Гостивар останува без питка вода за пиење, со најава за почести контроли на квалитетот на водата и дистрибуција на флаширана вода до граѓаните. Ова е заклучок по попладневната седница на Генералниот кризен штаб што се одржа во Скопје, на која беше потврдено дека водата и понатаму смее да се користи само како техничка. Раководителот на Управувачкиот комитет и министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека препораките остануваат ...

Вчера (3.08.2026) во 10:30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Градец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (52) од Гостивар, и патничко возило „голф“ со германски регистарски ознаки, управувано од А.С. (30) од Добридол. При тоа со тешки телесни повреди се здобил А.С., додека Е.Б. и еден сопатник се здобиле со телесни повреди, ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до граѓаните да бидат особено внимателни поради најавените високи температури во периодот од 1 до 7 август, согласно прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од Институтот предупредуваат дека високите температури можат сериозно да влијаат врз здравјето, особено кај постарите лица, децата, бремените жени, лицата со хронични заболувања и работниците кои работат на отворено. Симптомите ...

Од Главниот кризен штаб информираа дека попладнево во Скопје ќе има седница на чиј дневен ред ќе биде кризата со водата во Гостивар. „Во 15.00 часот во ЦУК ќе се одржи седница на Главниот штаб за кризи на која ќе присуствува раководителот на Управувачкиот комитет и министер за внатрешни работи Панче Тошковски со претставници на сите релевантни фактори поврзани со кризната состојба со водата од градскиот водовод во Гостивар.“, најавија од ...

Зголемена фреквенција на патиштата и чекање на граничните премини бележи Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај. „Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничните премини е следно: Табановце за влез во земјата околу 1 час; Богородица за излез од земјата ...

Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан во Гостивар, откако полициските службеници од ОВР Гостивар, веднаш по објавеното видео на социјалните мрежи, презедоа низа мерки и активности за целосно расчистување на случајот, соопшти вчеравечер СВР Тетово. „На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател ...

По поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија на кривично дело, Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „Осомничените, на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје ...

Во период кога Гостивар се соочува со епидемија на гастроентеритис, а илјадници граѓани имаат симптоми како повраќање, дијареја, стомачни грчеви и мачнина, корисно е да се потсетиме дека природните препарати можат да помогнат во ублажување на симптомите, оние кои ги користеле нашите предци. Тие, сепак, не се замена за лекарски преглед или терапија, особено кај лица со висока температура, крв во столицата или знаци на дехидратација. Најважниот ...

Православните верници денес (7 јули) го одбележуваат празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител – Иванден. Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Пресвета Богородица) кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на свети Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на свети Јован Крстител, Собор на свети Јован Крстител. Наречен е Крстител затоа што го крстил Исус, а наречен е ...

Вчера (2.08.2026 година) во 23:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат Ростуше – Битуше се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „Пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Н.(52) од Скопје, излетал од коловозот. Возачот со возило на Итна медицинска помош од Здравствениот дом Ростуше е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје за укажување лекарска помош, соопшти полицијата. Увид на местото извршила екипа ...

Анализите на водата за пиење вршени деновиве во Гостивар покажуваат присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa, поради што водата и понатаму е микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање, одговори во прашање за Gostivarpress.mk шефот на Генералниот кризен штаб, Стојанче Ангелов. Тој оценува дека секојдневните анализи покажуваат благо подобрување на состојбата, но процесот на хиперхлорирање продолжува бидејќи во водата сѐ уште се ...

Вчера (2.08.2026 година) во 22:20 часот во ПС Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека претходната ноќ, околу 2:30 часот после полноќ на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица на возраст од околу 25 години, информира СВР Тетово. Според пријавеното истите при нападот користеле и разни тврди и дрвени предмети. Известен е дежурен јавен обвинител и се работи на ...

Вчера (2.08.2026 година) во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од Чегране, кој удрил во пешак, четиригодишно дете од Скопје, информира СВР Тетово. „Во сообраќајната незгода детето се здобило со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош е пренесенo na Комплексот ...

Министерството за здравство информира дека во текот на 2 август во Гостивар се регистрирани 84 први прегледи поврзани со актуелната епидемија. Иако во изминатите денови бројот на пациенти беше во опаѓање, ова е највисоката дневна бројка во последните шест дена. Сепак, состојбата и понатаму останува далеку под пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од нив, 44 прегледи се реализирани во Општата болница, а 40 прегледи во ...

Гостиварци сѐ уште живеат со маки со водата која од 17 јули е забранета за пиење и подготовка на храна. Техничка вода од градскиот водовод има од минатиот понеделник, но за употреба на водата за пиење и готвење граѓаните досега добиваат само најави и апели за трпение. Според надлежните и во текот на продолжениот викенд ќе продолжат анализите на примероците од водата. Последните информации се дека, иако во испитаните примероци повеќе не биле ...

