Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Недопирливите во правосудниот систем се изборот на нашата реалност Хаосот, во кој живееме како граѓани во сопствената држава, е резултат на замолчувањето на правото и правдата, длабоко закопани под превезот на институционалниот молк. Безредието започнува кога правдата ја снемува. Правосудниот систем ни е хаотичен. Деновиве, повторно бевме сведоци на одлука на ОЈО ГОКК со која е затворен предметот поврзан со јавните набавки за изградбата на ...
Мартин Богатиноски/Слободен печат Македонија наскоро ќе наполни 35 години. Тоа е возраст на која човек обично веќе има работа, кредит, две дискус-хернии и омраза кон прашањето: „А кога второ дете? Нашата држава, пак, на 35 години сè уште се бара себеси. Исто како млад човек што завршил факултет пред десет години, работел шест месеци во маркет, девет месеци во општина преку партија и сега размислува да оди во Германија кај братучед му. На ...
Една старогрчка поговорка гласи: продон псудос, преведено „таткото на големата лага“. Толкувањето означува кога ќе кажете јавно голема лага морате за тоа постојано да лажете. Тоа раѓа илјадници нови лаги кои дури и кога ќе се откријат во многу глави остануваат како вистини. Особено кога „таткото“ е политиката и кога политичарите и јавни личности тоа го соопштуваат сугестивно и примамливо како спектакуларно решение за тешкотиите со кои се ...
Македонија во последните години како да ја сведе енергетската политика на едно прашање – колку нови мегавати ќе изградиме? Се бројат фотоволтаици, лиценци, приклучоци и инвестиции, а секој нов мегават автоматски се прогласува за домашен успех. Што е различно од државен. И кога системот го пржат соларите и ме срамат по конференции примерите на одвоена пракса на случувања во „Северна” Македонија, караванот на поовластени си тера. Но не ...
Пред неколку дена македонскиот министер за надворешни работи уште еднаш ја образложи позицијата на македонската влада која бара гаранции за предвидлив процес на преговори за членство на Македонија во ЕУ. Се разбира, сосема е легитимен ставот да се бара гаранција за процес во кој ќе нема поставување нови услови во текот на преговорите. Но, кога во таквите образложенија постојано се споменуваат категориите: македонски идентитет, македонски ...
Не знам за вас, ама мене ми е многу забавно да ја следам нервозата на Еди Рама. Балканскиот фланер 13 години владее со државата и притоа сериозно се заигра со сили кои се далеку над неговото ниво и нивото на Албанија. Тој силно профитираше од авантурите со светските водачи, на кои им ветуваше и им испорача мигрантски кампови, разни зделки, центри за обоени револуции низ регионот, па дури и бази за обука на герилци за нападот врз Иран. Но, ...
Џабир Дерала/Civilmedia Во првата епизода од СЕКС И ПОЛИТИКА, неизбежно е да проговориме за сексот поврзан со изборите и за разните видови принуда во тој чин. Впрочем, изборите се како секс-скандал, со тоа што во некои земји како нашата, изборите се секогаш отворена опција. За секс. Во политиката, и простаците и пи-ар донжуаните, но и оние што сакаат да изгледаат како ангели или барем како пуританци – често се отворени или (не)вешто прикриени ...
Проф. д-р Пламен Павлов/Труд Во два часот по полноќ, ноќта меѓу 8/20 и 9/21 август 1886 година, група офицери, предводени од началникот на Военото училиште во Софија, мајор Петар Груев, и капетаните Анастас Бендерев, Радко Димитриев и Георги Вазов, извршиле државен удар — опасна авантура во чија организација непосредно биле вмешани воениот аташе, полковник Сахаров, и други руски дипломати. Претходно, воените единици лојални на кнезот биле ...
Чувствувате годост како го замислува светот директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски, само според една реченица: “Мора да имаме владин авион, ако сакаме да бидеме сериозна држава“. Не мора да имаме чиста вода и воздух, храна без пестициди и забранети состојки за да бидеме сериозна држава. Не ни требаат авиони за гасење на пожари и за прскање од комарци. Што е важна ужасно високата смртност од ...
Конфузијата околу столбовите на актите и настаните на засновување и развиток на некоја држава е соодветна на нејзината лефтерност—како историски факт. Без архива и со неавтентичност на учесниците и коментаторите, со креирање лажни слики за фактите на себе-засновањето се прави симулакрум на меморијата на нацијата без вистинска меморија. Таков е односот кон нашиот Устав од 1991, нашето членство во ООН, како и односот кон Охридскиот рамковен ...
