Во Санкт Петербург започнува 7. Етноспорт форум со учесници од целиот свет
Глобален комуникациски партнер на форумот е Агенција Анадолу.

ИСТАНБУЛ (АА) — Утре во рускиот град Санкт Петербург започнува 7. Етноспорт форум, со тема „Обнова на традиционалните спортови“, каде што се очекува учество на делегации од 75 земји од целиот свет, јавува Анадолу.
На свеченото отворање свое обраќање ќе има претседателот на Светската конфедерација за етноспорт, Неџмедин Билал Ердоган.
Глобален комуникациски партнер на форумот е Агенција Анадолу.
По поздравните говори, форумот официјално ќе биде отворен со панелот на министри на високо ниво, каде тие ќе дискутираат за стратешките насоки и политики за долгорочен развој на традиционалните спортови.
Во текот на дводневниот форум, учесниците ќе се вклучат во сесии, панел-дискусии и стратешки средби, каде ќе се разгледуваат краткорочни, среднорочни и долгорочни планови за промоција и одржливост на традиционалните спортови.
Клучните теми ќе вклучуваат меѓународна соработка, финансиска одржливост и медиумски стратегии.
Академици, претставници на спортски федерации и истражувачи ќе придонесат со свои идеи на панелите, со цел да се изгради сеопфатна патоказ-стратегија за иднината на традиционалните спортови.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.