ВМРО-ДПМНЕ очекувано победи на изборите, но не успеа значително да го зголеми бројот на гласови во главниот град. Орце Ѓорѓиевски, со освоени околу 95.500 гласови, станува градоначалник на Скопје со најмала поддршка во последните две декади. Амар Мециновиќ заостана за околу 34 илјади гласа, но успеа меѓу двата круга да ја удвои поддршката и да освои над 61 илјада гласови. Тоа беше доволна причина во Левица да бидат задоволни и да се прогласат за ...

Само час и половина по затворањето на гласачките места, Стевчо Јакимовски им се заблагодари на насобраните поддржувачи во изборниот штаб на булеварот Партизански одреди, и по триесетина емотивни прегратки замина кон уличките во Тафталиџе. Со тоа заврши неговиот четврти мандат како градоначалник на скопската Општина Карпош. „Владејачката партија го доби Карпош. Сега таа ја има речиси целата локална самоуправа во главниот град. Нека им е со среќа ...

Пред гласањето в недела, се наметнува прашањето каква личност може да го избави Скопје од проблемите својствени за некои дамнешни и заборавени времиња: тротоари окупирани од ѓубре, сообраќаен колапс и воздух што го дишеме со страв. Во вакви услови, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, влегува во вториот круг како јасен фаворит, со предност од 61.000 гласови. Ѓорѓиевски е познат на политичката сцена, а неговите бројни интервјуа и ...

До пред неколку месеци, името на Амар Мециновиќ ретко се спомнуваше надвор од левичарските кругови и информираната политичка јавност. За пошироката публика, неговата четиригодишна кариера на јавни позиции, прво како советник во Град Скопје, а потоа и како пратеник, минуваше речиси незабележано. Тој беше фигура во сенка – дел од тимот, но не и неговото лице. Затоа што синоним за Левица беше Димитар Апасиев, со своите антагонизирачки настапи, кои ...

Државната комисија за спречување корупција отвори предмет за кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ветува поволности за жителите на таа општина во болницата „Аџибадем Систина.“ Антикорупционерите, за БИРН, велат дека она што тие може да го испитаат е дали приватната болница е донатор на неговата кампања. Според Изборниот законик, фирми може да финансираат кампања во износ до 30 илјади евра, а како донација се ...

Овој текст не е за мене! Иако можеби ова прво ви паѓа на памет читајќи го насловот, искуството на стручњаците за интернет-измами предупредува дека сите сме потенцијални жртви на онлајн-стапиците. Вистина е дека повозрасните и дигитално помалку писмените се поранливи, меѓутоа никој не е имун. Раководителот на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (ЦИРТ), Севдали Селмани, во изјава за БИРН, потенцира оти компјутерската писменост ...

Локалните избори повторно го ставија во фокус проблемот со бездомните кучиња. Некои од кандидатите ветуваа инвестирање во поголеми стационари, додека други воопшто не ги спомнуваат бездомните животни во своите програми, иако глутниците кучиња по улиците одамна се голем проблем во главниот град. Проценките се дека само во Скопје има помеѓу 4.000 и 5.000 улични кучиња, бројка, која како што објаснува Радмила Пешева, директорката на ЈП „Лајка“, не ...

Меѓународните санкции можат да бидат ефикасна алатка што ги држи одговорни моќните личности за своите постапки, но доколку не бидат проследени со конкретни чекори во своите земји, нивното дејство може да остане ограничено. Санкциите насочени кон влијателни личности и нивните компании на Западен Балкан се редовна појава повеќе од една деценија. Само во октомври, Обединетото Кралство воведе нови мерки против девет лица поврзани со криминална група ...

Бизнисмен што посредувал меѓу клиенти во измамнички центри, кој за заштита на неговиот идентитет ќе го наречеме Петар, за БИРН раскажува за тоа што се случувало внатре во самите центри. Во неговата канцеларија, далеку од светот на измамите, тој го вклучи спикерфонот и повика агент од активен белградски кол-центар. „Работиме како психотерапевти. Мора да ги знаеш проблемите на клиентот – што го мачи, какви му се односите со сопругата, за што ...

На 19 октомври, во две мали европски држави се одржаа локални избори. Кампањите и во двете земји се одвиваа по некаков воспоставен ред, со таа разлика што, во Македонија, без проблем се трошеа пари за спонзорирање објави на социјалните мрежи, додека во Естонија, тоа беше забрането. Естонија е земја-членка на Европската Унија, а десетина дена пред изборите, двете највлијателни мрежи, Фејсбук и Инстаграм, престанаа да ги објавуваат спонзорираните ...

