Регулаторната комисија за енергетика одлучи дека од денеска на полноќ цената на бензините (95 и 98 октани) ќе се намали за 2,5 до 3 денари за литар, додека цената на дизел горивото ќе остане иста како и до сега. Со тоа, максималната цена на еден литар Еуросупер 95 ќе биде 84 денари по литар, на Еуросупер 98 – 85,5 денари по литар, на Еуродизел 95,5 денари по литар, а на екстра лесното масло 92,5 денари по литар што е поскапување од половина ...

Третина од повредените лица во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани имаат анксиозност, 27,5 проценти имаат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСР), а 21,6 проценти се соочуваат со депресија, покажале резултатите на стражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници кои биле лекувани во рамки на третманот на лузни со PDL (Pulsed Dye Laser) на ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најави дека ќе ја контролира продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи во пресрет на велигденските празници. Ќе се проверува производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата за да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие нелегалната трговија. Во надзорот ќе бидат опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, ...

Советот на јавни обвинители денеска одлучи да ја одбие иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа се жалеше дека е трпи политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа. Ристоска, во постапката пред Советот тврдеше дека нападите кон неа се од политичките структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример ги посочи изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во кои ја нарекува обвинителката „медиокритет“, како и заради ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија, заедно со владина делегација. Како што соопшти Владата, во рамки на посетата е предвидена средба на Мицкоски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, на која ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете земји, економската соработка, како и за актуелни регионални и европски прашања. Според најавата, Мицкоски ќе се обрати и на бизнис форумот ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека нема проблем со рускиот танкер за нафта покрај брегот на Куба кој доставува помош на островот, кој е соборен на колена поради американската блокада на нафта. „Имаме танкер таму. Не ни пречи некој да добие брод затоа што му треба… мора да преживее“, им рече Трамп на новинарите додека се враќаше во Вашингтон. Кога беше прашан дали извештајот на „Њујорк тајмс“ дека на танкерот ќе му биде дозволено да ...

Цената на нафтата нагло се зголеми на 116 долари за барел откако Доналд Трамп изјави дека сака да ја земе нафтата од Иран, предизвикувајќи пад на азиските берзи. Суровата нафта Брент се зголеми за 2% во раното тргување утрово, откако Трамп изјави дека може да го преземе иранскиот извозен центар на островот Харг. Трамп изјави за Фајненшл тајмс во интервју во неделата: „Да бидам искрен со вас, мојата омилена работа е да ја земам нафтата од ...

Папата Лав рече дека Бог ги игнорира молитвите на водачите кои водат војна и имаат „раце полни со крв“, во очигледен прекор до администрацијата на Трамп. Папата коментираше откако илјадници американски војници пристигнаа на Блискиот Исток и неколку дена откако американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, се помоли за насилство против непријателите кои „не заслужуваат милост“. За време на миса на Цветници на плоштадот Свети Петар, папата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Фајненшл тајмс“ дека би можел да ја заземе нафтата во Иран и евентуално да го заземе главниот горивен центар на земјата, островот Харг. „Да бидам искрен со вас, мојата омилена работа е да ја заземам нафтата во Иран, но некои глупави луѓе во САД велат: „Зошто го правите тоа?“ Но, тие се глупави луѓе“, рече тој. Трамп сугерираше дека потегот би можел да значи заземање на островот Харг. „Можеби ...

Крадци украле слики од Реноар, Сезан и Матис од музеј во Италија, соопшти полицијата. Четири маскирани мажи влегле во вилата на Фондацијата Мањани Рока, во близина на Парма во северна Италија, и избегале со уметничките дела ноќта на 22 март, изјави портпарол на полицијата, потврдувајќи го извештајот на телевизиската мрежа Раи. Тие ги украле „Риба“ од Пјер-Огист Реноар , „Мртва природа со цреши“ од Пол Сезан и „Одалиска на терасата“ од Анри ...

