Најмалку 25 лица, меѓу кои и туристи, загинаа во пожар во популарен ноќен клуб во индиската држава Гоа, изјави главниот министер на државата. Пожарот се случил нешто по полноќ во Арпора во Северна Гоа, центар за забави. Главниот министер на Гоа, Прамод Савант, изјави дека повеќето од загинатите се работници во кујната на клубот, како и три до четири туристи. Шестмина се повредени и се во стабилна состојба, рече тој. Пожарот избувнал поради ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека имал долг и „суштински“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. „Украина е решена да продолжи да работи во добра волја со американската страна за вистински да се постигне мир. Се договоривме за следните чекори и формати за разговори со САД“, рече Зеленски на Икс. Виткоф и Кушнер одржаа ...

Судницата не смее да се претвори во Струшки вечери на поезијата, апелираа на денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На 16 март во пожарот во дивата дискотека загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. „Нема да дозволиме лагата да стане официјална вистина. Овој протестен марш е гласот на оние што не можат да зборуваат. Овој марш е чекор на мајки и татковци со скршени срца. Овој ...

Македонија мора да знае да каже „да“ кога тоа е во нејзина корист, но и да каже „не“ кога се нарушуваат нејзините принципи, достоинство или идентитет“, истакна Мицкоски додавајќи дека партнерството со НАТО и Европската Унија може да биде силно само ако е рамноправно. Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18. партиски конгрес да ја води партијата во наредните четири години што, според статутот на ...

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, денеска го бранеше долгогодишниот сојуз на блокот со САД откако новата национална стратегија издадена од администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја доведе во прашање идната сигурност на Европа. „Има многу критики, но мислам дека дел од нив се исто така точни; ако ја погледнете Европа, таа ја потценува сопствената моќ кон Русија, на пример“, рече Калас на годишниот дипломатски собир во ...

Кинеската канцеларија за национална безбедност во Хонгконг денеска ги предупреди странските медиуми да не шират „лажни информации“ или да „оцрнуваат“ напорите на владата за справување со најлошиот пожар во градот во последните речиси 80 години. Пред утрешните избори за законодавен совет во глобалниот финансиски центар, Канцеларијата за заштита на националната безбедност која ја водат високи функционери на кинеското Министерство за државна ...

Бегството на Назиф Муслија, 50-годишникот од македонско потекло, кој е одговорен за убиството на неговата сопруга, Саџиде Муслија, што се случи на 3 декември во Пјанело Валесино ди Монте Роберто во италијанската провинција Анкона, траеше нешто повеќе од 30 часа. Мажот, кој избегал во својот бел „смарт“, бил пронајден од карабинерите како лежи на земја, тешко повреден, во шума во селцето Бракано ди Мателика, Мачерата. Мажот наводно се обидел да ...

Четиринаесетгодишно девојче и тринаестгодишно момче добија нови коски преку трансплантација на коска од починат дарител, соопшти Министерството за здравство. Трансплантациите беа изведени на Клиниката за ортопедија, од каде велат дека користењето кадаверични коскени трансплантати има огромно значење во детската ортопедија оти се избегнува нова хируршка рана, болка и дополнителна деформација, а интервенциите се побезбедни и пократки. Првата ...

Факултетот за музичка уметност (ФМУ) синоќа на роденденскиот концерт ѝ посвети песна на професорката Сара Пројковска, која загина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март. Пројковска беше вонредна професорка по пијано на ФМУ, а пееше придружни вокали со групата „ДНК“, вечерта кога се случи пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 се повредени. Најемотивниот дел од концертот беше „Алелуја“ од Леонард Коен која ја свиреа професорките ...

Резултатите од истражувањата на квалитетот на водата од Езерото Младост според европските директиви, се дека водата во Отовичкиот Залив е трета класа по фекална и органска загаденост. Водата по длабочина е втора класа по колиформни и ентеротрофни бактерии, освен длабинската која е трета класа, а трета класа е и според ентерококите и прва класа според ешерихија коли, што значи фекално загадување. Присуството на колиформните бактерии и фекално ...

Заштитниот штит на нуклеарната централа во Чернобил, во Украина, изграден за да го задржи радиоактивниот материјал од катастрофата во 1986 година, веќе не може да ја извршува својата главна безбедносна функција поради оштетување од дрон, соопшти во петокот нуклеарниот надзорен орган на ООН. Украина го припишува овој напад на Русија. Меѓународната агенција за атомска енергија (MAAE) соопшти дека минатонеделната инспекција на челичната структура ...

