Жителите на Чаир немаат доволно паркинг места за своите автомобили, а мака мачат и со дивите паркинзи за што ги обвинуваат институциите дека не преземаат мерки. И покрај тоа што Општина Чаир вети паркинзи, нив сè уште ги нема, а освен тоа, од таму велат и дека не можат да преземат мерки против дивите паркинзи. Се правдаат и Обвинителството и Управата за јавни приходи, а МВР и Државниот пазарен инспекторат молчат, пишува Порталб.мк. Чаирчани мака ...

Во просек, бебињата што се доени имаат за 2,6 поени повисока интелигенција (IQ) од бебињата кои не се доени со поголеми разлики во поголемо времетраење на доењето. Доењето значително го подобрува здравјето, развојот и благосостојбата н бебињата и на децата, а воедно и на мајките, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), по повод одбележувањето на Светската недела на доењето (1-7 август). „Се проценува дека се потребни повеќе од 4.000 литри вода ...

Тендерската документација за избор на компанија која ќе треба да ја изгради првата регионална депонија во земјава во селото Мечкуевци, Свети Николе сè уште чека одобрување. Тендерот за овој капитален проект, за кој земјава доби грант средства од Европската Унија, беше најавено дека ќе биде распишан најдоцна во јануари годинава, но сепак, повеќе од половина година подоцна сè уште се чека чешлање на документацијата. Депонијата, која ќе треба да ...

Турција го блокираше пристапот до платформата за социјални медиуми Инстаграм, соопшти денеска регулаторот за информатичка технологија, без да наведе причина или времетраење за забраната, што исто така ја остави недостапна мобилната апликација на платформата. Овој потег уследи по коментарите во средата на турскиот службеник за комуникации Фахретин Алтун, критикувајќи ја платформата за, како што ја нарече, нејзината одлука да ги блокира објавите ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го одбележа минатиот месец според бројот на информации и дезинформации и во врска со Русија и нејзината позиција околу мирот во Украина и во врска со улогата на другите големи сили околу овој конфликт. Но и во врска со краткорочната и среднорочната иднина на светот во геополитичка смисла, политиката на ЕУ и на НАТО кон сите овие прашања и, секако, идната политика на Унгарија. Откако си ги искажа ставовите кои се ...

Во текот на вчерашниот ден, во земјава биле регистрирани вкупно 42 пожари на отворено, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, во моментов се активни пет пожари, четири се под контрола, а 33 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Македонски Брод (село Тажево – село Брезница – крак кон Јасен), Општина Демир Хисар и Општина Охрид (Илинска Планина, село Базерник), Општина Охрид (Косел – Расино – Опеница – Вапила), ...

Акциска контрола во ноќен клуб во тетовското село Желино спровеле синоќа после полноќ полициски службеници од СВР Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Целта на контролата била откривање на странски државјани со нерегулиран престој или злоупотреба на престојот. Притоа, затекнати и приведени биле деветнаесет странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина и десет од Албанија. Приведено ...

Најмалку 32 лица загинаа, а околу 63 се повредени во напад на плажа во сомалискиот главен град Могадишу, изјави портпаролот на полицијата Абдифатах Адан Хасан. Тој додаде дека некои од повредените се во критична состојба, објави Би-Би-Си. Од службите за итна помош претходно беше соопштено дека во нападот загинале најмалку осум лица, а 28 се повредени. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, пренесе ...

Денеска, на 2 Август, Илинден, се одбележуваат два големи историски и државотворни настани, 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Премиерот Христијан Мицкоски денеска го честиташе Илинден и посочи дека овој ден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина и нашиот најсилен повик за акција и единство денес. „Илинден е повик за сите нас – да ...

Шест пожари на отворено, кои зафаќаат и шума се активни и денеска, во пет општини низ земјата. Центарот за управување со кризи информира дека во гаснењето учествуваат македонски авион Ер- трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, на кој на помош му се стигнати и авиони од Германија и Шведска, како и армиски и полициски хеликопетери, на кои им помагаат хеликоптери од Србија, Унгарија, Чешка и Словенија. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ...

Молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците за изготвување на антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери, се функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на одделението за бактериологија, информираа денеска од Институтот за јавно здравје. Пред три дена во оваа институција беше востановено дека комора и фрижидер на Одделението за ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, денеска го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Таа се сретна со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со кого ги потврдија традиционално пријателските односи меѓу двете ...

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, соопшти дека МНР на Косово упатило протестна нота до властите на Северна Македонија по синоќешниот инцидент на скопскиот аеродром, во кој обезбедувањето на аеродромот се обидело да го земе приватниот телефон на претседателката Вјоса Османи, а таа била оттурната, пренесува Н1. Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово нагласува дека претседателката Османи била соочена со ...

Денеска амбасадорот на ЕУ во Р.С. Македонија Н.Е. Дејвид Гир учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот се запозна со противпожарните активности. „Сите домашни и странски сили, и по земја и од воздух, согласно оптималните услови на техниката и ситуацијата на терен, храбро и одлучно се борат да ги угаснат пожарите што земаа замав во нашата држава“, ...

Ако сте земјоделец и треба да отстраните плевели или некои несакани растенија, ќе посегнете по некој хербицид, односно вид пестицид кој ги отстранува плевелите. Еден од најпопуларните хербициди во светот е глифосат. „Roundup“, најкористениот хербицид во САД, користи глифосат, а разни хербициди базирани на глифосат лесно се набавуваат во земјоделските аптеки во нашата држава. Но, како и со сите останати пестициди, постои контроверзија околу ...

