По неколку месеци дипломатско попуштање кон Владимир Путин, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна да го заострува својот став во врска со војната во Украина. Американското Министерство за финансии на 22 октомври воведе остри санкции против две руски нафтени компании – гигантите Роснефт и Лукоил. Според зборовите на американскиот министер за финансии, Скот Бесент, санкциите се воведени поради „Путиновото одбивање да ја ...

„КОСА: Порои на бес“ е црна комедија што го истражува парадоксот на современиот човек сместена меѓу стенд-ап и исповед. Оваа монодрама ги отвора прашањата за токсичната машкост, социјалната надмоќ и невидливите механизми на агресијата што ја обликуваат нашата секојдневност. Бојан Кирковски актерски отсликува серија на живописни и контрастни ликови – од скитници до милионери – претставата создава колаж од гласови кои, секој на свој начин, се ...

Студентските средби Скомрахи на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) и годинава ги обединуваат во Скопје студентите од повеќе европски драмски академии. Под мотото „Друг свет“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават од 5-ти до 8-ми ноември на Академската сцена на ФДУ, во Драмскиот и во Албанскиот театар. Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави на студенти од Белгија, Словачка, Турција, Србија заедно со ...

Коранот и градот Еднаш во „Јоле“ младиот колумнист и писател Рамадан Рамадани го прашал скопскиот хроничар и писател Данило Коцевски: „Знаеш ли ти, Данило, дека во Коранот е запишано дека сите градови на светот ќе бидат срушени, а граѓаните ќе бидат претворени во мајмуни?“ „Сум слушнал за таква работа“, претпазливо одговорил Данило. „Значи, со ’Скопје 2014’ преродбенички работите според Коранот!“, се подбивал Рамадан Рамадани, оџа и писател на ...

Пред неколку седмици неидентификувани дронови го нарушија воздушниот простор на Европската Унија, што доведе до свикување на вонреден состанок на европските лидери во Данска. Ваквите упади, всушност, зачестија во последните месеци: најмалку десет земји – од Полска и Романија, преку балтичките држави, па сè до Франција – пријавија сомнителни активности на дронови. Овој тренд јасно укажува на тоа колку е Европа изложена на безбедносни ризици ...

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има осум градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден градоначалник. Две општини ќе ги водат независни кандидати. На вториот изборен круг вчера се ...

„Синоќа сонував дека повторно отидов во Мандерли“. Воведната реченица на најпознатиот роман на британската писателка Дафне ду Морие, „Ребека“, е една од најубавите воведни реченици во англиската фикција. Англиските книжевни критичари оценуваат дека Ду Морие со еден потег го воспоставува гласот, местото и атмосферата на сонот во приказната. Романот е издаден во 1938 година, а само две години подоцна Алфред Хичкок ја искористи истата воведна ...

Платформите што создаваат deepfake видеа станаа вирални, овозможувајќи појавување на лажни сцени со познати личности и историски фигури — па дури и со починати личности, во непријатни или навредливи контексти. Семејствата на некои од нив, како на д-р Мартин Лутер Кинг, веќе апелираа до технолошките компании да ги забранат ваквите злоупотреби. Но, според д-р Кевин Грекш од Универзитетот во Оксфорд, постои уште еден, често занемарен аспект: ...

Пред речиси десет години, на 12 декември 2015 година, речиси сите земји во светот го усвоија Парискиот договор – историски меѓународен договор за ограничување на глобалното затоплување и неговите разорни последици врз луѓето, екосистемите и економијата. Иако често можеме да прочитаме дека напредокот во климатската акција не е доволен, тоа не значи дека стоиме во место. Доколку Парискиот договор никогаш не беше потпишан, нашата иднина ќе беше ...

Во рамки на примирјето посредувано од САД, што израелската влада и палестинскиот Хамас го постигнаа на 9 октомври, Израел ослободи речиси 2.000 Палестинци од своите затвори, од кои многумина беа притворени без формално обвинение. Сепак, договорот за примирје не опфаќа повеќе од 300 палестински малолетници кои сè уште се наоѓаат во затворите низ Израел. Исто така, речиси половина од тие деца се притворени без обвинение, додека останатите најчесто ...

Со цел заеднички да го заокружиме десетото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, ве покануваме на мултидисциплинарен настан, составен од изложба, презентации, панел дискусија и демонстрација, насловени „Експериментална археологија: Дизајнот како мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината“. Настанот ќе го отвориме со изложба на накит во авторство на македонската уметница и дизајнерка Билјана Клекачкоска и со панел ...

