Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Младата тапанарка Павлина Горгиева ја спојува љубовта кон македонската народна музика со образованието во областа на дизајнот и технологијата на текстил и облека. Таа самостојно почнала да го изучува тапанот, а своите изведби ги споделува и на социјалните мрежи, каде што добива поддршка од публиката. Иако музиката и дизајнот на прв поглед изгледаат како две различни професионални насоки, Горгиева вели дека ги поврзуваат креативноста, ...
Цените на угостителските услуги во јули 2026 година се зголемиле за 1,1 отсто во споредба со претходниот месец. Најголемо месечно поскапување е забележано кај ноќевањата, чии цени пораснале за 5,6 отсто. Цените на храната се зголемиле за 0,2 отсто, додека кај алкохолните и безалкохолните пијалаци не се регистрирани промени. Во споредба со јули минатата година, угостителските услуги биле поскапи за 3,2 отсто. Во периодот од јануари до јули ...
По повод Денот на книгољупците, кој се одбележува на 9 август, издавачкиот центар „ТРИ“ подготви дополнителни попусти на дел од омилените книжевни наслови, како и повеќе изненадувања за читателите. Промотивната понуда почнува денеска, 6 август, и ќе трае до недела, 9 август, во книжарниците на „ТРИ“. Во рамките на летниот предизвик со читателски пасош, на 8 и 9 август купувачите за сметка во вредност од најмалку 500 денари ќе добијат два ...
Со свеченото доделување на наградите и проекцијата на македонскиот филм „Диџеј Ахмет “ на режисерот Георги М. Унковски, на 4 август 2026 година успешно заврши седмото издание на Галичник Филм Фестивал. Во текот на четирите фестивалски дена, Галичник беше домаќин на филмски автори, гости и љубители на филмот од земјата и странство, кои имаа можност да проследат богата селекција на краткометражни филмови, мастерклас, разговори со автори и ...
Сеул е прогласен за најдобар град за студирање во 2027 година, според ранг-листата на компанијата „Quacquarelli Symonds“ (QS), специјализирана за анализа на високото образование. На второто место е Токио, додека Лондон е трет. Во првите десет се најдоа и Мелбурн, Минхен, Сиднеј, Париз, Берлин, Виена и Цирих. Минхен, кој е рангиран на петтото место, е најдобро оценетиот град во континентална Европа. При составувањето на листата биле земени ...
Владата прогласи кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од пожари на отворено и шумски пожари. Кризната состојба ќе трае 30 дена, почнувајќи од 1 август. Како што соопшти Владата, одлуката треба да овозможи координирано дејствување и мобилизирање на расположливите институционални капацитети за заштита на населението, имотот и природните ресурси. Со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за ...
Триото „Пијан Славеј“ ќе одржи концерт на 19 август, со почеток во 21 часот, на малата сцена во Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. Влезот е бесплатен, а билетите ќе може да се подигнат од билетарницата на театарот почнувајќи од 17 август. Триото го сочинуваат Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Славчо Јовев, членови на групата „Фолтин“. Преку својот авторски музичко-поетски формат, музичарите создаваат современ облик ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека е во тек исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период од учебната 2025/2026 година. Образовниот додаток се исплаќа во четири периоди во текот на учебната година. Исплатата за првиот мерен период се врши во декември, за вториот во февруари, за третиот во мај, додека средствата за четвртиот мерен период се исплаќаат во јули. Од Министерството не соопштија колку ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб се одржа аудиовизуелното предавање „Историја на македонската рок музика“ на авторот и музички хроничар Тошо Филиповски. Настанот привлече многубројна публика, која имаше можност да ја разгледа и изложбата посветена на македонската рок-сцена. На почетокот се обрати директорката на КИЦ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, која го претстави творештвото на Филиповски и неговата долгогодишна работа на ...
Културно-едукативниот центар „Лабораториум“, во рамки на летната фестивалска програма „Скопје вибрира“, на 31 јули и 1 август организира две филмски вечери под отворено небо, посветени на современата француска кинематографија. Вечерва, 31 јули, со почеток во 21 часот, ќе биде прикажан филмот „En Corps“ („Повторно раѓање“) во режија на Седрик Клапиш. Филмот ја следи приказната за млада балерина која по сериозна повреда се обидува повторно да ...
Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави збирката раскази „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски. Книгата е објавена во едицијата „ПРОаЗА“, како нејзино 251. издание. Збирката содржи избрани раскази напишани со исповедна отвореност и непосредност. Преку нив авторката зборува за љубовта и разочарувањата, семејството, насилството, осаменоста, стареењето, спомените и малите секојдневни радости. Посебно место во книгата зазема книжевното ...
Издавачката куќа „Матица македонска“ го отвори јавниот читателски повик „Една книга. Една реченица.“, преку кој ќе биде подготвен изборот „35 книги преку кои читателите ја читаат Македонија“. Читателите треба да предложат книга што им помогнала да откријат или подобро да разберат нешто важно за Македонија – нејзината историја, јазик, култура, луѓе, населени места, иселеништво или секојдневие. Може да се предложи роман, поетска збирка, ...
Граѓанските организации „Новинари за човекови права“, Здружението на правници Роми и „Еко-свест“ побараа од институциите итно да започнат постапка за усвојување национален протокол за постапување при кризи со водоснабдувањето. Повикот следува по проблемите со снабдувањето и квалитетот на водата во Општина Гостивар, кои, според организациите, влијаат врз здравјето и секојдневниот живот на граѓаните. Од „Новинари за човекови права“ информираа ...
Од 31 јули до 3 август, Галичник по седми пат ќе гo отвори своето препознатливо кино под отворено небо за едно од најавтентичните филмски доживувања во регионот. Галичник Филм Фестивал годинава носи повеќе од 50 краткометражни филмови од 30 земји, избрани од стотици пријави од целиот свет, потврдувајќи ја својата позиција како меѓународен фестивал кој ги открива новите авторски гласови. Годинешната програма е најразновидна досега. Покрај ...
По успешната премиера на Скопје танцова платформа, одржана во рамките на Танц Фест Скопје 2026, претставата „МА“ на Скопје танцов театар, во кореографија на Дејан Битровски, вечерва ќе ја има својата италијанска премиера во Новиот театар Абелијано во Бари. Гостувањето се реализира на покана на италијанската организација РесЕкстенса – Порта д’Ориенте, како дел од меѓународната програма „Обединете ги краевите и ќе го добиете вистинскиот ...
Новата екранизација на Хомеровата „Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан, повторно ја отвори дебатата за границата меѓу уметничката слобода и зачувувањето на историскиот и културниот контекст. Филмот, кој пристигна во кината на 17 јули, располага со богата актерска екипа предводена од Мет Дејмон како Одисеј, Ен Хатавеј како Пенелопа и Том Холанд како Телемах. Во другите улоги се појавуваат Лупита Нионго, Зендеја, Роберт Патинсон и Шарлиз ...
Државниот завод за ревизија објави извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2024 година, при што е изразено позитивно мислење за финансиските извештаи и позитивно мислење за усогласеноста. Иако ревизорите дале позитивни мислења, во извештајот се посочени повеќе слабости во работењето на институцијата и се дадени четири препораки за нивно надминување. ...
Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја отвори на 25 септември со премиерата на претставата „Три сестри“, според драмата на Антон Павлович Чехов, во режија на Нела Витошевиќ. Премиерата ќе биде првата претстава на МНТ изведена со превод на англиски јазик. Театарот најавува дека превод ќе биде достапен и за дел од останатите претстави, во однапред утврдени термини. Новината има цел македонската театарска продукција да стане ...
Вкупната потрошувачка на електрична енергија во мај 2026 година изнесувала 479.603 мегават-часови, покажуваат најновите податоци за потрошувачката на енергенти. Бруто-домашното производство обезбедило 96,5 отсто од вкупната бруто-потрошувачка на електрична енергија во земјава. Во истиот период биле потрошени 4,463 милиони нормални кубни метри природен гас, 264.997 тони јаглен и 78.468 тони нафтени продукти. Речиси целокупната потрошувачка на ...
