Советот на јавни обвинители ќе побара официјално објаснување од државниот јавен обвинител Ненад Савески, откако премиерот Христијан Мицкоски јавно призна дека разговарал со него за конкретен предмет. Станува збор за истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“, која претходно беше запрена од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Претседателот на Советот, Башким Бесими, изјави дека за ...

„Мицкоски повторно диктира задачи за јавниот обвинител. Имаме скандалозно признание на Мицкоски дека разговарал со јавниот обвинител Ненад Савевски, од позиција на премиер и му дал насоки како да постапува Обвинителството. Мицкоски вели, цитирам: „ако тоа не се случи, тогаш обвинителството дефинитивно го губи својот кредибилитет“. Што е ова? Чиста наредба. Како што правеше од собраниска говорница, како што прави од телевизија, сега повторно, ...

18-годишник прегазил 69-годишна жена во Свети Николе. Не поседувал дозвола за управување со мопедот. – На 12.05.2026 во 12:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул. „Кочо Рацин“ во Свети Николе, мопед со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(18) од Свети Николе, удрил во 69-годишната У.Ц.. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила У.Ц., констатирани во Клиничка болница Штип, информираа од МВР. Н.Д. е лишен од ...

Обвинителот Дарко Јакимовски на денешното рочиште продолжи со презентирање електронски докази и видеа поврзани со настапите на музичката група ДНК, како и снимки од критичната вечер кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој појасни дека доказите се прибавени од социјални мрежи, медиумски објави и од видеа снимени од присутни лица. Според Обвинителството, материјалите се релевантни за утврдување на начинот на сценски настап на ...

МВР информира дека на 13 мај околу 00:30 часот на крстосницата меѓу улиците „Васил Ѓорѓов“ и „Народен фронт“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа“ со италијански регистарски ознаки и мотоцикл „кавасаки“. Автомобилот го управувал Џ.Ч.(27) од Италија, со привремен престој во Скопје, додека со мотоциклот управувал Х.А.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни ...

На 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од с.Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда”, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. На 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е ...

На 12.05.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д.(47) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при пад во шахта на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, соопшти МВР На 12.05.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје е пријавено дека кај нив со ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити. На новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека Владата стои во одбрана на законот забележувајќи дека ќе се смени перцепцијата за тоа дека коцкарниците се главна ...

Криминалната банда на власт нема одговори за неисполнетите ветувања пред граѓаните. Сите нивни лаги излегоа на виделина, за Преспанскиот договор, за враќањето на името, за економијата, закочениот европски пат на државата, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес -конференција на Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ. Сега тие зборуваат за „бугарофили“ и не обивнуваат нас во СДСМ дека сме предавници. Вистинските ...

Потпретседателот на хрватската влада и министер за одбрана Иван Анушиќ, во интервју за списанието „Хрватски војник“, по повод 35-годишнината од основањето на Хрватската армија, објави дека ќе се воведе финансиска помош за професионалните војници при купување недвижен имот. Анушиќ потврди дека Министерството за одбрана го финализира правилникот што треба да овозможи директна финансиска помош. „Станува збор за кофинансирање на станбен кредит ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Последователно, од септември 2023 година до 11, објави 4news.mk 05.2026 година, осомничениот користел прилика во која ...

Министерката за образование и наука најавува законски измени со кои ќе се предвиди казна за родителите чии деца покажуваат насилно однесување во училиште. Вели дека се разговара со пратениците околу овие измени. – Во моментот разговараме со пратениците да се формулира таа измена во законот, изјави денеска Јаневска на прес-конференција. По последниот случај во кој е повреден 15-годишен ученик со ладно оружје во основно училиште во Чаир, ...

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на самитот на „Македонија 2026“, ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и ...

Со читање сведоштва на две девојки продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Една од нив, која ја преживеала трагедијата, вели дека објектот редовно работел без контрола на лични документи и без обележани противпожарни излези. Според неа, критичната вечер влегле без проверка, а дискотеката немала јасни патеки за евакуација. Девојката навела дека за време на настапот на групата ДНК биле користени пиротехнички ефекти, какви што, ...

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека со шок и неверување вчера ја примил веста за одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја запре постапката за предметот во врска со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, во кој, меѓу другите, беше опфатен и поранешниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“, Васко Кочачевски. Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија / Фото: ...

Соња Крамарска Епизодата со новата министерка за надворешни работи на Бугарија покажа дека македонската влада нема намера да гради добрососедски односи со источниот сосед. Нашиот шеф на дипломатијата одлучи наместо на надворешната политика на земјава, да даде предност на внатрешниот или поточно на партискиот интерес. Ги „нахрани“ своите гласачи со редовна доза патриотизам кој нема да ја одведе Македонија никаде. Она што министерот Тимчо ...

„Кога организираната криминална група ВМРО-ЗНАМ почнува да зборува „бугарофили“ за СДСМ, тоа е класичен случај на проекција, најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија се наоѓа токму во нивните редови. Максим Димитриевски, колаборационистот, нашол да зборува за СДСМ? Човекот кој за пари ја предаде својата партија, а потоа и своите гласачи. Човекот чие здружение се распаѓа затоа што ги измами и предаде и своите колеги“, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на увидот во целосно реконструираните капацитети на ГОБ „8-ми Септември“, каде се обновени оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, лабораторијата и кровната конструкција. Мицкоски истакна дека по формалните процедури и дезинфекција, објектот ќе биде подготвен за прием на пациенти за околу два месеци. Тој направи споредба со претходната состојба, нагласувајќи дека ...