Воедно и отворено писмо до: Министерот за култура на РСМ, г-н Зоран Љутков Директорката на Управата за заштита на културното наследство на РСМ, г-ѓа Весела Честоева Генералниот директор на ЈП МРТ, г-н Марјан Цветковски Претседателот на Собранието на ММИ, г-н Александар Масевски В.д. директорот на Институт за фолклор „Марко Цепенков“, проф. д-р Зоранчо Малинов Во двата претходни текста „До кога со кражби и злоупотреби на македонскиот музички ...

Се бара некој цврст, некој што ќе застане на чело. Некој да реже со збор – нека е и трул на дело. Се бара некој цврст, некој што ќе застане на чело. Некој да реже со збор – нека е и трул на дело. Се бара некој со свое ЈАС – да има бе ЕГО! Да го слушам да ќутам: е, некој ко него. Си треба бе некој ага, бег, паша: да биде авторитет! Да го гледам да се плашам. Некој што ќе удри по маса! Ќе има и глас, а и стас, а и да е простачиште – само да е ...

Членот 394-г од Кривичниот законик на РСМ е одредбата со која македонското законодавство кривично го санкционира говорот на омраза направен на Интернет. Како дел од позитивната обврска на државата да ги заштити оние кои се мета на говор на омраза, потребно е да се криминализираат најсериозните негови изрази направени вон и во дигиталната средина (како на пример: јавно поттикнување на извршување геноцид, злосторства против човештвото или воени ...

При стеснет простор и отсуство на поддршка за критичко културно делување, во време на отворен антагонизам кон феминистичките заложби и јавни и институционално поддржани хомофобични и трансфобични политики, колку далеку може да одат и колку слободно може да се остварат културните и активистичките себеистражувачки пракси на (младите) квир/FLINTA жени*, транс* и родово флуидни луѓе? Возобновената QUEER програма на тринаесеттото издание на ...

Секогаш кога ќе видам спонзориран пост во вестите на единствената социјална мрежа што сè уште повремено ја проверувам – пост на некој локален политички екстремист или партија што ги негира климатските промени, се смета за попаметна од сите лекари и научници, шири лаги за труење на луѓето или проповеда пропаста на цивилизацијата – за момент се насмевнувам. Знам дека залудно потрошиле неколку евра од некој „културно-воен“ буџет, фрлени во празно. ...

Си појдов така на гости кај мајка ми во Дебар Маало - класика, кафе, колачи, муабет. Ама наместо мирис на кафе, ме дочека - арома на гомна. Не претерувам, цело Дебар Маало корне како подземна изложба на фекалии. Нашиот подрум поплавен, шахтата - полна со канализациска вода. Се јавивме во Водовод, дојдоа луѓето, сериозни. Констатираа дека не е само нашата шахта - туку и сите други во маалото, до раб на излевање! Демек, колективна смрдеа, ...

Страшниот предмет во ќеларот Српскиот онирички писател Миленко Пајиќ еднаш го прашал славниот скопски фантаст Влада Урошевиќ: - Го памтите страшниот предмет што стоеше во некој ќелар кај „Јоле“? - Се разбира. Предметот лежеше на патос, во собиче на крајот од долгиот ходник кој завршуваше со лажна врата - прецизно одговорил Влада Урошевиќ. - Кој и да дојдеше таму и да го видеше предметот, ќе речеше „Ужас!“, и се враќаше во кафеаната со ококорени ...

Патријархатот не бира возраст Кога удира на мали години, тој шиба отсечно, па нагло ги сосекува тековните емотивни процеси. Посебно кога станува збор за ожалостеност или оплакување. Зашто, машки (деца) не плачат. И што прават децата на кои им е одземена можнооста да изразат болка, тага, гнев? Тие замолкнуват, односно занемуваат. Во таква состојба го затекнуваме малиот Наим, до пред некоја година годиначе, а сега сираче без мајка, но со татко. ...

Начинот на кој луѓето доаѓаат до сопствената вистина може да послужи како еден вид на методско, епистемолошко сечиво – налик на Окамовото – што ги дели луѓето на планетава на две групи. Во првата се оние што до нивната вистина доаѓаат со магиско мислење, односно со верба, и нив условно, за потребите на овој оглед, можеме да ги наречеме „верници“. Во втората група се оние што до вистината доаѓаат на потежок начин, со рационално и критичко ...

