Националниот фудбалски тим ги одработува подготовките за натпреварите кои ги очекуваат во следните денови. Прво е пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија, кој може да биде и „загревање“ за домашниот натпревар со Лихтенштајн од квалификациите за СП 2026. Победа на тој натпревар и трите бода ќе бидат од голема важност пред гостинските натпревари со Белгија во октомври и со Велс во ноември. Играчот од одбраната, Никола Серафимов, кој од оваа ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп во денешното обраќање од Овалната соба соопшти дека Штабот на Вселенската команда од сојузната држава Колорадо ќе биде преместен во Алабама. – Штабот на Вселенската команда на САД ќе се пресели во прекрасно место наречено Хантсвил, Алабама, кое отсега ќе биде познато како Рокет Сити, наведе Трамп. Тој додаде дека со преместувањето на Штабот на Вселенската команда на САД ќе се создадат 30.000 работни места во ...

Народното собрание на Република Српска вечерва избра нова Влада, чиј легитимитет го оспоруваат правните експерти и опозицијата. Сава Миниќ е избран за премиер со 50 гласа „за“ од 83 пратеници, додека двајца се изјасниле „против“. Со идентичен број гласови избрани се и министрите во Владата на Миниќ, а еден пратеник бил „против“. Посебната седница на Собранието на РС заврши откако новите членови на Владата положија заклетва. Сојузот на независни ...

Единаесет луѓе загинаа, а 40 се повредени откако бомбаш-самоубиец го активира експлозивот на политички собир во југозапдната пакистанска покраина Балуџистан. Нападот се случи на паркингот на стадион во главниот град на Балуџистан, Квета. Собирот беше организиран од Националната партија на Белуџистан (БНП), националистичка партија предводена од Сардар Ахтар Менгал, поранешен главен министер на покраината. Во Белуџистан во 2024 година регистриран ...

Најдобриот кошаркар на Словенија Лука Дончиќ ја предводеше својата репрезентација до нова победа на Европското првенство. Тој во дуелот со Исланд постигна 26 поени во триумфот на Словенија со 87:79. Ова за словенечката репрезентација беше втора победа, која им овозможи пласман во осминафиналето. Во првиот дуел од 4.коло од Д групата Израел ја победи Белгија со 92:89. Вечерва играат ко-домаќинот Полска и Франција. Табела Д група: Израел 3-1 ...

Стотина граѓани се собраа на протестот кој беше закажан во 18 часот во Аеродром откако два дена низ целата општина може да се почувствува силна смрдеа поради пожар во Вардариште. Граѓаните блокираа булевар во знак на револт. Побараа надлежните институции да го решат проблемот. Жителите на Аеродром, особено тие на Ново Лисиче често се жалат дека поради горењата во Вардариште мириса на запалени гума и пластика. И зимските мерења на квалитетот на ...

Жупанскиот суд во Загреб денеска ја осуди на седум месеци затвор поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габриела Жалац за злоупотреба на положбата и овластувањата, соопшти Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО). Жалац, која беше министерка од мај 2017 до јули 2019 година, најмалку деветпати наредила нејзините приватни трошоци во угостителските објекти да бидат платени со јавни пари. Утврдено е дека ...

Ева Ристовска, сестрата на трагично загинатата Теодора од Тетово, остро реагираше по денешната судска пресуда, каде што лицето кое ја нападна скопската градоначалничка Данела Арсовска, доби идентична казна – две години затвор, исто како и Менсур Пајазити, возачот кој ја усмрти Теодора на пешачки премин Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор? Каде е правдата? Судство, правда или корупција – срам да ви е! Со вакви судии ...

Француската полиција денеска во центарот на Марсеј уби маж, кој претходно со нож избоде пет лица. Инцидентот се случил во хотел, а помеѓу повредените се и менаџерот на хотелот и неговиот син. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба. Напаѓачот е имигрант од Тунис, кој легално престојувал во Франција. Тој бил избркан од хотелот бидејќи не плаќал. Локалната полиција соопшти дека напаѓачот имал два ножа и лопата кога бил застрелан од ...

