Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Цените на нафтата денеска забележаа раст откако беше соопштено дека се одложени разговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, кои требаше да се одржат во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток. Според податоците на „Трејдинг економикс“, цената на американската сурова нафта WTI достигна 77,3 долари за барел, додека северноморската нафта Брент се тргува по цена од 80,1 долари за барел. Во меѓувреме, цената на природниот гас на ...
Банкарскиот сектор продолжува со стабилен раст и кај штедењето и кај кредитирањето, покажуваат најновите податоци на Народната банка за мај 2026 година. Според објавените податоци, паричната маса (М3) во мај е зголемена за 0,8 проценти во однос на претходниот месец, додека на годишно ниво е регистриран раст од 8,6 проценти. Најголем придонес за ова зголемување имаат готовите пари во оптек, депозитните средства и долгорочните депозити. ...
АЛТА Банка ги повикува родителите навреме да започнат со создавање финансиска сигурност за своите деца преку производот за детско денарско штедење. Од банката посочуваат дека штедењето уште од најрана возраст претставува важен чекор кон градење здрави финансиски навики и обезбедување средства за идните потреби и планови на децата. „Секој голем сон започнува со мала заштеда“, порачуваат од АЛТА Банка, нагласувајќи дека производот овозможува ...
Цената на златото продолжи да слабее во текот на вчерашното тргување, пробивајќи го нивото на поддршка од 4.200 долари, кое аналитичарите го посочуваа како последна проектирана цел на надолниот тренд. Според анализата на Economies.com, ваквото движење ја потврдува доминацијата на продавачите на пазарот и укажува дека краткорочниот мечкин тренд останува на сила. Дополнителен притисок врз цената создава и фактот што златото се движи под ...
Халкбанк АД Скопје најави нова можност за своите клиенти, овозможувајќи им пристап до тргување на Истанбулската берза, една од најголемите и најдинамични пазари на капитал во регионот. Од банката посочуваат дека преку оваа услуга инвеститорите ќе можат да го прошират своето портфолио и да вложуваат во компании од различни индустрии, со што ќе ја зголемат диверзификацијата на своите инвестиции. „Нов пазар. Нови можности. Твојот следен паметен ...
Фестивалот „Охридско лето“ веќе 66 години претставува еден од најзначајните културни настани во Македонија, обединувајќи врвни музички и театарски уметници на сцените во Охрид. По повод долгогодишната традиција на фестивалот, Комерцијална банка потсети на неколку значајни моменти од неговата историја. Приказната започнува во 1961 година, кога во црквата „Света Софија“ настапила оперската дива Ана Липша-Тофовиќ, придружувана од пијано донесено ...
Македонскиот банкарски сектор во изминатите години поминува низ значајна трансформација, поттикната од дигитализацијата, променетите навики на клиентите и растечкиот интерес за нови форми на инвестирање. Во такви услови, банките сè повеќе се позиционираат како финансиски партнери кои, покрај традиционалните услуги, нудат пристап до современи инвестициски решенија и дигитални финансиски алатки. Во најновото издание на емисијата FinSight, ...
Светските берзи во петокот покажаа мешани резултати, додека инвеститорите ја проценуваат одржливоста на мировниот договор меѓу САД и Иран, постигнат со посредство на Вашингтон. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека секое економско олеснување за Техеран ќе зависи од целосното почитување на договорените услови. Тој нагласи дека САД нема да ѝ отстапат финансиски средства на Иран, освен ако земјата целосно не ги исполни своите ...
Цената на суровата нафта бележи внимателно закрепнување во текот на денешното тргување, поттикната од подобрување на индикаторите за релативна сила (RSI), кои претходно достигнаа силно препродадени нивоа. Според техничката анализа на „Economies.com“, позитивните сигнали од индикаторите ѝ помогнале на нафтата да врати дел од претходните загуби. Сепак, пошироката техничка слика останува негативна. Краткорочниот надолен тренд сè уште доминира, а ...
Основачот на Џеф Безос смета дека вештачката интелигенција на долг рок ќе отвори повеќе работни места отколку што ќе затвори, отфрлајќи ги стравувањата дека технологијата би можела да предизвика масовна невработеност. Говорејќи на технолошката конференција VivaTech во Париз, Безос изјави дека вештачката интелигенција нема да ги направи луѓето непотребни, туку ќе ја зголеми побарувачката за работна сила и ќе отвори нови можности за ...
„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, ...
Со почетокот на летната сезона и зголемениот број патувања, Стопанска банка АД – Скопје ги потсетува своите клиенти дека можат да патуваат побезгрижно со патничкото осигурување што го нуди во соработка со Кроација осигурување. Осигурувањето е наменето за сите кои планираат одмор, деловно патување или викенд-посета во странство, обезбедувајќи дополнителна сигурност и заштита за време на престојот надвор од државата. Од банката велат дека целта ...
Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата помлад соработник за оперативно работење во својата филијала во Велес. Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се темели на стабилност, ефикасност и иновативност. Во ...
Мајкрософт се откажа од преговорите за изнајмување cloud-инфраструктура вредна околу 3 милијарди долари од Оракл, што укажува на сè поголемите предизвици со кои се соочуваат технолошките компании во трката за обезбедување капацитети за развој на вештачка интелигенција. Неуспехот на повеќегодишниот договор ја истакнува растечката конкуренција и притисокот врз инфраструктурата за обработка на податоци. Со оглед на тоа што побарувачката за ...
Сè повеќе компании се информираат и активно се вклучуваат во проектот е-Фактура, соопшти Управата за јавни приходи по одржаната работилница во Кичево, организирана во соработка со Регионалната комора Кичево при Стопанската комора на Македонија. На настанот, претставниците на деловната заедница имаа можност непосредно да се запознаат со функционалностите на системот е-Фактура, придобивките од неговата примена, процесот на тестирање и ...