Цените на нафтата и денеска го продолжија растот, а брендот Брент се очекува да достигне рекорден месечен раст, откако јеменските Хути ги започнаа своите први напади врз Израел во текот на викендот, проширувајќи ја војната меѓу САД и Израел со Иран на Блискиот Исток. Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ скокнаа за 2,43 долари, или 2,16%, на 115 долари за барел, откако во петокот се искачија за 4,2% повеќе. Американската „Западен Тексас“ се ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на коалицијата собрана околу Српската напредна партија (СНС), чиј член е и поранешен претседател, во сите 10 локални самоуправи во кои вчера се одржаа редовни локални избори. Гласаа жителите на Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка. Како што наведе, најнеизвесно било во Кула, каде што разликата во гласовите била 530, како ...

Денеска се забележани сериозни нарушувања на локалните избори и сцени на насилство во три од десетте места во Србија каде се одржуваат локални избори. Во Бор, Бајина Башта и Кула независните новинари и набљудувачи укажуваат на паралелни листи и организирани напади на маскирани тепачи меѓу кои се забележани функционери на владеачките партии. Ситуацијата е особено драматична поради фактот што полицијата воглавно не интервенирала против ...

Висок ирански функционер ги предупреди САД да не започнуваат копнена инвазија, велејќи дека американските трупи ќе бидат „запалени“, додека регионални дипломати во неделата се собраа во Пакистан во обид да посредуваат за крај на едномесечната војна, пренесува Асошиејтед Прес. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф, ги отфрли викенд-разговорите како параван додека САД испраќаат дополнителни трупи на Блискиот Исток. Тој ...

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари медиумски работници реагираат на денешното соопштение на Основното јавно обвинителство, во кое од новинарите се бара „внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање“, а од професионалните организации се очекува „да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање“. Реакцијата на обвинителството следува откако ...

На 28.03.2026 во 18:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Х.Ј.(41) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 66-годишна свекрва. На 29.03.2026 во 00:35 часот во СВР Скопје 41-годишна жена пријави дека на 28.03.2026 со тврд предмет била физички нападната од нејзината свекрва К.Ф.(66). На 28.03.2026 во 15:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар ...

Како дел од активностите за сузбивање на сивата економија, Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилена акција насочена кон деловните субјекти кои работат надвор од фискалниот систем. Согласно нивната официјална евиденција, дури 6 451 даночен обврзник кој е деловно активен и има вработени, воопшто не поседува регистриран фискален систем. Согласно службената евиденција на УЈП, во дејностите трговија на големо и трговија на мало, дејности ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го осуди убиството на тројца новинари во Либан од страна на Израел во саботата, пренесува „Гардијан“. На својот канал на Tелеграм, тој изјави дека убиствата се „таргетирана ликвидација“ и тоа е „очигледно кршење на меѓународното право“. Арагчи додаде дека тоа е обид за замолчување на „гласовите на оние што ја кажуваат вистината“. Али Шоеиб, новинар од телевизијата Ал-Манар, како и Фатима ...

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни постапки. Ниту еден започнат процес нема да трпи неоправдано одолговлекување или усложнување, а во судница ќе има јавен обвинител подготвен да го застапува обвинението, соопштија денеска од Основното Јавно обвинителство (ОЈО), од каде што ...

Инспекциските служби и одделението за следење на измами со храна при Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во координирана соработка со Царинската управа, во текот на минатата недела успешно спречи обид за нелегален увоз на две пратки со неозначени јајца од Република Србија. Како што информираат во АХВ, врз основа на оперативни сознанија и повеќемесечно професионално следење на активностите на домашни увозници и извозници со јајца, на ...

Без разлика дали се работи за „Зара“, „Европа“, „Сетек“, „Спорт Вижн“ или „Норт Фејс“, „Барила“, „Манго“, „Тему“, „ДМ“, играта е иста. Пакетите што се нудат немаат никаква врска со брендовите, ниту пак, ќе добиете каква било кутија со производи. Ваквите измами имаат една цел: да ги украдат вашите лични и банкарски податоци и да ви земат парични средства Пишува: Матеј Тројачанец Во изминатите неколку години, дигиталните измами станаа сè ...

