Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Новак Ѓоковиќ, доживеа колапс и го заврши учеството во Синсинати веќе во второто коло, откако загуби од Тијаго Агустин Тиранте со 6:2, 4:6, 4:6. Српскиот ас го отвори мечот на најдобар можен начин и го доби првиот сет без поголеми проблеми. Ѓоковиќ двапати го освои сервисот на противникот, додека Тиранте не можеше да најде решение за играта на првиот носител. Ситуацијата, сепак, целосно се промени во продолжението. На почетокот на вториот ...
Автобус со 84 патници, сите државјани на Србија, излетал од коловозот во Бугарија, но во несреќата нема повредени, соопшти Амбасадата на Србија во Бугарија. Несреќата се случила кај исклучувањето за Панѓуриште, во правец кон Софија. Двокатниот автобус ја пробил заштитната ограда и завршил на блиската нива. По несреќата, сите патници безбедно го напуштиле автобусот и биле пренесени до блиската бензинска станица „Инса оил“. Таму се очекува да ...
Недоразбирање околу домашен миленик – куче, прераснало во физичка пресметка меѓу двајца скопјани во скопски Карпош. Како што информира МВР, вчера, 14 август, во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 67-годишниот В.К. и 27-годишниот А.Н., двајцата од Скопје. Според пријавеното, настанот следел по претходно недоразбирање поврзано со куче, по што расправијата ...
Најмалку 47 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени и десетиците последователни потреси што денеска ја погодија источна Индонезија. Спасувачките екипи сè уште не стигнале до областа Нагекео, која се наоѓа најблиску до епицентарот, откако свлечишта ги блокираa патиштата и ја нарушиja комуникацијата, соопштија официјалните власти. По земјотресот, кој се случи рано утринава, во неколку крајбрежни области на земјата бea ...
Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност. Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се земе предвид дека во текот на вчерашниот ден имало 27 пожари на ...
Пожари се активни во пет општини во Црна Гора, а најкритична е состојбата во Херцег Нови и Улцињ, каде пожарникарите се обидуваат да ги заштитат објектите и инфраструктурата од огнената стихија. Според црногорското Министерство за внатрешни работи, во Херцег Нови најкритично е над Ѓеновиќи, на потегот од Бијела до Зеленика, додека пожар повторно се активирал и над Драгаљ, во општина Котор. Во Улцињ активни се пожарите во Владимир, Клезна, ...
Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, се струполи на теренот, во финишот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг. Германскиот репрезентативец, кој беше еден од стрелците за домашниот тим, ги загрижи сите на стадионот во тој момент. Падна, во еден момент дури и ја изгуби свеста, а сè изгледаше крајно драматично. За среќа, брзо се освести благодарение на експресната интервенција на медицинскиот тим на Баварците. Мусијала, ...
Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар. Според првичните податоци прикажани од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска, 15 август, во 16:10 часот. Епицентарот бил лоциран на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна географска должина, во ...
Рафаел Леао дефинитивно ќе го напушти Милан овие денови, останува да се види кој клуб ќе го избере за да ја продолжи кариерата, тврдат италијанските медиуми. Многу се очекуваше од Леао во Милано и тоа не беше без причина, но се чини дека напаѓачот никогаш целосно не го покажа својот потенцијал. Со текот на времето, се создаде негативна енергија во односот помеѓу играчот и клубот, а ситуацијата ескалираше ова лето кога новиот тренер Рубен ...
Атлетико Мадрид се засили со репрезентативецот на Аргентина, Кристијан „Кути“ Ромеро. Светскиот првак со Аргентина во 2022 година потпиша договор со „јорганџиите“, до летото 2031 година. Тимот на аргентинскиот стручњак Диего Симеоне сега брои четворица од редовите на „албиселесте“ – тука се неговиот син Џулијано Симеоне, резервниот голман Хуан Мусо и Хулијан Алварез, кој остана во Атлетико и покрај тоа што изрази желба да замине во ...
Феран Торес официјално стана играч на Пари Сен Жермен, објави францускиот клуб. Торес потпиша договор со ПСЖ до 2031 година, а во Франција доаѓа од Барселона за 50 милиони евра, објавува „Мундо депортиво“. „Воодушевен сум што започнувам нова авантура во толку амбициозен клуб како Пари Сен Жермен. Би сакал да им се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Келаифи, спортскиот директор Луис Кампос и тренерот Луис Енрике што ми дадоа можност да ...
Украинската војска го погоди рускиот ракетен и вселенски центар во Самара, како и воен аеродром што служел како база за руските борбени авиони – изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Toj преку платформата Телеграм додаде дека украинските сили извршиле успешен напад и врз руски нафтен објект во балтичкото пристаниште Уст-Луга, каде што е предизвикана материјална штета. Локалните власти во Самара потврдија дека Украина ...
Грција се подготвува за нов ден со исклучително висок ризик од шумски пожари, поради што за недела е прогласено црвено предупредување во повеќе делови од земјата. Предупредувањето од четврти степен, кој означува многу висок ризик од пожари, е издадено за Атика, вклучително и островот Китира, како и за Беотија, Евбеја со Скирос, Кикладите и Крит. Воведувањето на црвеното ниво подразбира целосна мобилизација на надлежните служби и опремата за ...
