
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Помалку пари за гасификација, за патна инфраструктура, за изградба и реконструкција на училишта. Повеќе средства за железница, нова милионска ставка за општините, за дигитализација. Пред пратениците е новиот ребалансиран Буџет, прв со потпис на новата влада. Во дел од ресорите има позначајни поместувања во Развојниот буџетски дел со кој се опфатени капиталните инвестиции. Порталб.мк во првиот дел на анализата ги става „под лупа“ ресорите кои ...
Во ракетен напад во саботата, кој погоди фудбалско игралиште на Голанската висорамнина под контрола на Израел, загинаа најмалку 11 деца и тинејџери, соопштија израелските власти. Израел го обвини Хезболах за нападот, но Хезболах побрза да негира каква било улога. Нападот ги зголеми стравувањата од поширока регионална војна на Блискиот Исток, соопшти Асошејтед прес. Ова е најсмртоносниот напад врз израелска цел долж северната граница на земјата ...
Доналд Трамп им порача на христијаните дека „нема да мора“ повторно да гласаат по овие избори, велејќи дека „ќе го средиме тоа добро“. Трамп говореше во петокот вечерта на Самитот на верниците 2024 во Вест Палм Бич, Флорида. „Нема да морате повеќе да го правите тоа, уште четири години, знаете што? Ќе се среди, ќе биде добро. Нема да мора повеќе да гласате“, рече Трамп. „Треба да излезете и да гласате. За четири години, не мора повторно да ...
Три цистерни во складиште за нафта во рускиот регион Курск се запалиле како резултат на напад со беспилотно летало лансиран од Украина, изјави в.д. гувернерот Алексеј Смирнов а пренесе Ројтерс. „Во нападот нема повредени, а пожарот во еднa од цистерните бил брзо изгаснат. Сепак, 82 пожарникари и 32 единици опрема беа вклучени во обидот за гаснење на пожарите во другите две цистерни“, напиша Смирнов на својот Телеграм канал. Руското Министерство ...
Националниот изборен совет (ЦНЕ) во Венецуела соопшти дека, со 80 отсто пребројани гласови, претседателот Николас Мадуро освоил 51 отсто од гласовите на вчерашните избори во државата, пренесува Би-би-си. Но, постојат сериозни сомнежи за веродостојноста на овие резултати. Имено, претседателот на ЦНЕ е тесно поврзан со Мадуро. Дoполнително, „Едисон рисерч“, организација која е позната по тоа што ги следи американските избори, предвиде дека Мадуро ...
Пратеници од најмалку шест земји, меќу кои и Северна Македонија, биле под притисок од Кина да не присуствуваат на конференцијата на Меѓупарламентарната Алијанса за Кина (ИПАК) во Тајван, открива „Асошиејтед прес“ (АП). Претставници Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Словачка, Боливија, Колумбија, и азиска земја, чиј претставник не сакаше да ја именува, за АП изјавиле дека добивале имејлови, повици и пораки од претставници од НР Кина во кои ...
Француската полиција денес уапси активист кој припаѓа на ултралевичарското движење на локација која е во сопственост на националниот железнички оператор. Апсењето се случува неколку дена по саботажните напади што ја парализираа мрежата пред почетокот на Олимписките игри. Мажот бил приведен во Ојсел во северна Франција, а во него имал клучеви за пристап до техничките простории на операторот SNCF, алат и литература поврзана со ултралевичарската ...
Поплави ја зафатија Северна Кореја, оставајќи илјадници граѓани отсечени. Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун прогласи вонредна состојба, пренесува Би-би-си. Градот Синуиџу и областа Уиџу, кои се наоѓаат на граница со Кина, претрпеа најмногу штета – се ширеа слики од потопени земјишта и домови. Државните севернокорејски медиуми известија дека спасувале луѓе по воздушен пат, но Би-би-си не успеа независно да го потврди оваа тврдење. Северна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ги посети војниците на Специјалните оперативни сили (СОС) на Вооружените сили на Украина во Харкив. Им се заблагодари за нивната храброст и за херојските операции зад непријателските линии, по што им додели државни награди, пренесува Укринформ. Зеленски истакна дека војниците на СОС се борат на најтешкиот дел од фронтот, успешно спроведувајќи специјални операции и извршувајќи задачи. „Ве молам, чувајте ...
