Драч, 27 април 2026 (МИА) – Во Драч, Албанија, се игра Светското екипно првенство во шах за играчи над 50 години, на кое настапува и македонскиот претставник, тимот на Алкалоид. Откако на стартот забележаа три победи и еден пораз од прворангираната селекција на САД, македонските шахисти продолжија со триумф против женската репрезентација на Казахстан, а во тој меч победата од 3:1 беше освоена благодарение на поединечните триумфи на Звонко ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - РК Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Фадуил има 23 години, настапува на позицијата среден бек, а во Вардар доаѓа од француски Трембле, клуб во кој игра од 2022 година. Во целата досегашна кариера Матео во Франција. Во своите помлади години беше дел од системот на Нант, каде се развиваше како еден од интересните млади ...

Берлин, 27 април 2026 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека е прерано да се укинат санкциите врз Иран. „Веруваме дека укинувањето на санкциите би било прерано“, изјави таа во Берлин на состанокот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија во Баварија (ЦСУ), додавајќи дека санкциите се воведени поради репресијата на Иран ...

Делчево, 27 април 2026 (МИА) – Заврши асфалтирањето на дел од улицата „Орце Николов“ во населбата Ново Делчево, во должина од 160 метри, со што е комплетиран инфраструктурниот проект во делот познат како Шумски Расадник. Како што информираа од Општина Делчево, претходно на оваа делница била изградена подземна инфраструктура, а покрај асфалтирањето на коловозот со ширина од шест метри, изградени се и тротоари. Увид во завршните работи изврши ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - По повод одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинарите на Македонија на 29 април организираат доброволно дарување крв на новинарите и медиумските работници. -Четвртата и сега веќе традиционална акција со која демонстрираме хуманост ќе се одржи на неколку локации во земјава и за таа цел ССНМ и ЗНМ ги повикуваат ...

Скопје 27 април 2026 (МИА) - Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако има потреба, од Владата ќе побара таргетирани мерки. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, засега ситуацијата е под контрола. Тргетирани мерки, како што истакна Азески, би требало да се преземат во согласност со развојот на ситуацијата. - Ако се погодени определени сектори, ако се погодени определени значајни гранки на ...

Прилеп, 27април 2026 (МИА) - Работиме на оперативниот план на ревитализација на железницата и враќање на карго-превозот за што се заинтересирани прилепските големи компании. Планот треба да го реализираме за 6 до 12 месеци, трошоците на компаниите двојно ќе се намалат, а ние ќе ги зачуваме патиштата и животната средина - изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, при денешната посета на Прилеп. Николоски се сретнал и ...

Мадрид, 27 април 2026 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, веројатно ќе ги пропушти преостанатите натпревари на тимот во сезоната 2025/2026 поради повреда, објави телевизијата „Ел Чирингито“. Повредата е посериозна отколку што првично се очекуваше. Официјалното соопштение на клубот за состојбата на играчот се очекува да биде објавено во текот на денов. Претходно беше соопштено дека на Французинот му е дијагностицирано истегнување ...

Берлин, 27 април 2026 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска патува за Њујорк за да учествува на состанок на Советот за безбедност на ОН, кој веројатно ќе се фокусира на ситуацијата во Ормуската Теснина. На заминување, Вадефул ги повика членовите на советот да ја исполнат својата улога во најмоќното тело на ОН кога станува збор за справување со војната во Иран. „Ако Советот за безбедност ја преземе ...

Берлин, 27 април 2026 (МИА) - Соединетите Американски Држави се „понижени“ од Иран, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска, предупредувајќи дека конфликтот веројатно нема да заврши наскоро. „Иранците се очигледно посилни од очекуваното, а Американците очигледно немаат навистина убедлива стратегија во преговорите“, рече Мерц за време на посетата на училиште во Марсберг, град во неговиот роден регион Зауерланд. „Проблемот со ваквите ...

27 април 2026 Пратениците од Европскиот фронт известуваат за почетокот на иницијативата за обезбедување на потребните пратенички потписи за иницирање на уставни измени, како неопходен и одговорен институционален чекор за унапредување на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Европскиот фронт, што МИА го пренесува интегрално. Оваа иницијатива се заснова на уставната можност предвидена ...

Скопјр, 27 април 2026 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека во периодот од 19 до 26 април 2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, биле отстранети вкупно 95 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар. Како што соопштуваат од претпријатието, возилата биле санкционирани поради тоа што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) – Со активности за деца, храна, игри и еколошки содржини, денеска во Градскиот парк во Скопје, во организација на Амбасадата на Кралството Холандија и Здружението „Go Green“ беше одбележан Денот на кралот на Кралството Холандија, по повод неговиот 59-ти роденден. Амбасадорката на Кралството Холандија во Скопје, Озлем Џанел, истакна дека настанот е организиран со цел празникот да се одбележи заеднички со граѓаните ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Општина Илинден започна со реализација на нов инфраструктурен проект – изградба на нова канализациона линија на улица 8 во населеното место Илинден со цел подобрување на комуналните услови за жителите. -Новата канализациона мрежа ќе опфати вкупна должина од 130 метри и ќе се поврзе со веќе постојната фекална канализациона линија, која се влива во Фекалниот колектор Илинден – Марино, а со нејзиното пуштање во ...