Според објавите на Стјудентарија, студенти од блокот „Б“ во студентскиот дом „Гоце Делчев“ реагираат дека со недели немаат топла вода. Иако, како што наведуваат, секојдневно добиваат најави дека проблемот се решава, состојбата на терен не се менува. Освен проблемот со топлата вода, во објавата на „Студентарија“ се наведува и дека студентите се соочуваат со сериозни хигиенски проблеми во домот. Според нивните реакции, дел од студентите биле ...

Премиерот на Албанија, Еди Рама, преку социјалните мрежи ги демантираше изјавите на неговиот министер за надворешни работи, Ферит Хоџа, за „Еурактив“ дека договорот за миграција меѓу Италија и Албанија нема да биде продолжен по 2030 година, бидејќи дотогаш Албанија очекува да се приклучи на ЕУ. Оваа изјава предизвика политичка дебата во Италија. Овие негови зборови беа широко коментирани од италијанскиот печат, од „Ла Стампа“ до „Кориере ...

Откако во јавноста и на социјалните мрежи се проширија информации дека во скопската населба Козле е пронајден волк, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) излезе со официјално појаснување. Според првичните наоди, не станува збор за диво животно, туку за домашно милениче. Клучни детали за случајот: Животното е чипирано: Проверките покажале дека животното има микрочип, што потврдува дека станува збор за куче. Сопственикот е идентификуван: ...

Италијанското Министерство за здравство соопшти дека сите досега направени тестови на хантавирус кај лицата кои се ставени под медицински надзор се негативни, додека вкупно шест луѓе и понатаму се под надзор поради потенцијална изложеност на вирусот. Според соопштението, надзорот се спроведува над патници кои биле поврзани со низа летови и контакти со лица кај кои постоел сомнеж за инфекција, вклучувајќи го и случајот со жената која подоцна ...

Граѓаните повеќе од 30 дена постојано прашуваат: Дали документите за екстрадиција на Никола Груевски се испратени или не? Одговор? Тишина. Молчење. Премолчување, се вели во соопштението од СДСМ. Мицкоски и Филков се прават будали пред цел народ. Се прават како да не чуваат, како да не знаат, како да не е нивна работа. А сите знаеме дека е нивна работа – и дека намерно го штитат Груевски. Зошто? Затоа што Груевски не е обичен бегалец. Тој е ...

Внукот на Гоце Делчев, Христо Христов, во интервју за бугарските медиуми изрази длабока загриженост и гадење од актуелната ситуација на Балканот и односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој вели: „На моите 63 години не сум видел полоши односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.“ „Секако дека е возможен искрен дијалог ако има нормални луѓе. Кога светските војни се завршиле, значи и недоразбирањата ќе завршат. Потребни се вистинските ...

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше откако МВР потврдило за „Скопје1“ дека против него се води предмет и дека бил повикан на информативен разговор во полициска станица. Николовски тврди дека станува збор за „монтиран случај“, со кој, според него, актуелната власт се обидува да го дефокусира вниманието од проблемите во земјоделството и од актуелни скандали. „Еден монтиран случај. Толку им ...

Градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази во емисијата „Дијалог на Лајми“ изјави: „Самир Мане е еден од главните претенденти кои сакаат да направат инвестиција и да го реактивираат езерото ‘Треска’. На состанокот, покрај премиерот Мицкоски, присутни беа и министерот за транспорт и врски Александар Николоски, генералниот секретар на владата, господинот Меџити и јас, како и тимот на г. Самир Мане. На состанокот ни беше презентирано како ...

Регулаторна комисија за енергетика соопшти дека потрошувачката на бензини во 2025 година е зголемена за 8,34 проценти во споредба со 2024 година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на институцијата. Раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот за 5,17 проценти, екстра лесното масло за 2,23 проценти и течниот нафтен гас – ТНГ за 3,55 проценти. Од друга страна, пад е забележан кај млазното гориво за 53,29 проценти, ...

Според табелата на српскиот Фонд за здравствено осигурување од 6.798.809 осигуреници регистрирани се 41.306 на возраст од 100 години и повеќе. Најстар осигуреник меѓу нив е жена која има 158 години, соопшти српската партија Србија Центар (СРЦЕ). Потпретседателот на партијата СРЦЕ и пратеник Слободан Петровиќ истакна дека во Србија е соборен светски рекорд бидејќи во Белград во општината Палилула, живее најстарата личност на планетата, а таа ...

И во Северна Македонија прават сè што е можно автентичниот глас на семејството Делчеви да не се слуша. Прават сè што е можно да нè маргинализираат, но ние сме живи и немаме намера да умираме, изјави за бугарски Факти Христо Христов, внук на Гоце Делчев. – Г-дине Христов, како директен потомок на семејството Делчеви, која е најважната семејна приказна или спомен за Гоце Делчев што се пренесува низ генерациите? – Не давајте го народот ...

Докторот анестезиолог Ваљтон Дервиши кој незаконски снимаше и емитуваше пациенти и колеги во живо на „Тик Ток“, со нова судска пресуда и со пет пати помала казна, се враќа на работа во Клиничката тетовска болница, пренесе ИРЛ. Лекарската комора сега нема основ да му ја одземе лиценцата на 7 години како што одлучи претходно. ИРЛ открива како преку серија процесни механизми, повторени постапки, преквалификации на делата и формални правни ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.82
29%
1016
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
0.45
42%
1018
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.92
44%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.59
35%
1017
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.08
27%
1017
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
56%
1019
weather icon

Атина

33ᴼ / 29ᴼ
4.92
43%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.87
44%
1017
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.89
41%
1017
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
34%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
1.34
44%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.66
65%
1016
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.2778

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Кобалт

45.39

Платина

57196.18

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Калај

55.36

Паладиум

42696.19

Алуминиум

3.43

Бакар

13.11

Злато

139029.54

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Сребро

2236.23