Австриската хуманитарна организација SOS Balkanroute соопшти дека хрватската полиција во средата на границата со Босна и Херцеговина претепала и вратила 53 мигранти, а пет лица биле пренесени со Итната медицинска помош поради скршеници на рацете и нозете и повреди на главата. Според организацијата, околу 15 маскирани хрватски полицајци тепале „сè што се движело“. Од SOS Balkanroute велат дека ова е еден од најбруталните случаи на насилство ...

Силна снежна бура ја зафати Хрватска каде што зимските услови создадоа големи проблеми во патниот и поморскиот сообраќај, поради што некои патишта се затворени, а бројни бродски линии се прекинати, пренесува Индекс. Според Хрватскиот автоклуб (ХАК), поради силниот ветер за целиот сообраќај се затворени делницата на автопатот А1 меѓу клучките Свети Рок и Поседарје, како и Јадранската магистрала на потегот Карлобаг – Света Марија Магдалена. На ...

По трагичната смрт на Кристијан Јосип Периш во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб, во Хрватска се отвораат нови прашања за постапувањето со лицата на кои им е потребна психијатриска помош. Овојпат алармот го вклучија претставниците на Синдикатот на правосудната полиција, кои предупредуваат дека затворските полицајци се принудени да се грижат за затвореници со психички и здравствени проблеми, иако немаат соодветна обука. Според ...

По трагичната смрт на Кристијан Јосип Периш во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб, со официјално соопштение се огласи Хрватското психијатриско друштво, кое побара целосно расветлување на случајот и санкционирање на одговорните. Од Друштвото изразија длабоко сочувство до семејството на починатиот пациент, нагласувајќи дека трагедијата сериозно ја потресла психијатриската заедница и ја нарушила довербата во нивната работа. ...

Мечка вчера утрото нападнала 61-годишен маж во Словенија, додека го шетал своето куче во шумата недалеку од неговата куќа. Нападот се случил во Рачје Село во близина на Требње, а човекот успеал да се одвои од животното и да избега. Тој претрпел сериозни повреди и сè уште се лекува во клиничкиот центар во Љубљана, но неговата состојба сега е стабилна, објави 24Ур. Словенечките ловџии се обидуваат да утврдат зошто се случил нападот. Според ...

Кандидатите на „Студентската листа – студентите победуваат“ на прес-конференција во Крагуевац, Србија, упатија обвинувања кон режимот во заминување, тврдејќи дека сè уште ги држи лостовите на моќта и свесно ја манипулира јавноста со цел да ги обвини студентите за нестабилноста која самиот ја предизвикува. Тие посочија конкретни примери на опструкции во фабриките и масовни вработувања во јавниот сектор. Синдикалниот активист Југослав Ристиќ ...

Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, преку видеообраќање на социјалните мрежи упати критики кон претставниците на Студентската листа по повод консултациите во српското Собрание. Тој изјави дека новата власт повторно ја пропуштила можноста да ѝ укаже почит на најголемата опозициска партија, обвинувајќи ги дека се обидуваат да диктираат кој ќе ги води собраниските комисии. „Тие велат: ‘Ние ќе бираме кој може, а кој не може ...

Силни ветрови и бури погодија 11 провинции во Турција, вклучувајќи го и Истанбул, каде што беа соборени дрвја, оштетени автомобили и потонати некои рибарски бродови, додека две лица беа повредени во Бурса. Поради прогнозата за обилни врнежи од дожд и бурен ветер, издадено е жолто предупредување за 11 провинции, објавува Хуриет. Според турскиот Генерален директорат за метеорологија, врнежи од дожд, придружени со грмотевици на места, се ...

По две децении како градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ се соочува со еден од најсериозните политички предизвици во својата кариера. На локалните избори на 15 ноември, долгогодишниот градоначалник на словенечката престолнина ќе се бори за седми мандат во услови на криза со домувањето, проблеми со транспортот, прекумерен туризам и голем број контроверзии околу неговото владеење. Името на Љубљана потсетува на словенечкиот збор „љубљена“, ...

Грција го забрзува развојот на капацитетите за складирање електрична енергија, при што проекти со вкупна моќност до 4.700 мегавати преминуваат во следната фаза, откако завршила евалуацијата на поднесените над 800 инвестициски барања за издавање конечни понуди за приклучување на самостојни постројки за складирање електрична енергија, информираа од Министерството за животна средина и енергетика на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Било ...