Вчера (1.08.2026) во 22:06 часот, во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека кај нив биле донесени две повредени лица од сообраќајна несреќа, информира полицијата. „Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во Дебреше, во близина на основното училиште, четирицикл без регистарски таблички, управуван од 14-годишник од Чегране, а како сопатник бил ...

Еврото по повеќе од две децении ќе добие нов изглед. Европската централна банка (ЕЦБ) ги претстави десетте финални предлози за редизајн на евро банкнотите и започна јавна анкета преку која граѓаните ќе можат да го кажат своето мислење за идниот изглед на заедничката европска валута. Предлозите се поделени во две тематски целини. Првата, „Европска култура“, вклучува мотиви со истакнати европски личности, меѓу кои Лудвиг ван Бетовен, Марија ...

Цела територија на Македонија е во портокалова фаза на многу високи температури, а Управата за хидрометеоролошки работи издаде метеоаларм поради топлотниот бран кој ќе се задржи и во наредните денови. Според прогнозата на УХМР, под влијание на топла воздушна маса од југ, во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ...

Со Архиерејска Божествена Литургија, панихида за паднатите борци и мал водосвет, денеска во Гостивар и Врапчиште беше прославен големиот христијански празник Светиот славен пророк Илија, Илинден. Во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар, по повод празникот, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На богослужбата присуствуваа голем број верници кои заеднички му заблагодарија на ...

Денеска (01.08.2026) полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршиле претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција, информира МВР. „Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) ...

Оваа година се одбележуваат 123 година од Илинденското востание и 82 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна ...

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од денеска (1 август 2026 година). „Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите ...

Налето за среќа деновите се подолги, посветли, а попладнињата како да се создадени за сенка, ладен пијалак и добра книга. Затоа не е случајно што токму во овој период многумина повторно стануваат читатели. Некој конечно ја отвора книгата што со месеци собирала прашина на наткасната. Некој си поставува предизвик да прочита барем една книга додека е на одмор. А има и такви што без книга во торбата не тргнуваат никаде, било да се на плажа, ...

Ноќеска во 1:30 часот после полноќ, полициски службеници од ПО Чегране го лишиле од слобода С.Д. (26) од гостиварско, кој бил пријавен од неговиот 53-годишен татко дека околу 00:30 часот насилно се обидел да влезе во семејниот дом и потоа физички го нападнал. Лицето било задржано во полициска станица за понатамошна постапка. Ноќеска во 1:30 часот после полноќ, полициски службеници од ПО Чегране го лишиле од слобода С.Д. (26) од гостиварско, ...

Според проценката на Министерството за здравство состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. „На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени ...

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денес во изјава кажа дека очекува проширување на истрагата за загадувањето на водата во градскиот водовод во Гостивар. „Имавме несовесно работење на вработени од Јавното претпријатие „Водовод“ коишто директно со цевки и пумпи вода од река префрлеле во главниот резервоар. За тоа Обвинителството постапуваше и постапува и веќе имаме лица коишто се обезбедени, сослушани. Очекувам да имаме и ...

Во пресрет на утрешниот голем државен празник, Денот на Републиката – 2 Август, Илинден во Гостивар утрово се одржа собир со положување на цвеќе. Во градскиот парк, пред споменикот на паднатите борци, беа положени свежи цвеќиња во чест на сите кои ги положија животите во борбата за слобода. Традиционалното одбележување го организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Гостивар, а на настанот присуствуваа претставници на боречката ...

Ноќеска во 2:20 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 34 годишниот гостиварец Х.С.. „Претходно, неговата 36-годишна сопруга пријавила дека околу 23:00 часот, по кратка расправија, физички ја нападна во семејниот домот и од нејзината чанта одзел пари и клучеви од нејзиното возило и заминал. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна ...

Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните за заштита во периодот на топлотен бран. Како што наведуваат од ИЈЗ најризични се лицата постари од 60 години, децата, бремените жени, хронично болните, социјално ранливите граѓани и работниците кои работат на отворено. Од Институтот препорачуваат да се избегнува престој на сонце во периодот од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека, да се престојува во разладени простории ...

Високите температури се стрес за животните и тој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст, предупредуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Институцијата излезе со совети до фармерите и сопствениците на миленици во однос на заштита на животните од топлотен бран: -Забрзано и плитко дишење, несигурен од – (тетеравење), изразена зголемена телесна ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.68
22%
1014
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
2.68
36%
1013
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.33
27%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.93
30%
1016
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.16
24%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.31
63%
1013
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
2.68
33%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.95
41%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
0.17
35%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
4.02
33%
1015
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 35ᴼ
0.89
25%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
4.56
100%
1014
Currency

61.52

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Паладиум

40445.64

Злато

130535.25

Калај

55.44

Платина

52855.83

Сребро

1894.77

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Бакар

13.27

Алуминиум

3.23

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Родиум

265243.66