1 Штом поранешниот премиер Никола Груевски и по седум години од бегството од државата уште успева да биде вест во медиумите со една обична објава на социјалните мрежи и со слика од Будимпешта украсена со новодишни светилки, лошо ни се пишува. Што воопшто има Груевски да каже нешто, а тоа да биде вредно за цитирање, кога човекот е бегалец од правдата? Ако има нешто да каже, нека дојде тука и нека раскажува во суд. Ај што ги остави најблиските ...

Студенти од Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје работеа на конзервација на две дела од Никола Мартиноски, кои се во сопственост на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Како дел од работилницата по конзервација и реставрација „Методи на чистење на уметнички дела на водена база (примена на водени пуфери и растворувачи на водена база) “, финансирана од ИКСССА 2025 на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“во Скопје, студентите ...

Полицијата во Германија го истражува ненадејниот пораст на јавни навреди и клевети насочени кон политичарите во земјата, според најновите статистички податоци. Минатата година се регистрирани 4.439 вакви прекршувања на Кривичниот законик, изјави портпаролката на Федералната канцеларија за криминална полиција. Во 2023 имало значително помалку прекршувања, 2.598, во споредба со 1.404 во 2022. Член 188 од Кривичниот законик ги штити политичарите од ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера остро ја критикуваше казната од 120 милиони евра (140 милиони долари) што Европската Унија (ЕУ) ѝ ја изрече на платформата за социјални медиуми Икс (X) за кршење на нејзините правила за транспарентност. „Казната од 140 милиони долари на Европската комисија не е само напад врз Икс, туку е напад врз сите американски технолошки платформи и американскиот народ од страна на странски влади“, напиша ...

Македонската Влада негира дека води преговори со Велика Британија за прифаќање на мигранти кои се одбиени за азил, а кои во земјава би биле депортирани во „центар за враќање“, според планот за отворање такви центри на Балканот. Британскиот весник „Тајм“, а потоа и „Дејли мејл“ и другите британски медиуми, денеска објавија дека неуспешните баратели на азил би можеле да бидат депортирани во Македонија според новиот план за намалување на ...

САД сакаат Европа да преземе поголем дел од конвенционалните одбранбени капацитети на НАТО, од разузнавање до ракети, до 2027 година, изјавија претставници на Пентагон пред дипломатите во Вашингтон оваа недела, краток рок што на некои европски претставници им се чини нереален. Пораката, потврдена од пет извори запознаени со дискусијата, вклучувајќи и еден американски функционер, беше пренесена на состанок во Вашингтон оваа недела на персоналот ...

Френк Гери, кој во втората половина на 20 век создаде нов јазик во архитектурата, станувајќи еден од најславните архитекти на своето време, почина на 96 години, потврди портпаролот на „Гери партнерс“. Тој почина во својот дом во Санта Моника по кратка респираторна болест. Гери е роден во Торонто, Канада. Откако студирал архитектура на Универзитетот во Јужна Калифорнија и урбанистичко планирање на Харвард, ја основал својата канцеларија во Лос ...

Со години Македонија е на врвот на листата на најзагадени земји во Европа и светот. Мерните станици, онаму каде што ги има или каде не се расипани, деновиве почнаа да покажуваат висока концентрација на ПМ10 честички во воздухот. Средствата кои ги одвојуваат Општините за решавање на овој проблем се недоволни и не даваат никакви резултати. САКАМДАКАЖАМ.МК ги анализираше буџетите заштита на животната средина за 2025 година на Град Скопје и трите ...

Доналд Трамп е првиот добитник на Наградата за мир на ФИФА, востановена пред неколку месеци од нејзиниот претседател Џани Инфантино. Трамп ја прими наградата на церемонијата во центарот „Кенеди“ во Вашингтон, во пресрет на ждрепката на групите од Светското фудбалско првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. „Ова е навистина една од најголемите почести во мојот живот. Спасивме милиони животи. На пример, во Конго умреа 10 милиони луѓе, за многу ...

Неуспешните баратели на азил би можеле да бидат депортирани во Македонија според новиот план за намалување на преминувањата низ Ла Манш, објави британкиот весник „Дејли мејл“. Македонија влезе во формални разговори со Велика Британија за да биде домаќин на „центар за враќање“ на мигранти наесен, според новите извештаи, вели весникот. Според предлогот, Велика Британија би ѝ плаќала на Северна Македонија за секој мигрант што ќе го прифати, покрај ...