Инспекциските служби и Одделението за следење на измами со храна при Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координирана акција со Царинската управа, во текот на минатата недела спречиле обид за нелегален увоз на две пратки со неозначени јајца од Србија. Како што информираат од АХВ, акцијата била реализирана на граничниот премин Табановце, врз основа на оперативни сознанија и повеќемесечно професионално следење на активностите на ...

Големи толпи протестираа против администрацијата на Трамп на повеќе од 3.000 настани „Без кралеви“ низ целата земја, како и во повеќе од десетина други држави, во саботата, според коалицијата на организатори во која влегуваат „антиавторитарните“ групи Indivisible и 50501, синдикати и други локални организации, пренесува Гардијан. „Очекувам 28 март да биде најголемиот протест во американската историја“, изјави Езра Левин, коосновач на ...

Иако во голема мера се набљудуваат како сеизмограф на политичките потреси во земјата, денешните локални избори треба да дадат недвосмислен одговор само на едно прашање – кој во следните четири години ќе ги води локалните самоуправи во еден град и девет општини. Тоа не значи дека не се очекуваат потреси на политичкото тло, бидејќи излегувањата на гласање во текот на 2025 година покажаа дека изборната битка на локално ниво може да стане ...

Десетици илјади се собраа во Лондон на марш против крајната десница, во најголемата мултикултурна демонстрација во историјата на Обединетото Кралство, пренесува Гардијан. Организаторите тврдеа дека половина милион луѓе допатувале во главниот град за маршот на Алијансата „Заедно“. Полицијата процени дека бројот на присутни е поблиску до 50.000, иако призна дека е тешко точно да се утврди бројката поради распространетоста на толпата. Почнувајќи ...

Француската полиција спречила очигледен бомбашки напад пред американска банка во Париз, откако уапсила маж кој се подготвувал да активира рачно изработена експлозивна направа, соопштија официјални лица и извори блиски до случајот, пренесува Гардијан. Инцидентот се случил околу 3:30 часот по локално време пред зградата на Bank of America во 8-миот арондисман во Париз, на неколку улици од Шанзелизе. Полицијата го привела мажот веднаш откако ...

Кувајт соопшти дека неговите системи за противвоздушна одбрана утрово пресретнале четири дрона што ја нападнале земјата. Во соопштение објавено претходно на социјалните мрежи, профилот на кувајтската армија наведе дека „сите експлозии што можеби се слушаат се резултат на пресретнување на непријателски цели од страна на системите за противвоздушна одбрана“, без да прецизира кој стои зад нападите, пренесува Гардијан. Помошник-министерот за ...

Володимир Зеленски обвини дека Русија му помага на Иран да ги нападне американските и британските воени бази на Заливот, како и заедничката американско-британска база на Диего Гарсија, објави Би-Би-Си. Во разговор со новинари, Зеленски прочита разузнавачки извештај во кој се вели дека руски сателити шпионирале американски воени бази на Блискиот Исток, базата на Диего Гарсија и нафтените бунари низ Заливот. Зеленски посочи дека овие ...

Зголемената телесна тежина станува се посериозен здравствен предизвик во државава, со преваленца на обезност која достигнува меѓу 30 и 35 проценти, покажуваат најновите податоци. Особено загрижува фактот што трендот на пораст ги засега децата и адолесцентите. Неделава во Охрид е отворен првиот центар за менаџирање на дебелина во југозападниот регион, вакви центри веќе функционираат на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“. ...

На 24.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 45-годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лица за сума од 3.500 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како вработен во полиција и му понудил да му помогне да ги врати парите – 40.000 евра кои ги инвестирал во странска фирма во која бил вработен, а која претходно престанала да работи. Како што е пријавено, откако не му била завршена работата, се посомневал дека ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Родиум

295786.87