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко. -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „Ер трактори“ со концентрирано дејство на ...
Од обично летување на Ситонија до драматична борба за спас на човечки животи – така изгледал еден ден од одморот на Иван Катанчевиќ од Ниш, кој на плажата Сикија двапати влегол во морето за да спаси луѓе што силните бранови ги одвлекле од брегот. Иван раскажал дека неговото семејство тој ден решило да остане на плажата и покрај предупредувањата дека морето е опасно поради силниот ветер и високите бранови. Тој влегол во морето со својата ...
Дванаесет возачи во текот на изминатото деноноќие биле лишени од слобода на територијата на целата држава поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, а меѓу нив бил и еден малолетник. Еден од возачите бил фатен како управува под дејство на алкохол. Дополнително, полицијата лишила од слобода уште тројца возачи кои ...
Педесет и двегодишен жител на Тетово е лишен од слобода по пријава дека му упатувал закани на својот 26-годишен син. Според МВР, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Ш.И. на 14 август околу 23 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово. Претходно, неговиот син А.И. пријавил дека татко му му упатувал вербални закани со остар предмет. Ш.И. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на ...
По повеќегодишните најави и одложувања, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој посочи дека довршувањето на булеварот со децении било едно од ветувањата за жителите на овој дел од градот, каде што секојдневно гравитираат повеќе од 100.000 граѓани. Според него, по решавањето на долгогодишниот проблем со експропријацијата, трасата била ослободена и работите ...
Седумдесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била нападната и ограбена пред продажно место во скопската населба Карпош. Според МВР, жената на 14 август во 20:20 часот пријавила дека претходниот ден околу 17:50 часот, едно лице со употреба на физичка сила ја турнало на земја и ѝ одзело личен накит. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Седумдесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била нападната и ограбена пред ...
Триесет и петгодишна скопјанка пријавила дека била измамена за околу 200.000 денари откако поверувала во понуда за каско-осигурување. Според МВР, жената на 13 август во СВР Скопје пријавила дека во текот на јули телефонски била контактирана од женско лице, кое ѝ понудило каско-осигурување за нејзиното патничко возило, со ветување дека за возврат ќе добие поголема сума, односно премија. Откако во неколку наврати ја уплатила целата побарана ...
Случај со малолетници во Кисела Вода прераснал во физички пресметки меѓу нивните родители, по што полицијата го расчистила настанот. Според МВР, 35-годишен скопјанец на 14 август пријавил дека претходната вечер околу 21:30 часот, на игралиште во Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници. Откако родителите пристигнале на местото, малолетниците се разбегале во двор на соседна куќа. ...
Педесетгодишен жител на Тетово е осомничен за семејно насилство, сериозни закани кон сопругата и ќерката, како и за прекршување на претходно изречени мерки за заштита од семејно насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово. Според обвинителството, на 14 август осомничениот сериозно им се заканувал на сопругата и ќерката дека ќе ги нападне и ќе им го загрози животот. Случајот започнал откако во домот дошле лица кои од осомничениот ...
Шест пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, според најновите податоци на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 13 часот на 15 август. Во текот на денот биле регистрирани вкупно 11 пожари. Покрај шесте активни, три се ставени под контрола, а еден пожар е целосно изгаснат. Активни се пожарите во општина Студеничани, во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Во Македонски Брод пожарот ...
Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје се во согласност со правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на 14 август, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот се спроведува согласно Правилникот за ...
Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако при изведување градежни работи во Тетово бил оштетен оптички кабел во сопственост на Министерството за внатрешни работи. СВР Тетово поднело кривична пријава против В.К. (53) од Тетово и Ј.А. (27) од селото Цветово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“. Според МВР, на 28 март 2026 година, првопријавениот, како ...
Повеќе од десет лица се повикани на разговор во Министерството за внатрешни работи по ширењето на лажната информација дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли, изјави премиерот Христијан Мицкоски. На отворањето на новата спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во скопската Општина Кисела Вода, Мицкоски оцени дека ширењето вакви пораки преку социјалните мрежи претставува обид за создавање немир, несигурност и страв кај граѓаните. Тој ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле водени разговори меѓу ...
Големиот пожар што избувна во областа Локва Рогозница вечерта на 13 август се претвори во една од најсериозните пожарни катастрофи во областа Омиш за само неколку часа. Членовите на ДВД Трогир објавија снимки од центарот на пожарот. Големиот пожар се претвори во една од најсериозните пожарни катастрофи во областа Омиш за само неколку часа. Началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ, исто така, потврди за Net.hr дека пожарот на ...
Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од слобода 35-годишен жител на Бучим. На 13 август, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го запреле возилото „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В. (35) од село Бучим, на крстосницата за селото. За М.В. претходно била изречена мерка на претпазливост – забрана за напуштање на домот, ...
Силен земјотрес со магнитуда од 5 степени ја погоди туристички популарната област во јужниот дел на Шпанија, предизвикувајќи паника меѓу туристите и оставајќи зад себе оштетени домови и автомобили. Земјотресот ја потресе Гранада, град познат по импресивната палата Алхамбра, околу 1 часот по полноќ по локално време. Според првичните информации, во делови од градот се регистрирани значителни оштетувања на куќи и автомобили, а исплашени туристи ...