Две деца загинаа како последица на напад со нож во градот Саутпорт, на североистокот на Англија, соопшти полицијата, наведувајќи дека е уапсен 17-годишен напаѓач. Во нападот се повредени уште девет деца, од кои шест критични, а двајца возрасни се во тешка состојба. Полицијата соопшти дека осомничениот бил уапсен и пронајден е нож. Нападот се случил околу 12:50 часот по средноевропско време, а полицијата соопшти дека сè уште не е познат мотивот ...
Во Венецуела избија протести откако сегашниот претседател Николас Мадуро ја прогласи својата трета победа по ред на изборите и покрај изборните нерегуларности, пренесува „Асошиејтед прес“. Националниот изборен совет (ЦНЕ) на Венецуела го прогласи Мадуро за победникот на изборите. Но, лидерот на опозицијата Едмундо Гонзалез тврди дека има пристап до околу 70 отсто од гласачките ливчиња, според кои тој има двојно повеќе гласови од Мадуро. „Ви ...
Најмалку 56 загинаа во свлечишта и силни дождови во јужна Индија. Се смета дека има уште десетици затрупани, пренесува Би-би-си. Видеа на социјалните мрежи покажаа каллива вода како надоаѓа низ неасфалтирани улици и пошумени области, уривајќи домови. Повеќе од двесте лица се на терен во спасувачки мисии. Но, нивниот тек е попречен од обилните дождови. Дополнително, мост, кој спојува два региона, беше урнат во невремето, што го спречува пристапот ...
Либан е во состојба на готовност откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети остар одговор на смртоносниот ракетен напад врз окупираната Голанска Висорамнина, велејќи дека „Израел нема и не може да дозволи тоа да помине“. Во тек се дипломатски напори да се спречи ескалација во размената на огнот помеѓу милитантната група Хезболах и Израел, пренесува Гардијан. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера разговарал со израелскиот ...
Низа протестни собири со рекордна посетеност против Рио Тинто вчера продолжија на повеќе места во Србија, соопшти српската Архива на јавни собири, а пренесе Н1. Со повеќе од 7.000 учесници, протестот против ископ на литиум во Шабац стана најголемиот политички митинг во Србија годинава. „Не за Рио Тинто, сакаме чист воздух и чиста вода“, беше пораката на жителите на Шабац на вчерашниот протест. Покрај Шабац, се протестираше и во Краљево, ...
Бројни теории на заговор и дезинформации се раширија по обидот за атентат врз претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп. Вистиномер разгледа неколку од досега споделените наративи во земјава, кои случајно или не, потекнуваат и од лица од партии што се на страната на Кремљ и кои позитивно се изразуваат за Владимир Путин, пишува Вистиномер. Анализата ја пренесуваме во целост: Обидот за атентат врз претседателскиот кандидат на САД, Доналд ...
Хамас соопшти дека нивниот лидер Исмаил Ханијех бил убиен додека бил на посета во Иран, пренесуваат Би-би-си и Гардијан. Ханијех се подготвувал да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Иран Масуд Пезешкијан. Хамас вели дека тој бил убиен во „предавнички ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран“, каде тој и неговиот телохранител биле таргетирани во воздушен напад. Израел нема директно преземено одговорност за ...
Турција го одобри „законот за масакр“ како што го нарекуваат активистите за правата на животните и опозициските пратеници. Според Законот за бездомни кучиња, ќе се преземаат нови мерки во отстранувањето на кучиња скитници од турските улици, известува „Еуроњуз“. Љубителите на животните стравуваат дека ваквиот закон ќе доведе до убивање на голем број улични кучиња. Од Humane Society International соопштија дека му упатиле порака на загриженост на ...
Во Дојран ситуацијата е хаотична, веќе три часa чекаме помош во хеликоптери и ер трактори кои ќе го гасат пожарот, но помош не доаѓа, реагира градоначалникот на Дојран Анго Ангов, откако околината на Дојран ја зафати пожар кој се шири брзо поради силниот ветер. Во моментов гори над населба Карач, која е релативно нова населба, а се наоѓа меѓу Нов и Стар Дојран. Луѓето кои се таму во моментов, се во паника бидејќи дишењето им е отежнато поради ...
