
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



БЕРЛИН (АА) - Германската Влада вчера ги демантираше медиумските извештаи дека ставила вето на продажбата на борбени авиони „Еурофајтер“ на Туркије поради внатрешни политички причини, јавува Анадолу. Министерството за економија појасни дека актуелната техничка Влада сè уште нема донесено одлука за ова прашање бидејќи вакви значајни прашања ќе ѝ бидат оставени за одлучување на новата влада што треба да стапи на функција следниот месец. „Кога ...
ЛОНДОН (АА) - Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека заканата од царини ризикува натамошно нарушување на клучните синџири на снабдување, нагласувајќи дека сигурната и прифатлива енергија е „крвоток на нашите економии“, јавува Анадолу. „Се соочуваме со нова парадигма за енергетската безбедност во Европа“, рече Фон дер Лајен на Меѓународниот самит за иднината на енергетската безбедност во Лондон, посочувајќи ги војната ...
Воодушевувачко „море од облаци“ ги покри падините на снежните планини Каџкар во провинцијата Ризе, во североисточна Туркије, создавајќи магични сцени, јавува Анадолу. Висорамнините на Ризе, познати по својата природна убавина во текот на целата година, се претворија во бајковит пејзаж поради неодамнешното студено и дождливо време кое ја зафати областа. Густата магла, која се формираше во долината на Националниот парк „Каџкар“ во округот ...
Пакистан утринава остро предупреди дека секој индиски обид да ја прекине или пренасочи водата според Договорот за води на Инд од 1960 година ќе се смета за акт на војна, по еден ден откако Њу Делхи соопшти дека го суспендира договорот по смртоносниот напад во спорниот регион Кашмир, при што загинаа 26 лица, јавува Анадолу. По состанокот на Националниот совет за безбедност во Исламабад, пакистанските власти најавија реципрочни мерки, меѓу кои ...
ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската Армија денес ослободи 12 палестински затвореници, меѓу кои и две жени, од Појасот Газа, изјавија очевидци, јавува Анадолу. Ослободените затвореници се префрлени со возила на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во болницата „Ал Акса“ во градот Деир ал-Балах на медицински прегледи, додадоа тие. Од Канцеларијата за медиуми на затворениците го потврдија ослободувањето на 12-те приведени, без да наведат ...
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија денес побара од своите граѓани кои го посетуваат Пакистан да се вратат дома „најбрзо што можат“, по еден ден откако еднострано го суспендира билатералниот пакт за споделување на води, Договорот за води на Инд, со својот западен сосед, јавува Анадолу. Исто така, побара од индиските државјани да избегнуваат патувања во Пакистан, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи. Министерството најави и ...
СКОПЈЕ (АА) - Израелската Армија денес изврши напад врз дом на палестинско семејство во Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу. Во воздушниот напад зградата е целосно уништена, додека околните домови претрпеа сериозни оштетувања. Екипите на цивилната одбрана спроведоа операции за пребарување и спасување под урнатините во обид да пронајдат преживеани. Според медицински извори и локалните медиуми, најмалку 30 Палестинци се ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије има повеќе од доволно капацитет за организирање на сите видови меѓународни спортски настани, вклучително и Олимпијадата, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Ердоган имаше обраќање на свеченото отворање на канцеларијата на УЕФА во Истанбул. Канцеларијата на раководното тело на европскиот фудбал во Истанбул ќе игра активна улога во подготвителниот процес за Европското фудбалско првенство на ...
Мобилниот музеј „Битките кај Чанаккале“ од Туркије, ги отвори вратите за посетителите во градот Охрид, јавува Анадолу. Музејот на плоштадот „Свети Климент Охридски“ во Охрид го посетија граѓани од различна возраст, ученици и студенти. Техничкиот директор на мобилниот музеј, Неџми Џан Акјилдиз, во изјава за Анадолу рече дека во мобилниот музеј има 7 различни витрини каде што може да се добијат информации за текот на битките кај Чанаккале. Тој ...
БЕРЛИН (АА) - Германија им нуди до 4.000 евра по семејство како стимул за Сиријците кои доброволно ќе се вратат во својата земја, соопштија германските власти, додавајќи дека над 460 лица веќе ја искористиле оваа можност во последните неколку недели, јавува Анадолу. Според податоците на Сојузната канцеларија за миграција и бегалци, од почетокот на новата власт во Дамаск, 464 Сиријци се вратиле во Сирија со поддршка на оваа програма. Во рамките ...
МОСКВА (АА) - Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје како одговор на агресија од страна на западни земји, изјави денес секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, пренсува Анадолу. Во интервјуто за државната новинска агенција ТАСС поранешниот министер за одбрана рече дека Москва внимателно го следи зголемувањето на военото присуство во европските земји. „Во ноември 2024 година беа донесени измени во Основите на ...
АНКАРА (АА) - Околу 150 навивачи на Челзи и Манчестер Сити нема да можат да присуствуваат на Светското клупско првенство на ФИФА 2025 година што ќе се удржи во САД од 15 јуни до 13 јули оваа година, јавува Анадолу. Според новиот закон, кој стапи на сила денеска, навивачите со забрана мора да ги предадат патните исправи, вклучително и пасошите, или ќе се соочат со затворска казна до шест месеци или трајна забрана. На турнирот што ФИФА за првпат ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, вчера ја истакна стратегиската важност на новата канцеларија на УЕФА во Истанбул во рамките на подготовките за Европското првенство во 2032 година, за кое заедно домаќини ќе бидат Туркије и Италија, јавува Анадолу. Говорејќи на свечената вечера одржана во историската палата Чираган во Истанбул, во пресрет на официјалното отворање на новата канцеларија денес, Чеферин ги пофали богатата ...
СКОПЈЕ (АА) - По силниот земјотрес што го погоди Истанбул дел од жителите ја поминаа ноќта во општинските спортски сали и јавните паркови, јавува Анадолу. Вчера Истанбул го погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а според официјалните информации, најмалку 236 лица се повредени при обид да бегаат поради паника. Епицентарот на земјотресот е регистриран во подрачјето на Силиври кај Истанбул, соопшти Управата за вонредни ...
ЛОНДОН (АА) – Велика Британија објави дека ги укинува санкциите против повеќе сириски министерства и разузнавачки агенции, според соопштението на британското Министерство за финансии објавено денес, јавува Анадолу. Во обновената листа на санкции за Сирија се наведува дека Министерството за одбрана на Сирија, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за општо разузнавање, Разузнавачката агенција на воздухопловните сили и Дирекцијата за ...
ЊУ ХЕЈВЕН (АА) - Повеќе од 200 студенти од Универзитетот „Јејл“ одржаа протест на плоштадот Бајнеке, поставувајќи шатори како знак на противење на најавената посета на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, јавува Анадолу. Според студентскиот весник „Јејл дејли њуз“, на протестот присуствувале 25 студенти. Потоа бројот на присутни нагло се зголемил, а биле поставени осум шатори и покрај универзитетската забрана за ...
АНКАРА (АА) - Најмалку 50 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 51.355, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во болниците се пренесени 152 повредени лица, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 117.248. ...
КИЕВ (АА) - Најмалку девет лица загинаа, а 70 се повредени рано утрово во руските напади врз главниот град на Украина, Киев, соопштија официјални претставници, јавува Анадолу. Многу подрачја на Киев се погодени во нападите, истакна градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм. Триесет и осум од повредените се пренесени во болниците, а на 16 им е укажана помош на самото место, рече Кличко. Тимур Ткаченко, шеф на градската воена управа на Киев, ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Туркије денес со разни манифестации и свечености се одбележуваат националниот празник Ден на националниот суверенитет и Ден на детето, а наедно и 105-годишнината од основањето на турскиот Парламент, односно Големото народно собрание на Република Туркије, јавува Анадолу. Денес се одржуваат училишни приредби, паради и настапи на ученици, како и симболична размена на улоги, при што децата традиционално ги преземаат функциите на ...
РАМАЛА/АНКАРА (АА) - Палестинско дете е убиено вчера од израелските сили во воената рација во окупираниот Западен Брег, соопштија медицински извори, јавува Анадолу. Според палестинската Црвена полумесечина, 12-годишно момче e застрелано во лицето и стомакот во градот Јамун, западно од Џенин. Очевидци изјавија дека израелските сили извршиле рација во градот, предизвикувајќи судири со разгневените жители, при што биле употребени вистинска муниција ...
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Русија е подготвена да постигне мировен договор, но убедувањето на Украина да го потпише договорот е „потешко“ од очекуваното, јавува Анадолу. „Мислам дека имаме договор со Русија. Мора да постигнеме договор со Зеленски и се надевам дека Зеленски, мислев дека е полесно да се справиме со Зеленски. Досега беше потешко. Но в ред е“, рече Трамп во Овалната соба додека ги потпишуваше ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Американски воени авиони вчера извршија шест воздушни напади, насочени кон јеменската северна покраина Сада, соопштија Хусите, пренесува Анадолу. „Во шест американски воздушни напади е погодена областа Сахлин во округот Ал-Салем“, објави телевизијата Ал-Масира, блиска до Хусите, на платформата Х. Засега нема информации за човечки жртви или материјална штета. Американската страна сè уште не објави официјално соопштение за ...
ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) - Израелскиот министер за финансии од крајната десница, Безалел Смотрич, денес се закани дека ќе ја собори Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху доколку армијата не го окупира Појасот Газа и воено не завладее со него, пренесува Анадолу. Во соопштението Смотрич истакнува дека израелскиот премиер „е на крајот одговорен“ за водењето на израелската војна во Газа. „Започнете кампања за поразување на Хамас, окупација на Газа и ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Австралискиот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, победи во трката за Големата награда на Кина, втората етапа од овогодинешното првенство во Формула 1, јавува Анадолу. Трката се одржа на Меѓународната патека Шангај долга 5,4 километри, на која се возеа 56 круга. Пјастри победи во трката, стартувајќи од пол-позиција и водејќи од почеток до крај, со време од еден час, 30 минути и 55.026 секунди, постигнувајќи ја третата етапна победа ...
ИСТАНБУЛ (АА) — Утре во рускиот град Санкт Петербург започнува 7. Етноспорт форум, со тема „Обнова на традиционалните спортови“, каде што се очекува учество на делегации од 75 земји од целиот свет, јавува Анадолу. На свеченото отворање свое обраќање ќе има претседателот на Светската конфедерација за етноспорт, Неџмедин Билал Ердоган. Глобален комуникациски партнер на форумот е Агенција Анадолу. По поздравните говори, форумот официјално ќе биде ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф остро го осуди бруталното убивање на над 50.000 невини Палестинци за време на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во главниот град Анкара, јавува Анадолу. „Повикавме на итен прекин на огнот и непречен проток на хуманитарна помош за палестинскиот народ. Го повторивме нашиот повик за одржлива, независна и соседна палестинска држава со граници од пред 1967 ...
ПРИШТИНА (АА) – Новите пратеници на деветтиот состав на законодавниот дом на Косово, кои положија заклетва минатата недела, уште еднаш, по петти пат, не успеаја да обезбедат мнозинство за избор на нов претседател на Собранието, јавува Анадолу. На конститутивната седница на косовското Собрание, на која присуствуваа 117 пратеници, пратеникот Глаук Коњуфца рече дека најголемата партија, Движењето Самоопределување, повторно ја предлага Албулена ...
МОСКВА (АА) - Русија денес соопшти дека нејзините сили зазеле уште едно населено место во источниот украински регион Доњецк, јавува Анадолу. Според соопштението издадено од Министерството за одбрана, руските сили ја презеде контролата врз селото Тарасивка. Министерството, исто така, тврди дека биле погодени воен аеродром, работилници за производство на дронови и паркинг-простор на системот за повеќекратни ракетни фрлачи „Вампир“. „Сите одредени ...
ПРИШТИНА (АА) - Конститутивната седница на косовското Собрание е прекината по четврти пат за именување на претседателот на деветтиот состав на законодавниот дом, јавува Анадолу. На седницата, пратеникот од Движењето Самоопределување, Глаук Коњуфца, рече дека за претседател го имаат истиот предлог, Албулена Хаџиу. Но, бидејќи, како што рече Коњуфца, политичките партии се изјаснија дека нема да ја поддржат Хаџиу за претседателка на Собранието, тој ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди Туркије, со епицентар во подрачјето на Силиври кај Истанбул, соопшти Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби, АФАД, јавува Анадолу. Земјотресот се случи во 12:49 часот по локално време и силно се почувствува во Истанбул и соседните области, што ги натера исплашените жители да ги напуштат зградите. Уште еден земјотрес со магнитуда од 4,9 степени се случи во 13:02 ...