
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Финансиската полиција од италијанскиот град Равена заплени средства во вредност од над 28 милиони во рамки истрагата на Европското јавно обвинителство за измама со наплата на ДДВ од големи размери. Како што соопшти Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО), станува за истрага поврзана со даночни измами во кои биле вклучени над 70 компании од неколку земји членки на ЕУ, Швајцарија и холандскиот карипски остров Курасао. Истрагата е ...
Клиниката за кардиохирургија во Скопје е во тешка состојба поради недостиг на стручен кадар и во моментов е „многу лимитирана“ со операции, потврди министерот за здравство Азир Алиу. „Денеска имав состанок со директорот и колеги од Кардиохирургија. Недостасуваат стручни лица, не само во Кардиохирургија, туку во поголем дел клиники во Скопје,“ изјави тој, додавајќи дека Клиниката е „многу лимитирана во моментов за операции“. Алиу најави ...
Канцеларијата на европскиот јавен обвинител започна истрага околу реализацијата на проектот за енергетско поврзување меѓу Грција и Израел, преку територијата на Кипар, кој делумно е финансиран и од фондовите на ЕУ. – Нашата правна служба беше информирана од Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) дека по разни жалби поднесени во изминатиов период, кои биле соодветно истражени, одлучила да започне истрага за можни кривични дела ...
Во потрагата биле вклучени патролен брод на крајбрежната служба, три приватни чамци, како и две патролни возила кои пребарувале на копно Грчката крајбрежна служба успешно ја пронашла 63-годишна македонска државјанка, која била пријавена за исчезната додека пливала во морскиот дел кај Неа Каликратија на Халкидики. Жената е пронајдена на копно во добра здравствена состојба и не побарала медицинска помош, пишува дописничката на МИА од Атина. ...
Доставени се осум случаи до Интерната комисија формирана по информациите за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции, а побаран е и надзор од Лекарската комора, информираше министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција. – Пред неколку недели, јавноста беше вознемирена од информации за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции што се изведувале во здравствени установи. Како ...
Прес-конференција, Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје Доста беше бегање од одговорност. Доста беше глумење на ВМРО ДПМНЕ за да ја покријат сопствената нестручност и да ја лажат јавноста дека градоначалниците немаат надлежност за екоцитот Вардариште, се наведува во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје. Законот е јасен – отпадот е локална надлежност! ВМРО ...
Секој еден од нас кога е избран на било која јавна функција, презема одговорност да го застапува интересот на државата и граѓаните. Сите ние, без оглед на тоа дали сме дел од опозицијата или власта имаме одговорност и должност да поставуваме прашања, но и да даваме одговори, точни и прецизни, се вели во соопштението од СДСМ во кое се пренесува ставот на Славјанка Петровска. Во никој случај, и за ничии интереси, а најмалку за лични и тесно ...
Николов е еден од првите амбасадори што ги назначи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ откако ја презеде власта. Тој е нефролог и претседател на комисијата за здравство во ВМРО-ДПМНЕ, а беше и советник за здравство на премиерот Мицкоски Македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов, и официјално ја започна мисијата во Париз. Игор Николов, македонски амбасадор во Париз и Емануел Макрон, претседател на Франција Амбасадата на С Македонија во ...
Бујар Османи се сретнал со Груевски во Будимпешта, доказите наскоро ќе излезат во јавноста. Бујар Османи не само што бил во Будимпешта заедно со своето семејство, туку таму приватно се сретнал со бегалецот од македонското правосудство, се наведува во соопштението од Вреди. „Обидот на Османи да се сокрие зад изговори за ‘класифицирани информации’ и подоцна да ја негира средбата на Фејсбук е доказ за неговата дволичност. Вистината е јаснa, ...
