Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Во Владата денеска беа потпишани договорите за инвестициски грант од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со што се обезбедува финансиската конструкција за реализација на третата фаза од железничката делница Крива Паланка – почеток на прекуграничниот тунел со Бугарија, како дел од Железничкиот ...
Во Рабат, Мароко се одржа состанок на раководството на ФИФА, на кој присуствуваа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, генералниот секретар Матијас Графстром и членовите на Управниот совет. Генералниот секретар на ФИФА и присутните членови на Управниот совет ја потврдија својата целосна поддршка за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Исто така, беше објавено дека предлогот за создавање на „FIFA Forward Enterprise“ (FFE), кој би се ...
Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори. Со новите членки ЕнергоКом – Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација. ССКМ денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното окрупнување претставува значаен чекор во понатамошното јакнење на најголемата ...
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, одржа работна средба со претставници на Здружението ХЕМА-ОНКО – здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата Пеперутки, на која се разговараше за актуелните потреби на пациентите и за унапредување на здравствената заштита. Во фокусот на средбата беше новиот Закон за лекови, при што претставниците на здружението ги изложија своите ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук” на „Политико”, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико” се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика ...
На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, ...
Изминатите две години напорна работа го искристализираа, го оптимизираа и го направија појасен овој проект што претходно подразбираше дека треба да завршиме на половина тунел и без да имаме јасно предвидување од страна на нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата што ја поврзува границата со нас и Софија, вклучително и другата половина на тунелот. Да, требаше време. Требаше да се постигне напредок во разговорите со ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Паниката во СДС расте, а конфузното соопштение на СДС е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Филипче ја сведе маргините. Во едно соопштение на СДС, мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања и тн. Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДС. Дното во СДС нема крај, СДС е партија без визија, без план и без стратегија за државата. Дали раководството на СДС и ...
Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август. Во водата има опасни бактерии, а граѓаните на Гостивар сега ...
Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. ...
Покажуваме како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото, да се стават работите на вистинските шини и да се движат, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Како што истакна Николоски, денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави ...
Камерниот оркестар „Профундис“ под диригентската управа на Ѓурѓица Дашиќ, на сцената на „Охридско лето“ вечерва ќе го донесе атрактивниот концертен проект „Концерт под свеќи“, во кој како солист ќе настапи еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ. Камерниот оркестар „Профундис“ е формиран во 2019 година од страна на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, со идеја за создавање висококвалитетен професионален ансамбл ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 6 август 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто ...
Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе. Мицкоски ја премина секоја граница. Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат. Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува. Истовремено, тој ги обвини лицата кои оддаваат доверливи информации за „предавство“ и најави нивно кривично гонење. Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека САД располагаат со ...
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. Министерот Шасивари ја истакна значајната улога на Република Словачка во процесот на европска интеграција на Северна Македонија, особено преку активностите на Словачката асоцијација за надворешна политика, која придонесува кон развојот на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија. Националната ...
Дел од ракета „Фалкон 9“ на „Спејс-Екс“, тежок околу четири тони, најверојатно удри во површината на Месечината. Иако не претставуваше ризик за Земјата, ударот, според процените, резултираше со формирање нов кратер, соопшти НАСА. Според неа, ударот се случил на границата меѓу видливата и невидливата страна на Месечината, што ја намалило неговата видливост. Делот висок приближно колку петкатна зграда, во јануари 2025 година лансираше два ...
Во Украина минатиот месец се регистрирани најголем број загинати цивили од април 2022 година, последица на засилените руски напади со балистички ракети и беспилотни летала со долг дострел, соопшти Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права. Во соопштението не е наведен вкупниот број жртви за односниот месец, но се посочува дека само во нападот врз Киев и околината на 4 август загинале најмалку 17 цивили, а 44 ...
Денес се навршуваат десет години од катастрофалното невреме што на 6 август 2016 година го погоди скопскиот регион и предизвика една од најголемите природни трагедии во поновата историја на Македонија. Во разорните поплави животот го загубија 22 лица, а десетици беа повредени, додека илјадници граѓани останаа без своите домови или претрпеа огромни материјални штети. Невремето започна во попладневните часови со поројни дождови, силен ветер ...
Онколошки пациенти денес ќе одржат симболичен протест пред Министерството за здравство, револтирани од повторливиот недостиг на лекови на Клиниката за онкологија. Поради екстремно високите температури, се очекува протестот да биде со ограничено присуство, а неколку пациентки ќе ги пренесат барањата до надлежните институции. Главното барање е итно да се обезбеди непречено и континуирано снабдување со терапија, бидејќи, како што велат ...
Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот. „Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски”, изјави ...
Амбасадата на САД во Тирана во објава дека е ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари. Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека “овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана”. Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. „Денеска, Соединетите Американски Држави со ...
Пронајден е мртов исчезнатиот германскиот турист, по кој крајбрежната служба на Грција спроведе спасувачка акција што започна во неделата попладне, откако заедно со уште седум лица, кои беа спасени, биле на едрилица, што откако ја напуштиле пловела без контрола во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера, во утринските часови во морскиот дел ...
На 05.08.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Тетово, за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. За време на контролата изречени се 50 санкции, од кои девет за возачи на лесни електрични возила ...
Хемиско вештачење покажува дека мазутот кој РКМ ДОО Скопје е со соодветен квалитет и ги имал потребните сертификати согласно позитивните законски прописи. Сведок од ЕСМ вели дека секоја цистерна е примена со сертификат за квалитет, а претходно и самата ОКТА, од каде е купен најголем дел од мазутот, потврди дека мазутот бил согласно стандардите. Параметрите за квалитет на мазут кои се дел од Договорот на ДПТУ РКМ ДОО Скопје со АД ЕСМ се ...
Соопштение на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица. ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара ...
Хирошима денеска ја одбележа 81-годишнината од американското атомско бомбардирање со повик до светските лидери да работат на целосно укинување на нуклеарното оружје, предупредувајќи дека растечките меѓународни тензии го зголемуваат ризикот од нова нуклеарна катастрофа. Комеморативната церемонија почна со минута молк точно во 8:15 часот, времето кога на 6 август 1945 година експлодираше атомската бомба над градот. Се проценува дека до ...
Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 07:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, кај депонијата Делчево. ЦУК информира дека се ...
Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа измерени ...
Дел од корисниците во Општина Бутел денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија, информира ЕВН Македонија. Без струја во периодот од од 9:00 до 12:15 часот ќе бидат корисиците од с.Радишани 7, ул.56 во Радишани, Општина Бутел. Прекинот, како што информираат од ЕВН Македонија е поради извршување на замена на постоечкиот дрвен столб со ногара. Дел од корисниците во Општина Бутел денеска ќе имаат прекин во ...