Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Уште едно лице почина денеска во болница како последица на ранувањата од вчерашното пукање во училиште во јужната турска покраина Кахраманмараш. Со тоа, бројот на жртви од нападот се зголеми на десет, откако претходно беа убиени девет лица, а 13 беа ранети. Шестмина од повредените се во критична состојба, пренесе МИА. Според истрагата, 14-годишниот напаѓач отворил оган во две училници во средно училиште, при што усмртил една наставничка и ...
Четиринаесетгодишен ученик кој вчера уби девет лица во училиште во турската покраина Кахраманмараш дејствувал сам и не бил поврзан со терористички организации, соопштија турските власти, пренесе МИА. Напаѓачот отворил оган врз ученици и наставник, по што и самиот починал. Во нападот загинаа девет лица. Полицијата го уапсила таткото на осомничениот, пензиониран полицаец, под сомнение дека оружјето што било користено му припаѓало нему. ...
Турските власти наредија апсење на 83 лица и блокираа 940 профили на социјалните мрежи во рамки на истрага за онлајн содржини поврзани со пукањата во училиштата во Кахраманмараш и Шанлиурфа, јавува „Хуријет дејли њуз“. Според извештајот, идентификувани се 591 профил што ширеле намерни дезинформации, додека 66 адреси на Телеграм биле означени за отстранување на содржини и ограничување на пристапот. Дополнително, затворени се и 93 групи на ...
Пелагонискиот Регион се наоѓа во инфраструктурен инвестициски бум, кој ќе продолжи и во наредниот период, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со стопанственици од регионалните стопански комори од Битола и Прилеп. Тој информираше за тековните проекти и најави нови инвестиции, нагласувајќи дека Владата има цел да го поттикне економскиот развој на регионот преку значајни инфраструктурни вложувања. Меѓу ...
Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре од 15 часот и задутре од 13.30 часот на Меѓународен аеродром „Свети Апостол Павле“ Охрид ќе се одржи симулациска вежба. Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Од МВР информираат дека за време на вежбата ќе има зголемено присуство на полициски службеници и возила, а ќе се ...
Соединетите Американски Држави вчера соопштија дека нивната армија целосно ја запрела поморската трговијата кон и надвор од Иран, додека американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека разговорите со Техеран за завршување на војната би можеле да продолжат неделава, што ги намали цените на нафтата втор ден едноподруго. Трамп рече дека преговорите меѓу американските и иранските претставници би можеле да продолжат во Пакистан во следните два ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамките на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон учествуваше на тркалезна маса, на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC). Центарот, чие почнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, како што се наведува во ...
Реформата на здравствениот систем носи значајни промени во специјалистичкото образование, со цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги, истакна министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција. Тој ги презентираше новите програми за специјализации и супспецијализации, нагласувајќи дека анализите покажале сериозни слабости во постојниот систем, тесно профилирани кадри со ограничена применливост, недоволна практична ...
Ректорите на јавните универзитети изразија поддршка за новите законски решенија за високо образование и наука, оценувајќи дека тие ќе придонесат за подобрување на квалитетот и за посилно меѓународно позиционирање на македонските универзитети. На прес-конференција во Влада на Република Македонија, ректорката на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, истакна дека законите се разгледани низ инклузивен процес со учество на сите ...
Вечерва, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Симфониски хоризонти“, на кој како солисти ќе настапат виолинистката Сихана Бадивуку и виолончелистот Паскал Краповски. Диригент е Десар Сулејмани (Германија), а на програмата се увертира од операта „Поетот и Селанецот“ од Ф. фон Супе, концертот за виолина и виолончело „Музата и поетот“ од К.Сен-Санс, „Тешкото“ од Г. Смокварски и ...
Иран предупреди дека ќе ги уништи американските воени бродови доколку САД се обидат да воспостават контрола врз Ормускиот Теснец, објави „Економик Тајмс“. Заканата ја упатил воен советник на врховниот лидер на Иран, кој нагласил дека секој американски обид за доминација во клучниот морски премин ќе предизвика директен воен одговор. – Вашите бродови ќе бидат потопени со нашите први ракети – изјавил функционерот. Предупредувањето доаѓа во ...
Министерство за внатрешни работи најостро ги демантираше информациите што се шират на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи. Од МВР информираат дека нема никакви проблеми во снабдувањето и дека, напротив, се обезбедени резерви доволни за наредните три години. – Термин за фотографирање се добива во рок од еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и се издаваат за неколку дена, значително побрзо од законски ...
Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за економија и труд заеднички прават скрининг на увозниците на вештачки ѓубрива, информираше денеска министерот за земјоделството, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој денеска одговараше на новинарски прашања пред отварањето на Меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2026“(АНП-2026) на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. ...
Во Министерство за внатрешни работи денеска беше извршено примопредавање на донација од Кралството Холандија, на која присуствуваа заменик-министерот Астрит Исени и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Холандската делегација ја предводеа амбасадорот Озлем Џанел и генералниот директор на Службата за транспорт и поддршка при Министерството за правда и безбедност, Ерик де Брост. Донацијата се состои од две специјализирани ...
Со барања за психијатриски вештачења, читање на исказ на отсутен сведок и мерки за обезбедување присуство на други сведоци, помина денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесе МИА. Ниту еден од предложените сведоци на Обвинителството не присуствуваше во судницата, по што Судот ги прифати нивните предлози, вклучително и читањето на исказот на Денис Даутовски, кој во моментов не е достапен на органите на прогонот. За ...
Дваесет и едногодишен жител на Неготино е осомничен за кривично дело поврзано со неовластено снимање во воен објект, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес. Како што соопштија од полицијата, вчера во 13.40 часот во ОВР – Неготино бил извршен службен разговор со лицето Д.К. (21) од Неготино, поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени ...
