Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Французинка, заразена за време на епидемијата на смртоносниот хантавирус на крузер, е во критична состојба и се лекува со апарати за вештачки бели дробови, соопшти синоќа лекар од париската болница во која се лекува заразената патничка. Бројот на регистрирани случаи веќе достигна 11, од кои 9 се потврдени, пренесе БТА. Тројца патници на крузерот „Хондиус“ починаа, вклучувајќи ја и холандската двојка за која здравствените власти веруваат дека ...
Од следната учебна година, изданието „Бајки од Македонија“ официјално влегува во наставната програма за основно образование и станува дел од редовните лектири за четврто одделение. Проектот, кој повеќе од една деценија се реализира во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, преку Движењето за поддршка на креативноста – „Браво сине!“, во партнерство со издавачката куќа „Арс Ламина“, добива институционална потврда за значењето и улогата во ...
Соопштение на Сакам да работам: Со оглед на фактот дека вчера на седница Владата усвои Предлог закон за игри на среќа, а истовремено политичката партија „Левица“ најави свој предлог за целосна забрана на легалните објекти, јасно е дека економскиот сектор игри на среќа повторно станува дежурна тема на која политичарите се обидуваат да печалат политички поени, тргнувајќи го фокусот на јавноста од вистинските проблеми. Очекуваме политичка ...
Мексиканските власти и американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ги отфрлија наводите на „Си-Ен-Ен“ дека оперативци на ЦИА директно учествувале во смртоносни напади извршени минатата година врз нарко-картели во Мексико. Во извештајот објавен на американската телевизија која се повикува на анонимни извори, се тврди дека ЦИА со елитни единици ги засилила тајните операции во Мексико, вклучително и со непосредно учество во акции за ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social визуелна содржина во форма на мапа на која Венецуела е прикажана како дел од САД, со натпис „51-ва држава“. Објавената слика ја прикажува територијата на Венецуела исполнета со боите на американското знаме. Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, пред два дена изјави дека нејзината земја не планира да стане 51-ва земја на ...
Голем одрон го блокираше патот на влезот во туристичкото село Радожда, а жителите предупредуваат дека опасноста не е помината и бараат стручна проценка на теренот. Голема карпа се одронила на влезот во туристичкото село Радожда, на една од најфреквентните патни делници кон селото. Во инцидентот нема повредени лица, но жителите велат дека била избегната сериозна трагедија, бидејќи по овој пат секојдневно поминуваат возила, пешаци и семејства ...
Левица преку соопштение соопшти дека до партијата пристигнале, како што наведуваат, вознемирувачки сведоштва од пациенти кои се лекуваат на Универзитетска клиника за хематологија, а кои укажуваат на сериозни проблеми во функционирањето на установата. Според партијата, пациентите се соочуваат со недостиг од терапии, како и со недостиг од основни медицински материјали, меѓу кои шприцеви, стерилни ракавици, средства за дезинфекција и кеси за ...
На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како двајца млади момчиња крадат велосипед пред теретаната „Атлета“ во Општина Аеродром. Видеото го објави Бојан Скендеровски во групата „Општина Аеродром – граѓанска патрола“, каде напиша: „Украден точак пред Атлета… Ако ги познава некој идиотиве нека исконтактира. Следува парична награда“. На снимката може да се забележи како едното момче го зема велосипедот, додека другото стои во ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевче Јакимовски во гостувањето на 4ТВ упати серија остри критики кон актуелната локална и централна власт, оценувајќи дека Карпош се наоѓа во „лимбо ситуација“ поради, како што тврди, политичко тактизирање околу оставката на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски. Според Јакимовски, во политичките кругови веќе било познато дека Лукровски поднел и втора, конечна оставка, но дека целата ситуација ...
СДСМ преку соопштение упати остри критики кон владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, обвинувајќи ги дека ја држат државата изолирана од европските интеграции заради, како што наведуваат, заштита на криминални интереси. Во партиското соопштение, од СДСМ велат дека „најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија се наоѓа токму во нивните редови“, посочувајќи дека дел од функционерите на власта поседуваат бугарски пасоши. ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати нови критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека, како што велат, „ги спроведува бугарските интереси“ и користи ист речник како официјална Бугарија. Во партиското соопштение се наведува дека Филипче, според ВМРО-ДПМНЕ, „тргнал по стапките на“ Зоран Заев и дека бил подготвен да ги прифати бугарските барања поврзани со евроинтегративниот процес. Од владејачката партија тврдат дека Филипче ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека во Пекинг ќе има долг разговор со кинескиот претседател Шји Џинпинг во врска со војната во Иран, но, исто така, нагласи дека не мисли дека му е потребна помошта од кинескиот претседател. „Не мислам дека ни е потребна никаква помош со Иран. Ќе победиме на еден или друг начин, мирно или на друг начин“, им рече Трамп на новинарите додека ја напушташе Белата куќа за да отпатува за ...
Канцерогени азбестни салонитни плочи се фрлени до контејнер во населбата Козле, на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 149, алармираат граѓани. Според пријавата, опасниот отпад се наоѓа на околу 50 метри од детски лулашки и простор каде секојдневно поминуваат и престојуваат деца и жители од населбата. Азбестот се смета за сериозно опасен материјал, а неговите честички при распаѓање и вдишување можат да предизвикаат тешки заболувања, ...
Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од регионот, кои дискутираа за системските промени потребни за забрзан раст и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во процесот на интернационализација. На панелот посветен на прашањето како може регионот од потенцијал да создаде скалабилни и одржливи резултати се отворија клучни теми за конкурентноста, иновациите и задржувањето на талентите во ...
Српската армија и НАТО од вчера ја почнаа првата заедничка воена вежба што ќе трае до 23 мај на која ќе се вежбаат тактики, техники и процедури што се применуваат во операциите за поддршка на мирот. Вежбата се одржува во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“ во близина на Бујановац, соопшти Министерството за одбрана на Србија. Вежбата е во организација на Командата на армијата на Србија и Командата на здружените сили од Неапол, а во неа ...
Ракетниот одбранбен штит предложен од американскиот претседател Доналд Трамп би можел земјата во следните две децении да ја чини повеќе од еден трилион долари, се наведува во извештај на Канцеларијата за буџет на американскиот Конгрес (CBO) објавен синоќа, јави ДПА. Независен буџетски надзорник ги процени вкупните трошоци за „Златната купола“ на околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, вклучувајќи приближно еден трилион долари само ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од ...
Екс пратеникот Илија Димовски фејсбук објави емотивна порака до внукот на Гоце Делчев, Христо Христов. Почитуван маестро Христо Христов: Ви се обраќам со чувство на длабока одговорност, со искрено пријателство, поддаена рака, но пред сè со огромна почит и кон Вашите години и кон Вашите уметнички достигнувања како диригент кој цел живот го скротува звучниот хаос во хармонија. Но, најмногу од сè, се обраќам кон Вас како кон внук на великанот ...
Волкот шетал по булеварот Теодосиј Гологанов. (Фото: СДК.МК) Волк е фатен на улицата Јуриј Гагарин во скопската населба Козле. Вечерва граѓани од населбата пријавиле во полиција дека забележале волк како шета по булеварот Теодосиј Гологанов и веднаш пријавиле во полиција. Полицајците го фатиле волкот и сега тој е врзан на бандера на паркинг. Како што велат за САКАМДАКАЖА.МК граѓани кои живеат во околните згради, волкот имал ланец долг 2 ...
Вечерва почна 79. Кански филмски фестивал каде во следните 12 дена ќе има премиери и натпревар за престижната награда „Златна палма“, која ќе биде доделена на 23 мај. На отворањето на фестивалот на Француската ривиера, почесната „Златна палма“ му беше доделена на новозеландскиот режисер Питер Џексон, автор на трилогијата „Господарот на прстените“. Наградата му ја врачи актерот Елајџа Вуд, кој го толкуваше ликот на Фродо Багинс во филмовите. ...
