Шенoн Доерти, ѕвездата од „Беверли Хилс, 90210“, почина на 53-годишна возраст. По години поминати во борба со ракот на дојка, Доерти почина во саботата, се вели во изјавата на нејзиниот публицист Лесли Слоун. „Посветената ќерка, сестра, тетка и пријателка беше опкружена со своите најблиски, како и со нејзиното куче Боуви. Семејството ја бара нивната приватност во овој момент за да можат да тагуваат на мир“, изјави Слоун. Нејзината болест беше ...

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека во текот на изминатово деноноќие се случиле 13 пожари на отворено. Од нив, 12 се изгаснати од пожарникарите, а активен е само еден, во Општина Велес, помеѓу селата Отишино и Оризари, каде гори ниска вегетација. Од ЦУК велат дека ќе продолжат да дејствуваат согласно ситуацијата на теренот. Една третина од вчерашните пожари на отворено биле на повик за гаснење депонии или ѓубришта, од кои ...

Министерот за јавна администрација Горан Минчев најави укинување на балансерот. Како причина за ова, тој рече дека балансерот во минатото бил предмет на злоупотреби. „Имавме случаи каде етнички Македонци се пишуваа Албанци и каде етнички Албанци се пишуваа Македонци. Имавме и случаи каде припадници на други етнички заедници се пишуваа Македонци. Јас тоа можам да го конкретизирам и со актуелниот случај, согласно новата систематизација и бројот на ...

Најмалку 71 Палестинец загинаа во израелски воздушен напад што погоди густо населена област на раселени луѓе во областа Ал-Маваси во Газа, соопшти Министерството за здравство, раководено од Хамас. Израелската војска ја означи оваа област како безбедна зона, повикувајќи ги Палестинците да побараат засолниште таму. Во нападот се повредени повеќе од 289 лица. Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот, а израелските медиуми јавуваат ...

Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. „Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве ќе ...

Во услови на високи надворешни температури Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира да се води грижа и за домашните животни и милениците. Намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст се дел од последиците врз здравјето на животните кои може да ги предизвикаат високите температури. „Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на ...

Од Секторот за компјутерски криминал информираат дека се шири лажна кампања за лесно тргување со криптовалути. Зачестено е објавувањето линкови до веб сајтови и сервиси на социјалните мрежи за брза заработка со криптовалути. Таргетирањето се врши преку оставање на приватни имејл адреси, преку кои се испраќаат пораки во кои се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути. Кампањата започнува со објави на социјалните мрежи ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со Тимчо Муцунски како нов министер, соопшти дека „во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република Северна Македонија, вклучително и од Договорот од Преспа“. Но, оттаму потсетуваат дека имплементација на овој Договор со кој беше сменето името на државата во 2018 година со цел влез во НАТО алијансата, е обврска и за двете страни, мислејќи на ...

Претпочитајте да пиете безбедна вода за пиење. Водата за пиење треба да биде без мраз, заради превенција од заразни заболувања и настинки. Носете капа со широк обод и очила за сонце со заштитен УВ фактор и носете широка, лесна и памучна облека со светла/бела боја. Ова се некои од јавно-здравствените препораки на Институтот за јавно здравје за летни патувања. „Планирајте активности на отворено во поладни периоди од денот, пред 11 и после 17 ...

„EduCyberGuardians“ е името на новата отворена онлајн едукативна платформа наменета за наставници од основните училишта. Целта е преку неа да се зајакне медиумската и дигиталната писменост, нудејќи им на наставниците ресурси и обука што им се потребни за подобрување на своите компетенции за полесно снаоѓање низ дигиталниот пејзаж. Наставнците можат да ги научат своите ученици да распознаваат веродостојни информации, да ги разберат опасностите од ...

Русија 10 години врши агресија врз Украина и уште ја клеветеше за терористичкиот напад врз салата Крокус, иако одговорноста ја презедоа исламистите, а сега ја клевети и за ракетен напад врз плажата во Севастопол на Крим, иако рускиот окупациски гувернер на градот призна дека врз плажата паднала соборена ракета, чија цел била друго место. Украина е клеветена и за напади врз цркви и синагога во руската автономна република Дагестан, а ваквото ...

