Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Превозници од четири балкански земји – Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора – денеска сплотено го запираат товарниот сообраќај на границите со Шенген-зоната, протестирајќи против ЕЕС системот на ЕУ. Фирмите се жалат на депортации, апсења и финансиски удари, барајќи ослободување од ограничувањата за престој од 90/180 дена што ги ставаат во ист кош со туристите. На десет гранични премини низ цела Северна Македонија ...
По смртта на 28 годишниот охриѓанец Кристијан Љушев, обвинителството трага по одговорните за небезбедните услови за работа. Градежништвото е втор сектор со најмногу жртви во Северна Македонија, велат стручните лица за безбедност при работа. Градилиштето каде што пред десет дена загина младиот охриѓанец Кристијан Љушев е запечатено, откако охридски обвинител завршил со увидот по несреќата. 28 годишниот Љушев бил ангажиран од приватна компанија ...
Ова не би бил прв пат Русија да побара удел во судбината на Косово. Од спротивставувањето на интервенцијата на НАТО во 1999 година до споредувањето со анектираниот Крим и блокирањето на меѓународното признавање, Москва постојано играше улога на противник на неговата државност. Денес, кога односите меѓу САД и Европската Унија се затегнати, постои ризик руското влијание да стане уште поочигледно. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј ...
Превозници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денеска координирано ќе ги блокираат товарните гранични премини кон европската Шенген зона. Ваквата одлука е предизвикана од новиот Систем за контрола на нивен влез и излез во Унијата. Компаниите тврдат дека се соочуваат со депортации и економска штета и бараат ЕУ да ги изостави транспортните фирми. Сашо Илиевски, сопственикот на скопската компанија „Стема транспорт“ ...
Прекинот на интернетот во Иран останува во голема мера на сила, бидејќи бројот на жртви од неодамнешните протести продолжи да расте, при што еден извештај вели дека бројот на жртви може да надмине 30.000. Телото за дигитални права NetBlocks на 25 јануари соопшти дека интернетот во Иран е исклучен повеќе од 400 часа, додавајќи дека „кратките скокови на поврзаност“ може да дадат лажен впечаток за пошироко враќање на мрежата. Од ова тело велат ...
Користењето отпад како алтернативно гориво во цементарите, вклучително и во „Усје“, треба да се зголеми, бидејќи така ќе се подобрат еколошките перформанси на индустријата, вели Беса Татеши од Министерството за животна средина и просторно планирање во интервју за Радио Слободна Европа. Граѓаните протестираат и ја блокираат Цементарница Усје поради загадувањето на воздухот, а Државниот инспекторат тврди дека неправилности нема. Зошто постои ...
Американските воени бродови се движат кон Иран, додека властите во земјата го бранат бруталното задушување на протестите, кое Обединетите нации(ОН) го нарекоа најсмртоносно задушување на сопствениот народ од револуцијата во 1979 година. Додека има повеќенеделен прекин на интернетот, продолжуваат да пристигнуваат информации за обемот на задушувањето на учесниците во демонстрациите, кои почнаа со протести на трговците во Техеран поради ...
Резиме Белград и Вашингтон не објавуваат кои две барања САД ги упатија до Србија, кои пак се услови за почеток на стратешкиот дијалог. Како што најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Владата ќе разговара за нив на 24 јануари. Стратешкиот дијалог, кој САД го спроведуваат со десетици земји во светот со цел продлабочување на соработката, опфаќа голем број области - од економијата, преку безбедноста, до надворешната политика. Вашингтон ...
Трупите што Копенхаген ги испрати на Гренланд добиле наредба да бидат борбено подготвени во случај Соединетите Американски Држави да ја нападнат оваа автономна данска територија, јави во петокот данскиот јавен сервис ДР, пренесе АФП. Американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од заканите дека со сила ќе го преземе Гренланд, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во средата, истакнувајќи дека е постигната „рамка“ на ...
Резиме Граѓани со протести и блокади бараат независни, јавно достапни мерни станици околу Цементарница Усје, не веруваат на податоците што ги објавува самата компанија. Усје тврди дека работи согласно законите, дека е под 24-часовен мониторинг и дека не се одговорни за загадувањето во Скопје. Министерството за животна средина вели дека законски мониторингот е обврска на самата инсталација, но признава дека државата може да иницира поставување ...