Обилните дождови предизвикаа излевање на некои реки од своите корита во различни делови на Словенија денес, а се очекува поплавните води да почнат да се повлекуваат преку ноќ. Според СТА, ситуацијата е најтешка во долината Випава на југоисток, каде што се поплавени многу локални патишта. Обилните дождови во долината Долна Випава на југозапад ги поплавија патиштата помеѓу градовите Випава и Нова Горица. Поплавени се и неколку згради во областа ...

Случајот со смртта на 32-годишниот поранешен атлетичар Кристијан Јосип Периш во психијатриска болница во Хрватска што го згрози Балканот, по сè изгледа дека не е единствен случај во кој биле малтретирани пациенти. Додека се чека епилогот по обвинението на четворица медицински техничари за убиство, а снимките од сигурносните камери на кои се гледа како тие вршат насилство врз него се појавија на Интернет, хрватските медиуми добиваат пријави од ...

Силна бура и снежни врнежи предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот во Хрватска. Поради бурните ветрови во петокот вечерта, автопатот А1 беше затворен за целиот сообраќај на делницата помеѓу раскрсниците Свети Рок и Поседарје, како и Јадранската магистрала помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена. Снегот и зимските услови го отежнуваат возењето во Лика и Горски Котар уште повеќе, а сообраќајот на бројни фериботски, катамарански и бродски ...

Компаниите регистрирани во Србија од 1 јануари 2027 година ќе преминат на нова класификација на деловните дејности. Промената произлегува од новата уредба за класификација, која стапила во сила на 1 октомври годинава, а нејзината примена започнува на почетокот на следната година. Според најавата на Агенцијата за стопански регистри на Србија, преминот кон новите шифри ќе се спроведува автоматски. Новата класификација треба да овозможи ...

Хрватскиот сабор денеска на дневен ред има две законски решенија од областа на осигурувањето. Пред пратениците се предлог-законот за санација на друштвата за осигурување и реосигурување и измените на постојниот Закон за осигурување. Според официјалната собраниска програма, двата предлога се разгледуваат во прво читање. Тоа значи дека законската постапка е во фаза на расправа и дека евентуалното усвојување ќе зависи од понатамошните ...

Кантоналното обвинителство на Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК) побара притвор за петмина медицински техничари од Зеничката кантонска болница, осомничени за заедничко злоставување на пациент во Одделот за психијатрија. Тој претрпел скршени носни коски и повеќекратни контузии, пренесуваат босански медиуми. Предлогот за одредување притвор на осомничените со иницијали М.Б., В.Х., Д.М., Л.К. и С.С. денес го достави Обвинителството на ЗДК до ...

Добивај вести на Viber По години поминати во странство, сè повеќе хрватски семејства одлучуваат да се вратат во Славонија и таму да го продолжат својот живот. Германија, Ирска и други далечни дестинации веќе не се единствените опции, а финансиската поддршка за купување и реновирање на недвижен имот, помошта при изградба на куќи и поповолните услови за семејствата со деца се некои од причините зошто младите сè повеќе одлучуваат да останат или ...

Денеска ширум Балканот и тоа особено во планинските предели на Хрватска, односно поконкретно, Горски Котар, попладнето и вечерта очекува пообилен снег со формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри а може и повеќе, најави Славчо Попоски. Исто така во погоре споменатиот период нагла промена на времето следува и во Босна и Херцеговина, северот на Црна Гора и на југозападот на соседна Србија кога најпрвин на планините врнежите од дожд ...

Милан Звездановиќ, поранешен инспектор на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), тврди дека Милан Радоичиќ ја напуштил Србија и заминал во Русија, иако со судска одлука му било забрането да ја напушта земјата. Звездановиќ во гостување на телевизијата „Н1“ рече дека има неофицијални информации од БИА дека Радоичиќ веќе не е во Србија и дека се наоѓа во Русија. На прашањето дали заминал со дозвола или нелегално, поранешниот ...

Просечната месечна нето-плата во Загреб во август 2026 година изнесувала 1.758 евра, што претставува зголемување од 1,2 отсто во споредба со претходниот месец и раст од 8,1 отсто во однос на август минатата година. — реклама — — реклама — Според објавените податоци, медијалната нето-плата во истиот период изнесувала 1.500 евра. Тоа значи дека половина од вработените опфатени со статистиката примале плата до овој износ, додека другата половина ...

Случајот со убиството на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш од страна на медицински персонал во психијатриската клиника „Свети Иван“ во загрепската населба Јанкомир доби нови димензии, откако беше објавено дека во последните три години во оваа установа починале вкупно 201 пациент. Овој податок предизвика дополнително вознемирување во јавноста со оглед на тоа што установата третира психијатриски нарушувања, а не смртоносни телесни заболувања, ...

