Реал Мадрид пред неколку дена го информирал Баерн Минхен за својата намера да не ги нарушува односите заради трансферот на напаѓачот Мајкл Олисе. Според инсајдер Фабрицио Романо, претседателот на шпанскиот клуб Флорентино Перез би сакал да го потпише 24-годишниот Французин, но само ако Баерн отвори врата за преговори. Ова повеќе нема да се случи во летото 2026 година. Реал Мадрид во моментов е фокусиран на напаѓачот на Лајпциг, Јан Диоманде. ...

Барселона има намера да го продолжи договорот со шпанскиот фудбалер Феран Торес доколку страните успеат да постигнат договор за неговата плата, објавува „Марка“. Каталонците не се во можност да му понудат на 26-годишниот напаѓач значително финансиско подобрување поради ограничениот буџет за плати. Затоа, „Блауграната“ ќе има тешкотии да се натпреварува со условите што другите клубови, особено ПСЖ, се подготвени да ги понудат. Во сезоната ...

Здравствените работници во Центарот за лекување на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго денеска стапија во штрајк, барајќи исплата на заостанатите плати, со што е нарушена грижата за пациентите во епицентарот на брзо растечката епидемија во таа централноафриканска земја. Бројот потврдени случаи на ебола во Конго достигна 2.973, од кои 1.309 завршиле со смртен исход, покажуваат вчера објавените државните податоци. Властите ...

Возило влета во толпа синоќа за време на одржувањето на Парадата на гордоста во Берлин, при што едно лице загина, а најмалку 16 се повредени, поради што полицијата ја прекина манифестацијата неколку часа по нејзиниот почеток. Полицијата соопшти дека дел од повредените се во животна опасност. Пожарникари и екипи на итната медицинска помош пристигнаа на местото на инцидентот за да им укажат помош на повредените. Во објава на социјалната мрежа ...

Тајфунот Ноул изутринава ги зафати јужните делови на Кина, проследен со силни ветрови и обилни врнежи што викендов го погодија и регионот на Хонгконг. Поради тајфунот Ноул во покраината Гуангдонг биле евакуирани повеќе од 715 илјади луѓе, додека властите го подигнале нивото на подготвеност, а стотици летови се откажани. Кинескиот Национален метеоролошки центар соопшти дека тајфунот Ноул стигнал до копното околу 3:50 часот по локално време, ...

Романските воздухопловни сили собориле уште еден дрон што неавторизирано навлегол во воздушниот простор на Романија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана. Станува збор за трет таков случај во последните три дена. Дронот бил соборен во 10:13 часот од борбен авион „Ф-16“ над романските територијални води на Црното Море, на околу 12 километри североисточно од Сулина. „Дронот беше безбедно уништен во националниот воздушен простор ...

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека на планината Елбрус се пронајдени телата на двајца планинари од Босна и Херцеговина, додека по уште тројца членови на групата се трага и се стравува дека и тие настрадале. Двајца планинари биле спасени. Седумчлената планинарска експедиција од Босна и Херцеговина била зафатена од снежна бура за време на искачувањето на Елбрус. Еден член на групата успеал самостојно да се спушти и да побара ...

Британскиот премиер, Енди Барнам, денеска изјави дека британските интереси ќе му бидат приоритет во односите со американскиот претседател Доналд Трамп. „Не можам во ниту еден момент да кажам дека нема да имам различно мислење од него, дека нема да морам да изнесам поинаква идеја, што е исправна за Британија“, изјавил Барнам во интервјуто за „Би-Би-Си“. Новиот британски премиер рече дека јавно ќе му се спротивстави на Трамп доколку тоа биде ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се ...

ВМРО-ОКГ деновиве тврди дека СДСМ шири дезинформации и паника за водата. Во Гостивар ситуацијата е катастрофална. За само неколку денови има речиси 4.000 пациенти. Болницата е преполна. Водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба. Ова е „дезинформација“? Додека граѓаните стојат во редови за флаширана вода и полнат болнички ходници, ВМРО-ОКГ се занимава со обвинувања за паника. Реалноста е јасна: Илјадници заболени. Вода што не смее ...

Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници на ...

На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува ...

Големиот шумски пожар што го зафати подрачјето околу котлината во францускиот регион Нова Аквитанија и се прошири до предградијата на Бордо, уништил 42 илјади хектари земјиште, соопшти денеска префектурата на департманот Жиронда. Поради пожарите во Франција и соседна Шпанија, евакуирани се повеќе од 300 илјади луѓе. Од средата во Франција вкупно се евакуирани 220 илјади жители. „Од 4 часот изутринава, проценетата изгорена површина изнесува 42 ...

Министерот за здравство Сашо Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар. Клековски призна дека институциите задоцниле, ама не затоа што сакаше да ја каже вистината туку затоа што не може да ја сокрие непособноста. Во болницата во Гостивар веќе помош побарале над 4.000 граѓаните, се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна. Ова признание на Клековски не ја намалува ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува утре да биде објавено соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на клучката Момин Поток, Мицкоски рече дека резултатите од досегашните анализи се ...

