Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Левица бара Владата итно да интервенира за заштита на домашните млекопроизводители, да обезбеди целосен откуп на домашното млеко по цена над 30 денари за литар и да воспостави построги контроли врз увезеното млеко и млекото во прав од Србија, со цел да се зачува домашното производство и да се спречи негово дополнително уништувањe. Од партијата велат дека Македонија во моментов произведува околу 62 проценти од вкупните потреби за млеко, но ...
Во делови од Франција, вклучително и Париз, деенска стапи во сила забраната за служење и консумирање алкохол на отворено поради топлотниот бран што ја зафати земјата. Забраната, воведена за време на годишниот музички фестивал „Fête de la musique“, опфаќа 35 од 101 департман во Франција, каде што метеоролошката служба издаде црвен метео аларм. Владата вчера објави дека префектите во овие региони ќе воведат забрана за служење алкохол на ...
Во Тирана синоќа одржан е 21. протест против проектот "Зврнец", кој беше и најмасовен ваков собир, на кој учествуваа и Албанци од соседните земји, како и од дијаспората - западноевропските земји и САД. Според слободна процена на протестот учествувале околу 250 илјади граѓани, повторувајќи ги барањата за оставка на премиерот Еди Рама, стопирање на проектот во Зврнец и Сазан, поништување на законот од 2024 година со кој се дозволува градба во ...
Учениците кои не се запишаа во средно училиште во првото пријавување за учебната 2026-2027 година, ќе можат повторно да аплицираат следната недела. Министерството за образование и наука соопшти дека второто пријавување во јунскиот рок ќе се спроведе електронски во вторник, на 23 јуни. По завршувањето на електронската апликација, кандидатите ќе треба на 24 јуни да ја достават потребната документација во училиштата. Ранг-листите со резултатите ...
Почетокот на летото и високите температури ги наполнија патиштата кон грчките летувалишта. На граничниот премин Богородица се формираа долги колони, а патниците се соочија со значителни задржувања уште од раните утрински часови. Според информациите од терен и објавите на социјалните мрежи, уште во раните утрински часови беа регистрирани значителни задржувања за влез и излез од државата, а колоните на моменти достигнувале неколку километри. ...
Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштија дека уште 4 лица од предметот ФФМ што беа недостапни се обезбедени. Двајца денес се изведени пред судија на претходна постапка и е определена мерка притвор за еден осомничен и мерки за обезбедување за вториот осомничен. Останатите 2 лица ќе бидат утре изведени пред судија на претходна постапка. Пред два дена беше одреден притвор од 30 дена на поранешниот ...
Основното Јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – загрозување на сигурноста. Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, ...
Охридскиот регион и понатаму е на удар на миграциите.Граѓанските активисти алармираат дека овој процес не стагнира, туку е во нагорен тренд. Она што ги брка младите луѓе не е повеќе само потрагата по работа, туку и тоталното разочарување од системот. Сè почесто, причина за заминување е лошото државно здравство, каде граѓаните не чувствуваат дека добиваат соодветни услуги, додека приватното здравство е прескапо за многумина.Како резултат на ...
Откако се направија новите статистички пресметки, политичките партии меѓусебно се обвинуваат за животниот стандард и кој колку овозможил на граѓаните. Опозициската СДСМ обвинува дека е алармантна состојбата, со тоа што целокупниот економски раст е минимален, а инвестициите се намалени за десетици проценти. Обвинуваат дека платите на македонските работници се најниски во Европа и не го следат растот на цените, а граѓаните имаат помалку пари. ...
Поразителни резултати за работата на владата покажува партиската анализа на СДСМ. Лидерот на опозицијата Венко Филипче презентираше програма наречена „Платформа 1198“ која според него ги потврдува нивните укажувања за неиполнетите владини ветувања „После две години граѓаните се со блокиран европски пат, а не добија ниту подобар стандард, ниту поквалитетен живот“, изјави Венко Филипче претседател на СДСМ. Возвратија од ВМРО ДПМНЕ. Венко ...
По завршувањето на првата фаза од разговорите со коалициските партнери во текот на викендот, можеме да констатираме дека средбите поминаа во конструктивна атмосфера, во духот на меѓусебна почит, партнерство и заедничка определба за понатамошно унапредување на работата на Владата, ова се изформациите до кои дојде Телевизија 24 за најавената реконструкција на Владата. Според информациите сите коалициски партнери ја споделуваат определбата ...
Продолжуваат разговорите на техничко ниво меѓу Иран и САД во Биргеншток, Швајцарија, со посредство на Пакистан и Катар. Техеран вели дека снабдувањето со енергенси од Блискиот Исток ќе биде запрено доколку САД не ги исполнат сите услови од меморандумот потпишан минатата недела. Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку шест лица, вклучувајќи снимател на Ал Џезира. Средбата е продолжение на разговорите за спроведување на ...
Четири лица загинаа, а уште 28 се ранети во украински напад со беспилотни летала врз Крим, соопшти Сергеј Аксенов, шеф на руските власти на полуостровот. Едно лица загинало во друг украински воздушен напад со дронови врз патнички ферибот, при што избувнал и пожар на нафтен терминал до Краснодарската област. Според локалните власти, привремено била прекината фериботската линија преку Керчката Теснина што кој го дели Крим од Краснодарскиот ...
Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит, а која на 30 мај исчезна, додека пак нејзиното тело утрово беше пронајдено, јави дописничката на МИА од Атина. За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија, 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во ...
Учениците кои во првиот јунски рок не се запишаа во средно образование од учебната 2026/2027 ќе може да аплицираат на второто приојавување овој месец - во вторник, 23 јуни. Аплицирањето е електронски по што наредниот ден, 24 јуни, ќе се доставува потребната документација до училиштата. Според роковите од Конкурсот на МОН, ранг-листа со резултати од запишувањето треба да биде објавена на 25 јуни до 12 часот на јавно место во училиштето и/или ...
