Самостојна изложба на Симона Мирчевска: En Plein Air – На Отворено На 3 септември 2025 година, во Културниот Центар Магаза во Битола, беше отворена самостојната изложба на архитектот и визуелниот уметник Симона Мирчевска. Изложбата носи назив „En Plein Air: На Отворено“. Таа претставува апстрактни пејзажи од Пелистер. Делата се создадени ин ситу (на локација) – директно под отворено небо, во непосреден контакт со природата. Самостојна изложба ...

Жири-комисијата на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во состав: Лео Долорес Поповиќ, актер, како претседател на жири-комисијата, Анастас Попдимитров, актер и режисер и Иван Додовски, универзитетски професор и драмски автор, одгледа 12 претстави селектирани во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување што го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков, како и за ...

„Трчај бе во Битола: 2025“ /Трчај бе во Битола – Abbey Road со над 1700 тркачи: ТРЧАЈ БЕ испиша нова страница во уличниот спорт и градската култура „Трчај бе во Битола: 2025“ со повеќе од 1700 учесници од 15 земји, еден музички концепт инспириран од The Beatles и улици исполнети со еуфорија, костими, музика и спортски дух – така изгледаше вчерашната трка „Трчај бе со Алпско 2025“, седмото издание на најорогиналната улична тркачка авантура според ...

На 18 и 19 август 2025 година, во Културен и информативен центар Офицерски дом – Битола во организација на Македонско научно друштво – Битола за прв пат се одржа манифестацијата „Книжевни вертикали“ во рамки на Битфест 2025. На 18 август 2025 со почеток во 19 и 30 ч. беа направени книжевни портрети на Борче Панов и Даниела Андоновска-Трајковска – и двајцата реномирани македонски писатели со бројни награди и објави во странство. За писателите ...

Халкбанк ѝ подари уметничко пијано на Битола / Во Офицерскиот дом во Битола беше откриено пијано кое отсега ќе му припаѓа на градот, како донација од Халкбанк. Инструментот, дизајниран како уметничко дело, нема да остане затворен во салата, по потреба ќе биде поставуван и на платото пред Офицерскиот дом, како и на други јавни локации низ градот, со цел да стане дел од различни културни случувања и настани. „Халкбанк, го избра дизајнот на ...

Џејсон Момоа во „барби издание“ – А сепак, жените полуделе! Филмскиот фестивал во Венеција изгледа дека е уште едно место каде холивудските мега ѕвезди си го „тераат“ шоубизнисот. И кога сме кај таа страна на приказната… Настрана од филмови, критики и осврти… Што се случува со модниот свет и дали, можеби – ама само можеби – треба да постои некоја граница? Имено, овој пат Џејсон Момоа решил малку да „откачи“ во тој поглед и се одлучил за пинк ...

Една од најголемите поп-рок групи на овие простори, Бајага и Инструктори, откако минатата година одбележа величествени 40 години кариера, со неспоредлива енергија и жар продолжува со својата турнеја. Турнеја која ја носи на Get EXITed журката на 7 септември. Големиот градски парк во Струмица ќе ги собере љубителите на квалитетниот гитарски звук. Тие едногласно ќе ги пеат едни од најголемите рокенрол химни. Химни, кои овој култен музички состав ...

Во НУ Народен Театар Битола, започнаа подготовките за првата премиера, во сезоната 2025/2026 година, “Пламенка” која ќе се работи според романот на битолскиот автор Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска. Претставата е во драматизација на драматургот на Битолскиот театар, Билјана Крајчевска. Во претставата играат актерите и актерките: Катерина Аневска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска, Викторија Степановска, Марија Стефановска, ...

„УЧИЛИШНА ПРИКАЗНА“ – ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ИМ ПОСАКА СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА СИТЕ ПРВАЧИЊА ВО ОПШТИНА БИТОЛА Првачињата од основните училишта во општина Битола денес ја започнаа својата голема „Училишна приказна“. Во Градскиот парк, кој блескаше од детска насмевка и возбуда, Општина Битола во соработка со ЈП Паркинзи, Зоолошката градина… Со Културно-информативниот центар, Црвениот крст… СВР Битола, БиМилк и Пелистерка, подготви посебен настан ...

Вечерва, 27 август (среда) во 19:00 часот, во Офицерскиот дом – Битола, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Кире Костов”. Истата е посветена на композиторот, инструменталистот и диригентот Кире Костов (1949–2023). Монографијата е сведоштво за творечкиот опус и животниот пат на маестро Костов, од првите чекори во родната Битола, преку децениската работа во Танцовиот оркестар на МРТ И ФМУ до композициите и аранжманите кои станаа дел од ...

