Денеска продолжува новото 25. ПМФЛ коло во кое се среќаваат екипите на Брера и Арсими во Струмица, односно Силекс и Шкупи во Кратово. По 45. минути, игра Силекс според очекуваното води со 3:0 против Шкупи со головите на Алиќ, Пиреш и Мирчевски. Алиќ и Пиреш погодија со глава во петтата односно, десеттата минута, додека пак во 38. минута Мирчевски реализираше од пенал. Од друга страна, Арсими поведе уште во третата минута во Струмица, на ...

Во рамки на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, екипите на Силекс и Брера Струмица запишаа значајни победи, секоја на свој начин – кратовци убедливо, струмичани со пресврт. Силекс на домашен терен одигра моќен натпревар и со убедливи 6-0 го декласираше последнопласираниот Шкупи. Домаќините уште од самиот старт ја наметнаа својата игра и веќе по десетина минути имаа солидна предност. Стрелци за убедливиот триумф беа Ади Алиќ, Пиреш, ...