Второстепената комисија за управни постапки ја отфрлила жалбата на компанијата Кепс Монт Груп која се жалеше што не доби Б- интегрирана дозвола од Општината Велес за да може да воведе уште две дејности во расчистувањето на депонијата со згура од некогашната топилница за олово и цинк. Компанијата, која има концесија да ја ископа и извезе згурата како техногена минерална суровина, поседуваше Б-интегрирана дозвола која и дозволуваше ископ, сеење и ...

„Домаќинство за почетници” по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција, освои две златни арени на филмскиот фестивал во Пула, кој започна на 11 јули, а се затвора денес, со прикажување на победничките филмови. „Домаќинство за почетници” беше дел од натпреварувачката програмата за малцински копродукции и ја освои златната арена за најдобра хрватска малцинска ко-продукција, а хрватскиот актер Владимир Тинтор доби ...

Солидарноста во акција, напиша денеска на социјалната мрежа X евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, потенцирајќи дека авиони, хеликоптери и теренци од Чешка, Германија, Словенија, Србија и Шведска им се придружуваат на партнерите во Северна Македонија, за да се борат против пожарите. Сето ова се прави преку т.н. ЕУ-механизам за цивилна заштита, односно сета помош што во втората транша, од 31 јули ја доби државата за борба со пожарите, освен од ...

Случајот на 2 август со претседателката на Косово за нас предизвика чувство на жалење и не сакаме да се повтори. На аеродромот ТАВ се следат јасни и прецизни меѓународни стандарди и процедури на кои сум подложен и јас, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со косовскиот колега Албин Курти, по средбата меѓу двете владини делегации. „Истовремено, ги отворивме и темите коишто за двете држави на политичко ниво се важни – ...

Сите наши државјани кои се наоѓаат во Либан, да ја напуштат земјата во прва можна прилика поради влошената безбедносна ситуација, повика утрово Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Истовремено, од МНР порачуваат граѓаните да ги одложат патувањата кои не се неопходни кон Израел, поради непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток. „Дополнително, македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, да ги ...

Од вкупно 29 пожари на отворен простор во текот на изминатото деноноќие, во моментов активни се пет, три се ставени под контрола, додека 21 се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Сè уште е активен пожарот кај селата Тажево и Брезница, крак кон Јасен во Општина Македонски Брод. Уште гори и на Илинска Планина, село Базерник во Демир Хисар, а активни пожари има и во пробиштипско – села Зелениград и Јамиште, гевгелиско – ...

Поднесена е кривична пријава против С.С. – началник на личното обезбедување на претседателот на Собранието Африм Гаши, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Кривичната пријава за обезбедувањето на собранискиот спикер Африм Гаши следува по инцидентот со косовската претседателка ...

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензинот Еуросупер БС–95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство и тоа за половина денар за литар. Според денешното соопштение на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 од вечерва ќе се продава за 80,5 денари за литар, додека литар дизел гориво ќе чини 72,5 денари за литар. Маслото за горење, пак, ќе се продава по цена од 71 денар за литар. Малопродажната цена на бензинот Еуросупер ...

Само што излезе додатокот на играта што ја изменува и апдејтира (пре-пач) за експанзијата The War Within (Светот на воениот занает), која ќе излезе на 26 август. Многу карактеристики на играта се отвараат со новиот додаток „Warbands“. „Warbands“ ги обединува сите ликови на вашиот WoW (масовна мултиплеер онлајн игра објавена во 2004 година од „Близард ентертејнмент“) акаунт во функционална група. Повеќето работи како достигнувања (ачивменти), ...

Климатските промени се плодна почва за ширење на дезинформации. Негирањето дека воопшто постои глобалното затоплување, теориите на заговор дека климатските промени се оружје во рацете на тајни групи или моќни поединци за контрола или за нанесување штети на населението, или пак, дека нивното влијание не е толку големо, како што тврдат научниците, се дел од наративите кои се сретнуваат. Во последните години во Европската Унија актуелен е и трендот ...

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера на Меѓународниот аеродром во Скопје, додека претседателката на Косово Вјоса Османи, поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Од МВР велат дека подоцна сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер, но ...

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп објави дека се договорил со телевизиската куќа Фокс Њуз на 4 септември да има дебата со Камала Харис, американски потпретседател и очекуваниот демократски кандидат за претседател на САД. „Се договорив со Фокс Њуз да имам дебата со Камала Харис во среда, 4 септември“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Сè уште не е познато дали Камала Харис ќе прифати да оди на ...

Во текот на изминатиот ден имало вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои во моментов 9 се активни, 5 се под контрола и 26 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и крак кон Јасен, потоа кај селата Зелениград и Јамиште, кај селото Долно Барбарево и помеѓу селата Пласница и Латово. „Дождот засега не ни помогна никаде“, велат од ЦУК. Пожар има и на Илинска планина, потоа кај ...

Социјалната мрежа Инстаграм веќе втор ден е блокирана во Турција, по обвинувањата за цензура испратени од висок турски функционер до американската платформа, јавува Франс прес. Директорот за комуникации на турскиот претседател Фахретин Алтун во средата остро го критикуваше Инстаграм, тврдејќи дека платформата ги спречува луѓето да објавуваат пораки со сочувство за „маченикот (Исмаил) Ханије, шефот на Хамас“. „Тоа е многу јасен обид за цензура“, ...

Репортерот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, поранешниот американски маринец Пол Вилан и руско-американската новинарка Алсу Курмашева слетаа во САД, по најголемата размена на затвореници меѓу Русија и Западот од Студената војна. Како што известува CNN, повратниците биле пречекани од нивните семејства во заедничката база Ендрјус во Мериленд, каде што присуствуваа и претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. Гершкович им се ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.09
72%
1022
weather icon

Загреб

16ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1022
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
0.73
64%
1022
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.0
86%
1023
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.63
47%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1018
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
37%
1020
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
64%
1022
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.34
59%
1022
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
56%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62