Во Елбасан денеска се одржа четвртиот информативен ден посветен на „Втората покана за предлози“ во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија. Ова беше првиот информативен настан организиран на територијата на Албанија. На настанот учествуваа претставници на локалните јавни институции, непрофитни организации и потенцијални корисници на програмата. Присутните имаа можност да се запознаат со неопходните чекори за ...

Додик патува во Чикаго на покана на тамошната српска заедница, која организира осветување на црква. Сепак, тој тврди дека посетата има и политичка димензија, бидејќи планира да се сретне со влијателни личности кои постигнале забележителни резултати на последните избори за американскиот Конгрес. Во интервју за подкастот „Проверено“, дадено пред заминувањето во САД, Чикаго го нарече „епицентар на демократите“. Додик во минатото остро ги ...

Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на три години затвор за обид за убиство на Милан Јовановиќ, кој бил застрелан на 11 април 2023 година во близина на мостот на реката Бистрица, на патниот правец меѓу Лепосавиќ и Митровица. Пресудата ја донел Основниот суд во Митровица, а во изречената затворска казна ќе му биде пресметано и времето што Пепај го поминал во притвор, пренесува „Радио Ким“. Случајот претходно бил вратен на повторно судење, ...

Случајот со насилството врз петнаесетгодишник во Врњачка Бања, поради кој е уапсен П. В. (48), а против неговата сопруга А. П. (48) е поднесена кривична пријава, доби нова димензија откако се појавија информации за претходното однесување на нивниот син во училиште. Како што дознаваме, синот на уапсениот П. В. е ученик во второ одделение во Основното училиште „Попински борци“ во Врњачка Бања, а родителите на децата од неговото одделение тврдат ...

Туристичката платформа TEA им овозможува на посетителите од целиот свет полесно да ги откриваат туристичките атракции, културните настани и различните туристички доживувања низ Албанија. Според објавата на Visit Albania, платформата е достапна на 12 јазици, меѓу кои и македонскиот, со што се олеснува пристапот до туристичките информации за посетителите од Македонија. Оваа иницијатива претставува чекор кон поголема достапност на туристичката ...

Поранешен пациент на психијатриската клиника „Свети Иван“ во Загреб раскажал за „Индекс“ дека видел како постар маж паднал од креветот додека бил врзан за душекот. Мажот викал за помош, а сведокот тропал на вратата за да го повика персоналот. Според него, некој дошол дури со утринската смена, околу четири часа подоцна. Поранешна пациентка му испратила на „Индекс“ фотографија од женското одделение. На неа се гледа жена во долна облека, врзана ...

Четворицата медицински техничари осомничени за смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш во психијатриска клиника во Загреб се преместени од затворот во Реметинец во други затвори, јавуваат локалните медиуми. Судот им одреди едномесечен истражен притвор, по што во неделата беа сместени во затворот во Реметинец. Но, денес беа префрлени во затворите во Липовица и во Карловац. Од Министерството за правда потврдиле дека одлуката за ...

Преживени патници од автобусот што патувал од Левски до Несебар споделија нови детали за тешката несреќа на автопатот Тракија во Бугарија на 10 ноември, во која автобусот се судри со камион што превезувал пченица, јавува БГНЕС. „По ударот, луѓето беа исфрлени од седиштата, имаше голема паника“, велат жртвите. Некои од патниците успеаја да избегаат од автобусот низ скршен прозорец. Според сведоците, околу нив гореле автомобили, а имало и ...

Смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш – поранешен спортист кој почина на 21 октомври 2026 година во Психијатриската болница „Свети Иван“ во загрепската населба Јанкомир – отвори едно од најтешките прашања за хрватскиот здравствен систем, што му се случува на човекот откако ќе се најде зад затворените врати на некоја психијатриска установа, скриен од очите на семејството и јавноста? Четворица медицински техничари се осомничени за тешко ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
76%
1011
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
5.14
88%
1018
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1020
weather icon

Софија

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
75%
1012
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
7.25
81%
1012
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.5
97%
1020
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.79
80%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
68%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
88%
1011
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
81%
1012
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.02
81%
1018
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.17
94%
1014
Currency

61.755

Currency

55.711

Currency

73.904

Currency

37.953

Currency

39.136

Currency

66.776

Currency

8.3595

Currency

0.67338

Currency

0.34855

Currency

0.52442

Currency

1.1076

Currency

0.59254

Сребро

1611.91

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Бакар

12.40

Паладиум

31893.54

Злато

125211.08

Алуминиум

3.02

Родиум

293375.56

Платина

48804.83

Иридиум

326330.08

Калај

46.87

Цинк

3.76