Иако граѓаните сè повеќе користат дигитални услуги и електронски начини на плаќање, малите трговци во земјава сè уште во голема мера се потпираат на готовински трансакции. Според податоците презентирани од Народната банка, повеќе од 90 проценти од плаќањата кај малите трговци се реализираат во готовина. На работилница организирана од Народната банка во соработка со Светската банка, вицегувернерот Игор Величковски посочи дека државата ...
Американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД), одлучи да ја задржи референтната каматна стапка непроменета на првиот состанок за монетарна политика под раководство на новиот гувернер Кевин Ворш. Каматната стапка останува во опсег од 3,5 до 3,75 проценти, што е четврти последователен состанок на кој ФЕД не прави промени во монетарната политика. Сепак, речиси половина од членовите на Одборот сигнализирале дека би можеле да поддржат ...
На плоштадот покрај Македонскиот народен театар во Скопје е поставен нов банкомат на Халкбанк, чиј дизајн е внимателно приспособен на амбиентот и архитектурата на една од најзначајните културни локации во главниот град. Со својата форма и препознатливите црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и секојдневните банкарски услуги можат да бидат дел од градската културна приказна. Од банката посочуваат ...
Цената на златото забележа умерен раст во текот на денешното тргување, откако доби поддршка од 50-дневниот експоненцијален подвижен просек (EMA50), што му помогна делумно да ги надомести загубите од претходната сесија. Според анализата на Economies.com, овој технички показател обезбедил важна основа за враќање на позитивниот моментум на пазарот. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека краткорочниот надолен тренд и натаму останува доминантен. ...
Цените на нафтата денеска забележаа пад откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за ставање крај на воениот конфликт на Блискиот Исток. Дополнителен притисок врз пазарот создаде и предупредувањето од Меѓународната агенција за енергија за можен вишок на понуда на нафта во текот на следната година. Според податоците на Trading Economics, цената на суровата нафта изнесува 74,56 ...
Халкбанк АД Скопје продолжува да ја збогатува својата понуда на инвестициски услуги, овозможувајќи им на клиентите директен пристап до Истанбулската берза – една од најдинамичните и најбрзорастечки берзи во светот. Со оваа нова можност, клиентите на Банката добиваат пристап до пазар кој претставува мост меѓу Европа и Азија и кој нуди широк спектар на инвестициски можности, од акции на водечки компании и удели во ЕТФ фондови, до други ...
Без разлика дали живеете во Германија, Швајцарија, Италија, Австрија или некоја друга европска земја, eдна работа останува иста, а тоа е врската со домот. За многумина од нашата дијаспора, редовното испраќање средства до семејството, штедењето за идни планови во Македонија или едноставното управување со личните финансии од далечина е дел од секојдневието. Токму затоа, изборот на банка која нуди сигурни, едноставни и современи услуги станува ...
Комерцијална банка АД Скопје објави оглас за вработување на позицијата Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата во Тетово. Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се стреми кон стабилност, ефикасност и ...
Комерцијална банка и оваа година ја потврдува својата поддршка за културата и музичката сцена во земјава, застанувајќи зад 17-тото издание на Гитарскиот фестивал во Крушево. Фестивалот ќе се одржи од 19 до 21 јуни, во организација на друштвото за култура и уметност АРТ-КУЛ Крушево, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со целовечерни концерти и музички настапи. Гитарскиот фестивал традиционално ги обединува ...
Стопанска банка го проширува стратешкото партнерство со Мастеркард со цел остварување натамошен развој на своите услуги за плаќање и воведување нови производи за картички за физички и деловни клиенти. Проширената соработка е дел од стратегијата на банката за развој на својата инфраструктура за плаќање и подобрување на дигиталното искуство за своите клиенти. „Соработката на Стопанска банка со Мастеркард почна во 2009 година и оттогаш банката ...
„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација на Народната банка, Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската комора во Северна Македонија. На ...
Шпаркасе Банка АД Скопје соопшти дека Благоја Устијаноски официјално ја презел функцијата член на Управниот одбор на Банката. Со неговото назначување, Управниот одбор ќе работи во проширен состав од пет члена, со цел дополнително зајакнување на капацитетите за спроведување на стратешките приоритети и понатамошен развој на институцијата. Во рамки на новата функција, Устијаноски ќе биде одговорен за работењето на Дирекцијата за корпоративни ...
Крајот на учебната година донесе поинаков, возбудлив и едукативен ден за децата поддржани од СОС Детско село. Во рамките на долгогодишното стратешко партнерство, финансиското друштво Flex Credit организираше специјален едукативен час на отворено во Зоолошката градина во Скопје. Училницата под отворено небо беше поставена токму до новата, неодамна изградена куќичка за желки – проект кој Flex Credit самостојно го финансираше и изгради за ...
Комерцијална банка и оваа година со задоволство ги награди најуспешните млади читатели – учениците победници на натпреварот во раскажување книги, организиран од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“. Шест ученици кои се издвоија со својата љубов кон книгата, посветеност и исклучителна вештина да го пренесат прочитаното, добија вредни награди што ги поттикнуваат да продолжат по истиот пат. Првонаградените ученици добија штедни книшки „Верверичка“ со ...
Корисниците на Mastercard картичките издадени од Стопанска банка добиваат можност да освојат парични награди преку новата наградна игра „Мастерплан“, чија главна награда изнесува еден милион денари. Од банката информираат дека секоја трансакција направена со Mastercard картичка автоматски претставува учество во извлекувањето за главната награда, како и за повеќе месечни парични награди во износ од 30.000, 50.000, 100.000, 300.000 и 500.000 ...