Вчера министерот Kлековски призна дека е нивна грешка. Денес одговорноста веќе е префрлена на локално ниво. Како пинг-понг. Никој не превзема одговорност. Само се префрла. Утре Гостивар треба да добие „технички исправна“ вода. Значи – сè уште не за пиење. И сега прашањето е едноставно: Како да им веруваме? Кога на Мицкоски и на неговата влада црвените светла и алармите им доцнат, како да веруваме дека оваа „техничка“ вода утре ќе биде ...

Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според него, веднаш по пријавата за пожарот, ЦУК ги контактирал и ги координирал надлежните институции, додека Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала на терен. – Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи веднаш ги контактираше и ги координираше ...

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, има желба за соиграч во клубот од Саудиска Арабија да го има својот сонародник Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед, објави „365Scores“. Четириесет и едногодишниот Португалец лично се обидува да го убеди Фернандеш да се приклучи на Ал-Наср, надевајќи се дека ќе го искористи тоа што преговорите за продолжување на договорот на играчот со Манчестер јунајтед досега не успеаја. Роналдо, исто така, бара ...

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) нема да ја истражува можната вмешаност на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во поништувањето на црвениот картон на напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун, на Светското фудбалско првенство 2026, објави „The Athletic“. „FairSquare“, организација која ги промовира човековите права и управувањето со спортот, поднесе жалба до ИОК, тврдејќи дека Инфантино можеби го прекршил принципот на ...

Поранешниот репрезентативец на Аргентина, Анхел Ди Марија, очекува Лионел Меси да игра за националниот тим уште многу години. -Момците од репрезентацијата заслужуваат многу повеќе од само аплауз за сè што постигнаа во овој период. Бев загрижен за време на секој натпревар од Светското првенство во 2026 година. Овој тим секогаш наоѓаше нешто посебно во себе што им овозможуваше да победат. Во финалето понекогаш победуваш, понекогаш не. Овој пат ...

Полицијата синоќа во 19.30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. -При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од ...

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе истрага против виш референт за шалтерски услуги во прилепскиот Центар за вработување, осомничен дека во период од три месеци побарал и примил поткуп од 18.000 денари од корисник на социјална помош, ветувајќи му дека нема да му биде укинат надоместокот и дека неговата сопруга ќе биде евидентирана како активен барател на работа. Осомничениот бил приведен при примопредавање на последниот износ, а ...

Најновите американски царини за шеесетина земји воведени од претседателот Доналд Трамп веднаш предизвикаа приговори од трговските партнери како што се Кина, Јапонија и Австралија, а австралискиот министер за трговија ги нарече „целосно неоправдани“. Администрацијата на Трамп воведе царини од 10 до 12,5 проценти наводно затоа што тие земји не ја спроведувале соодветно забраната за продажба на производи изработени со принудна работа. Царините ...

Приврзаници на соборениот претседател на Венецуела Николас Мадуро вчера на протест на плоштадот Симон Боливар во Каракас ги запалија американското и израелското знаме, извикувајќи слогани против САД. Демонстрантите, исто така, ги газеа сликите на Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, извикувајќи „Грингоси, одете си дома!“ и „Ова не е помош, ова е окупација“ – алудирајќи на американската помош обезбедена по двата земјотреса во ...

Властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе поради големите шумски пожари што беснеат во двете земји. Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано изутринава, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја повика војската да помогне во гаснењето на пожарите. Пожарот во Жиронд досега проголта ...

Индустрискиот сектор во Германија губи околу 15.000 работни места секој месец, предупреди раководителката на Федерацијата на германски индустрии (BDI), Тања Генер. Геополитичките случувања, како што се царинските политики на САД и растечката индустриска доминација на Кина, влијаат врз германската индустрија. Генер во изјава за ДПА предупредува дека ситуацијата во индустрискиот сектор е критична, но оти се уше има можност работите да се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа присуствуваше на вечерата со дописниците од Белата куќа, која се одржа три месеци по настанот организиран по истата пригода, на кој се случи оружен инцидент поради кој претседателот и други виоски прествници од неговата администрација мораа да бидат евакуирани. Вечерата со дописниците од Белата куќа во хотелот „Валдорф Асторија“ во Вашингтон во април годинава беше прекината, откако вооружен човек ...

Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2026 година изнесува 462 653 МWh, што претставува 96.5 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Како што информира Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.46
49%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.68
74%
1010
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
2.38
67%
1009
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.3
42%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.36
38%
1011
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.99
89%
1010
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
61%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.84
52%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.34
75%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
66%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
52%
1007
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 21ᴼ
2.16
100%
1016
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Калај

53.50

Алуминиум

3.17

Рутениум

53852.50

Паладиум

39448.97

Сребро

1870.85

Цинк

0.00

Бакар

12.74

Иридиум

252383.36

Платина

50958.93

Родиум

263636.12

Кобалт

56.29

Злато

130265.18