Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Шестата сезона на „Емили во Париз“, ќе биде последната од оваа серија на Нетфликс која ги освои срцата на вљубениците во модата, заплетите и љубовните игри. Од компанијата Нетфликс објавија фотографии од новата сезона која на стриминг платформата ќе биде достапна на 24 декември. -Конечно е тука. Кажете „bonjour“ на првиот поглед во „Емили во Париз“, шеста сезона која ќе се емитува на 24 декември, објави Нетфликс. Шестата сезона од ...
Aктерката Владанка Крстевски од Театар Куманово ќе учествува на 10. Меѓународен фестивал на монодрама „The Parade of Winners“, кој ќе се одржи од 17 до 21 септември 2026 година во Улан Батор, Монголија. На фестивалската сцена, Владанка Крстевски ќе ја одигра монодрамата „Прво лице еднина“, во режија на Драгана Гунин, како дел од меѓународната фестивалска програма во која учествуваат уметници од Монголија, САД, Русија, Северна Македонија, ...
Познатиот шпански тенор Хозе Карерас подготвува голем концерт на платото пред Дубровничка катедрала, кој веќе се етаблираше како еден од најочекуваните музички настани ова лето. На сцената ќе му се придружи сопранистката Душица Бијелиќ, додека концертот ќе го придружува Дубровничкиот симфониски оркестар под диригентската палка на диригентот Давид Хименез. Доаѓањето на еден од најголемите оперски уметници на денешницата предизвика голем ...
Со богат и разновиден репертоар, Народен театар Битола ја отвора новата театарска сезона во септември. На сцената публиката ја очекуваат „Едмонд“, „Госпоѓа Бовари“, „Странецот“, „Унна“ – гостување на Ѕвездара театар од Белград,Србија, „Ричард III“, „Пламенка“, „Пинокио“, „Жиголо“, „На отворено море“, „Кориолан“ и „Секстет“. Септември во НУ Народен театар Битола носи и гостувања. Па така на 11 септември „Едмонд“ ќе биде изведена во рамките на ...
На барање на битолчани, покрај главниот град Скопје, поезија за песни за животот и во Битола. На 15 октомври 2026 година во НУ Центар за култура – Битола. Една вечер исполнета со стихови, музика и емоции што се чувствуваат длабоко. На сцената во НУ Центар за култура – Битола ќе се сретнат: Марко Милошевиќ– поет и Борис Режак – музичар. Заедно ќе приредат уметничко патување низ љубовта, копнежот, радоста и сите оние чувства што го прават ...
Започнаа пробите за „Животинска фарма“ според Џорџ Орвел во Народниот театар во Прилеп. Постановката е во режија на Ќендрим Ријани, драматург е Лидија М. Ѓорѓиевска. Играат: Игор Трпчески, Марија Спиркоска Илијеска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски и Илија Волчески. Сценограф е Валентин Светозарев, костимите се на Марија Папучевска а музиката е ...
Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума беше прикажан во понеделник вечерта во кулата Канли, како дел од главната натпреварувачка програма на 39. издание на Филмскиот фестивал во Херцег Нови – Црна Гора. По проекцијата, режисерката Дума и актерката Симонида Селимовиќ, која ја игра Есма, мајка на две девојчиња, се поклонија пред публиката… Одличните реакции на присутните, гласните аплаузи и стоечките овации ...
Од 27 до 30 август, во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржува Охрид џез фестивал. Најавени се четири музички вечери посветени на различни џез изрази. Сите концерти почнуваат во 20:30 часот. Програмата почнува на 27 август со вечерта на млади музичари и концертот „Ехо од Македонија“, на кој ќе настапат ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид. За следниот ден е најавена етно џез вечер со настап на дуото Сашко ...
Три децении пред камерите, бројни музички емисии и фестивалски сцени, а последните четири години и препознатливо лице на „Охрид Фест – Охридски трубадури“. Ирена Спировска и оваа година е дел од фестивалската приказна, како водителка на Фолк-вечерта на 33-тото издание на фестивалот. Нејзината поврзаност со „Охрид Фест“ започна во 2023 година, кога за првпат ја водеше Фолк-вечерта на јубилејното 30-то издание. Оттогаш, од година во година, ...
Во рамките на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, која се одржува во Конгресниот центар во Охрид, промовирани беа две книги на проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник – научната книга од областа на медијавистиката „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка ...