Резиме Замаглени фотографии од возилото со кое се прави прекршокот, ќе добиваат граѓаните заедно со известувањето и записникот за казната што ќе ја регистрира „Безбеден град“. Граѓаните ќе имаат рок од осум дена да платат половина од казната или дополнителни осум за целата сума. Доколку не се согласуваат, тогаш ќе се поведе прекршочна постапка пред суд. Дел од опозицијата најави поддршка, која и е потребна на власта за да може да го стартува ...
Украина, Русија и САД треба да одржат трилатерален состанок во Абу Даби во петок, 23 јануари што ќе биде првпат трите земји да се сретнат на иста маса од руската инвазија во 2022 година. Средбата беше потврдена во раните утрински часови во петок, по разговорите во Кремљ меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претставник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Дипломатскиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков, им рече на ...
Можеби ќе има решение за неодамнешните тензии околу Гренланд. Американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на средба во Давос постигнаа рамковен договор. Можеби ќе има решение за неодамнешните тензии околу Гренланд. Американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, постигнаа рамковен договор на многу промовираната средба одржана во Давос, Швајцарија, на 21 јануари. Порано ...
Расте бројот на бездомници во Скопје, кои според проценките на Црвениот крст, ги има околу 500 до 600. Од нив, 160 добиваат помош и поддршка во Центарот за дневен престој на бездомници лица на Црвен Крст. Центарот кој се наоѓа во Момин поток им нуди на бездомниците оброк, напитоци, облека, лекови, лекарска и психолошка поддршка. Сето ова, веќе 13 години таму го добива и скопјанецот, Таир Даут. „Направив убава куќа во Железара, но по разводот ...
Во индустриските и станбените предградија на централната иранска покраина Исфахан, тројца очевидци опишаа сцени на извонредно насилство за време на неодамнешниот бран антирежимски протести. Во интервјуа за Радио Фарда/РадиоСлободна Европа очевидците рекоа дека делови од раширените предградија и сателитските градови на покраината сега личат на воени зони - споредливи како што велат, со градовите уништени по окупацијата за време на ...
Во говорот на Светскиот економски форум во Давос, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Соединетите Држави нема да употребат сила за да го преземат Гренланд, но побара итни преговори за преземање на данскиот остров. „Тие имаат избор: можат да кажат „да“ и ние ќе бидеме многу благодарни, или можат да кажат „не“ и ние ќе го запомниме тоа“, рече Трамп. „Нема да добиеме ништо освен ако не одлучам да употребам прекумерна сила - тогаш би ...
Парите во ѕидот во домот на родителите на осомничениот апелациски судија Ѓоко Ристов за висока корупција, биле најдени при вториот обид, откако првиот претрес на три локации бил неуспешен. „При првиот обид не беше пронајдено ништо. Во таква ситуација малку се разочарувате. Со макотрпна работа, отидовме поспремни, со техничка опрема. Ќе стане сомнително кога ќе најдете нешто, ќе забележите цемент кој е потазе од другите, а претходно кога сте ...
Резиме Десетици милиони евра штета во буџетот од даночни затајување и измами Над 30 даночни работници во три поголеми скандали ( афери) станаа дел од истрагите на обвинителството за даночна измама УЈП вели „нулта толеранција“ за корупција, и дека соработува со Обвинителството Готовината е керозин на корупцијата, вели даночниот аналитичар, Павле Гацов Даночни инспектори, нивни заменици, началници и раководители на разни сектори во Управата за ...
Резиме Извори велат дека во сообраќајна несреќа со голема брзина во Грозни, главниот град на Чеченија, е повреден Адам Кадиров, 18-годишниот син на регионалниот лидер Рамзан Кадиров. Властите и државните медиуми во Чеченија и Русија молчат, со извештаи за обиди за потиснување на информациите за инцидентот. Несреќата поттикнува неизвесност околу идното раководство на Чеченија, во услови на постојани шпекулации за здравјето на Кадиров и ...
Пријатниот мирис на кафе и колачи се шири низ кафулето и продавницата „Фармата на мама“ во источниот украински град Запорожје, што е знак на вообичаен работен ден. Но, со оглед на тоа што линијата на фронтот на војната со Русија е оддалечена само 25 километри, работењето е далеку од вообичаено. „Фармата на мама“ ги држи своите врати отворени и покрај неколкуте тешки моменти, како оној од 2 јануари (како што е наведено во видео на социјалните ...