Новиот владин кабинет ќе биде изготвен и доставен пред пратениците до 1-ви јули, најави премиерот Мицкоски. Коалициските разговори зад затворени врати со Вреди и Знам завршија. Не се откриваат детали за ротации и промени во ресорите, ниту имиња кои ќе бидат опфатени со реконструкцијата. Разговорите со Вреди поминале во пријатна атмосфера, вели Мицкоски, но не открива детали кој министер ќе биде сменет. Од Вреди, пак, велат дека ...
Две години од владеењето на Христијан Мицкоски, наместо ветениот подобар живот, граѓаните добија економски неуспех, намален животен стандард и секојдневна борба за егзистенција, велат од СДСМ. Мицкоски ветуваше повисоки плати, подобар животен стандард и повеќе пари кај граѓаните. Наместо тоа, граѓаните добија маратон во сиромаштија, нагласуваат од опозициската партија. Две години од владеењето на Христијан Мицкоски, наместо ветениот подобар ...
„Ризница на постоењето – од документ до историја“ е насловена изложбата по повод 75 години постоење на Државниот архив на Република Северна Македонија, која ќе биде отворена вечер од 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност, со што ќе почне и годинашното, 47. издание на манифестацијата „Скопско лето“. Изложбата ги опфаќа најзначајните документи кои се чуваат во Државниот архив - централен дел и неговите девет одделенија во ...
Репрезентацијата на Германија ја оствари втората победа на Мундијалот откако ноќеска забележа победа од 2:1 над Брегот на слоновата коска со гол во судиското надополнување. Јунак на германскиот тим беше Дениз Ундав, кој беше стрелец на двата гола за својата екипа. Но, не беше сè така лесно за Германците бидејќи африканската селекција поведе преку Франк Кеси во 30.минута. Првиот гол Ундав го постигна во 68.минута, а голот за победа го постигна ...
Машката македонска одбојкарска репрезентација вечерва го претрпе третиот пораз сезонава во Европската лига. На третиот турнир во Приштина, македонските одбојкари загубија од Израел со 3:0 во сетови (25:19; 25:19 и 25:14). Македонскиот национален тим натпреварите ги завршува со 3 победи (Косово, Исланд, Луксембург) и 3 порази (Израел, Грција и Холандија) и се наоѓа на 16.место од 24.репрезентации. Со утрешните натпревари ќе биде комплетирано ...
Францускиот премиер, Себастијан Лекорну, наредил спроведување ненајавени и задолжителни тестирања за дрога кај високи државни службеници и лица што подлежат на безбедносни проверки, јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на циркуларно писмо испратено до министерствата. Според насоките, вработените во министерските администрации, како и лица на функции поврзани со владата, ќе треба да бидат опфатени со масовни проверки преку орални ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, утрово пристигна во Швајцарија каде е предвидено да почнат преговорите со иранските претставници за ограничување на нуклеарната програма на Техеран и за зацврстување на кревкиот привремен договор за прекин на војната со Иран. Рамковниот договор беше потпишан минатата недела, а сега главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да ...
Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, прогласи вонредна состојба поради пожарот што веќе неколку дена гори во приватна ладилна хала во населбата Бојл Хајтс, предизвикувајќи загриженост за квалитетот на воздухот и јавното здравје. „Градот и округот отворија простории за семејствата што бараат засолниште од чадот и ќе продолжиме да работиме деноноќно за целосно да го изгаснеме пожарот“, изјави Бас. Пожарот избувна во средата, по што ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер. Како што соопшти Управата за ходрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. ...
Летото во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот и 24 минути. Во истиот момент, на јужната полутопка ќе настапи зимата. Денеска е летниот солстициј - астрономски момент што го означува почетокот на најжешката годишна сезона и долгодневицата, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути. На ...
Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот „Градски воз“. -Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат неколку возови ...
Јунското сонце донесе нови статистички пресметки за животниот стандард, но не и олеснување за семејните буџети. Според најновите податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654,00 денари. Во споредба со претходниот месец мај, кога таа изнесувала 68.742,00 денари, забележан е симболичен пад од скромни 88 денари – разлика која граѓаните тешко дека ќе ја почувствуваат во своите паричници. Вистинскиот економски ...
Ќе ги продолжат ли мировните преговори помеѓу САД и Иран...Швајцарија веќе е домаќин на дипломати од Катар и Египет, две од државите медијатори...На пат кон ликсузното одмаралиште Биргеншток е специјалниот пратеник на Трамп, Стив Витков кој заедно со зетот на американскито претседател, Џаред Кушнер, ќе ги бранат интересите на САД..Но дали ќе дојде и Иранска делегација - останува непознато...Техеран останува на ставот дека прекинот на борбите ...
Од Владата со нова порака до Регулаторна комисија – очекуваат, во понеделник се бензините да поевтинат за околу четири денари по литар, додека цената на дизел-горивото би можела велат да се намали за околу седум денари по литар....Оваа пресметка на Владата доаѓа по преговорите на Блискиот исток и оворањето на Ормутскиот Теснец, по што цената на суровата нафта на референтните берзи моментално се движи околу 80 долари за баре, пазарите веќе ...
До десетти јули ќе биде готова новата линија за снабдување со вода од Вруток до Дебрешта, Циглана, Фазанерија, вели за ТВ 24 градоначланикот на Општина Гостивар по вчерашниот протест каде револтирани празните кофи ги оставија пред општината...Лимани тврди дека проектот почнал пред неколку дена да се гради и дека до 10 јули ќе биде готов , а со него ќе се реши 50% од проблемотр со снабдување со вода кој преку лето се појавува во овие места и ...