Воспоставување функционална киномрежа во Скопје и пошироко, мапирање на постојната киноприкажувачка инфраструктура и формирање работна група што ќе ги обедини институциите и независниот сектор се дел од предлозите што произлегоа од панел-дискусијата „Културната инфраструктура пред Европската престолнина на културата 2028“, одржана во рамките на 17. „МакеДокс“. Наместо наследството од „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ да се ...
„Антолог“ ја објави книгата „Магичен поглед“ (Trylleblik) од данската авторка и илустраторка Ане Бјорн, во превод на македонски јазик на Лара Крстева-Ичокаева, исклучително силна и визуелно впечатлива сликовница за детската имагинација, бегството, загубата и способноста да се пронајде убавина дури и во најтешките околности. Во една безимена земја, во град претворен во урнатини, едно девојче од својата баба учи необична вештина: ако го ...
Викендот на 15-16 март 2025 бев дежурна во редакција. Саботата беше спор ден, главниот настан беше големиот студентски протест закажан вечерта во Белград, останав доцна ноќта следејќи го. Во неделата многу рано наутро ме разбуди главниот уредник – имало пожар во дискотека во Кочани, досега 30 мртви. Во тие први професионално френетични минути да се организира и изведе известувањето, изумив дека имам блиски роднини во Кочани, помина некое ...
Актерот Петре Арсовски е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува за исклучителен придонес кон македонската кинематографија. Наградата ќе му биде врачена на свеченото отворање на годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на 19 септември во Битола. Со повеќе од пет децении присуство пред филмската ...
Охрид, 26. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска од 10:30 часот, во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи аудиција за прием на нови членови во охридскиот детски хор „Бамбино“. Младите од 6 до 14 години преку членување во хорот ќе може да го развиваат гласот, слухот, ќе се научат на тимска работа и ќе ја градат самодовербата. – Аудицијата е кратка и пријатна и има за цел да ги препознае музикалноста, гласовните ...
Два проекти во продукција на „Сестри и брат Митевски“ се во фокусот на годинашното издание на Сараевскиот филмски фестивал. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума се натпреварува за „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм, додека серијата „Мала Југославија“ на Теона Стругар Митевска и Соња Просенц ја освои Female Voices CineLink Award, награда за развој во вредност од 20.000 евра. „Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот ...
Доли Партон, кралицата на кантри музиката, почина на 80 години. Внукот на Партон, Брајан Сивер, ја сподели тажната вест на нејзиниот профил на Инстаграм. „Ја замислував тежината на овој момент, но навистина не ја почувствував досега. Тоа е чест, чест измешана со апсолутна гордост и голема тага“, објави Сивер. Доли Партон, кралицата на кантри музиката, почина на 80 години. Внукот на Партон, Брајан Сивер, ја сподели тажната вест на нејзиниот ...
Со јубилејниот концерт по повод 30 години постоење на битолската група „Фолтин“ ќе се спушти завесата на годинашното битолски културно лето „Бит Фест“. Ова беше повод за денешната прес конференција на која присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој истакна дека оваа година за прв пат Културниот и информативен центар го организираше „Бит Фест“, за што им честиташе, а честитки упати и за тоа што прв пат се случи, односно се ...
Претставата „Теорема, леме“ на театарот „Златен Елец“ на крајот од овој месец и почетокот на септември ќе има две изведби низ Македонија и една во Црна Гора. На 31 август од 20 часот ќе биде изведена во НУ Центар за култура – Битола а следниот ден (1 септември) гостува на интердисциплинарните активности „Вртешка“ на Плачковица. На 8 септември, претставата ќе учествува на реномираниот фестивал на алтернативен театар „Фиат“ во Подгорица, Црна ...
За неколку дена, на 29 август завршува битолското културно лето „Бит Фест“. Рекапитулација за оваа фестивалско издание денеска даде организаторот КИЦ Битола, а покрај тоа се најавија и два големи културни настани и по завршување на „Бит Фест“. Директорот на КИЦ, Димитар Михајловски рече во изминатите два месеци се одржаа над 70 настани, а бројот на посетители е над 21.000. „КИЦ се докажа како сериозна институција за организација на големи ...
