Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Дневниот внес на сок од домати може да им помогне на милиони луѓе кои живеат со потенцијално опасна здравствена состојба. Истражувањата сугерираат дека црвениот пијалак може да го намали високиот крвен притисок, објавува „Express.co.uk“. Опасностите од висок крвен притисок Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, значи дека вашето срце мора да работи понапорно отколку што треба за да пумпа крв низ вашето тело. Со текот на времето, ...
„Lexus“ ја заврши 2025-та година како најуспешна година во својата историја. Премиум брендот на „Toyota“ продаде вкупно 882.231 возила низ целиот свет, што претставува зголемување од четири проценти во споредба со претходната година. Северна Америка беше убедливо најголемиот пазар, со испорачани 408.070 возила, што е зголемување од 7,5 проценти. Растот на продажбата е забележан на речиси сите клучни пазари, освен во Европа, каде што „Lexus“ ...
„Blackstone“ објави изненадувачки скок на распределливата добивка, бидејќи склучувањето договори се опорави. Тоа им обезбеди на раководителите една од најголемите плати од пандемијата. Добивката за распределба или профитот исплатен на акционерите, се зголеми за 3% на 2,24 милијарди долари во четвртиот квартал, надминувајќи ги проценките на аналитичарите за пад на 1,94 милијарди долари на годишно ниво. Заработката по акција изнесуваше 1,75 ...
Прашањето дали печалбата вреди повеќе од присуството дома не е филозофско, туку болно и практично. За многу семејства тоа не било избор, туку нужда. Години спакувани во куфери, детства сведени на видео повици, родендени што се славеле со задоцнување, а љубовта се мерела во пратки и трансфери. Пари имало, понекогаш и повеќе од доволно. Но времето, тоа не се штеди. Родители што се вратиле по десет, петнаесет, па и дваесет години работа во ...
„Tesla“ објави видео со најава на својот официјален профил на кинеската социјална мрежа „Weibo“, во кое извршниот директор Илон Маск потврди дека третата генерација на хуманоидниот робот на „Tesla“ наскоро ќе биде претставена на јавноста. Станува збор за хуманоиден робот со општа намена кој е развиен врз основа на филозофијата на дизајн на прв принцип и има клучна способност за самостојно учење преку набљудување. Овие карактеристики ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе создаде стратешка резерва на критични суровини со почетен капитал од 12 милијарди долари, во обид да ги заштити домашните производители од проблеми со снабдувањето и да ја намали зависноста на индустријата од кинеските ретки земни метали. Потфатот, наречен „Project Vault“, ќе комбинира 1,67 милијарди долари приватен капитал со заем од 10 милијарди долари од Банката за извоз и увоз на Соединетите ...
На состанокот за време на викендот, ОПЕК+ го остави мартовското производство непроменето дури и кога цените на нафтата достигнаа шестмесечен максимум. Постојат два фактори кои остануваат надвор од контрола на групата во наредните недели – постапките на американскиот претседател Доналд Трамп и побарувачката за нафта во Кина, пишува колумнистот на „Reuters“, Клајд Расел, во коментар. Цените на нафтата пораснаа минатата недела поради заканите за ...
Значаен успех на „Реплек“ во пробивањето на портфолиото на компанијата на строгите странски пазари. Со регистрацијата на Реконазол, производ за третман на дерматолошки состојби во Обединетото Кралство, „Реплек“ го направи својот прв важен чекор за пласман на британскиот пазар. Одобрението за Реконазол (ketoconazole) 2% шампон е издадено од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), регулаторно тело на Обединетото Кралство ...
Приходите на „Disney“ за последниот квартал од минатата година ги надминаа очекувањата на аналитичарите на Волстрит, потпомогнати од сегментот за тематски паркови, одморалишта и крстарења, објави „CNBC“. Сегментот за искуства за прв пат објави квартални приходи од над 10 милијарди долари. Домашните тематски паркови имаа приходи од 6,91 милијарди долари, а меѓународните паркови имаа приходи од 1,75 милијарди долари, и двата се зголемени за 7% ...
Управата за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртототримесечје од 2025 година. За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се ...