Младите луѓе масовно ја напуштаат својата безнадежна „патриотска“ татковина, која повеќе се грижи за мртвите на вековните гробишта отколку за живите. Ова ги остава политичарите да се натпреваруваат за повеќе од минатото, а помалку од иднината! Мерсел Биљали Северна Македонија помина долг период од својата независност расправајќи за минатото, а заборавајќи за иднината. Лажното минато стана ексклузивна замена за вистинската иднина, за ...
Не знам зошто ги коментирате глупостите од Мицкоски. Неговите изјави за трета економија во Европа, за 325% поголеми пензии, за 70% побрз раст на плати отколку во времето на СДСМ и не знам што уште. Проблемот на Македонија не е Мицкоски. Такви лудаци има секаде во светот. ПРОБЛЕМОТ МАКЕДОНСКИ е кај членовите, симпатизерите и останатите гласачи на ВМРО. И плус оние што велат дека „сите се исти”. Толкав процент наивни лудаци нема никаде во ...
Добивај вести на Viber Иселувањето со децении беше и продолжува да биде еден од главните економски и општествени предизвици на Северна Македонија. Сепак, дискусијата секогаш завршува со истиот заклучок: луѓето ја напуштаат земјата. Од економска гледна точка, најважното прашање е што се случува со една мала и отворена економија кога значителен дел од нејзиното работоспособно население, со професионални квалификации, ја бара својата иднина во ...
Tрифун Костовски Чувството дека живееме во држава во која институциите, задолжени да го спроведуваат законот ги прекршуваат неговите основни начела, ме наведува на заклучокот дека нештата мора драстично да се променат. Тоа е неопходно доколку сакаме да опстоиме како држава и народ крај на сопствените огништа. Кога институцијата, задолжена да го штити законот, постапува спротивно од него, неправдата не е само личен проблем. Станува колективно ...
Од „Талир 2“ до ОЈО ГОКК – дали пред наши очи се гради една обвинителска кандидатура? Во старите американски ноар-филмови никој не ви кажува кој го контролира градот. Го сфаќате тоа подоцна. Еден човек паѓа. Потоа се враќа. Еден предмет менува правец. Друг се приближува до застарување. Некогаш проблематизиран обвинител повторно добива чувствителни предмети. А некаде во позадината се отвора најважната обвинителска фотелја за организиран ...
Германската влада деновиве соопшти дека ги продолжува контролите на надворешните граници за уште шест месеци. Граничните контроли имаат за цел да спречат понатамошно зголемување на бројот на нелегални влегувања. Во исто време, мерката се смета за важна алатка во борбата против криминалните мрежи што шверцуваат луѓе. Соработката во рамки на Шенген зоната и понатаму е под сериозен притисок. Всушност, во колкава мера може да се зборува за ...
Mакедонските писатели молчат, а светот вреска. За Македонскиот ПЕН центар , а и Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) како професионални организации во кои членуваат писатели и интелектуалци, очекувате јавен став за крупните општествени, политички, воени и морални прашања. Зошто молчат или не заземаат став? Страв од политичка поларизација? Секој јавен став денес лесно се толкува како партиско определување. Институционална инертност? ...
Кога Coca Cola се ширеше низ светот во текот на минатиот век, не продаваше само пијалак. Создаваше глобален бренд кој изгледа и се препознава речиси исто без разлика дали потрошувачот е во Лондон, Лисабон, Њујорк или Токио. Денес Revolut се обидува да направи нешто слично во финансискиот свет, односно да го претвори банкарството од локална услуга во глобален потрошувачки бренд. И бројките покажуваат дека ова повеќе не е само амбициозна ...
Почитувани македонски граѓани! Република Северна Македонија е мултиетничка и мултиконфесионална држава. Имаме заедничка историја, судбини, страдања, трагедии и различни освојуваќи. Оваа држава е заедничка за сите нејзини граѓани. Сите плаќаме даноци, придонеси, учествуваме во армијата, полицијата, во сите локални и централни институции, ја признаваме лојалноста кон државата и ја сакаме нашата држава. Тука сме родени,тука живееме уште од ...
На овие пеколни горештини, скопјани не можат да се освежат и да пливаат бидејќи нема градски плажи, а малиот број базени се далеку од задоволување на потребите на граѓаните. Низ градот тече реката Вардар, најголемата река во Република Македонија (РМ), но таа е премногу загадена. Центарот за јавно здравје на РМ има донесено забрана граѓаните да ја користат водата во Вардар за пливање, риболов и наводнување. Не само во Скопје, туку по целото ...