ЕУ заедно со Германија, како и НАТО и САД и Украина ставаат силен акцент на човековите права, основните слободи и заштитата на малцинствата. ЕУ има механизми за да ги поддржува овие принципи, како што е Европскиот суд за човекови права. Од друга страна пак, фашистичките режими се познати по нивната угнетувачка природа, вклучувајќи цензура, прогон на политичките противници и кршење на човековите права, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во ...

Во насловот на текстот се вели дека „во Киев е извршен пуч и Зеленски не управува повеќе“, а тие наводи се атрибуираат токму на Иверсен. „Вистиномер“ ја најде конекцијата меѓу нејзините изјави и нивното пренесување во Русија, каде таа е презентирана како „новинарка“. Тоа што Зеленски го променил командантот на Здружените сили на украинската војска Јуриј Содол, не значи дека во „Киев е извршен пуч“. Тоа е пропаганда и невистина, пишува ...

Вистината е дека градското сообраќајно претпријатие е во многу лоша состојба поради повеќе политики што биле водени (па прекинувани), кон оваа јавна фирма, вклучувајќи ја и главната политика за тоа каков треба да биде јавниот превоз во Скопје. Доволно е само да се погледнат набавките на автобусите, јавните набавки од ЈСП и судбината на проектот „Брз автобуски превоз“, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме интегрално: Опозициска партија ...

Американската амбасадорка Анџела Агелер никаде нема изјавено дека договорите од Преспа и со Бугарија треба да се поништат. Таа тоа уште помалку го има сторено во интервјуто за Радио Слободна Европа од каде што потекнува фотографијата во објавата. Интервјуто на американската амбасадорка е достапно на Интернет и секој може да го погледне. Со оглед на сето ова, објавата ја оценуваме како погрешна, односно невистинита, пишува Вистиномер. Текстот го ...

Во првиот квартал од 2024 година кај „зелените кредити“ се забележува годишен раст од 26,37 отсто, покажуваат податоците што ги објави Народната банка. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, пак, овие кредити се зголемени за 2,8 пати. Таканаречените „зелени кредити“ се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција ...

Од вечерва на полноќ ќе поскапат бензините, дизел горивото и екстра-лесното масло за домаќинство, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден денар. Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе чини 84 денари за литар, додека 98-октанскиот бензин ќе се продава по цена од 86 денари за литар. Дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за ...

На денешната средба меѓу Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески беше договорено да се предадат сите ревизорски извештаи кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика, како и да се отпочне процес на постојана редовна ревизија на сите институции. „Несериозен е односот кон ревизорските извештаи коишто со години забележувале и ...

С. Македонија годишно губи 146 милиони кубни метри вода за пиење. Речиси половина од водните претпријатија работат со финансиска загуба, а кај најголем дел од нив и загубата на вода е поголема од 40 отсто. Ова го покажува последната анализа од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за цените и потрошувачката на водата за пиење. Најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње – само 7,5 денари за потрошен кубик, а ...

Петте најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе добијат понуда за работа во државните болници. Ова денеска го изјави министерот за здравство Арбен Таравари, кој имаше средба со деканот на Медицински факултет проф. д-р Светозар Антовиќ. „Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат и 10 најдобри студенти” изјави Таравари. На ...

Во мај, за прв пат годинава банкарите посегнаа по намалување на каматите за новопримените штедни влогови. Трендот на раст на каматите за новите депозити на граѓаните и на фирмите е „прекинат“, пишува Порталб.мк. Од друга страна забележливо е тримесечно „бетонирање“ на каматите за новите кредити на домаќинствата. Ваквите трендови веќе беа најавени од страна на банкарите – годинава започна со заострени услови за кредитирање, пишува во анализата на ...

Конзервативците во Велика Британија по 14 години прогласија брутален пораз. На место на премиерот Риши Сунак од Конзервативната партија ќе дојде Кир Стармер, лидерот на Лабуристичката партија. Стармер е претседател на Лабурустичката партија од 2020 година, по професија адвокат, а во Парламентот во Велика Британија е од 2015 година. Бруталниот пораз на Конзервативците остави многумина Британци без зборови, но и ги отвори прашањата каква политичка ...

