот СДСМ вели дека најавата за изградба на нов клинички центар е една од низата лаги на Христијан Мицкоски и потсетува зошто го блокираа овој проект пред пет години. „Во 2021 година ВМРО-ДПМНЕ поднесе 2.000 амандмани за да ја закочи изградбата на новиот клинички центар. Тогаш беа подготвени да го рушат проектот кој требаше да лечи луѓе и да спасува животи. Политичките интереси ги ставија пред здравјето на граѓаните. И сега, истиот ...

Почетокот на јуни помина во знакот на модата во познатиот туристички регион Анталија. Меѓу бројните глобални и деловни настани што таму се одржуваат, внимание привлече и деветтото издание на Неделата на модата, кое од 2 до 4 јуни на едно место успеа да собере врвни дизајнери од повеќе земји, но и водечки турски модни креатори. Овој ексклузивен настан беше одлична прилика на посетителите да им се претстави Анталија како еден од центрите на ...

Zanadu се македонски бенд, доаѓаат од Скопје, главниот град на Македонија, каде што во последните години цвета една нова урбана сцена. Оваа музичка четворка е еден од предводниците на таа сцена, а нивната музика е како слобода. Zanadu слободно и храбро пловат низ жанрови, ритми и фреквенции за да ги канализираат моменталните емоции, импулси и енергија, а токму во тој дух е и нивната нова песна „Ураган“, која има вистински летен вајб и ...

Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовираат: Лидија Капушевска Дракулевска, Биљана Стојановска и Оливера Ќорвезироска. „Длабок простор“ е десетта поетска збирка на Зоран Анчевски. Таа продолжува таму каде што завршуваат неговите претходни книги, но истовремено отвора нови патишта и поетски предели во кои песната скршнува и понира, за повторно да се врати уште попрецизна, побогата и ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
3.18
72%
1022
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.58
75%
1021
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.68
70%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.58
55%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.88
86%
1020
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.33
90%
1022
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.58
63%
1014
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.42
66%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.58
62%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
1.34
94%
1019
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
78%
1019
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
5.43
86%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Паладиум

39545.42

Сребро

2072.63

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Бакар

12.52

Цинк

0.00

Злато

131337.93

Платина

53756.05