Пред 30 години, токму во Хераклеа, на сцена застана бенд кој почнуваше да ја открива својата музика, себе си и публиката пред која за првпат настапуваше. На 29 август 2026 година, три децении подоцна, „Фолтин“ повторно се враќаат во Хераклеа, овојпат со големиот јубилеен концерт FOLTIN 30, централен настан со кој бендот ја одбележува својата 30-годишна концертна приказна. „Не се враќаме во Хераклеа за да направиме ретроспектива. Се враќаме за ...
Во Херцег Нови, Црна Гора, се одржува 39. Монтенегро Филм Фестивал. Во неговата главна натпреварувачка програма за долгометражни играни филмови има 10 остварувања од регионот, по избор на селекторот Вук Перовиќ. Во три од нив, Македонија е еден од копродуцентите. Се работи за наградувани филмови на светските филмски фестивали чии автори се жени. Станува збор за филмовите: „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, „17“ на Косара Митиќ и ...
Во Изложбениот салон „Империјал 2“ на Културно-информативнот центар во Скопје на 26 август, во 20.00 часот, ќе се отвори изложбата на Марк Јанура „Хоризонт на светлината“. -Во свет преполн со сензации и визуелна бучава, оваа изложба повикува да застанете и да ја почувствувате светлината. Преку серија апстрактни монопринтови, Марк Јанура ја истражува архитектурата како простор на тишина, каде линиите се издигнуваат, хоризонтите се протегаат, а ...
„Македоника литера“ деновиве го објави романот на хрватскиот писател, драматург и режисер Матко Сршен „Рокашкото Кралство“, во превод од хрватски на македонски јазик на Славчо Пеев. Рокашкото Кралство е детска држава основана од малите жители на квартот Иза Рока во Стариот Град на Дубровник во средината на 1950-тите. Жителите на тоа кралство од фантазиите се само деца постојано желни за игра. Стариот Град и неговите ѕидини се совршена сцена ...
Македонската премиера на дебитантскиот документарец „Руини” на Елена Чемерска, за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ, синоќа на фестивалот МакеДокс помина со силен аплауз во преполниот Куршумли ан. Филмот е топла и искрена лична историја во која Чемерска го документира деветгодишниот мачен процес на реставрација на споменикот и сите бирократски ...
Популарната филмска франшиза „Национално богатство“ („National Treasure“), со Николас Кејџ во главната улога би можела да добие трето продолжение, изјави режисерот Џон Туртлтауб за „Холивуд репортер“. Според него, по филмовите „Национално богатство“ од 2004 година и „Национално богатство: Книга на тајните“ од 2007 година, третиот дел е навистина возможен. „Во првите два дела Кејџ го толкува историчарот и трагач по богатства Бен Гејтс кој се ...
На кумановскиот градски плоштад, се одржа 14 издание на фестивалот на народна хумористична песна, „Тумба фест 2026 Куманово“, во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство – „Етно ризница“ Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината. Љубителите на музичката уметност имаа можност да проследат 16 фестивалски рефрени, напишани на повеќе дијалекти од македонско и српско ...
Во срцето на август, од 10 до 14 во месецов 2026г, едно мало парче земја на југот стана центар на еден невидлив, а сепак моќен космички поредок. Малото, но со душа големо гратче Валандово беше домаќин на уметничка средба, 29та Ликовна колонија, која надмина сè што е само материјално и видливо со голо око. Како куратор на овој настан Гордана Винчиќ ,сведочи заедно со уште 9 учесници, процес во кој чистата креативна енергија се трансформираше ...
Две вечери, две различни генерациски приказни и илјадници посетители во центарот на Битола. Со детска програма пред Офицерскиот дом и голема музичка вечер на плоштадот Магнолија, „Широк Сокак во бело • Бела ноќ 2026“ и годинава го претвори градот во голема отворена фестивалска сцена. Настан што се случува по 16 пат. На 21 и 22 август Битола живееше во ритамот на „Широк Сокак во бело” традиционалната градска манифестација која во текот на две ...
Во амбиентот на црквата Св. Софија во Охрид се одржа концертот „Бисери, фрески и филигран“, во рамките на Quadrivium Clarinet Camp & Festival Ohrid, со кларинетистот и композитор Васко Дуковски и пијанистката Shunyin Wang. Специјален гостин на вечерта беше младиот кларинетист Yifan Li, а концертот донесе програмски широк избор на дела од француската, италијанската, шпанската, американската, унгарската и кинеската музичка традиција, со ...