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, пристигна во Москва каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Ова предизвика бурни реакции кај голем број лидери на Европската Унија, кои јасно ставија до знаење дека унгарскиот премиер нема да го претставува Брисел за време на неговиот престој во Русија. Според нив, ваквиот политички чин претставува личен интерес, наспроти оној за кој се залага Европската Унија. Забележано е зачестеното ...

Пратеникот и поранешниот кардиохирург Масуд Пезешкијан победи во вториот круг од претседателските избори во Иран, пренесува Гардијан. Пезешкијан се има залагано за повеќе слобода околу (не)носењето хиџаб, за отвореност за преговори со САД и Западот, како и за постигнување нов нуклеарен договор. Пезешкијан освоил 53,7 отсто од гласовите, а неговиот противник Саид Џалили освоил 44,3 отсто. Излезноста во вториот круг беше 49,8 отсто, по рекордно ...

Американскиот претседател повторно потврди дека тој ќе биде кандидатот на Демократската партија на претстојните претседателски избори во ноември, пренесуваат Гардијан и Би-би-си. „Ако семоќниот Бог се симне и ми рече ‘Џо, откажи се од трката’, само тогаш би се откажал. Ама семоќниот Бог нема да се симне“, изјави Бајден. Оваа изјава доаѓа по лошиот настап на Бајден на претседателската дебата против Доналд Трамп, на која 81-годишниот кандидат ...

Бројот на загинати во поплавите во Бангладеш оваа недела се искачи на осум, а повеќе од два милиони жители ги осетија последиците обилните дождови, кои предизвикаа излевање на реките во азиската земја, пренесува Гардијан. Две момчиња загинале откако се превртил спасувачки брод. „Во малиот чамец имаше девет луѓе. Седуммина отпливаа до крајбрежјето. Две момчиња не знаеле да пливаат. Тие се удавија“, изјавил локален шеф на полиција. Владата отвори ...

Коалицијата на левицата, која се собра неочекувано пред предвремените избори во Франција, освои најмногу парламентарни места на денешното гласање, во вториот круг од изборите, покажуваат проекциите. Според изненадувачките резултати, центристичкиот сојуз на претседателот Емануел Макрон заврши на второто, а крајната десница на третото место, пишува Асошиејтед Прес. Недостигот на мнозинство за кој било единствен сојуз се закануваше да ја турне ...

По посетата на Москва, унгарскиот претседател Виктор Орбан е во Кина во посета на неговиот колега Си Џинпинг. Покрај бројните бурни реакции за неговата посета на Русија, тој на оваа средба ги повика светските сили да ѝ помогнат на Украина, но и на Русија да го обноват дијалогот и преговорите, со цел да се најде мирно решение за војната која не се стишува. Орбан на социјалната мрежа „Фејсбук“ потенцираше дека „конструктивните и важни иницијативи“ ...

Русија денеска изврши напад со десетици проектили врз повеќе градови низ Украина во кој загинаа најмалку 20 луѓе и беше погодена детска болница во Киев, соопштија официјални лица а пренесе агенцијата „Франс прес“. Рускиот напад дојде кога претседателот на Украина Володимир Зеленски требаше да дојде во Варшава, соопшти полската влада, пред тој да одлета на самитот на НАТО во Вашингтон. „Руските терористи уште еднаш масовно ја нападнаа Украина со ...

Во Литванија се одбележа стогодишнината од Литванскиот фестивал за песна и танц, посветен на народната музика на балтичката земја. Фестивалот, коj се одржува традиционално на секои 4 години поради долгите подготовки за него, трае една недела – оваа година започна на 29 јуни и се затвори на 6 јули. На фестивалот учествуваа над 30 илјади изведувачи, од кои 12 илјади пејачи, кои пееја во 400 различни хорови. Во Дипломатскиот хор пееше Вилма ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
26%
1022
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
1.54
41%
1022
weather icon

Загреб

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
37%
1023
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
49%
1023
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.64
38%
1021
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.51
52%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
8.49
37%
1018
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
24%
1019
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
21%
1020
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
40%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
2.57
33%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
41%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62