Стратегијата за енергетска трансформација да биде поддршка на националните потенцијали за одржлив развој на стопанството и благосостојба на граѓаните Во време кога светот се соочува со глобална геополитичка и економска неизвесност и кревки енергетски пазари, вистинскиот државен суверенитет повеќе не се мери само со граници туку со способноста на една земја самостојно да обезбедува домашна енергија за својата економија, односно стопанство, и ...
Предлог-законот за високо образование не се креираше зад затворени врати, туку преку дебати со универзитетите, тој е заедничко решение со академската заедница и верувам дека ќе даде резултати. Ова не е закон на Владата, ова не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднната на земјата и на нашите млади кои сега не препознаваат квалитет во домашното високо образование, пренесе МИА. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на ...
Трите закони за високо образование и наука (за високо образование, за квалитет на високото образование и за научноистражувачка дејност) се во владина процедура. Тие од јануари беа поставени на националниот регистар за прописи (ЕНЕР) и беа организирани дебати на универзитетите, по што прифатливите забелешки беа вградени во новите верзии. На прес-конференција во Владата денеска посветана на пакетот закони, министерката Весна Јаневска соопшти ...
Во Бугарија излегоа на виделина мноштво показатели за сериозни нерегуларности во пресрет на вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 19 април. Имено, надлежните институции соопштија податоци за запленети средства, пријави за злоупотреби и сомнежи за организирано купување гласови. Привремениот премиер на Бугарија, Андреј Ѓуров, изјави дека Министерството за внатрешни работи досега запленило околу еден милион евра во рамките на ...
Чекор напред во земјоделството Печењето леб често завршува со препечени делови, кои всушност се канцерогени и треба да се отстранат. Научниците одлучија да го решат овој проблем на генетско ниво. Група научници од „Ротамстед рисрч“ во Харпенден (Хертфордшир) развија генетски модифицирана пченица што може да се користи за правење леб и печива, која ќе биде помалку канцерогена кога ќе се препече. Како што истакнаа тие во својата работа, ...
Американскиот Сенат го блокираше обидот на демократите да ја ограничат воената кампања на претседателот Доналд Трамп против Иран, јавува Ројтерс. Со 52 гласа „против“ и 47 „за“, сенаторите одбија да ја поддржат резолуцијата со која се бараше прекин на воените дејства додека не добијат одобрение од Конгресот. Гласањето покажува дека мнозинството републиканци и натаму ја поддржуваат политиката на Трамп, повеќе од шест недели по почетокот на ...
Раните христијански текстови – евангелијата и Павловите посланија – претставуваат не само најстари документи на верата туку и живи сведоштва за духовното и општественото обликување на првите христијански заедници. Создадени во периодот меѓу првиот и третиот век, тие постепено се обединиле во канон на Новиот завет, станувајќи темел на христијанската традиција и идентитет. Евангелијата ја пренесуваат пораката на Христос преку наративи за ...
Довербата во научниците низ целиот свет е на „умерено високо“ ниво, според анкета во која учествувале речиси 72.000 луѓе од 68 земји. Студијата го побива наративот за широко распространета криза на доверба во научниците, пишува научниот истражувачки тим, кој го предводеа Викторија Колоња од Швајцарскиот федерален институт за технологија и Нилс Меде од Универзитетот во Цирих. Нивните наоди покажуваат дека жените, постарите лица и луѓето со ...
Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (14) Во Македонија постојат култни места што со векови ги привлекувале не само македонскиот народ и соседните народи туку и многу патописци. Еден таков мистичен камен се наоѓа во Овче Поле, го нарекле „Говедар камен“, а за него пишувале не само етнолози туку и сведоци на случувањата во Македонија што поминувале или наменски доаѓале за да ги соопштат навиките, начинот на ...
Во Битола започнува Фестивалот на школата за краток филм Од денеска до 22 април во Битола и Битолско ќе се случи најновото, петто издание на Фестивалот на малата школа за краток филм. Станува збор за меѓународна соработка меѓу Франција и Македонија. Имено, здружението „Аје Аје ВО/ФИФ“ (AYE AYE VO/FIF) секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули го организира Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, а во текот на целата година ја ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 1.221 вонредна инспекциска контрола во пресрет на велигденските празници, при што се изречени парични казни во износ од над 19.000 евра во денарска противвредност. Како што информираат од АХВ, уништени се повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, на депонијата Дрисла нештетно се уништени и над 40 тони небезбедни јајца со потекло од Србија, ...
Анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупредува за побавен раст и повисоки ризици Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) испраќа сигнал дека глобалната економија влегува во фаза на структурно забавување. Намалувањето на прогнозата за раст во 2026 година на 3,1 отсто, за 0,2 процентни поени под јануарската процена, не е само статистичка корекција туку и индикатор со кој институцијата алармира за постоење на подлабоки проблеми. Иако ...
Минатиот месец беше вториот најтопол март во Европа во историјата на мерењата, според податоците од програмата за климатски промени „Коперник“ на ЕУ, која исто така објави втора највисока глобална температура на површината на морето за истиот месец. Глобално, март беше четвртиот најтопол откако започнаа евиденциите со просечна температура од 13,94 Целзиусови степени, 1,48 степен над проценетиот прединдустриски просек за месецот од 1850 до ...
Најмалку девет лица, меѓу кои осум деца, загинаа во денешната пукотница во средно училиште во Кахраманмараш, соопшти министерот за внатрешни работи Мустафа Чифчи. Во нападот се повредени уште 13 лица, од кои шест се во критична состојба. Според официјалните информации, 14-годишен ученик отворил оган во две училници, во втор ваков инцидент во Турција за само два дена. Гувернерот на покраината, Мукерем Унлуер, изјави дека напаѓачот дошол во ...