Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 отсто во однос на претходната одлука од 27 јули. Новите цени ќе важат од 5 август 2026 година од 00:01 часот. Според одлуката на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 91 денар за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 93 денари за литар. Цените на двата бензина се намалуваат за 2 денари по литар. Еуродизелот ќе ...
Тежок случај на семејно насилство ја вознемири Струмица, откако 37-годишен маж е осомничен дека со остар предмет ја нападнал својата поранешна сопруга во угостителски објект и ѝ нанел тешки телесни повреди. Против него е поднесена кривична пријава за обид за убиство во врска со семејно насилство. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 31 јули 2026 година околу 12:40 часот во угостителски објект во ...
Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во централното градско подрачје на Скопје, во близина на Собранието и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Според првичните информации, во несреќата учествувале две патнички возила, кои по силниот удар претрпеле сериозни оштетувања. Од јачината на судирот бил оштетен и семафорот поставен на крстосницата. На местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска ...
Родителите на идните првачиња во Општина Ресен ќе добијат финансиска поддршка пред почетокот на новата учебна година. Локалната самоуправа започна со реализација на мерка со која на секое семејство чие дете за првпат ќе седне во училишна клупа ќе му биде доделена еднократна парична помош. Од Општина Ресен информираат дека е објавен Јавен повик преку кој родителите или старателите можат да аплицираат за добивање на средствата. Поддршката ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави МЕТЕОАЛАРМ за среда, 5 август 2026 година, поради очекувани високи температури на целата територија на Македонија. Според објавената мапа, целата држава е опфатена со предупредување за опасно високи дневни температури, поради што се препорачува граѓаните да бидат особено внимателни во текот на најтоплиот дел од денот. Надлежните препорачуваат: да се избегнува престој на отворено во периодот ...
Основното јавно обвинителство во Гостивар отвори истражна постапка против четири лица од селото Добри Дол, во Општина Врапчиште, кои се осомничени за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“ поради употреба на огнено оружје за време на свадбена прослава. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил вечерта на 31 јули во дворот на семејна куќа во селото, каде што за време на свадбата осомничените користеле три пиштоли и ...
Трагедија се случи во кањонот Орлиас на планината Олимп во Грција, каде што 32-годишен маж го загуби животот за време на излет со пријатели. Според грчките медиуми, тој во неделата заедно со уште две лица се искачил до локалитетот познат како „Црвена Карпа“, на околу 650 метри надморска височина. По пристигнувањето, скокнал во природен базен со многу студена вода. Според првичните информации, веднаш по влегувањето во водата му се слошило, по ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Времето во наредните денови Продолжува периодот на сончево и многу топло време со ...
Август носи силна енергија за финансиски напредок, нови можности и позитивни пресврти. Според астролозите, неколку хороскопски знаци ќе се најдат под особено поволно влијание на ѕвездите, што може да им донесе поголеми приходи, успешни деловни потези и неочекувани добивки. Бик За Биковите, август е месец на финансиска стабилност и раст. Можно е зголемување на приходите, бонус, покачување на платата или успешна реализација на проект кој долго ...
Деветнаесетгодишна девојка од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, случајот бил пријавен на 2 август во ОВР Неготино. Околу 19:40 часот, кај местото викано „Антените“, патничко возило „Фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.К. од Кавадарци, изгубило ...
Сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделава. Од четврток во попладневните часови локално се најавуваат дожд и грмежи. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи – велат од УХМР. Од среда ...
Пожарот во кавадаречко и вечерва останува активен, а поради големата зафатена површина и непристапниот терен, засега не може да биде ставен под контрола. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, огнената стихија зафатила претежно нискостеблеста шума и вегетација, додека силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки. Ангелов, кој во текот на целиот ден беше на ...
Сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделава. Од четврток во попладневните часови локално се најавуваат дожд и грмежи. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи – велат од УХМР. Од среда ...
Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди откако било прегазено од автомобил на улица во Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 16 часот на улицата „Железничка“ во Гостивар. Во детето удрило патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од гостиварското село Чегране. По укажаната прва медицинска ...
Вознемирувачка снимка од Гостивар е објавена на социјалните мрежи, на која се гледа брутална тепачка меѓу поголема група млади лица на улица. Според снимката, едно од момчињата било соборено со удар во пределот на главата и паднало во бесознание. И покрај тоа што лежело неподвижно, нападот продолжил со удари по телото. Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи. Вознемирувачка снимка од Гостивар е објавена на ...
Познатата актерка Наталија Дончева почина на 56-годишна возраст, објавија француските медиуми. Веста ја потврди нејзиниот агент, кој ја опиша како исклучително талентирана уметница и личност со голема чувствителност. Причината за смртта засега не е соопштена. Тажната вест ја потврди и нејзиниот брат преку објава на социјалните мрежи. Тој напиша дека Наталија починала опкружена со најблиските – нејзиниот сопруг, родителите и братот. Дончева е ...