Дебар, 27 април 2026 (МИА) - Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од нашата земјава, ќе заминат над две илјади верници, што е идентична бројка со минатата година, изјави за МИА, Ирсaл Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница. -Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.020 верници од земјава, кои ќе патуваат кон светите места, иако ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - По трагичниот настан на територија на Општина Кисела Вода, во кој едно лице го загуби животот, а три лица се повредени, градоначалничката Бети Стаменкоска - Трајкоска изрази длабоко жалење и упати искрено сочувство до семејството на починатиот, и им посака побрзо закрепнување на повредените, информираат од Општината. Таа потенцира дека дека Општината иницирала вонреден инспекциски надзор со вклучување на сите ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелен, в среда (29 април) ќе престојува во официјална посета на државата поради што во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај - соопшти МВР. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на град Скопје. Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - На армискиот полигон Криволак се одржува Денот на високи гости на вежбата „Блесок 26“, на кој ќе присуствуваат претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и претставник од Командата на здружените сили на НАТО во Неапол. Скопје, 27 април ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Министерството за образование и наука засилено ги спроведува реформите во образованието. Во согласност со реформската агенда, до декември 2026 година имаме обврска да стигнеме до бројка од 700 компании вклучени во дуалното образование. Веќе сега таа бројка е надмината и над 800 компании се вклучени во стекнување практично знаење на учениците директно кај работодавач. И оваа бројка дополнително ќе расте затоа што ...

27 април 2026 ВМРО-ОКГ одбива да го усвои предлог законот со кој се забранува двојно државјанство за пратеници, членови на Влада и претставници на извршната власт, истакна на денешната прес - конференција членот на Извршен одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, што МИА ја пренесува интегрално. Зошто? Затоа што половина од нив веќе има бугарски пасоши. Министри, градоначалници, пратеници, директори на јавни претпријатија од ВМРО-ОКГ, сите тие се ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош за вкупно 525 пензионери од општината. Од локалната самоуправа информираат дека исплатата ќе се реализира по редоследот на поднесените барања и се очекува да заврши до крајот на оваа недела. Комисијата задолжена за процесот продолжува со работа со цел навремена и ефикасна реализација. ...

Денвер, 27 април 2026 (МИА) - Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е казнет со 50.000 долари за учество во тепачката на крајот од четвртиот натпревар од плејоф серијата во првото коло на НБА против Минесота тимбервулвс. Натпреварот заврши со победа на Минесота со 112:96. Инцидентот се случи на 2,1 секунди до крајот, кога Џејден МекДениелс постигна кош со неговиот тим поведе со 14 поени разлика. По инцидентот, на Јокиќ и Џулиус Рендл им ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Македонската женска репрезентација се пласираше во финалето на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје. Македонките денес во полуфиналето ја победија Турција со 30:22 (12:12 полувреме) и обезбедија најмалку сребрен медал. Во финалето македонските репрезентативките ќе се соочат со врсничките од Хрватска. Хрватките во денешното прво полуфинале ја победија Романија со 25:20. И македонската ...

27 април 2026 Венко Флипче секој ден повторува како неговиот став и на неговата СДС е членство во ЕУ, за ова зборуваше и викендов во рамки на дебатата во Собранието, но тој како да не сфаќа или не сака да сфати дека слугувајќи му на Зоран Заев не може во ЕУ, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, што МИА ја пренесува интегрално. Брисел не бара и не сака само реторика дека некој ја сака Европската унија, туку ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - УГД - Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании добија 500 000 евра грант од германската и швајцарската амбасада, за поврзување на образованието со стопанството. Грантот е за реализација на проектот „Паметна обука во преработката на производи од млеко и месо“. Со средствата е предвидено да се изгради и опреми современ центар за обука за преработка на млеко и месо, како и да се изработат ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Одржливото управување со ресурсите не е избор, туку императив во време на глобални енергетски и климатски предизвици - порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на UNECE Resource Management Week 2026 пред високи претставници, експерти и креатори на политики од целиот свет. - Се наоѓаме во период на длабока и неповратна трансформација на енергетскиот и ...

Дортмунд, 27 април 2026 (МИА) – Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матис Алберт, стана најмладиот Американец што играл во Бундеслигата. Тој вчера го имаше своето деби за главниот состав на тимот на возраст од 16 години, 11 месеци и 5 дена. Алберт, по потекло од Гринвил, Јужна Каролина, влезе на теренот во 88. минута од натпреварот од Бундеслигата помеѓу Борусија Дортмунд и Фрајбург (4:0) во 31. коло. Американецот го сруши рекордот поставен од ...

Москва, 27 април 2026 (МИА) - Работник во нуклеарната централа „Запорожје“ загина во напад на украински дрон, соопшти денеска централата. „Како резултат на напад од дрон на вооружените сили на Украина на територијата на транспортната работилница, возачот е убиен“, се вели во објавата на платформата „Макс“, пренесуваат руски медиуми. Управата на централата вети дека ќе обезбеди помош и поддршка на неговото семејство. „Ова е ужасна и ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - 27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија. 9 години од крвавиот 27 април, најцрниот ден во историјата на македонската демократија.Тоа беше организиран обид за државен удар, во режија на ВМРО и Никола Груевски, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, што МИА ја пренесува интегрално. Во Собранието ...

Скопје, 27 април 2026 (МИА) - Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и апсолвентите им се овозможува да стекнат практично искуство во работата на општинската администрација. -Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и свежи идеи, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Со повикот се ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
62%
1019
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
60%
1018
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
71%
1019
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
66%
1021
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.89
63%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
3.58
49%
1019
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
72%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
45%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 7ᴼ
2.57
59%
1019
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
0.45
49%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.17
68%
1021
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Бакар

12.12

Калај

50.46

Родиум

323115.00

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.60

Паладиум

47550.95

Иридиум

253540.09

Платина

64944.51

Цинк

0.00

Сребро

2439.04

Рутениум

53788.20

Злато

151548.67