Прекумерната употреба и злоупотребата на „Парацетамол“ и „Ибупрофен“ придонесува за зајакнување на бактериите и со нив поврзаните болести, што ги прави поотпорни на антибиотици, а тоа пак, би можело да предизвика сериозна здравствена криза. Во напис објавен во списанието „Нејчр антимикробијалс енд резистенс“ (Nature Antimicrobials and Resistance), научници од Универзитетот на Јужна Австралија објавија дека тие два лека ја зајакнуваат отпорноста ...
Дали премиерот Христијан Мицкоски сè уште мисли дека Изет Мехтити, неговиот коалиционен партнер од ВЛЕН како градоначалник на Чаир, зел провизија од 450 илјади евра за плоштадот „Скендербеу“, како што обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ кога беше во опозиција? Тогаш објавуваа суми, скандали и афери за злоупотреби во локалната власт, а денес се верни партнери во власта, реагираат од АА. VID-20250904-WA0000 -Ако Мицкоски заборавил, јавноста добро се сеќава кога ...
Османи предупреди дека Албанците, но и државата во целина, се наоѓаат пред драматична историска ретроградност, како резултат на власта која, како што рече, го поништува концептот на државотворност на Албанците. „Ни е ускратено и правото на јазикот. Албанскиот јазик е избришан од институциите, од официјалните документи. Затоа 19 октомври нема да биде само избори за Чаир, ќе биде одлука дали прифаќаме држава изолирана од ЕУ.“ – рече Османи Во ...
Во еден од најемотивните настапи досега, Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир – испрати порака дека борбата на 19 октомври не е само изборна, туку движење за достоинство и државотворност. „Сите се кренаа против Алијансата на Интеграција која е најголемото обединување на Албанците во последниве 20 години. Се крена државниот апарат, пропагандата на тој апарат, за да не демонизираат, да измислуваат, да пропагираат со секојдневни ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. -Вчера, на магистралниот пат А3 Битола-Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полициски службеници запреле и извршиле преглед на автомобил „Фолксваген голф“ ...
Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити во врска со информациите за наводната средба Бујар Османи – Никола Груевски во Унгарија, изјави дека кандидатот за градоначалник на ДУИ не бил на средбата во официјална посета, туку таа била во приватна форма. Меѓу другото, тој во изјава за медиумите на албански јазик во земјавата нагласи: „Бујар Османи бил во Унгарија и се сретнал со Груевски барем еднаш, бил таму заедно со ...
Состанокот следуваше Лидерот на британската партија „Реформа Обединето кралство“ и пратеник од Клактон, Најџел Фараж, објави фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата посета на Вашингтон Фараж, кој сведочеше пред Одборот за правда на Претставничкиот дом, на „Икс“ објави фотографија во Овалната соба, каде стои до Трамп зад познатото биро „Resolute desk“, со натпис: „Добро е повторно да се биде во Овалната соба“. ...
Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, вчера го посети Уставниот суд и имаше средба со претседателот на сусдот Дарко Костадиновски и судијата Ана Павловска Данева. На средбата беше изразено заемно задоволство од високото ниво на соработка и од континуираниот дијалог за прашања од областа на уставното судство и владеењето на правото, соопшти прес-службата на Уставниот сусд. – Членовите на ...
Хрватска уништи четири тони домати произведени во Албанија, откако било утврдено дека биле испрскани со хлорфенапир, и тоа со пет пати поголема количина од дозволената со овој отров кој ги убива инсектите. – Во официјално соопштение од EFSA беа објавени резултатите од лабораториските тестови, каде што дозволеното ниво е 0,01 мг/кг, додека резултатот достигна вредност од 0,06 мг/кг. Опасните домати беа произведени на земјоделски површини во ...
Вчеравечер, на роденденска прослава на детето на Невена Спасеска, се случил инцидент во кој физички биле нападнати нејзиниот татко и брат. Според очевидците, нападот го извршил поранешниот сопруг на Спасеска, кој со боксови удирал кон нив, пренесе 24инфо. Очевидци наведуваат дека инцидентот предизвикал голема паника и вознемиреност кај присутните, а дечиња кои биле на роденденот реагирале со пискање од страв. Настанот веднаш бил пријавен во ...
Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување. Не е точно дека преку судска постапка треба да се декласифицирата документите, тоа е само алиби, параван зад кој се крие вистинската намера на власта, се вели во соопштението од СДСМ. Законот е јасен „тој што класифицира, тој и декласифицира“. Во овој случај тоа е ...
Во животот на луѓето постојат малку моменти кога само еден ден ја определува насоката на историјата. Убеден сум, и имам многу аргументи, дека 19 октомври ќе биде токму таков ден, ден кога ќе се сврти историската насока, порача кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на вчерашниот собир со граѓани. Османи ја нарече актуелната изборна трка „најенергична и најзначајна кампања досега” и порача дека 19 октомври не е само ден за избори во ...
Ден на национална жалост е прогласен денеска во Португалија откако најмалку 15 лица загинаа, а речиси 20 се повредени кога еден од двата вагони на познатиот трамвај „Глорија“, една од главните атракции на Лисабон вчера попладне излета од шините, пишуваат светските медиуми. Портпаролот на службите за итни случаи изјави дека меѓу загинатите има и странски државјани, но не го соопшти идентитетот на жртвите, ниту нивната националност, односно ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Според информациите, при контрола во Подрачната единица Куманово на 30 мај 2024 година било утврдено дека еден од пријавените, Р.Е. (51) од с. Слупчане, на работно место помлад референт-архивар, во период од речиси шест години, од декември 2018 до ...
Палестинската организација Хамас повтори дека е подготвена за сеопфатен договор за Газа, во рамки на кој сите израелски заложници би биле ослободени во замена за договорен број палестински затвореници. Изјавата дојде непосредно откако претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повика групата да ги ослободи сите 20 заложници. Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги критикуваше ставовите на Хамас. „За жал, ова е уште една ...
Русија ги осуди барањата на Киев за безбедносни гаранции во рамки на мировно решение за конфликтот и ги нарече „гаранции за опасност за европскиот континент“. – Русија нема планови да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Нејзиниот коментар дојде откако претседателката на Европската ...
Трговијата што е во согласност со прописите на Светската трговска организација (СТО) опадна на најниско ниво од крајот на Втората светска војна, предупреди генералната директорка на органзиацијата, Нгози Оконџо-Ивеала. Американскиот претседател, Доналд Трамп, годинава воведе високи царини за голем број трговски партнери што предизвика лавина од одговори и поттикнувајќи тензии во трговските односи. Во такви услови, уделот на трговијата што ги ...
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Приземниот пожар на Кожуф планина е ставен под контрола. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, Кривогаштани, Прилеп, Куманово, Зелениково, Македонски Брод. Од останатите, ...
Почитувани читатели, живееме моментум на масовно вооружување. Најсилните држави во светот масовно се наоружуваат и регрутираат млада популација за војска. Би сакал да не верувам , меѓутоа фактите сами за себе говорат дека се спрема нова војна која може да биде фатална за севкупното човештво. Двете светски војни од минатиот век однесоа милиони жртви и создадоа беда која со децениска макотрпна работа требаше да ги надомести материјалните загуби. ...
Статиската бележи поразителни бројки кои укажуваат на тоа дека младите ја напуштаат државата. “Бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе.Бев во Делчево и го кажувам како пример. Во овој град секоја година во просек матуираат околу 100 ученици. Годинава, 90 од нив се запишале на факултети во Бугарија. Зошто? Затоа што кај нас нема универзитет што е на Шангајската листа. Нема сериозно вложување во наука, нема поддршка за ...
Воведувањето царини е клучот на економската политика на Доналд Трамп Претседателот Доналд Трамп изјави во среда дека Соединетите Американски Држави можеби ќе мора да ги „поништат“ трговските договори што ги склучиле со Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, меѓу другите, ако го изгубат случајот пред Врховниот суд за легалноста на царините. Трамп, зборувајќи со новинарите на почетокот на состанокот со полскиот претседател Карол Навроцки, рече ...