Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
ЦУК информира дека денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а осум пожари се изгаснати. Активни пожари има во општина Долнени: с. Бело Поле (ниска вегетација) и с. Браилово (ниска вегетација), како и во Општина Аеродром: с. Горно Лисиче (ниска вегетација). ЦУК информира дека се изгаснати вкупно осум пожари. Меѓу изгаснатите пожари се и тие од околината на Скопје, односно во ...
Сè додека САД не ја променат својата политика кон Техеран и не исполнат шест ирански барања Иран нема да се согласи на отворање на Ормуцкиот теснец, изјави денеска секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохамад Багер Золгхадр. Золгхадр рече дека Вашингтон мора да „го корегира своето однесување“ пред Иран да дозволи нормална пловидба низ Хрмус, низ кој минува една од најважните светски линии за поморски транспорт на ...
Ценатор за управување со кризи информира дека утрово до 07:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив нема ниту еден активен пожар, 26 пожари се целосно изгаснати, додека еден пожар е ставен под контрола. Пожарот кој е под контрола е регистриран на депонијата во Делчево. Во текот на изминатото деноноќие интервенции имало во повеќе општини низ државата. Горела ниска вегетација, ...
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува екстремно топло време, а целата држава влегува во портокалова фаза. Според прогнозата на УХМР денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се ...
Бројот на починати мигранти по масовниот обид за влез во шпанската енклава Сеута пред една недела се искачи на 96, од кои 82 на шпанска и 14 на мароканска страна, објави шпанската телевизија RTVE, повикувајќи се на официјални бројки. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) проценува дека вкупно 141 лице загинало додаваќи го и обидот за влез во Мелиља, уште една шпанска енклава во Северна Африка. Обдукциите се завршени, идентификувани ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, ...
На подрачјето на Скопје во вторник, 11 август, ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци. Од Градот Скопје ги известуваат граѓаните дека дезинсекцијата ќе се реализира во раните утрински часови, со цел да се намали бројот на ларви од комарци и нивното понатамошно размножување. Доколку временските услови не дозволуваат безбедно спроведување на дезинсекцијата, акцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден кога условите ќе ...
Силниот земјотрес го погоди Западен Миндоро, а поради потресите од претпазливост биле евакуирани и вработени во една државна институција. Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени денеска го погоди Западен Миндоро на Филипините, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија. Земјотресот се случил во 10:38 часот по локално време, на околу 21 километар југозападно од Мамбурaо, на длабочина од 10 километри. Тресењето било ...
На граничниот премин Батровци – Бајаково, на излез од Србија кон Хрватска, патничките возила денеска чекаат околу четири часа. Според информациите, колоната автомобили е долга околу 5,5 километри, а станува збор за еден од најфреквентните гранични премини меѓу Србија и Хрватска. За викенд се очекуваат уште поголеми гужви Се очекува за време на викендот метежот на овој граничен премин да остане ист или дополнително да се зголеми. Батровци – ...
Делови од општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на мрежата. Според најавениот распоред, прекините ќе траат од три до четири часа: Од 06:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците во Колонија Идризово и дел од Јурумлери, во општина Гази Баба. Од 08:30 до 12:30 часот прекин ќе има во селата Раштак, Љуботен и Љубанци, како и во дел од селото ...
Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени во нов руски ноќен напад со дронови и балистички ракети врз Киев и Киевската област, соопштија украинските власти.Најмногу жртви има во областа Бровари, каде загинале девет лица, додека во Буча се пријавени уште четири жртви. Едно лице загинало во областа Фастив. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека во главниот град се повредени најмалку 24 лица. Според украинското ...
Делови од Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска, 7 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Прекините се во различни периоди: 06:00 – 10:00 часот: Колонија Идризово и дел од Јурумлери во општина Гази Баба. 08:30 – 12:30 часот: селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од Булачани, на подрачјето на Бутел и Гази Баба. 09:00 – 12:00 часот: дел од корисниците на улицата „Антон ...
Сменетиот украински министер за одбрана Михајло Федоров изјави дека сè уште гледа шанса да се врати на функцијата. Во интервју, тој порача дека не постои децидно „не“ за неговото враќање и дека за време на воената криза нема морално право да се занимава со ниту една друга дејност. Федоров, кој беше разрешен од министерската функција во средината на јули, истакна дека одбраната на земјата во моментов ја раководи само вршител на должност. ...
Онколошките пациенти во Македонија повторно алармираат за прекини во лекувањето и дијагностиката, наведувајќи дека недостигот на одредени терапии и нефункционалниот ПЕТ/КТ скенер сериозно го отежнуваат следењето на нивната здравствена состојба. Според сведоштвата на пациентите, единствениот државен ПЕТ/КТ апарат не функционира веќе неколку месеци. Иако накратко бил повторно ставен во употреба, снимањата повторно биле прекинати, оставајќи ...
На 15 август во Градскиот парк во Струмица со почеток во 20:00 часот ќе се одржи голем музички концерт на кој ќе настапат култните македонски музички состави „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“. Концертот е дел од програмата за одбележување на 35 години независност на Македонија. Настанот е во организација на „Авалон“ и е најавен како музичка вечер посветена на најдоброто од македонската музичка сцена. Концертот е отворен за јавноста, а ...
МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници уапсиле 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Сите 15 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, а пет од нив биле малолетници. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за ...