Членството на Србија во ЕУ е поддржано од 33 проценти од граѓаните – најниско ниво на поддршка меѓу земјите-кандидатки, според анкетата на јавното мислење на Евробарометар за перцепциите за проширувањето на ЕУ во земјите-членки и земјите-кандидатки, објавена од Европската комисија. Српските граѓани имаат највисоко ниво на доверба во Русија (59 проценти) и Кина (57 проценти), додека ЕУ е на третото место со 38 проценти. Податоците на ...

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, денеска одржа прес-конференција пред депонијата Вардариште, нагласувајќи дека над 150.000 жители од општините Аеродром и Гази Баба секојдневно се изложени на чад и загадување, се наведува во соопштението од кандидатка за градоначалничка на Град Скопје Каја Шукова. „Екоцидот во Вардариште мора да запре веднаш. Моето прво и најитно решение е воведување на 24-часовен надзор, целосно оградување ...

Семејството на Доналд Трамп стекна дури шест милијарди долари откако нивниот крипто-проект отвори тргување со нова дигитална валута наречена World Liberty Financial (WLF) пишува Волстрит џурнал. Семејството Трамп поседува околу една четвртина од сите постоечки токени на оваа криптовалута. Тројца од синовите на Трамп, Доналд Трамп помладиот, Ерик Трамп и Барон Трамп се коосновачи на „World Liberty Financial“, додека претседателот е назначен за ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ за првпат наговести што би можел да работи кога ќе ја напушти власта. Кога наскоро ќе ја напуштам власта, рече Вучиќ во обраќањето до српските новинари во Кина, а кога мојата ќерка ќе се врати од магистерските студии – се занимаваше со статистика – ако отвори своја компанија, ќе работам за неа, изјави тој. Пред таа изјава, Вучиќ ги коментираше најновите наоди на агенцијата Ипсос, нагласувајќи дека ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на денешната средба во Кина со премиерот на Словачка, Роберт Фицо, изјави дека Москва никогаш не била против потенцијалното членство на Украина во ЕУ. – Што се однесува на членството на Украина во ЕУ, никогаш не приговаравме. Што се однесува на НАТО, тоа е друго прашања … Нашиот став е добро познат: сметаме дека тоа е неприфатливо за нас, посочи Путин. Тој додаде дека Русија била принудена да дејствува ...

Во недостаток на идеи и очекуван пораз на изборите, манипулациите на ВЛЕН продолжуваат во однос за наводна моја средба со Груевски со цел обезбедување на пратеници за подршка на утавни измени. Јасно и гласно кажав дека таква средба немало, се вели во соопштението од Бујар Османи, кандидат за градоначалникот од ДУИ за општина Чаир што МИА го пренесува интегрално. Тоа што се служат постојано со лаги и повторување на сите невистини нема да им ...

Забраната за движење во шумите продолжува до 30 септември, соопшти попладнево Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство. За непочитување предвидена е глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност. Од Министерството ги повикуваат граѓаните на особена претпазливост со цел спречување на појавата на пожари на отворен простор. Посочуваат дека и во периодот што следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен ...

Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при што од зачленувањето очекуваат придобивки како што се отворени граници, слободна трговија и подобар квалитет на животот, покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар посветено на процесот на проширување на ЕУ. На прашањето „Кога сметаат дека Северна Македонија ќе стане земја членка на ЕУ“, 27 отсто одговориле „во следните пет ...

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за уште три кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори: -Драган Атанасов, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип -Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на општина Градско и -Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Зелениково. -Со ова, СДСМ веќе има објавено 60 кандидати за градоначалници од СДСМ во 60 општини ширум државата. Сите кандидати на СДСМ се ...

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска категорично демантираше дека има каква било можност за незаконско следење на комуникациите, појаснувајќи ја својата улога во процесот. Истовремено, од Обвинителството потврдија дека е отворен предмет во кој детално ќе се истражат последните наводи од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Во реакцијата испратена до медиумите, од Обвинителството наведуваат дека тие единствено ги ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, на панелот за проширување на ЕУ на Бледскиот стратешки форум, изјави дека Црна Гора и Албанија би можеле до 2028, односно до 2029 година да станат наредните членки на Европската Унија. На ова реагираше Андреј Жерновски, кој смета дека ваквите пораки од Брисел директно ја демонтираат стратегијата на македонската влада. ,,Ова е директно демонтирање на владината стратегија која трае во континуитет 15 ...