Пет лица поради пожарите се блокирани во куќа во Стројменци, во близина на Свети Николе и се прават обиди за нивно извлекување, информираше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој додаде дека во моментов се активни 30 пожари на отворено. „Правиме обиди да ги извлечеме луѓето, но поради огнот во селото тоа е многу тешко. Пуштен е полициски хеликоптер кој треба да фрли вода околу куќата, која сè уште не е во пламен“, ...
Северна Македонија не добила никакво барање или информација од властите во Венецуела дека македонски хакери биле вклучени во мешање во спорните избори во земјата. Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопшти дека Секторот за компјутерски криминал ги следи случувањата во однос на наводните обвинувања кон македонски државјани. По претседателските избори во неделата, на кои сегашниот претседател Николас Мадура прогласи победа и ...
На ниво на држава, состојбата со пожарите е тешка, но не алармантна, изјави утринава директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, по вчерашната загрижувачка ситуација кога имаше 66 пожари на отворен простор. Ангелов информира дека од овие 66 пожари, 55 се изгаснати, под контрола се ставени 3, а активни се 12. Најалармантна е ситуацијата во Пехчево, а на денешниот координативен состанок било договорено да се предложи Владата да ...
Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го привеле С.Р. од радовишкото село Али Коч затоа што подметнал пожари во близина на селото. „На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума“, информира МВР. По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело. „Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година“, велат од АХВ. Од АХВ ги повикуваат потрошувачите кои ги купиле посочените ...
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски одлуки, односно именуваше в.д. директори на институции, национални координатори, а донесе и препораки до членовите на Управните одбори кого да изберат за претседател. Ова се новите кадровски решенија на Владата: 1. Хасим Муртезани e именуван за заменик на Генералниот секретар на Владата. 2. Павле Трајанов e именуван за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против ...
Говедска коцка со серија 0507241, со рок на употреба до 05 јули 2025 година и пилешка коцка со серија 0307241, со рок до 03јули 2025 година, се наоѓаат во магацините на „Подравка Македонија“ и воопшто не се дистрибуирани во малопродажната мрежа. Ова е наведено во реакцијата на компанијата, откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера започна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, ...
Денеска стапи на сила Европскиот закон за вештачка интелигенција, познат и како Акт за вештачка интелигенција – првата сеопфатна регулатива во светот за оваа технологија. Законот е создаден за да гарантира дека вештачката интелигенција развиена и користена во ЕУ е доверлива, со соодветна заштита на основните човекови права, соопшти Европската комисија. „Регулативата има за цел да воспостави хармонизиран внатрешен пазар за вештачка интелигенција ...
Екстремните горештини убиваат најмалку 175.000 луѓе годишно во Европа, каде температурите и понатаму рапидно растат, предупреди Светската здравствена организација, пишува Политико. Европа е меѓу регионите со најбрзо затоплување во светот, а температурите се зголемуваат двојно побрзо од глобалниот просек. И луѓето во европскиот регион на СЗО „плаќаат највисока цена“ за екстремната топлина, предупреди директорот на СЗО за Европа, Ханс-Хенри П. ...
Велат дека светот останува на младите, но и дека тие ги шират корените на просперитетната иднината, a за да успеат потребна е поддршката од постарите. Во Македонија се раѓаат многу таленти, кои често забораваме да ги пофалиме и возвишиме, со цел да добијат уште поголем мотив да ги зајакнат и да работат на своите вештини. За жал, често државата останува нема во однос на поддршката на талентираните кадри, а шкртоста од конкретни акции доведува до ...
Oд 1 до 25 август во Сеул, Јужна Кореја ќе се одржи „Valorant Champions 2024“ – најгледаниот, најважниот и најпрестижниот годишен турнир во играта Валорант. Mеѓу 80-те натпреварувачи е и Македонецот Емил Трајковски. Најдобрите 16 екипи од целиот свет ќе одиграат вкупно 34 мечеви, поделени помеѓу групна фаза и плејоф, кои ќе кулминираат во едно големо финале. Победниците на турнирот ќе ја освојат титулата шампиони во Валорант и паричната награда ...
Владата формираше тело кое треба да воспостави ред во високо образовните установи во земјава, а без акредитација и дозвола за работа ќе останат оние кои нема да ги отстранат недостатоците, ова го најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој кажа дека вчера на владина седница ја задолжил министерката за образование и наука заедно со лица од ова тело, да излезат на терен да направат анализа на сите универзитети и факултети и државни и ...