Планетите се наместиле така што Сонцето поминува низ Лавот, а Венера ја грее Вагата. Ова значи низа мали, последователни погодоци, а не еден удар што го менува животот. Проблемот е што таквата низа речиси секогаш се враќа на истата каса, во новиот билет, истото попладне. Планетарното порамнување до 6 август укажува дека Стрелецот, Лавот и Вагата имаат зголемени шанси за добивка преку игри на среќа. Сезоната на Лав и Венера во Вага укажуваат ...
Вчера во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода М.Н.(34) од кратовско село, вработен како полициски службеник во МВР, поради сомнение дека на 01.08.2026, во период кога не бил службено ангажиран, во близина на угостителски објект во Кратово испукал повеќе куршуми од неговиот службен пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални ...
Македонија се прости од д-р Никола Стојановски, истакнат лекар, учесник во Народноослободителната борба, долгогодишен претседател и почесен претседател на Сојузот на борците на Македонија, како и првиот претседавач на повеќепартиското Собрание по воведувањето на парламентарната демократија. Роден на 8 февруари 1923 година во селото Скачинци, велешко, Стојановски уште во младоста се приклучил на антифашистичкото движење. Во 1942 година бил дел ...
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на 38 километри северно од египетскиот град Суец, 3 часа по полноќ, соопшти египетскиот Национален институт за истражување на астрономија и геофизика. Од Институтот изјавија дека не добиле извештаи за жртви или за материјална штета. Египетскиот министер за здравство, Калед Абдел Гафар, нареди активирање на плановите за итно постапување низ целата земја и упати ...
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, доцна вечер преку социјалните мрежи апелираше дека во моментов пожарот во атарот на село Раец е активен на пет различни локации, а ситуацијата е исклучително сериозна. „Надлежните служби, пожарникарите и сите вклучени екипи вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Апелираме до сите граѓани да не се движат кон зафатеното подрачје, да не го попречуваат работењето на службите и ...
Слаб земјотрес вечерва беше почувствуван во Скопје и околината, потврдија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Според првичните информации, потресот е регистриран околу 21:54 часот и бил со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала. Од Опсерваторијата наведуваат дека земјотресот бил почувствуван со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала, но нема информации за ...
Поради сообраќајна несреќа што се случила во близина на м.в. Превалец, сообраќајот на патниот правец од Виница и Македонска Каменица кон Кочани во моментов е целосно во прекин. Според информациите добиени од возачи кои се наоѓаат на местото на настанот, возилата се задржани, а сообраќајот е блокиран до понатамошно известување. На возачите им се препорачува да ја избегнуваат оваа делница и да користат алтернативни патни правци доколку тоа е ...
На 103-годишна возраст почина д-р Никола Стојановски, истакнат лекар, учесник во Народноослободителната борба и првиот претседавач со конститутивната седница на повеќепартиското Собрание на Македонија во 1991 година. Стојановски беше еден од најдолговечните сведоци на клучните историски настани од поновата македонска историја. Како најстар пратеник во тогашниот парламентарен состав, во јануари 1991 година ја водеше конститутивната седница на ...
Вечерва во Скопје беше почувствуван земјотрес, кој го вознемири дел од населението. Во моментов, на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) сè уште нема официјални информации за епицентарот, јачината и длабочината на земјотресот. Засега евидентирано е само дека сеизмолошки настан се случил. Се очекува во текот на наредните минути да бидат објавени повеќе детали од надлежните сеизмолошки служби. Штом бидат достапни официјалните ...
На 01.08.2026 во 22:06 часот, во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека кај нив биле донесени две повредени лица од сообраќајна несреќа. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во с. Дебреше, во близина на основното училиште, четирицикл без регистарски таблички, управуван од 14-годишник од с. Чегране, а како сопатник бил 13- годишник од с. ...
Осумдесет и четиригодишен пешак се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил мопед на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, несреќата била пријавена на 1 август во 14:20 часот, а во неа учествувал мопед управуван од малолетник, кој удрил во пешакот А. Ч. (84), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека возачот на мопедот ...
Цените во угостителските објекти во Охрид повторно се најдоа во центарот на вниманието, откако јавноста ја разбранува објава на Ѓорѓи Галетановски на социјалните мрежи. Тој сподели дека при посета на охридски ресторан нарачал пастрмка, а по добиената сметка останал шокиран. Според неговата објава, едно парче риба било наплатено неверојатни 3.720 денари. „Ги корегираа цените и одма фул Охрид. Наредно лето ни децава од Скопје нема да ви ...
Струмичките пожарникари утринава извлекоа мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Спасувачката акција започнала околу 5:15 часот, кога екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица добила повик и веднаш се упатила кон местото на несреќата. Пожарникарите употребиле специјална спасувачка опрема и успеале безбедно да ги извлечат двете лица од провалијата. По интервенцијата, ...
Министерството за внатрешни работи соопшти детали за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот „Мајка Тереза“, во непосредна близина на наплатната рампа Глумово, во правец кон Скопје. Според официјалниот полициски билтен, инцидентот бил пријавен на први август во дваесет часот и дваесет минути, при што во верижниот судир учествувале едно патничко возило и два мотоцикли. Според првичните сознанија, во сообраќајката ...