Во претстојната учебна 2026/27 година ќе има најмалку околу 3.000 првачиња помалку во споредба со лани, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. На прес-конференцијата на која беа соопштени резултатите од државната матура, Јаневска рече дека намалувањето на бројот на ученици во основното образование е загрижувачко. Во моментов има 4.900 првачиња помалку од лани „Во овој момент бројката е 4.900 првачиња помалку од лани. Но, ...
Државниот завод за статистика го објави последниот извештај за дејноста угостителство и туризам. Според ДЗС, цените на ноќевањата кои во јули 2026 се зголемени за 6,7 проценти во однос на јули 2025. Во однос пак на рестораните, цените и натаму бележат постојан раст. „Цените на угостителските услуги во јули 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 3.2 %. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – ...
Украинските одбранбени сили извршија напади со беспилотни летала врз две големи нафтени рафинерии на територијата на Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека цел на нападите биле рафинеријата „Славнефт-Јанос“ во Јарославл и „Башнефт-Новоил“ во Башкортостан. Густ чад на локацијата во Јарославл беше забележан и од локалното население, кое сподели повеќе видеоснимки на социјалните мрежи. Верификуваните материјали покажаа ...
Во масовниот руски ракетен и дронски напад врз Киевската област загинаа 17 лица, а најмалку 45 се повредени, соопштија украинските власти. Поради трагедијата, шефот на регионалната воена администрација Тимур Ткаченко за денеска прогласи Ден на жалост во целиот регион. Нападот беше изведен во текот на ноќта со балистички и крстосувачки ракети, како и со повеќе од сто беспилотни летала насочени кон цивилна и логистичка инфраструктура. ...
Американската администрација на Доналд Трамп најави нов пакет помош од 242 милиони долари за борба против епидемијата на ебола во Африка, со фокус на Демократска Република Конго. Итниот финансиски пакет, кој чека одобрение од американскиот Конгрес, доаѓа во момент кога хуманитарните организации предупредуваат дека ова е најголемиот и најтешкиот бран на ширење на вирусот во историјата на оваа африканска земја. Според податоците на ...
Неколку пациентки денеска симболично ќе излезат пред Министерството за здравство за повторно да предупредат на честите прекини во снабдувањето со онколошка терапија. Од Клиниката уверуваат дека континуитетот на лекувањето не бил нарушен и дека недостигот наскоро ќе биде надминат. Пациенти од Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска ќе одржат симболичен протест пред Министерството за здравство, револтирани од повторниот недостиг на дел ...
Русија ноќеска го изведе еден од најсмртоносните напади врз Киев и неговата околина годинава, при што загинаа најмалку 21 лице, а десетици се повредени. Во масовниот удар со балистички проектили и дронови беа погодени стамбени згради и цивилна инфраструктура. Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана не успеала да собори ниту една од 24-те балистички ракети, што повторно го отвори прашањето за каснењето на западната воена ...
Најмалку 17 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во еден од најсмртоносните руски напади врз Киев оваа година, соопштија украинските власти. Во текот на ноќта, Русија лансирала балистички ракети и беспилотни летала кон украинскиот главен град и околните населени места. Според украинската армија, системите за противвоздушна одбрана успеале да соборат голем дел од беспилотните летала, но не и балистичките ракети, кои предизвикале големи ...
Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските сили во текот на јули елиминирале повеќе од 30.000 руски војници, нагласувајќи дека бројката се темели исклучиво на случаи за кои, според него, постојат јасни видеодокази. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски посочи дека украинските единици на фронтот во јули неутрализирале вкупно 30.272 руски војници, при што во оваа бројка се вклучени и загинатите и тешко ранетите. „Оваа бројка ги ...
Жителите на делови од Гостивар деновиве се соочуваат со дополнителен проблем, бидејќи покрај тоа што водата сè уште не смее да се користи за пиење и подготовка на храна, во одредени населби привремено нема ниту техничка вода. Причина за тоа е процесот на интензивно чистење, испирање и дезинфекција на водоводната мрежа, кој се спроведува по големата здравствена криза предизвикана од загадувањето на водоснабдителниот систем. Надлежните ...
Утре, шести август, улицата „Перо Наков“ ќе биде целосно затворена за сообраќај во периодот од 8 до 16 часот, информираа Град Скопје и Општина Гази Баба. Прекинот ќе важи на делницата кај патниот премин преку железничките пруги, во близина на Железничката станица во Маџари. Во текот на осумчасовната забрана, екипи на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ ќе вршат санација на патниот премин, поради што улицата ќе биде целосно затворена за возила. Работите ...
Севернокорејска ракетна единица започна со распоредување во западна Русија и се очекува да биде опремена со 120 балистички ракети и шест лансери за напади врз Украина. Оваа информација ја потврди Андри Черњак од украинската воена разузнавачка служба (ГУР). Според Киев, руските сили планираат да сместат околу 90 севернокорејски воени лица во регионот Воронеж, во рамки на руската 112-та ракетна бригада, за дополнително притискање на ...
Америка е подготвена за брзо отворање на Ормускиот Теснец или за сериозна воена ескалација против Техеран, порача претседателот Доналд Трамп. Додека дипломатите во Вашингтон преговараат за привремено 60-дневно решение за раздвојување на поморскиот сообраќај меѓу иранските и оманските води, тензиите во клучниот глобален коридор достигнуваат точка на вриење по нови ракетни напади врз трговски бродови. Американскиот претседател Доналд Трамп ...
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил во морето, на длабочина од 10 километри, во близина на островот Минданао, околу 104 километри од градот Генерал Сантос. И покрај силниот потрес, не е издадено предупредување за опасност од цунами. Според сведоштва на граѓани објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил ...