Во непосредна близина на Смоларскиот водопад ќе никне викенд населба со цел да се зголемат сместувачките капацитети за престој на туристи и посетители кои сакаат да уживаат во природните убавини на Беласица. Општината веќе ја спрема документацијата за продажба на 30- тина парцели кои ќе бидат со по 500 квадратни метри. Како што информираше Ѓорге Божинов станува збор за населба пред влезот на Смоларе од кај Мокрино во предел кој изобилува со ...

Во Струмица средношколци ги презентираа своите иновативни решенија за предизвици поврзани со климатските промени и заштита на животната средина. Станува збор за саем кој го организираше здружението Лидери за едукација активизам и развој ЛЕАД од Скопје во соработка со УНИЦЕФ кој имаше за цел да ги престави конкретните идеи и проекти на младите за подобра животната средина. Средношколци од Крушево предложија од отпадното масло од ...

Во струмичката болница промовиран Центар за менаџирање на дебелината каде пацинетите ќе добиваат прецизна дијагностика и современ третман кои се соочуваат со прекумерна тежина. Таму веќе има апарати кои се клучини за дијагностицирање, детална анализа на составот на телото и следење на резултатите од терапијата. Дебелината не е состојба туку болест кој може да предизвика дополнителни здравствени компликации кажа директорот на струмичакта ...

Пред Домот на културата во Турново во организација на Општина Босилово и Црвен крст Струмица вечерва ќе се одржи првиот фестивал на староградски песни ,,Златни години“. Станува збор за фестивал кој ќе овозможи песна и оро за сите генерации бидејки ќе се пеат песни што никогаш не стареат интерпретирани од ансамбли на староградски песни а Сања Цинцева со група Мелост треба да даде дополнителна свежина и атмосфера на целиот настан Ќе настапат ...

Четири лица од кои двајца малолетници добија кривични пријави затоа што минатиот месец насилно ограбиле 70-годишна жена во Струмица. Во полицискиот билтен се наведува дека СВР Струмица поднело кривична пријава против Џ.С.(19) од Скопје, М.Г.(18), 17-годишник и 15-годишник, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 14.05.2026 во Струмица, пријавените со употреба на физичка сила одзеле ...

Форумот на жени при ОО СДСМ Струмица во кафе барот ETC на струмичкото корзо одржаа акција, која имаше за цел да се соберат средства за лекување на 14 годишната Нина Димитриевска од Струмица. Акцијата беше насловена како „Кафе дружба за Нина“ при што граѓаните ја покажаа уште еднаш својата хуманост и солидарност донирајки средства како со испиеното кафе така и директно во кутијата поставена пред ETC. „Се дружевме, испиевме кафе и заедно ...

Жителите од населеното место Ангелци Општина Василево креираа донаторска сметка на gofundme платформата за собирање средства за поправка на кровната конструкција на црквата „Свети Јован Златоуст“ во Ангелци. Станува збор за православен храм кој е изграден пред 80 тина години и во моментов се констатирани оштетувања на кровната конструкција. Тоа пак овозможува при врнежи од дожд вода да навлегува во самиот објект и да се предизвикуваат штети ...

Во понеделник во Општина Ново Село најмладите со нивните родители ќе имаат можност да се качат на балон на топол воздух, кој ден претходно ќе лета од манастирот Свети Ѓоргиј до стадионот кај спротската сала. Таму балонот ќе биде фиксиран со сајли кои ќе се дозволува подигање до 20 тина метри и панорамски преглед на општинскиот центар. Предност ќе имаат учениците од општината со своите родители. Тие ќе ја имаат први привелигијата да бидат дел ...

Младите да бидат поактивни. Вака смета Давид Златанов кој е независен член во Советот на Општина Ново Село и еко активист за заштита на планината Беласица и воопшто животната средина. Според него во моментов има апатија кај младите односно пасивност и немање желба и жар за одредени промени или акции. Но смета дека силата кај младите може да се разбуди ,,Прво треба да си ја сакаме татковината, нашиот крај, да посакуваме нормален и достоинствен ...

Од следната натпреварувачка сезона ракометарите на Младост 1977 од Богданци ќе играат во Супер лигата. Ова е исходот од бараж мечот со Струга со 25:22 кој се одигра во Скопје. Ова значи дека од следната натпреварувачка сезона во Богданци ќе се игра елитен ракомет идентично како пред неколку сезони. Ракометарите на Богданци отпорот на прволигашот Струга го скрши во второто полувреме кога при резултат 15:15 направија серија од 7-1 и ја отворија ...