Со енергија која ја полни сцената, со жар кој допира до срцето, и со талент што го надминува нивното искуство — младите актери од Едукативниот центар „Едусфера“ оставија незаборавен впечаток на битолската културна сцена. Театарската претстава „Зет за Кристина“, изведена во рамките на БИТ ФЕСТ, беше повеќе од аматерска претстава — беше вистинска прослава на младинската креативност и театарски дух. Публиката бараше место повеќе, а оние кои беа ...

Бела Ноќ – Битола 2025: Крајот на август е асоцијација на Широк Сокак во бело Крајот на август во Битола отсекогаш има своја симболика – Широк Сокак во бело. Деновиве, градот повторно го живее традиционалниот спектакл „Бела Ноќ“, дел од јубилејното издание на Битфест. Два дена, една улица и еден дрес-код. Широк Сокак блеснува во своето најсветло издание – како сцена за програма што ги спојува генерациите и ја слави македонската музика. Оваа ...

На 26 август 2025 година, во “Пионерски – Книга бар” во Битола, ќе се одржи Првата меѓународна завршна конференција на Еразмус+ проектот „InCultuRe“ – Поттикнување социјална иновација и претприемништво во меѓукултурен и меѓурелигиски контекст. Настанот, Првата меѓународна завршна конференција на Еразмус+ проектот „InCultuRe“ ќе ги претстави главните резултати од двегодишната работа на проектот: нова наставна програма за социјална иновација, ...

Игор Ангелов ја носи монодрамата „Сите најубави нешта“ во UTOPIA – распродаден настан во рамките на БИТФЕСТ Битола ќе има ретка привилегија: на 27 август, еден од најистакнатите македонски актери, Игор Ангелов, ќе настапи со монодрамата „Сите најубави нешта“ во UTOPIA Private Membership Club. Настанот, кој е дел од програмата на БИТФЕСТ – Битолското културно лето, е веќе целосно распродаден – уште еден доказ за огромниот интерес на публиката за ...

„Битолскиот клавир Петко“ ја оживеа магијата на Бит Фест – Првата детска сликовница за Битола, за кратко време стана вистинска атракција Во рамките на културниот настан „Бит Фест“, во книжарницата Book’s House се одржа промоцијата на сликовницата „Битолскиот клавир Петко“. Авторка е Елена Наумовски Нена, а илустрациите се на Мирјана Бубевска. Настанот се одвиваше во волшебна атмосфера и предизвика огромен интерес кај публиката. Целиот прв тираж ...

Музички спектакл во Струмица: Глобалниот хитмејкер Џекс Џонс заедно со регионалните шампиони Бејби Лазања и Бајага и Инструктори доаѓаат на гала забавата Get EXITed Струмица по четврти пат ќе стане центар на регионалната музичка сцена, кога оваа година на 7 септември ќе се одржи големата Get EXITed забава која редовно собира илјадници посетители од цела Македонија и регионот. Публиката ја очекува незаборавна вечер во која на иста бина ќе се ...

На 21 август, ракометното игралиште во Битола ќе стане најгласната и најживата рокенрол сцена во земјата. Паркети, култниот бенд кој остави длабок белег на македонската музичка сцена, го слави јубилејот – 30 години од издавањето на својот прв албум „Грижа на совеста“. Формирани во првата половина на 90-тите години во Битола, Паркети започнаа како локален андерграунд состав, препознатлив по својата иронична лирика… Блуз-рок енергија и ...

Портите не се само дрвени или железни премини — тие се неми сведоци на времето, чувари на сеќавањата. Граничник меѓу јавното и личното, надворешното и внатрешното. Секоја порта крие приказна – за домот, за семејството, за минатото кое живее зад неа. Оваа година изложбата на фотографии СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА која ЦЕРИ ја реализира по тринаесетти пат е посветена на битолските порти. 13-то издание на изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА е дел од годишната ...

Битолската коњаница „Галоп“ ја оживеа македонската традиција на еден незаборавен начин. Традицијата не е само минато, таа е живата нишка што нè поврзува со нашите корени. А кој ги знае своите корени, може да ја гради својата иднина. И секоја песна, секоја игра, секоја приказна носи дел од душата на народот. Токму со таа идеја, „Галоп Битолска Коњаница“ на автентичен и величествен начин, се појави на свадба и приреди незаборавен спектакл за ...

Пита со Пиперки и Сирење – Летен Рецепт за Вкусен Оброк/ Идеална е за доручек, ручек или лесна вечера. Оваа пита е толку добра што ќе ја правите и по најголемата жега. Иако топлотниот бран не е најдобро време за палење на рерната, верувајте – вреди да направите изузеток поради оваа вкусна пита! Пита со Пиперки и Сирење – Летен Рецепт за Вкусен Оброк е совршен избор за оние топли денови кога барате нешто лесно, но вкусно. Оваа пита со пиперки и ...