Инфлација повисока од 4%, раст на економијата нешто над 3%. И економските аналитичари ги “ревидираа“ проценките за 2026 та, за ценовниот притисок нагоре а за растот на БДП надолу. Домашната економија е под ризик од надворешни фактори, но дополнително состојбата се проблематизира поради иселувањето и “заглавените“ европски интеграции, пишува „Порталб“. Економистите прогнозираат : економскиот раст се топи, инфлацијата расте Годинава економија ...
Новооснованиот уметнички колектив „Орион“ ја започнува својата работа со уметничка колонија и изложба насловени „Нема време за одмор“, кои од 20 до 30 јули се одржуваат во Охрид. Завршната изложба ќе биде отворена на 29 јули во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Проектот претставува алтернативна културна иницијатива насочена кон забавување на брзото темпо на секојдневниот живот и создавање простор за набљудување и доживување на ...
Али Февзи е сопственик на една од најстарите берберници во Општина Аеродром и продолжувач на долгогодишна семејна традиција. Во истиот дуќан работи од 1990 година, а занаетот почнал да го учи уште како дете, следејќи го примерот на својот татко. Дуќанот е отворен официјално во 1986 година, а само 4 години подоцна Али му се придружува на својот татко од кого го учи занаетот, а потоа и наследува бербеницата. Семејна традиција и лична приказна ...
Проектот „Скопје 63/63“, посветен на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, ги поврзува поезијата и фотографијата во заедничко навраќање кон минатото и трансформациите на градот. Во рамките на проектот ќе биде претставена поетска антологија подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопје и неговата колективна меморија. Проектот е ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, вчера го отвори координативниот состанок со меѓународните партнери посветен на напредокот во спроведувањето на Националната стратегија за млади и можностите за понатамошна соработка во областа на младинските политики. На настанот присуствуваа резидентната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, д-р Рита Колумбија, претставници на Германското ...
Лишени од слобода се А.А. од Здуње – в.д. директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од Форино шеф на „Водовод и канализација“ и Л.Н. од Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар Директорката на јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар Арта Асани и уште две лица денеска се лишени од слобода, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Ова следува откако беше соопштено дека 3.100 лица побарале лекарска помош со ...
Владата на денешната 195. седница донесе одлука за прогласување 30-дневна кризна состојба во Општина Гостивар, по предлог на Управувачкиот комитет. Како што соопштија од Владата, одлуката е донесена затоа што локалната самоуправа не може самостојно да се справи со настанатата состојба, а целта е да се овозможи побрза координација меѓу надлежните институции, ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во ...
Блупринт групата за реформи во правосудството побара брза, темелна и независна истрага за случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар, оценувајќи дека станува збор за сериозен показател на можни системски слабости, а не за изолиран инцидент. Во реакцијата, тие посочуваат дека забраната за користење на водата од градскиот водовод, прогласената епидемија и одлуката на Владата од 21 јули за прогласување кризна состојба отвораат ...
Цените на услугите во воздушниот транспорт во Европската Унија, вклучувајќи ги и авионските билети, бележат значителни промени од почетокот на 2025 година. Осцилациите се поврзуваат со побарувачката за патувања, сезонските движења и актуелните геополитички случувања. Најголемото годишно зголемување било регистрирано во април 2025 година, кога цените пораснале за 13,7 проценти во споредба со истиот месец претходната година. Во текот на летото ...
Само 1% од пензионерите примаат максимален, највисок износ на пензија од над 64.518 денари, од друга страна најголем број на пензионери или 36,81% имаат пензија од 20.229 денари до 23.945 денари. Владата со помош на Светска Банка започна анализа на состојбата во сегашниот пензиски систем, со најава за можна реформа, пишува Порталб Скоро 64% од парите на осигурениците во вториот столб „врзани“ за државни обврзници Вкупно 534 лица во 2025 ...
За Гоце Делчев се напишани многу историски книги, студии и биографии во кои се претставени неговото дело, идеалите и револуционерниот пат. Но, без амбиција да создаде уште едно историско четиво, Зоран Спасов Ѕоф во својот најнов роман „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ се обидува да го открие човекот зад револуционерот. Три месеци по големата промоција, одржана на отворањето на Саемот на книгата на 23 април 2026 година, разговаравме со Ѕоф за тоа ...