Во случајот со судијата Ристов, осомничен е и поранешниот државен правобранител, кој како адвокат барал пари за да го подмити судијата. Екс државниот правобранител беше приведен во декември, а случајот се најде на листата „матни“ настани кои, според Транспаренси Интернешнл - Македонија, го одбележале месецот. Куќен притвор и одземање пасош се двете мерки што обвинителите ги бараат за осомничениот судија од Апелацискиот суд Скопје Ѓоко Ристов ...
Резиме Околу 400 до 500 пациенти со дијабетес тип 2 останаа без лекот Оземпик, реагираат Здруженијата на пациенти. Пациент од Велес, кој откако три месеци бил без лекот, морал да направи коронарографија поради затната артерија – раскажа тој за Радио Слободна Европа. Од Министерството за здравство не одговорија зошто се јавил недостиг, но посочуваат дека се обезбедени количини од овој лек за 1800 пациенти. Лекот Оземпик и понатаму е ...
Европската Унија полека подготвува нова рунда санкции кон Русија (20-та од нејзината целосната инвазија на Украина), со цел мерките да бидат одобрени од сите земји-членки на ЕУ на крајот на февруари, што ќе се совпадне со четвртата годишнина од нападот на Москва врз нејзиниот сосед. Идејата е Европската комисија, која предлага нови пакети, да ја има својата рунда „признанија за прекршувањата“ во кои предложените нови мерки и потенцијалните ...
Унгарскиот МОЛ е на пат да го преземе мнозинскиот сопственички удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) од Русија. Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека МОЛ и рускиот Газпромнефт се согласиле за основните одредби од идниот договор за купопродажба на НИС. Сепак, доколку американската администрација ја одобри продажбата, начинот на плаќање на рускиот удел останува под знак прашалник. ...
Парите беа пронајдени во семејниот дом на родителите на судијата. Оваа акција е продолжение на истрагата од декември кога беше уапсен адвокат кој барал пари од осомничено лице за да даде поткуп и да влијае кај апелационен судија. Судија од Апелациониот суд во Скопје е осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“ во истрага што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Станува збор за судија ...
Тензиите меѓу САД и Иран остануваат високи додека тврдокорната власт во Техеран ја обновува непријателската реторика и им заканува на антивладините демонстранти со „најстроги казни“, вклучително и потенцијални егзекуции. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан – претходно сметан од многумина за релативно умерен меѓу иранските владетели – во неделата предупреди дека нападот врз врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, ќе доведе до ...
За Северна Македонија се предвидени вкупно 750 милиони евра, доколку Владата успешно се придржува до домашните реформи кои самата ги ветила пред европските институции. До сега од ЕУ во македонскиот буџет се слеале помалку од една третина од предвидените. Ако ја споредиме Северна Македонија со студент кој сака да вклопи во Европската Унија, тогаш европскиот План за раст може да се спореди со стипендија која ја финансира Европската комисија. ...
Изводите од матичните книги за родени, умрени, (не)венчани се тестираат да станат целосно електронски, кои досега иако се поднесуваа преку интернет, можеше да се добијат само на шалтер. Во интервју за РСЕ, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека има и други институции кои нудат услуги само на хартија, доде други комбинираат и со електронска форма на документи. Министре, од 1 јануари во Северна Македонија започна да ...
Струја во најдобар случај по неколку часа дневно. Станови без греење со денови. Генератори на енергија што зујат по снежните тротоари. Вода што се исклучува и исклучува во домовите. Најниски температури во последните години. Нервите се исцрпуваат, трпението се намалува, а Киев се замрзнува додека Украинците се борат да се справат со немилосрдните руски напади што уништија огромни делови од енергетската инфраструктура на земјата. Една недела ...
По разговорите меѓу пратениците кои следуваа по лидерската средба, опозициската ДУИ нема да го поддржи предлогот за омбудсман што треба да се гласа во Собрание. Додека за решение се споменуваат неколку варијанти, поверојатно е пратениците бргу да се договорат да стартува проектот „Безбеден град“. Разговори и убедување меѓу пратениците има, но „креативно решение“, како што најави премиерот Христијан Мицкоски, сè уште нема за изборот на Народен ...