Јаглехидрати се главен извор на гликоза, која телото ја користи како примарен извор на енергија, особено за мозокот, срцето и мускулите. Кога јадеме јаглехидрати, тие се варат и се разградуваат во гликоза, која влегува во крвотокот и се користи за енергија. Ако гликозата е премногу ниска, телото мора да најде алтернативни начини за производство на енергија. Кога внесот на јаглехидрати е значително намален, телото брзо го троши гликогенот ...
Норвешкото списание „Motor“ и Норвешкиот автомобилски клуб (NAF) го спроведоа најголемиот тест за домет на електрични автомобили во светот во таа земја. Тие возеа 24 електрични автомобили од Осло до северна Норвешка. Температурата падна на минус 31 степен Целзиус во текот на целиот тест. Ова предизвика електричните автомобили екстремно да отстапуваат од официјално наведениот „WLTP“ домет. Автомобилите губеа помеѓу 29 и 46 проценти од нивниот ...
„Xiaomi“ го претстави „Pad 8 Pro“ во Кина минатиот септември, својот најмоќен таблет досега, и иако во тоа време не се зборуваше дали ќе стигне на пазарите надвор од Кина, ова сега е потврдено благодарение на „Geekbench“. Имено, глобалната верзија на овој таблет беше забележана во базата на податоци на „Geekbench“ под бројот на моделот 25091RP04G. Буквата „G“ на крајот потврдува дека ова е модел наменет за пазари надвор од Кина. Според ...
На лидерите на Европската Унија (ЕУ) што се состануваат во Давос оваа недела може да им се прости што се фокусираат на растечките закани за глобалниот поредок. Но, тие не можат да си дозволат да ги напуштат долгоодложуваните економски реформи, пишува „Reuters“. Помина повеќе од една година откако поранешниот претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, постави амбициозен план за реформирање на еврозоната. Но, нема напредок по ...
Полската економија минатата година надмина 1 трилион долари, што е кулминација на децениски бум што е во остра спротивност со нестабилните економии на нејзините многу поголеми европски соседи, објави „Wall Street Journal“. Овој пресврт, потврден со податоците објавени во петокот од статистичкиот завод на земјата, веројатно ќе ја вметне Полска во првите 20 економии во светот до 2025-ра година. Се очекува да ја престигне Швајцарија, која сè ...
Греењето повторно e тема што тешко се избегнува, не затоа што е зима, туку затоа што секој нов месец носи нова неизвесност. Пазарот на пелети, кој пред неколку години беше претставуван како стабилна и разумна алтернатива, денес изгледа како терен без правила. Цените се менуваат од недела во недела, квалитетот варира драстично, а граѓаните, како и обично, остануваат меѓу пресметките и студот. Во најстудените денови, кога температурите паѓаат ...
Срцевиот удар не го бира времето ниту местото кога ќе се случи. Најнезгодниот момент за пациентот е секако ако се најде сам во тие моменти. Кардиологот советува како можеме да си помогнеме во такви околности. Докторот Џереми Лондон рече дека тоа е застрашувачка ситуација, но неколку брзи чекори би можеле да направат голема разлика. Тој сподели шест совети Прво, треба веднаш да повикате брза помош, рече кардиологот. Тој додаде дека освен ако ...
SpaceX ја презема xAI, спојувајќи ги двете најамбициозни компании на Илон Маск во највредна приватна компанија во светот. „Ова означува не само ново поглавје, туку и нова книга во мисијата на SpaceX и xAI“, рече Маск во изјава на веб-страницата на SpaceX. Спојувањето може да се смета како индикација за финансирањето што му е потребно на xAI за да се натпреварува во брзорастечката област на вештачката интелигенција, како и важноста на таа ...
Повторно податоците за движето на индустриските параметри си играат топло-ладно. Производството во индустријата конечно успеа да биде во плус, но во негатива и натаму се бројките на работници на годишно ниво. Па така, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустрискотот производство дека во декември лани во однос на декември 2024 година пораснало за 2,3 отсто. Но, бројот на работници во анализираниот период има ...
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk. Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се ...
