Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале нивоа на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници. Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија. Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски пропишаните максимално дозволени граници, поради што ...

Вишиот суд во Белград му одреди 30-дневен притвор на сопственикот на „Алта банка“ АД Белград, Давор Мацура, како и на уште двајца раководители на банката. Притворот е определен поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и повторување на делото. Во Србија продолжил и распитот на високите полициски раководители Марко Кричак и Бошко Секуловиќ. Во меѓувреме, полемики и незадоволство предизвикало објавувањето список со 49 лица помилувани ...

Општина Крива Паланка објави јавен повик за пријавување интерес за изнајмување новогодишни куќарки на градскиот плоштад, во рамки на новогодишниот базар што ќе се одржува од 1 декември 2026 до 10 јануари 2027 година. Повикот е наменет за угостители, занаетчии, трговци и локални производители кои сакаат да ги претстават и продаваат своите производи во празничниот период. Понудата на базарот може да опфати топли пијалаци, кафе, чај, топло ...

Полициски службеници од ОВР Крива Паланка привеле 26-годишен жител на градот, осомничен дека физички го нападнал својот 82-годишен дедо во семејниот дом. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Т.Г. бил лишен од слобода на 31 октомври во 14:19 часот, постапувајќи по претходна пријава за инцидентот што се случил еден ден претходно. „На 31.10.2026 во 14:19 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода ...

Против двајца полициски службеници се поднесени кривични пријави за тешка кражба и полово вознемирување, соопшти полицијата. Тие биле вработени во Прифатниот центар за странци при Регионалниот центар за гранични работи „Север“. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на ...

Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните кои претрпеле материјална штета поради неконтролирано движење на крупен добиток да ја пријават, со цел воспоставување единствен регистар на вакви случаи на територијата на општината. Пријавувањето се однесува на штети предизвикани на земјоделски насади, посеви, овоштарници, огради, објекти и друг имот. Од Општината информираат дека граѓаните треба да ја поминат постапката во три чекори. Најпрво, ...

Дваесет и едногодишен кавадарчанец пријавил дека бил физички нападнат на автопатот Скопје – Велес, кај клучката Хиподром, откако автомобил „ауди“ му го попречил патот. Д.Б. (21), син на поранешен началник на РЦ „Југ“, го пријавил случајот во СВР Скопје на 2 ноември околу 21:50 часот. Според неговата пријава, од „аудито“ излегле две лица. Едното го удрило двапати и му се заканило со зборовите „Ќе те ставиме во багажникот!“ Полицијата презема ...

Планинарската патека од манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ до Станечките водопади и водопадот Хармонија е прочистена и маркирана, со поддршка на Општина Крива Паланка и во соработка со здружението ЕГРИ. Патеката е долга 9,6 километри и им овозможува на љубителите на природата и планинарењето да ги откријат природните убавини на Осоговието. На почетната информативна табла е поставен NFC-таг, преку кој посетителите со доближување на мобилниот ...

Две безживотни тела се пронајдени во близина на местото викано „Ичева чешма“, во Горно село кај Богданци. Едното тело, на 21-годишно момче од Богданци, било пронајдено покрај опожарен автомобил, додека второто било откриено во внатрешноста на изгореното возило, дознава и пренесува „Скопје1“. Случајот бил пријавен вчера, 3 ноември, во 18:40 часот, кога Т.К. од Богданци ја известил полицијата дека забележал запален паркиран автомобил, во чија ...

На 03.11.2026 во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(27) од Скопје, откако физички нападнал неколку патници и возач на автобус, оштетил автомобил, а потоа нападнал и полициски службеници. Претходно било пријавено дека најпрвин во автобус физички нападнал неколку патници како и возачот на кого се обидел да му го одземе и мобилниот телефон, по што излегол надвор од ...

Плусинфо неофицијално дознава дека девојката претходно го пријавила 21-годишното момче за физички напад. Тој беше пронајден мртов покрај запалениот автомобил, а телото на малолетничката во неговата внатрешност. Причините и околностите за смртта се утврдуваат. Само 17 години имала девојката чие изгорено тело беше пронајдено во запален автомобил во близина на местото „Ичева чешма“ во Богданци. Плусинфо неофицијално дознава дека истрагата ...

Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Крива Паланка на 7 и 8 ноември ќе го одбележи споменот на својот патрон, светиот великомаченик Димитриј, со празнични богослужби на кои се поканети верниците од градот и околината. Според најавата на Кумановско-осоговската епархија, празнувањето ќе започне во сабота, на 7 ноември, со почеток во 17 часот, кога ќе се одржи празнична вечерна богослужба со петтолебие, предводена од митрополитот ...

На 05.11.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„Дижонска“ во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. На 05.11.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е ...

Заврши ли драмата со Ива Михајлова… Имаше таква драма и на Грујо му беше потребна со една Спаска…. Туку НЕДОВЕТНИ доста со циркус и неспособност ја храните јавноста , ЗЕМЕТЕ РАБОТЕТЕ Исплатете субвенции на земјоделците, зголемете студентски оброк, зголемете минимални плати, и доста крадете преку тендери и разни бизнис шеми …. Оти само циркус му сервирате на народот, де Груби се предаде, де Груби се шета низ Скопје, де Ива избега низ граница, ...

„Децата останаа без помпезно ветениот Луна-парк, а Скопје со уште едно ремек-дело на политичката лага“, реагира Катерина Ценевска, критикувајќи ги неисполнетите ветувања за изградба на новиот Луна-парк во Скопје. Таа посочува дека со години генерации деца растат без забавен парк, додека градските власти повторно најавуваат проекти што не добиваат реализација. „За сликање и ПР има време, за реализација нема! Скопје не е циркус, а децата не се ...

Во Нови Сад, загинаа 16 луѓе. Трагедијата ја запали искрата на гневот што се трупаше со години. А ние? 63 жртви во Кочани. 45 во „Беса Транс“. 16 во Ласкарци, 13 во модуларната болница. Колку трагедии уште треба да се случат за да сфатиме дека бројките не се само статистика, туку обвинение против системот? Груевски го спакуваа.Колбасот и слични ко него исто. Груби и таквите ко него ни се шетааат низ град. Милијарди исрадени пред наши очи. За ...

Пишува: Проф.Д-р Иван Анастасовски Постојат политички лидери кои ја градат својата моќ врз институциите, лидери кои ја градат врз идеологијата и лидери кои ја градат врз сопствената личност. Александар Вучиќ со години припаѓа на третата категорија. Тој не е само претседател на Србија, туку и центар на политичкиот систем што го создава, контролира и одржува. Но, секој политички танц, колку и да трае, има свој ритам, своја публика и свој ...

Студентите победија во Србија, Лула победи во Бразил. Сите се борат за подобра иднина, само ние се бориме за подобро минато. Во нешто сме уникатни, нема дилеми. Додека во сите држави (некаде порано, некаде подоцна) мнозинството стиснува заби и почнува борба за подобар живот, кај нас мнозинството се бори против тие што сакаат да стиснат заби и да се борат за подобар живот. Колку сме јадни и бедни, не сме свесни. Немаме ние народ за борба… ...

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС), денеска до Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) ќе ја достави иницијативата за одземање на дозволата за емитување на програма на злосторничката ТВ Информер. „Иницијативата е одговор на повеќегодишното и систематско кршење на законите и програмските обврски кои РЕМ досега не ги санкционирал“, се вели меѓу другото во соопштението на НУНС. Ако Македонија имаше вистинско независно ...

Траорната атмосфера во партијата на Мицкоски по поразот на Вучиќ само го потврдува тоа што го СДСМ го зборува повеќе од две години. Имам чувство дека самиот Мицкоски да изгубеше, немаше да биде прогласена оваа тридневна внатрепартиска жалост. За разлика од нашиве “патриоти”, Србија, но и и регионот, го слават падот на Вучиќ и почетокот на распаѓањето на неговиот балкански октопод. Промените во Србија не се само српска работа. Тие треба и мора ...

Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски Кога локалниот изборен резултат станува национална политичка порака, а финансиската нестабилност отвора прашања за довербата во институциите, тогаш дилемата за предвремени парламентарни избори станува реалност и тема за сериозна политичка анализа особено на владејачките партии. Македонската политичка сцена повторно се наоѓа пред неколку сериозни прашања. Брвеница, Алта банка и се погласните калкулации за ...

Кога Европската комисија предупредуваше дека се засилува влијанието на „српскиот свет“, владините претставници нè исмеваа. Алта банка е класичен пример за тоа влијание. А кога државниот врв е позаинтересиран да ги брани унгарските и српските интереси отколку интересите на сопствените граѓани, тогаш граѓаните ќе чекаат во редици за да си ги подигнат сопствените пари. А ова е само почеток. ФБ став на Фуркан Салиу Кога Европската комисија ...

Прво и’ дозволија влез на српската Алта банка, на која во сите земји кои имаат одговорна власт и’ ги затворија вратите. Ама бидејќи нашиве властодршци се ортаци со Вучиќ, глумеа лудило. На предупредувањата на СДСМ дека станува збор за банка која е пералница на пари, гувернерот Трајко Славески му порача на менаџментот на банката да ги тужи и партијата и Филипче. Откако во саботата Народната банка на Србија и’ стави катанец на АЛТА банка а.д. ...

Г-а Весна Јаневска не можеме да ја сметаме за министерка бидејќи нејзиното делување, реферирам на повлекувањето и менувањето на програмата за Сеопфатно сексуално образование (линк во коментар), е несомнено во својство на служителка на отец Јаков и МПЦ, и на серија анти-демократски и протофашистички здруженија и движења, што е делување спротивно на Уставот на државата (демократска и секуларна), чиешто слово мора да го почитува за да биде ...

Во едно успеа лицево за надзор, а тоа е да не’ обедини, па имаме една надпартиска, повеќе граѓанска реакција за заштита на позицијата на жената во нашето општество. Но, мора да се земе предвид и дека реакцијата е вака силна зошто човеков е целосно неважен лик. Многу е важно вака здружено и солидарно да се реагира и кога мажи, кои се на позиција на моќ, дискриминираат и дискредитираат жени или поттикнуваат родова дискриминација. Тогаш ќе може ...

Соопштение за јавнот на ЛДП: „Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. Со неприфаќањето на електронската нараквица убивте уште една жена! Билјана пријавила насилство и смртни закани, девојка од 17 години бегала од насилникот и живеела во страв! И сега пред нас се болни и тешки прашања на кои надлежните мора да дадат одговори. Што работат институциите кога една девојка ќе пријави ...

Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во спроведувањето на реформите и напредокот кон членство во Европската Унија, но отворањето на првиот преговарачки кластер останува условено со исполнувањето на обврските поврзани со уставните измени. Ова го порача еврокомесарката за проширување Марта Кос при претставувањето на Пакетот за проширување за 2026 година во Брисел, нагласувајќи дека земјата покажува посветеност на ...

Брзата помош неколкупати интервенирала пред Алта банка во Битола, откако им се слошило на граѓани кои чекале во метежот. Шалтерите денеска повторно се отворија во присуство на полиција, а претпладнево беа услужувани клиенти без платежни картички кои претходно добиле СМС-порака. Пред експозитурата се собраа и луѓе кои немале известување. Во испратените пораки, според извештајот на САКАМДАКАЖАМ.МК, наместо поединечни термини бил наведен ...

Катастрофалниот извештај на Европската комисија е директен одраз на резултатите од владеењето на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција. Тој нагласи дека оценките од Брисел ги потврдуваат предупредувањата на СДСМ за распространетата корупција, политичките притисоци врз правосудството и медиумите и закочениот европски пат. „Катастрофата во која Мицкоски и ...

Ученик активирал солзавец за време на настава во средното уметничко училиште. Инцидентот го пријавил загрижен родител, кој вели дека една недела по овој сериозен инцидент нема никаков одговор од институциите, и покрај тоа што сериозно биле загрозени здравјето и безбедноста на учениците, пренесува Сител ТВ. За време на часот по сликарство, ученик од четврта година, од смерот сликарски дизајн, активирал солзавец во ателјето каде што се ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Калај

46.54

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Цинк

3.76