Минатата недела, дел од заштитената куќа на Владо Малески во Струга се урна поради градежни активности на објектот кој бил лепенка до неа. Куќата на македонскиот писател и автор на националната химна е типичен пример на староградска архитектура од 19-от век и заштитена како значајно културно наследство. Јавното обвинителство во Струга отвори постапка за инцидентот, а охридскиот Завод за заштита на спомениците излезе на терен за да ја констатира ...

Резултатите од локалните избори не изненадија многумина. Сите претходни испитувања на јавното мислење покажуваа дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе победа во повеќе општини, а дека СДСМ нема да направи успех, со што значително би ги подобриле резултатите од ланските парламентарни избори. Сепак, за многумина, изненадување е четвртото место што го освои нивната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, и големиот пораз во Струмица, ...

За граѓаните на главниот град што секојдневно зависат од едвај функционалните автобуси има една добра и неколку лоши вести. Конечно, фаворитите за градоначалник на Скопје се согласуваат дека јавниот превоз мора физички да се оддели од автомобилите, како прв чекор кон минимум достоинствен транспорт. Ова е добрата вест, а лошите се дека одвојувањето чини и тој процес трае, додека новите електрични автобуси повторно се одложуваат откако летоска ...

Уште пред да почне судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу Јавното обвинителство и дел од адвокатите што ги бранат обвинетите се отвори жесток јавен судир. Адвокатите го оценија обвинението како паушално и нејасно и со предвидување дека предметот ќе се суди маратонски. Обвинителството испрати писмо до Адвокатската комора, барајќи одбраната да се воздржи од јавни настапи додека не почне судењето. Оттаму, пак, возвратија дека барањето е ...

На предната страна, на еден од мостовите во центарот на Кочани, распространо е бело платно, на кое со црвени букви пишува: „Години на молк секогаш водат до минута молк“, потсетник на трагедијата што го срози градот пред осум месеци. Веднаш над него се издига билборд со еден од кандидатите за градоначалник и изборната парола „За живот во Кочани.“ Двете пораки рефлектираат поинакви реалности што се разминуваат во малиот град – една за животот со ...

Помина половина од кампањата за локалните избори. Додека кандидатите за градоначалници и за советници се смешкаат на билбордите, се појавуваат по секоја трета објава на социјалните мрежи и се туткаат за да ги собере во телевизиските студија, на вечерните митинзи, сликата е малку поинаква. Традиционално, таму тие се „предгрупа“ пред главниот настап на партиските лидери. Барем кај двете партии што сите години досега редовно си ги менуваа улогите ...

Од пишување текстови и објави на социјалните мрежи до генерирање видеа и до софистицирани употреби во медицината, технологиите што користат вештачка интелигенција (ВИ) сè почесто стануваат секојдневие. Во последниве години, брзиот развој на ВИ отвори прашања за најдобрите практични и етички употреби на оваа технологија, но и на опасностите што може да ги донесе, особено околу елиминирањето на одредени работни места и економските последици од ...

На прв поглед, компанијата „Oлимпус прајм“ повеќе наликува на перспективен технолошки стартап отколку на еден од многуте безлични кол-центри што се појавуваат во главниот град на Србија. Сместен во зграда со модернистички дизајн, во новиот бизнис-кварт во Белград, компанијата изгледа како дел од престижно опкружување – се наоѓа веднаш до кинескиот културен центар и до луксузен хотел. Но, кога српската полиција, едно врнежливо јануарско утро во ...

Топка одамна не се протнала низ мрежата од кошот на игралиштето што деновиве го посетивме во населбата Серава, во скопски Чаир. Теренот е затскриен меѓу тесни улички и новоизградените куќи и згради и, наместо за кошарка, служи како паркинг. Веднаш до него се распаѓа напуштена куќа. И на тоа место, како што ни рече локалниот жител Џемаил, некој сакал да подигне зграда. „Ама изгледа не им успеа“, рече пензионерот што живее во близина на ...

Во повеќе од 30 години како новинар поминав речиси низ сè што оваа професија може да понуди – од известување од војни и покривање на политичките случувања, до водење на централниот дневник на јавниот сервис. Имало успеси и признанија, но и цензура, притисоци, откази и напади. Крилата повеќапати ми биле потскратувани, но никогаш не сум зажалила што го избрав овој пат. За мене, новинарството секогаш било повеќе од работа; тоа е начин на живот, ...