Денеска на Youtube платформaта излезе синглот кој беше најавен од страна на Јордан Митев пред извесен период. Станува збор за песна зад која стои тој како комплетен автор а во изведба на Ристе Гавровски и Легато Бенд. Станува збор за песна во која се опишува љубовта на младенците при венчавка и ставањето потпис пред матичар. „Со тебе засекогаш, денес потпишувам,јас ќе те чувам и ќе те сакам се дур постојам“ се дел од рефренските стихови со ...

Градската плажа, Гранико и Полин на Дојранско Езеро може да се користат за капење и рекреација, според резултатите од анализите на Центарот за Јавно здравје (ЦЈЗ) во Велес, извршени по Националната годишна програма за јавно здравје за 2026 година. Резултатите се доставени до Општина Дојран. Примероците се земени на 15 мај годинава. Оценката за микробиолошките индикатори за водата на Градската плажа е добра, додека на плажите Гранико и Полин е ...

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Д.Р.(34) од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.05.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед над пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени кокаин и две дигитални ваги ...

Општинската фудбалска лига на Струмица ќе се прошири со најмалку седум нови екипи од следната натпреварувачка сезона. Во ОФС Струмица стасале пријави од сите општини од струмичко-радовишкиот регион или од сите општини од овој дел на државата. Веста ја потврдија и од ОФС Струмица. Во моментов официјално пријава и потврда дека ќе настапат има од екипи од Босилово, Василево, Муртино, Бориево, Сушица, Иловица и Бориево. Се чека потврда на ...

Со настапите на Пајак, Слаткаристика и групата „Зијан“, синоќа во Гевгелија заврши четиридневната програма по повод официјалното отворање на „Мега шопинг парк“. Овој настан во текот на изминатите четири дена привлече над 40.000 посетители од земјата и регионот, со што и официјално почна со работа овој трговски парк. Четиридневната забава за отворањето почна со настапи на Тамара Тодевска и грчката пејачка Иви Адаму, продолжи со Кирил Џајковски ...

Во организација на ЗПСК „Маратон“, Струмица и со поддршка на општина Василево, по петнаесетти пат се одржа традиционалниот планинарски марш „По патеките на Мис Стон“. Со масовно учество на планинари од повеќе плнинарски друштва од соседните општини и регионот, како и на членовите на мото клубот Готен од Радовиш, се оживеа споменот за настанот со американската мисионерка Мис Стон која во далечната 1902 година, придружувана од локалниот војвода ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изврши лабораториски анализи на 45 мостри млеко и млечни производи од домашно производство и увоз кај 10 оператори со храна, при што било утврдено дека дел од примероците не се во согласност со одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Со тестирањата било констатирано дека во одредени производи има помал процент на млечна маст од декларираниот. Кај еден оператор со храна, ...

Во струмичко Вељуса се одржа првата ЦРЕШИЈАДА која имаше за цел да го привлече вниманието на македонската јавност а посебно на откупувачите бидејки откупните цени на црешите се најголем проблем на производителите. Илјадници гости од сите делови на Македонија беа присутни на манифестацијата. Сите купуваа цреши но и дегустираа специјалитети како баклава, пити и мафини со цреши а секако беа тука и домашните компоти и сокови од цреша. За ...

Тимот на Огражден од Ново Село го освои ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР во лигата на ОФС Струмица откако денеска на свој терен славеше со 2:0 славеше против Интер Кукла од Куклиш. Со оваа тие ја отворија вратата за повисок ранг на натпреварување под капата на ФФМ. Во возобновената општинска лига ФК Огражден Ново Село оствари 9 победи, 4 нерешени исходи а претрпе само еден пораз. Фудбалерите постигнаа дури 39 гола и се најефикасниот тим во Општинската лига ...

Екипата на Брера Струмица од следната сезона ќе се пресели во Втората фудбалска лига на Македонија. Тимот на Скопје славеше со 1:0 и се враќа во елитната конкуренција. Ова е исходот од бараж мечот во Битола по што познати се сите екипи што ќе бидат во Прва лига. Екипат ана Скопје не успеа да реализира пенал преку Ангелов. Голманот на струмичани имаше одлична интервенција но веднаш потоа од корнер со глава избраниците на Таневски ја затресоа ...