Секојдневието со паметни телефони денес тече тивко, но упорно. На автобуска постојка, во редица пред шалтер, на семејна маса. Екраните светат, палците лизгаат, погледите се спуштени. Живееме поврзани повеќе од кога било, а истовремено некако оддалечени. Прашањето не е дали телефоните ни го олеснија животот, туку дали нѐ научија како да живееме без нив, барем накратко. Паметниот телефон одамна престана да биде само уред за повици. Тој е ...
На почетокот на оваа година, 22 од 27-те членки на Европската Унија (ЕУ) имаа законска одредба за минимална плата, додека исклучоци се Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска. Од тие земји, според Евростат, осум од нив имаат минимална плата под 1.000 евра, додека во други осум таа беше помеѓу 1.000 и 1.500 евра. Зборуваме за бруто износи. Бугарија имаше најниска минимална плата – 620 евра. По неа следуваат Латвија со 780 евра, Романија со ...
Оваа задача е многу повеќе од проверка дали се сеќавате како изгледа часовникот. Тој истовремено проценува цела низа когнитивни способности на извршна функција, визуелно-просторна ориентација… Додека научниците неуморно работат на нови терапии, невролози истакнуваат како едноставните тестови што секој може да ги направи дома можат да послужат како клучен систем за рано предупредување. Еден од најпознатите е таканаречениот „тест од 30 ...
Трите најголеми банки во Македонија, Комерцијална банка, НЛБ Банка и Стопанска банка остварија високи профити во 2025 година. Комерцијална банка е предводник, со добивка од 82,5 милиони евра. По неа следи НЛБ Банка со речиси 80 милиони евра и Стопанска Банка АД Скопје со нешто повеќе од 54 милиони евра. Или, трите банки вкупно заработиле 216 милиони евра за 2025 година. Заработката по акција на Комерцијална банка изнесува 2.228 денари(2.161 ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, негираше дека имал пријателски односи со сексуалниот престапник Џефри Епштајн, за кого рече дека се заговарал со авторот Мајкл Волф за да му наштети на угледот. „Не само што не бев во пријателски односи со Џефри Епштајн, туку врз основа на информациите штотуку објавени од Министерството за правда, Епштајн и лажливиот „автор“ по име Мајкл Волф заговарале да ми наштетат мене и на мојот углед“, објави Трамп на ...
Следејќи го примерот на Австралија и Франција, Португалија наскоро би можела да ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години, според предлог-законот поднесен до парламентот во понеделник. „Дигиталната ера за независен пристап до платформи, услуги, игри и апликации на кои се однесува овој закон е поставена на 16 години“, според текстот презентиран од претставници на владејачката партија од десниот центар (PSD). Законот, исто така, ...
Европските фјучерси за природен гас паднаа за повеќе од 11 проценти во понеделник на околу 34,9 евра за мегават-час, повлекувајќи се од седуммесечниот максимум од 40 евра постигнат на 23 јануари, бидејќи загриженоста за снабдувањето со течен природен гас (LPG) се намали. Краткорочните временски прогнози во САД покажаа поблаго време, намалување на побарувачката за греење и ослободување на повеќе гас за извоз во форма на TPG. Тоа ги подобри ...
Минималната бруто плата во Словенија за 2026 година ќе изнесува 1.481,88 евра, откако одлуката беше потпишана од министерот за труд и објавена во Службен весник на 30 јануари. Вработените со полно работно време можат да очекуваат приближно 1.000 евра нето месечно, додека одлуката има пошироки последици за низа други социјални и работни бенефиции. Словенечкиот министер за труд ја потпиша одлуката за новата минимална плата, која беше објавена ...
Од осамостојувањето наваму, државата не изгради ниту еден нов пензионерски дом. Ниеден. Во исто време, постојните установи, изградени во поинаков систем и со поинаква логика, тивко стареат заедно со луѓето што ги користат. Фасадите пукаат, инсталациите се дотраени, собите се преполни, а стандардите одамна ги прегазило времето. Иако некогаш важеле за пример, денес тие домови повеќе личат на сведоштво за запуштеност отколку на места за ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26.1.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на ...