Има места каде што не одиш само за да изгледаш убаво. Одиш за да бидеш запаметен. Така е во Studio M. Место кое не е само фризерски салон. Би рекла дека тоа е мал ритуал за големи моменти. Моменти каде убавината и таа фризура станува посебен автентичен потпис кој ви припаѓа само вам. И кога станува збор за фризура та, таа не е само она што се гледа во огледало. Таа е дел од твојата приказна. Идентитет, грст самодоверба која ја создаваат виртузни ...

Летен Мирис за 2025?/ Летото е идеално време да го замениме тешкиот зимски парфем со нешто полесно, освежително и незаборавно. Жешките денови бараат летен мирис што не гуши. Доколку се прашувате кои се најдобрите летни парфеми за 2025, подгответе се за сензуално патување низ мирисни ноти што заведуваат. Цитрусниот и акватски летен мирис е хит оваа година. Tom Ford Soleil Blanc носи луксузна комбинација на кокос, бело цвеќе и сончева топлина. Jo ...

Рижото со свежи печурки од Пелистер: кремасто и неодоливо. Домашна магија на вкусот – идеално за љубители на традиционална и модерна кујна. Ако некогаш сте се шетале по шумите на Пелистер, сигурно сте ги почувствувале мирисите на буковки, вргањи, лисичарки… Е токму тие печурки се срцето на овој рецепт. Денес ви претставуваме едноставен, но софистициран оброк: Кремаст рижото со свежи македонски печурки. Овој рижото не е само јадење – тоа е ...

Позитивна, незаборавна хипнотична атмосфера! Токму онаква каква што му прилега на една светски популарна ѕвезда – Армин Ван Бурен. Синоќа под битолското небо се случи вистински спектакл. Музичка еуфорија како што одамна не се памети. Армин Ван Бурен е еден од најголемите диџеи на светската електронска сцена… А во градот на културата, музиката и уметноста, во Битола, ова легендарно име донесе посебна енергија. Ди џејот со препознатлив потпис, во ...

Armin Van Buuren доаѓа во Битола на 3 август Еден од највлијателните светски диџеи и продуценти, Armin Van Buuren, ќе настапи во Битола на 3 август (недела), на стадионот „Петар Милошевски“. Настанот е дел од неговата летна турнеја и претставува едно од најголемите музички случувања во Македонија годинава. Минатиот викенд, Van Buuren имаше заеднички сет со David Guetta во Ибица, како и настап на главната бина на фестивалот Tomorrowland. По двата ...

НАЈЛОШОТО СЦЕНАРИО ВО ГАЗА: Хуманитарни организации го демантираат Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху – „ИМА ГЛАД!“ И покрај тврдењата на израелскиот премиер Нетанјаху дека во Газа нема глад, бројни хуманитарни организации, податоци од ОН и медицински извештаи укажуваат на сериозна и системска неухранетост, особено кај деца. Како што пренесува Deutsche Welle, делови од ова место веќе го надминале прагот на глад. Извештаи од теренот опишуваат ...

Со вечер на интернационална музика и игра исполнета со прекрасна музика и изведби, на Платото пред Офицерскиот дом, синоќа свечено беше затворено 55 издание на Фестивалот „Илинденски денови“, кој како значајна традиционална манифестација и оваа година беше дел од програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им се заблагодари на организаторите наа 55 издани на,, Илинденси денови”. На ...

Илинденски денови 2025 година денес завршуваат, но и овој пат оставија длабок печат во душата на Битола. Овој град, кој со вековна историја, ја чува својата историја и традиција. Илинденски денови 2025, со сите свои настани и фотографии, ја одразуваат душата на Битола преку објективите на Ивона Кочов и Диоген Хаџи Коста Милевски. Фотографиите зборуваат најповеќе, а овие илинденску, зборуваат за традицијата и современиот градскиживот. Како ...

На 18 август (Понеделник) со почеток во 19:00 часот, во просториите на Books House Битола, ќе се одржи промоција на новата детска сликовница „Битолскиот клавир Петко“. Ова е прва книга, сликовница за деца од ваков вид посветена токму на градот Битола. Настанот е дел од програмата на Бит Фест 2025… И е наменет за најмладата публика, но и за сите вљубеници во приказни со локален дух. Оваа сликовница именувана како „Битолскиот клавир Петко“ ...

Во Галеријата ,,Ранко Струмениковски ” во Битола, во присуство на голем број присутни љубители на ликовната уметност свечено беше промовирана монографија за ликовното творештво на уметницата Билјана Толевска Наумовска .Објавата на монографијата со над 300 сликарски дела пред се акварели и лавири од уметницата Толевска претставува исклучителен настан за ликовната уметност и за издаваштвото кај нас, заради тоа што ваква објава не се случила во ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
38%
1028
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
47%
1028
weather icon

Загреб

24ᴼ / 20ᴼ
0.51
55%
1028
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1028
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.38
30%
1027
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
82%
1029
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
7.6
41%
1024
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
22%
1024
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
41%
1025
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
37%
1026
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
53%
1026
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
33%
1025
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976