Третиот ден од свеченото отворање на МЕГА Шопинг Парк вчеравечер во Гевгелија донесе рекордна посетеност и незапаметен интерес во целиот регион. Повеќе од 25.000 граѓани од земјава и соседството го преплавија новиот трговски комплекс, потврдувајќи го неговиот статус на водечка регионална дестинација, а главна атракција на вечерта беше долгоочекуваниот концерт на поп-ѕвездата Северина. Вечерната програма започна со одлична енергија и настап на ...

„Како дете растев слушајќи приказни за Огражден, за натпреварите, за полните трибини и за гордоста што клубот им ја носел на луѓето во Ново Село. По повеќе од половина век историја, чувствував дека имаме обврска повторно да го вратиме клубот таму каде што му е местото.“ Вака раскажува Бојан Боев кој специјално за денешниот меч меѓу Огражден и Интер Кукла дојде од Швајцарија во Ново Село за да ги бодри своите. „ Најголемата победа за мене не е ...

,, Па сакам да имам средно образование и кога ќе излезам од овде да се вработам“. Вака ни раскажа 35 годишен осуденик од радовишко кој издржува казна затвор во Казнено поправната установа Затвор Струмица. Осуден е на 15 месеци а на пола од неговата казна заврши прва година средно стручно преку проекот за дооформување на образованието како дел од процесот за посупешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица. Осуденикот изминатава ...

Со еуфорична атмосфера и музички спектакл на светски познатиот Кирил Џајковски, вчеравечер кулминираше вториот ден од големото отворање на МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија. По официјалниот протокол со државниот врв, комплексот привлече рекордна бројка од над 15.000 посетители, потврдувајќи го статусот на нова елитна дестинација во регионот. Целодневната програма понуди содржини за сите генерации, започнувајќи со забавни активности за семејствата ...

Утре се спушта завесата на натпреварувањето од Општинската фудбалска лига на Струмица и сите погледи ќе бидат свртени во Ново Село каде се игра мечот за ШАМПИОНСКА титула. Домашната Огражден со Интер Кукла од Куклиш ќе одлучат за титулата и шансата да се преселат во повисок ранк на натпреварување. Се е подготвено за утрешното дерби кои се очекува да го следат и рекорден број гледачи. Огражден игра на свој терен и ќе ја има поддршката од ...

Од формирањето на првиот диксиленд џез оркестар во Струмица и во Македонија во 1967 година — а најверојатно и првиот диксиленд оркестар во некогашна Југославија — па сѐ до денес: JAZZ STReam Festival ја продолжува урбаната приказна на една убава импровизирана стварност. JAZZ STReam се влева во морето на современите џез територии! Отворање на првото издание на JAZZ STReam Festival со голем концерт на Националниот Џез Оркестар под диригентската ...

Утре во дворот на ООУ Гоце Делчев во Вељуса за првпат ќе се одржи првото издание на манифестацијата „Црешијада“ за што организациониот одбор изминативе денови интензивно работеше за негова реализациј. Според најавите на самата манфиестација ќе има многу музика, забава но и специјалитети од цреши. Паралелно посетителите ќе имаат можност да купат од прва рака и вкусни ,,вељушки цреши“ чии квалитет надалеку е познат. ,, Ќе биде доста интересно ...

На 28.05.2026 во 23:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.М.(23) од Струмица. При преглед кај него била пронајдена марихуана. На 29.05.2026 година, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две најлонски пакувања со марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...

Во присуство на државниот врв, претставници на локалната самоуправа, бизнис заедницата и бројни гости, денес официјално беше отворен МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија. Со површина од над 20.000 квадратни метри и повеќе од 50 светски и домашни брендови, овој комплекс претставува најголемиот ритејл парк на Балканот од овој тип. Генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, господин Сотирис Јанакудакис, со свечено обраќање пред присутните го прогласи ...

Компјутерскиот томограф од наредната недела ќе биде инсталиран согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга, истакна министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица. Осврнувајќи се на конкретните состојби во струмичката болница, министерот Алиу напомена дека установата била затекната со значителни финансиски ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.03
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.13
80%
1019
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.37
73%
1020
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.74
86%
1020
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.21
85%
1019
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.56
93%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
1.34
52%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.91
76%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.89
75%
1019
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.02
90%
1017
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.34
57%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.38
89%
1017
Currency

61.6317

Currency

53.4817

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33652

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Паладиум

38805.95

Бакар

12.61

Кобалт

45.39

Платина

57067.58

Рутениум

49769.36

Цинк

0.00

Алуминиум

3.60

Калај

54.25

Злато

139164.58

Сребро

2181.05

Родиум

258813.51

Иридиум

253540.09