Од 11 декември до 10 јуни догодина нема да сообраќаат повеќе возови, соопштија денеска од Железници. Се укинуваат дел од возовите поради реконструкција на пругата на делницата Скопје-Зелениково. „Нема да сообраќаат возот број 601 на релација Скопје-Велес, со време на тргнување во 8 часот, возот број 2081 на релација Скопје- Велес со време на тргнување во 13.20 часот, возот број 643 на релација Скопје-Битола, со време на тргнување во 14.30 часот, ...

„Нетфликс“ се согласи да ги купи филмските и стриминг бизниси на „Ворнер брос Дискавери“ за 72 милијарди долари. „Ворнер брос“ ги поседува франшизите „Хари Потер“, „Супермен“, „Бетмен“, „Игра на тронови“ и „Белиот лотус“ и стриминг услугата „Ејч-Би-О макс“. Преземањето би можело да доведе до радикално преобликување на американската филмска и медиумска индустрија, но останува нејасно дали овој потег ќе биде одобрен од американските регулатори. ...

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, реалниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,8%, рече на денешната прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Министерката кажа дека во споредба со земјите од регионот и од ЕУ, Македонија е на трето место по раст на БДП, при што повисок раст е забележан во Ирска и Данска. „Ова претставува дополнително забрзување на ...

Германскиот парламент го усвои законот за нова доброволна воена служба, чија цел е да се зајакнат војската и одбранбените капацитети на Европа среде засилените тензии со Русија. Законот, кој беше одобрен по неколкумесечна дебата, има за цел да привлече млади регрути, но ако нивниот број биде недоволен, парламентот ќе може да активира мобилизација според потребите. Министерството за одбрана ќе го известува парламентот за обемот на регрутацијата ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави формирање на нов антикорупциски тим во рамките на програмата „Нова сила“ и објавување на нови, како што ги нарече, „бомби 2.0“ за коруптивни скандали на власта. Филипче рече дека партијата отвора нов фронт за борба против криминалот заедно со граѓаните, бидејќи превенцијата не успеала, а корупцијата ескалирала. Тој најави дека утре ќе биде објавен нов скандал поврзан со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација ги обвинуваат Европската Унија и миграцијата за „неизбежно целосно културно пропаѓање во Европа“. Експлозивното тврдење е изнесено во Стратегијата за национална безбедност на САД, во која се наведува дека Европа има економски проблеми, но тие се „засенети од реалната и остра перспектива за цивилизациско бришење во следните 20 години“. „Поголемите проблеми со кои се соочува Европа ...

Министерството за финансии на САД суспендираше дел од санкциите за рускиот енергетски гигант „Лукоил“, овозможувајќи неговите бензински пумпи надвор од Русија да продолжат да работат. Овој потег ефикасно им овозможува на бензинските пумпи од брендот „Лукоил“ да продолжат да им служат на клиентите, а, сепак, спречува враќање на парите во Русија, која е под сеопфатни санкции од САД и ЕУ од почетокот на војната во Украина. Министерството за ...

Шефот на најпознатата палестинска фракција која се бори против Хамас во Газа е убиен, објави групата Народни сили. Јасер Абу Шабаб беше бедуински племенски водач од Рафа кој ја предводеше најпознатата од неколкуте мали групи кои се појавија во Газа за време на војната. Неговата смрт ќе биде поттик за Хамас, кој го означи како соработник на Израел и им нареди на своите борци да го убијат или да го заробат. Групата Народни сили објави дека Шабаб ...

Поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски, еден од обвинетите за страотниот пожар со 63 жртви во импровизираниот клуб „Пулс“ на 16 март, ја продолжи серијата воведни говори во кои отворено се прозиваат други одговорни лица или институции и во кои се напаѓа обвинението. „Не може да има правда со заменски обвинети“, рече Димитровски по воведниот говор на неговиот адвокат. Тој рече дека кога државен орган одобрува, градоначалник и ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
70%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.95
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
95%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
85%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
95%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
100%
1006
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Злато

134976.58

Сребро

1876.20

Цинк

3.22

Никел

473258.99

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Калај

40.49

Платина

52864.82

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Бакар

10.96

Иридиум

145787.60