Северна Македонија е целосно посветена на примена на Копенхашките критериуми, кои мора да останат водилка на процесот на проширување на ЕУ, изјави денеска во Копенхаген министерот за европски прашања Орхан Муртезани во обраќањето на неформалниот состанок на министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ и државите кандидати за членство. – За нас тие (Копенхашките критериуми) не се само услови, туку јазик на демократијата и гаранција ...

Во изминатиот период во СВР Велес добиени се пријави од граѓани, најчесто од повозрасни лица, дека се измамени на начин што непознати лица телефонски им се јавуваат претставувајќи се како службени лица и се обидуваат да им измамат поголеми суми на пари. Како што денеска информираа од СВР Велес, сторителите бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни блиски кои наводно предизвикале или биле жртви во сообраќајни ...

Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“, кој се однесува на злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра. Според судот, спојувањето би довело до непотребно одолговлекување и би ги ставило обвинетите во потешка положба. Согласно одлуката, Случајот „Адитив“ сега ќе се води преку две одвоени постапки. Првиот предмет опфаќа над 30 ...

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, денес во разговор со Петар Трајковски наставник од скопска Кисела Вода разговараа за најгорливите проблеми со кои се соочуваат во образованието. Состојбата со училиштата во главниот град е алармантна, наставниците се без поддршка, со години се соочуваат со блокади, хаос и незаконски решенија, информира Центарот за комуникации на СДСM. „Образованието не е приоритет на градската власт, туку ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Б.М., полициски службеник во Одделението за криминалистички работи Чаир при СВР Скопје ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска алармираше за, како што го нарекоа, невиден скандал и пример за непотизам, обвинувајќи дека Агенцијата за филм ѝ доделила 18.000 евра на Јехона Ајдини, сопруга на Халил Лумјани, шефот на кабинетот на вицепремиерот Изет Меџити. Според ДУИ, станува збор за млада режисерка без професионално искуство, чиј единствен проект е студентски краток филм. „Ова е директен удар врз културата и врз албанските ...

Еден од негувателите во скопската Зоолошка градина, Војо Иванов, сподели објава со видео во кое може да се забележи како поголем број деца се имаат качено на оградата на едно од живеалиштата, и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено. На видеото може да се забележи како тој како вработен во Зоолошката градина, им пристапупва на децата и им укажа дека не смеат да стојат на оградата. Сепак, таму имаше и родители кои возвратија со контра ...

Нема причина да се истражува ситуацијата со авионот на претседателката на Европската комисија (ЕК), бидејќи овие нарушувања не се ниту хибридни, ниту кибер закани, изјави во Бургас, бугарскиот премиер Росен Желјазков. Неговиот коментар е во врска со информациите за инцидент со авионот на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на аеродромот во Пловдив на 31 август. – Од 2022 година, од почетокот на војната во Украина, дел од методите за ...

– Додека на Македонија ѝ се случува масовен егзодус, владејачкото мнозинство, заглавено во политичка ароганција, нема никаков слух за суштинските ПОТРЕБИ НА МЛАДИТЕ. На денешната собраниска седница, САМО 19 ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА ЗА пакетот закони поднесен од Левица, со кои се адресираа најгорливите проблеми на младите и младите семејства (како домување и економска сигурност). Пратениците од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ не гласаа за скратено и флексибилно ...

„Од кога тоа средбите на еден министер за надворешни работи со лица од американската црна листа се класифицирани? Дали тие средби се пријавени во Јавното обвинителство и МBP? Кој е интересот зад оваа тајна комуникација?“, вели Колчи-Коџаџику ДУИ не е реформирана партија, туку групација што манипулира со националните чувства и европските стремежи на албанскиот народ за свои лични и теснопартиски интереси. Ова го истакна на денешната ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1023
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
63%
1023
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
52%
1024
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
62%
1024
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
5.18
61%
1022
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1024
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
53%
1022
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
63%
1022
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
46%
1022
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
62%
1020
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
7.2
64%
1023
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
67%
1022
Currency

61.6217

Currency

53.013

Currency

70.6306

Currency

34.3259

Currency

37.8165

Currency

66.0719

Currency

7.45118

Currency

0.65636

Currency

0.3488

Currency

0.526

Currency

1.27085

Currency

0.59728