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во владата на СДСМ и ДУИ, Љупчо Николовски пред неколку дена, поточно на 7 мај бил повикан во полициска станица на разговор, потврдија од МВР за „Фокус“. „Лицето на 07.05.2026 по наредба на ОЈО е повикано на информативен разговор во СВР Скопје-Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста“, посочија од МВР ...
Велика Британија ќе распореди автономна опрема за лов на мини, најсовремени анти-дрон системи и борбени авиони од типот „Тајфун“ во рамки на мисијата во Ормуската Теснина, најави британскиот министер за одбрана Џон Хили. Тој ја објави одлуката за време на состанокот во Лондон, на кој заедно со Франција беа домаќини на 40 министри за одбрана, фокусирани на плановите за заштита на сообраќајот во овој критичен воден пат по евентуалниот прекин ...
Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, во гостувањето на „4ТВ“ упати серија забелешки за начинот на кој се управува со главниот град по промената на локалната власт, објави 4news.mk Според него, Скопје сè уште страда од нефункционалност на јавните претпријатија, додека реалните проблеми се покриваат со висок степен на популизам. Јакимовски смета дека споредбите на новиот градоначалник со Данела Арсовска се погрешни и дека вистинскиот репер за ...
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на СДСМ и ДУИ Љупчо Николовски, викан Путерот е повикан во СВР Скопје на службен разговор, дознава Пресс24. Според информациите на порталот , Николовски се сомничи за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер за повеќе од 800.000 евра, спротивно на Законот за јавни набавки. Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ...
Русија ќе ја распореди својата нова стратешка нуклеарна ракета „Сармат“ до крајот на оваа година, изјави претседателот Владимир Путин, опишувајќи ја како „најмоќната во светот“. Планираното распоредување на ракетата – дизајнирана да носи нуклеарни бојни глави за погодување цели на илјадници километри во САД или Европа – се очекува по неколку години неуспеси и одложувања. Путин во телевизиски говор изјави дека моќноста на бојната глава е ...
Гласачите бараа да не видат како една партија и голем чекор е од петмина лидери партијата да има двајца копретседатели. Вреди сега е единствена републичка партија од Липково до Струга, ДУИ има само три општини, АА само две општини, изјави вечерва Изет Меџити, копретседател на Вреди и градоначалник на Чаир. Меџити во интервјуто за Топ Тема рече дека многу луѓе им се приклучуваат, но дека тој не треба да објаснува зошто Арбен Фетаи и Фатмир ...
Професорката Симона Груевска-Маџоска денеска преку објава на Фејсбук соопшти дека поднела неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и туризам и од позицијата координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Професорката Симона Груевска-Маџоска / Фото: Фејсбук Во објавата таа не ги наведува причините поради кои ја донела одлуката, ...
Поранешниот прв човек на Карпош, Стевче Јакимовски, во гостувањето во Ноќно студио на „4ТВ“ даде своја анализа за предизвиците на локалната власт, посочувајќи дека многумина влегуваат во градоначалничката трка без да бидат свесни за жртвата што ја бара таа позиција. Коментирајќи го боледувањето на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски, Јакимовски откри дека таквиот потег бил најавуван подолго време меѓу упатените, објави 4news.mk Според ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска ги отфрли обвинувањата дека војната против Иран ги исцрпила резервите на ракети и муниција на САД, по тврдењата на Демократската партија дека земјата е ранлива на напади, пренесе ДПА. – Знаеме точно со што располагаме. Имаме повеќе од доволно од она што ни е потребно – изјави Хегсет за време на сослушувањето пред поткомитетот на Претставничкиот дом на Конгресот, задолжен за трошоците за ...
Полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип вчера во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички, соопшти Министерството за внатрешни работи. Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле родители во присуство на ...