Во Мобилната галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата), Македонскиот центар ИТИ/Продукција вечер и утревечер ќе има проекција на три експериментални видео театарски проекти проследени со отворени модерирани дискусии со креативната екипа која ги создава. Публиката ќе може да ги проследи видеата „Destination: Skopje-Gabrovo“ (2020), „The PCR Song“ (2021) и „KRIEG/ACINSELAK“ (2024). Покровители на настанот се Мобилна галерија ЦАЦ Скопје, ...

Анастас Вангели е важно име во истражувањата на односите помеѓу Кина и државите што настанаа по распадот на некогашната СФРЈ. Неговите истражувања тој ги преточи и во книга која деновиве ја промовира низ регионот. Со интервјуто за Рес публика во кое го опсервираме кинеското влијание, добивме продлабочена анализа за тоа колку Кина навистина е заинтересирана за регионот и колку тоа им создава главоболки на ЕУ и САД. „Колку и да е драматична ...

Закани со масовни депортации, укинување на правото на протест, третирање на демонстрантите како терористи, воведување закон за богохулење на мала врата, затворски казни за навредливи слогани и твитови, подем на етнонационалистички приказни за припадност. Голем дел од денешните државни политики и политички дискусии е проткаен со духот на антилиберализмот, кој го стеснува просторот за човековите права и различното мислење, како и за поединците и ...

Увод Ви ги претставуваме овие куси лекции како вовед во лаканијанската анализа, без да веруваме дека психоанализата може да се пренесе и научи на ваков начин, исклучиво преку читање; особено не преку читање на брутално редуцирана и поедноставена форма на едно крајно комплексно психоаналитичко учење. Психоанализата пред сè се учи искуствено: низ лична психоанализа, во која директно се чувствуваат ефектите на сите овие апстрактни, а често и ...

Галеријата гротескни ликови што Трамп ја собра во Шарм ел Шеик, египетското одморалиште, синоним за луксуз и деспотизам, покорно го славеше „мирот на Блискиот Исток“. На неговата изведба на римскиот цар Нерон ѝ недостасуваше само тогата. Каков „мир“? Претходно истиот ден, во Ерусалим, Нерон ја прогласи „победата“ обраќајќи им се на своите варварски помошници и донатори кои го бодреа во Кнесетот: „Го правиме најдоброто оружје во светот и имаме ...

Политичката офанзива на европската радикална десница доби нов ветер во грб откако американскиот претседател Доналд Трамп на 18 септември најави, а на 22 септември и го формализираше прогласувањето на „Антифа“ за терористичка организација. Што всушност Трамп и неговите сојузници подразбираат под „Антифа“ – воопшто не е јасно. Се разбира, „Антифа“ е само кратенка од „антифашизам“, а во Америка и Европа постојат стотици меѓусебно неповрзани ...

По успешната септемвриска програма исполнета со активности за млади, Јуроп хаус ја продолжува есенската културна и едукативна програма во Кочани. Во текот на октомври, програмата ќе се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани како и со “SupportKochani”, со цел да се придонесе кон културниот живот во градот и да се овозможат нови содржини за граѓаните. Октомвриската програма ќе опфаќа три претстави: ...

Сè што се случуваше во Израел последниве две години се прекрши во Кнесетот на прославата за завршувањето на војната. Тоа беше оргија на ласкање, суетност, опиеност и негирање. Освен огромната радост поради ослободувањето на заложниците, новото поглавје не донесува ништо ново: гледајте колку сме прекрасни, не гледајте никого освен нас. Опиеноста од победата прерасна во надменост: колку сме убави ние Израелците. Гласот на просветлените Израелци, ...

По повод претстојните локални избори направивме листа со извадоци од програмите на кандидатите и советничките групи во кои се спомнува урбан велосипедизам. Како и на претходните локални избори, целта на овој документ беше да одговори на прашањето - што ни ветуваат кандидатите за подобруваање на урбаниот велосипедизам. Во рамките на локалните изборни програми за Град Скопје и неговите општини, јасно се истакнува еден заеднички стратешки пристап ...

Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „Жар птица“ од Загреб, Хрватска ја освои Гран П“ наградата на 4. Издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што се одржа од 15 до 18 октомври 2025. Претставата е топла, духовита и со визиелно раскошна сценографија и костими, раскажува приказна за тешките денови на малата Фрида Кало, која им зборува на децата на јасен и ангажиран ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
87%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Софија

12ᴼ / 7ᴼ
7.72
61%
1022
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
8.37
72%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1028
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
91%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
8.75
51%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
86%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.58
79%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225