Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание, но останаа без освоен бод. По првото полувреме без голови, Џон МекГин ја доведе Шкотска во водство во 54. минута. Елмин Растодер израмни само три минути подоцна, прекинувајќи го долгиот голгетерски пост на Македонија. Победата на домаќините им ...

ГРК Охрид ја забележа осмата победа сезонава во ракометната Супер лига, совладувајќи го Младост 1977 од Богданци со 24:20 (13:11), во натпревар од 10. коло. Со новите бодови „гладијаторите“ остануваат во самиот врв на табелата. Гостите, предводени од поранешниот тренер на Охрид, Горан Андоновски, пружија солиден отпор, но домашниот состав ја оправда фаворитската улога и стигна до рутинска победа. Во редовите на Младост настапија и двајца ...

Центар за култура „Григор Прличев“ Од 16.10.2026 - 20:00 до 16.10.2026 - 22:00 Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една „Импровокација“. Октомвриското издание ќе биде изведено овој петок, 16 октомври, на малата сцена на Народен Театар Охрид со почеток во 20:00 часот. Резервација на карти на телефонскиот број 075/283-066. ...

Три висококвалитетни возила за итна медицинска помош опремени со целосна медицинска опрема за интервенции, како и транспорт на пациенти, доби ЈЗУ Здравствен дом Охрид. Ова е за нас големо признание, поддршка и вреднување на нашите континуирани напори и заложби за подобрување на работниот процес и подигнување на квалитетот на пружање на здравствена заштита на пациентите, велат од Установата. Воедно, упатуваат благодарност до Министерството ...

Во 90 динамични секунди, низ објективот на OhridNews, ви ја пренесуваме атмосферата од свеченото отворање на Tino’s Bowling – новата забавно-рекреативна приказна во Охрид, исполнета со музика, позитивна енергија и незаборавни моменти. Атмосферата од спектакуларното отворање на Tino’s Bowling Видео: Ристе Лекоски I OhridNews Во 90 динамични секунди, низ објективот на OhridNews, ви ја пренесуваме атмосферата од свеченото отворање на ...

Советот на Општина Охрид денес ќе ја одржи 18-та седница во зградата на Општината. Советниците ќе расправаат за 60 точки меѓу кои тромесечните извештаи за работата и остварените резултати на локалните јавни претпријатија, како и извештаите за реализација на клучните општински програми. На Дневен ред се и извештајот за остварувањето на Буџетот на Општина Охрид за периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година, измените на програмите од ...

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред деветнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до неговото вечно почивалиште споменичното обележје на Гумење во Крушево. Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна ...

Несоница, топли бранови, промени во расположението, но и болка што го отежнува секојдневието. Менопаузата е природен животен период, но тегобите што ја придружуваат заслужуваат внимание и соодветна здравствена грижа. На тоа потсетува Светскиот ден на менопаузата, 18 октомври, кој годинава се одбележува со акцент на хроничната болка во средните години. Меѓународното здружение за менопауза (IMS) предупредува дека хроничната болка погодува ...

Државна Лотарија ја претстави четвртата серија на популарниот инстант лоз „Хороскоп“ – грепка што веќе освои илјадници љубители на среќата и забавата. Со секое гребење на овој лоз, учесниците добиваат можност да станат дел од возбудливата приказна на добивките и да ја почувствуваат магијата на симболите и броевите. Новото издание повторно носи возбуда и можности за добивка, со фонд на добивки што вклучува: 5 премии по 500.000 денари, 10 ...

Охриѓанката Ирма Гогова, победничка на „Ohrid SUPERSTAR“ и учесничка на аудициите за „America’s Got Talent“ и „American Idol“, на 30 октомври 2026 година го објави својот прв официјален музички спот, „BLUE“, на YouTube. Од родниот Охрид, преку Скопје, па сè до Калифорнија, Ирма го продолжува својот пат кон остварување на музичките амбиции. „BLUE“ е поп-издание со кое се претставува пред пошироката публика и со кое започнува ново поглавје ...