Речиси половина од времето поминато на минатонеделниот брифинг со новинарите, премиерот Христијан Мицкоски го потроши говорејќи за шесте реформски закони од правосудството, кои требаше да бидат усвоени до јуни, за земјава да ги добие ветените пари од Брисел. Крајот на годинава е новиот рок за нивно усвојување. Мицкоски рече дека во тие закони нема измена што е „страшно реформска.“ „Со други зборови, бараат пари од Европската Унија, односно да ...

„Транспарентноста не е наш трик, таа е темел на нашето одговорно владеење“, вака владината портпаролка Марија Митева, со фејсбук-статус го дочека најновото рангирање за активна транспарентност, на кое Илинденска бр. 2 имаше скок од седум места во однос на лани. Рангирањето мери колку самите институции објавуваат информации, без да им се побараат. Меѓутоа, впечатокот на новинарите, засилен со официјални податоци, покажува дека државата сè почесто ...

Ќе наврши речиси месец откако во јавноста повторно се појави темата за наводно незаконско следење јавни личности, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски како опозиционер, преку службите на Агенцијата за национална безбедност. Сѐ тргна од брифинг во АНБ, на кој, директорот Бојан Христовски, на повиканите новинари им соопштил дека противправно биле користени ресурсите за следење на Агенцијата од 2019 до 2024 година. Оттаму испратиле известувања ...

Вкупниот буџет за медиумската кампања што ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ по повод една година откако дојде на власт изнесувал околу 33.000 евра (2.019.075,19 денари). Оваа информација партијата ја даде за БИРН, неколку часа по објавувањето на текстот „ВМРО-ДПМНЕ ги крие трошоците на кампањата за една година власт“, каде што детално објаснивме колку тешко партиите даваат информации за трошењето партиски пари, иако имаат законска обврска тоа да го ...

Со собир пред Владата и под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“, премиерот Христијан Мицкоски, во јуни ја одбележа првата година од мандатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во отчетот пред јавноста не изостанаа фалбите изразени низ бројки – за изградени километри патишта, за покачени плати и пензии, за издвоени средства за бизнисите, општините, животната средина… Но, кампањата што потоа под истиот ...

На првиот ден од учебната година, во Дебар Маало беше откриен шарен мурал и беше организиран настан по повод 40-годишнината од забавната и едукативна емисија за деца „Бушава азбука.“ Додека децата преку игра и креативни активности ги учеа буквите, нивните родители носталгично се присеќаваа на спомените од своето детство поврзани со култната серија со која тие се запознавале со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, анимации и ...

Цените на становите во најатрактивните општини вртоглаво растат, а речиси половина од купопродажбите се во готовина, откри неодамна гувернерот Трајко Славески – што отвори сомнежи дека недвижностите сè почесто се купуваат како инвестиција, а не за домување, што ја крева цената. Во исто време, Агенцијата за катастар, со години, не го објавува регистарот на цени за купување и наем, иако тоа е законска обврска. Тој треба да биде алатка со која ќе ...

Училишната година за основците во Бутел почна со правење списоци за набавка на училишни униформи. Но, за разлика од лани, кога сетот од трите парчиња, две маици и блуза, го набави општината, годинава ќе треба да гo платат родителите. Голем дел од ланските парчиња се износени или надраснати, а носењето на униформите со логото на општината е задолжително за време на наставата. На овој начин, проектот што требаше да ја намали „класната разлика што ...

Денешниот први септември е втор за Весна Јаневска како министерка за образование. Минатата година, кога за првпат го дочекa првиот училиштен ден како министерка, имаше изговор за хаосот со кој се соочува македонското образование. Беше само три месеци на функцијата, па за недостигот од учебници, вината можеше да ја префрли кај претходната влада. Сега, со повеќе од една година помината на министерската позиција, вели дека „проблемите не се ...

Италијанскиот инфлуенсер со сенегалско потекло, Kаби Ламе, од годинава е лицето со најмногу следбеници на Тик-ток. Откако во 2020 година, за време на пандемијата, ја изгубил работата, почнал да објавува видеа со смешна содржина. Ламе сега има над 160 милиони следбеници и веќе глумел во неколку филмови. Една од причините зошто Тик-ток стана омилено место на младите е неговиот алгоритам, кој за миг може обично видео да го направи вирален хит и да ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
6.17
82%
1021
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
87%
1025
weather icon

Загреб

9ᴼ / 4ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
6.69
60%
1021
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
7.0
77%
1020
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
7.2
88%
1020
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.68
73%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
76%
1024
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 13ᴼ
1.54
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225