Во Македонија одамна сме навикнати успехот во туризмот да го мериме со бројки што убаво звучат во насловите: повеќе патници на аеродромите, повеќе летови, нови дестинации, нова авиокомпанија, нова линија. Секогаш кога ќе се објави дека на скопскиот аеродром е достигнат нов рекорд, пораката е иста – туризмот расте. Но, дали навистина расте туризмот или само расте воздушниот сообраќај? Ова не е игра на зборови, туку суштинско прашање за ...
Има еден посебен вид валута во дипломатијата. Mонета чија специфична тежина ја одредуваат оние што ја трошат, а ја плаќаат оние врз чиј грб таа паѓа. Таа е една од оние монети која трговците ја префрлаат од рака во рака, без да се запрашаат чиј лик е втиснат на неа. За тие високи трговци, таа не е дури ни вистинска валута, а поскоро кусур за компензација. На Балканот таа валута се вика Македонија. Целата горчлива, болна и многу крвава ...
Државното знаме е еден од најзначајните делови во комплексот на државотворноста, уставотворноста во тертиторијално поделената меѓународна заедница. Знамето ја обележува и идентификува самобитноста на субјектите во светот и истовремено го маркира идентитетот на државите и на групите во нив. Заради тоа неговото значење како социјална компонента и обележје на поединечните државни творби е јасно верификувано во сите политички носечки документи на ...
Денко Малески На разделбата на аеродромот во Будимпешта каде што, со група студенти од Македонија, долетавме со мал авион по посетата на Кишињев, Молдавија, Пал Тамаш, унгарски професор и умен човек, ми вели дека брза на многу важен состанок кој го организира Унгарската академија на науките. Беше тоа во 2004, годината кога Унгарија, заедно со уште девет земји на Источна Европа, стана членки на ЕУ. Многу важен состанок, прашувам љубопитно. Да, ...
Кога власта зборува за економијата, сосема очекувано ги избира показателите што нејзините резултати ги прикажуваат во најповолно светло. Опозицијата, пак, речиси по правило го прави спротивното. Но сериозната анализа не смее да остане заробена меѓу овие две политички потреби. Нејзината задача е да провери што останува од една политички изнесена теза кога бројките ќе се ослободат од реториката и ќе се погледнат и преку други статистички и ...
Добивај вести на Viber Поранешниот украински министер за одбрана, Михаил Фјодоров, го загуби првиот дуел со претседателот, Владимир Зеленски. Тој пред две недели му постави ултиматум на Зеленски, до 18 август на седница на Парламентот, да го врати на министерската функција или претседателот ќе има проблеми. Пред два дена, Фјодоров кога виде дека Зеленски „го заборавил“, во десетминутна снимка побара претседателски избори. Одлуката на ...
Проф. д-р Спас Ташев ВТОРА ГЛАВА БУГАРСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА И МЕЃУНАРОДНАТА ДЕЈНОСТ НА МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА 2.2. Македонската емиграција по Втората светска војна По избувнувањето на Втората светска војна, Германија настојува да ја привлече Југославија кон Тројниот пакт. Како поттик, Берлин му ветува на Белград дека, по очекуваниот пораз на Грција, ќе добие излез на Егејското Море преку ...
Еден месец по силното невреме што го зафати Скопје, делови од Градскиот парк сè уште се со паднати дрвја, висечки гранки и купови исечени дрвја кои не се подигнати, реагира советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јовановска. Таа посочува и дека паркот е пожолтен и исушен, без соодветно наводнување, прашувајќи колку време им е потребно на градските власти за целосно да го расчистат и одржуваат. Нејзиниот статус ви го ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, остро реагира на, како што вели, сведувањето на вредностите и традицијата на Армијата на Република Македонија исклучиво на нејзиното членство во НАТО. Исмаил потсетува дека АРМ е наследник на традицијата на македонските партизани и антифашистичката борба во Втората светска војна, оценувајќи дека таквото историско наследство не смее да биде потиснато од „натовските рамки“. Неговиот статус ви го пренесуваме ...
Советникот од Левица во Советот на Општина Прилеп, Жаре Стеваноски, предупредува дека состојбата во погодените подрачја се влошува и дека се исполнети сите критериуми за прогласување елементарна непогода. Тој повика итно да се свика вонредна седница на Советот и заеднички да се донесе одлука за прогласување на елементарна непогода, оценувајќи дека еднократната парична помош нема да биде доволна за обесштетување на погодените жители. Неговиот ...