Британскиот актер сер Патрик Стјуарт, незаборавниот капетан Жан-Лук Пикард од „Ѕвездени патеки“ и професорот Чарлс Ксавиер од „Икс-мен“, почина на 28 октомври во Лос Анџелес, на 86 години. Веста ја потврди неговата портпаролка Кели Буш Новак, пренесоа светските медиуми. Пред да стане едно од најпрепознатливите лица на научната фантастика, Стјуарт изгради значајна театарска кариера. Како член на Кралската Шекспирова компанија, ги толкуваше ...

За Ирма Гогова, „BLUE“ е надеж по бура, песна за болката, прифаќањето и храброста да се продолжи напред. Во разговор за OhridNews, младата охриѓанка која живее во Калифорнија ја открива приказната зад песната и спотот, зборува за искуствата на американските талент-шоуа и објаснува зошто својот успех сака да го мери и со нешто повеќе од прегледи. Од снимање меѓу песочни дини до ноќно танцување на празна улица, нејзината идеја била да создаде ...

Гоце Шапкароски е првопласиран на VI Општинско првенство 7 ноември 2026 во шах, кое се одржа во ООУ Братство Единство Охрид во организација на ШК Ласкер Охрид. Денес беше одиграни и последното седмо коло по што се доби и конечниот пласман. Второ место е Михаил Николовски, додека трето Лука Симоноски. Најдобро пласиран младинец е Јован Пуроски. Во седмото коло постигнати беа следните резултати: Конечната табела после одиграни седум кола: VI ...

Охрид Лихнидос продолжува во победнички ритам во Втората македонска фудбалска лига. Во рамките на 11. коло, охриѓани остварија убедлива победа од 4-0 против Камењане, потврдувајќи ја одличната форма и лидерската позиција на табелата. Охрид Лихнидос уште еднаш покажа квалитет и ефикасност, а прашањето на победникот го реши со четири погодоци. Каланоски двапати се запиша во листата на стрелците, во 24. и 44. минута, додека Јахја во 40. и ...

25 километри спортска борба низ едно од најубавите езера во светот. Креативниот тим на OhridNews низ впечатливи кадри од вода, копно и воздух ја раскажува приказната за 39. Охридски пливачки маратон – приказна за издржливоста, натпреварувачкиот дух и неповторливата убавина на Охридското Езеро. Погледнете го видеото. Ова е Охридскиот пливачки маратон како што заслужува да биде виден. Одговорен уредник: Горан Момироски Видео и монтажа: ...

Ландо Норис со Мекларен ја освои пол-позицијата за Големата награда на Бразил во Формула 1, по драматичните квалификации на дождливата патека „Интерлагос“ во Сао Паоло. Новиот светски шампион Кими Антонели со Мерцедес ќе стартува од второто место на утрешната трка, која започнува во 18 часот по македонско време. Силниот дожд предизвика долги прекини на квалификациите, кои траеја околу два и пол часа. Во тешките услови најдобро се снајде ...

Македонската машка ракометна репрезентација претрпе пораз од Грција со 29:24 на гостувањето во Халкида, во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа натпревар под очекувањата, во кој домаќинот ја имаше контролата врз резултатот во најголемиот дел од средбата. Грција уште во првото полувреме стекна убедлива предност од седум гола (16:9). Ниту продолжението не ...

„Сестра, брат и шахта“, најновиот филм на Милчо Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. Филмот ја освои главната награда на фестивалот, „Токио Гран при“ (Tokyo Grand Prix). Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција во 1994. За беспрекорното спојување на хуморот, трагедијата и драмата, за човечноста и сочувството што ги покажува кон своите ...

По светската премиера на 56тиот Меѓународен филмски фестивал на Индија (IFFI) во Гоа, во ноември 2025 година, филмот „Axis of Life“ („Оска на животот“) започнува со поширока кино-дистрибуција низ Балканот. Синоќа тој ја имаше својата бугарска премиера во кино „Лумиер“ во Софија, во рамките на меѓународниот филмски фестивал Cinelibri. Во оваа меѓународна филмска продукција учествува и охридскиот актер Стрезо Стаматовски, кој го толкува ликот ...

Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна лотарија, на играчите им нуди можност да освојат вредни парични добивки, меѓу кои и 10 премии од по 1.000.000 денари. Овој инстант лоз нуди интересна игра и богат фонд на добивки, што ја зголемува возбудата кај сите љубители на инстант лозовите. „Макси златна рипка“ има атрактивен фонд на добивки, со вклучени 15 добивки од по 500.000 денари, како и 15 добивки од по 100.000 денари. Инстант ...

Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци. По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипата на Младост Богданци. Добро се одморивме, имавме пауза од четири дена. Собравме сили и ќе дадеме сè од себе на следниот натпревар во петок, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Ален Ќосевски. Натпреварот се игра со почеток во 19:30 часот во салата ...

Поради продолжување со активностите околу санацијата на големиот дефект на водоводната мрежа кој настана вчера (пукната е цевка со профил ф500 мм) и денес од 11:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Гоце Делчев“, (од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи), вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Кошишта, Воска и Далјан, дел од улицата „Абас Емин“, дел од Бул.„Туристичка“, ...

Ландо Норис со Мекларен победи на драматичната трка за Големата награда на Бразил во Формула 1, што се возеше на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло. Макс Верстапен со Ред Бул направи извонреден пробив од 21. стартна позиција до второто место, додека трет заврши неговиот тимски колега Исак Хаџар. Трката донесе и нов шампионски расплет, а Мерцедес ја обезбеди конструкторската титула за 2026 година. Норис ја искористи пол-позицијата за да ...

На 12.11.2026 во 00:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на ул.„Абас Емин“ во Охрид, 34-годишно лице од струшкото село Долна Белица физички нападнал вработен како обезбедување во објектот, информираат од СВР Охрид. Посочуваат дека по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. OhridNews На 12.11.2026 во 00:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на ул.„Абас Емин“ во Охрид, 34-годишно лице ...

Македонскиот визуелен уметник Сашо Блажес е избран за финалната изложба на 53. Premio Suzzara во Италија со делото „Scorched Reflection (Synthetic Geology)“, создадено во 2026 година. Изложбата ќе биде отворена на 20 септември 2026 година во „Museo Galleria del Premio Suzzara“, под наслов „Terra bruciata. L’arte nell’Antropocene“ („Изгорена земја. Уметноста во антропоценот“). Годинашната тема е посветена на влијанието на човекот врз ...

Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за последните два натпревари во групата Б1 од Лигата на нации. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски прво ќе ѝ гостуваат на Шкотска, а потоа во Скопје ќе ја пречекаат Словенија. Добро е што сите играме во своите клубови, што имаме минутажа и верувам дека тоа ќе има позитивно влијание на натпреварите против Шкотска и Словенија, изјави Дарко Чурлинов. Дуелот со Шкотска се игра в ...

Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци. Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентрирано. Ја имаме фаворитската улога и на домашен терен сакаме да ја оправдаме со добра игра, максимална ангажираност и освојување на нови бодови пред нашата публика, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Томислав Јагуриновски. Натпреварот се игра во ...

Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан. Смртта ја потврди клубот во соопштение објавено на социјалните мрежи, кое го пренесоа локалните француски медиуми „Линфо“ и „Имаз прес“. Според нивните информации, Хонсор доживеал срцев застој додека тренирал на теренот „Јамајка“ во Сент Дени. И покрај обидите ...

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември 2026 година кои оствариле 264.370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во септември 2026 година, од вкупниот број туристи, 24.9 % се домашни, а 75.1 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во септември 2026 година изнесува 264 370, од кои 33.8 % се од домашните туристи, а 66.2 % од странските туристи. Најголем број странски туристи биле од ...

Променливо облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
81%
1012
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
88%
1018
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
87%
1020
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
83%
1014
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
7.88
87%
1012
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
97%
1021
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
84%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
88%
1011
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
7.72
92%
1012
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
81%
1018
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
94%
1014
Currency

61.755

Currency

55.711

Currency

73.904

Currency

37.953

Currency

39.136

Currency

66.776

Currency

8.3595

Currency

0.67338

Currency

0.34855

Currency

0.52442

Currency

1.1076

Currency

0.59254

Паладиум

31893.54

Бакар

12.40

Злато

125211.08

Сребро

1611.91

Иридиум

326330.08

Алуминиум

3.02

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Платина

48804.83

Калај

46.87

Цинк

3.76

Родиум

293375.56