Завршниот турнир во битката за трофејот во Купот ќе се игра во Струмица, одлучи на денешната седница Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Пласман на фајнлфорот обезбедија бранителот на трофејот Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид. Како што соопшти РФМ, терминот ќе биде од 17 до 19 април. Воедно, Струмица ќе биде домаќин и на завршниот турнир во Купот на Македонија во женска конкуренција. ФОТО: миа ...

Рафиња стана еден од главните двигатели на силната серија на Барселона во последните недели. Кога Бразилецот не е на теренот, тимот има сериозни тешкотии со пресингот и флуидноста во нападот. Сепак, со неговото присуство, Каталонците повторно стануваат остри и исклучително опасни, а неговиот придонес во постигнатите голови е огромен. Со оглед на ова, голем дел од стратешкото планирање на клубот директно зависи од неговата одлука за иднината. ...

Тимот на Баерн Минхен, оди според планираното сезонава. Денеска во рамките од новото коло во Бундес лигата, „Баварците“ со 4:0 на свој терен беа подобри од тимот на Унион Берлин. Стрелци на головите за Баерн беа Олисе, на два пати Гнабри и Хери Кејн. Од друга страна пак, два дуела завршија со реми од 3:3. Хаиденхајм против Баер Леверкузен како и Келн против Менхенгладбах. Вердер се израдува на гостинска победа против Волфзбург. Тимот на ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска во Скопје го одржа своето редовно годишно Собрание на кое донесе нов Статут, подготвен во соработка со УЕФА и ФИФА, како и одлука за донесување Страгегија за развој македонскиот фудбал во периодот од 2026 до 2030 година. Во обраќањето пред присутните 61 од вкупно 65 делегати, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, се осврна на повеќе теми, укажувајќи на „системска манипулација“ во работењето ...

Во двата денешни натпревари од 24 коло во ПМФЛ, фудбалерите на Вардар неочекувано претрпеа пораз на гостински терен од Арсими со 1-0, а со идентичен резултат тетовска Шкендија извојува гостинска победа над Македонија ЃП и се израмни според бројот на бодови со скопскиот прволигаш на чело на табелата. Арсими на дуелот во Гостивар извојува победа со голот на Гони во 43 минута, додека Шкендија со погодокот на Красниќи во 53 минута ги освои трите ...

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и со тоа да приреди големо изненадување. Искусниот напаѓач погоди за водство во 14. минута, и уште од тој момент се виде дека домаќинот на овој дуел планира големи нешта. Катастрофалната грешка на потесната одбрана на домашните му послужи на Милош Керкез да постигне ефектен ...

Последниот спуст оваа сезоната во Светскиот куп во алпско скијање му припадна на Италијанецот Доминик Парис. Италијанскиот скијач славеше на целта во Лилехамер со предност од 19 стотинки пред Швајцарецот Франц фон Алмен, додека третото место го освои Австриецот Винсент Крихмаер, заостанувајќи 60 стотинки зад Парис. Малиот кристален глобус во спустот, трета сезона по ред, уште од порано ја обезбеди Швајцарецот Марко Одермат, кој во Лилехамер ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Русинот Данил Медведев синоќа во финалниот натпревар на турнирот Индијан Велс. Во меч што траеше 1 час и 58 минути Синер двата сета ги доби на тај-брејк со 7:6 (8-6) и 7:6 (7:4). Дваесет и четиригодишниот Синер (рангиран број 2 во светот) сервираше 10 аса, направи две двојни грешки и не реализираше ниту една од две брејк топки. Триесет годишниот Медведев (рангиран број 11 во светот) сервираше седум ...

Кошаркарите на ТФТ го загубија првиот натпревар од четвртфиналето на плеј офот во АБА 2 лигата од екипата на Златибор со 101:86. Македонскиот претставник немаше решение за шутот за три поени на противник, кој постигна 19 тројки со процент од 54 отсто. Домашниот тим на тој начин стигна до првата победа во серијата до две победи. Екипата на Златибор постојано беше во водство. Најефикасен кај победникот беше Американецот Тревор Мур со 26 поени ...

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Ашаданов има само пофални зборови за своите кошаркарки, без оглед на конечниот исход на средбата со Хрватска. – Пред стартот на овој квалификациски „прозорец“, во договор со федерацијата, направивме значително подмладување на репрезентацијата, со цел да изградиме тим кој ќе носи резултати во иднина. Свесни бевме дека како млада екипа нè очекува тежок натпревар. Имавме добри ...

Ракометниот клуб Вардар постигна договор со српскиот репрезентативен голман Милан Бомаштар (26 години). Тој од следната сезона ќе го засили црвено-црниот состав. Договорот е со важност од следната сезона и ќе трае две години. Бомаштар има меѓународно искуство, а во Вардар доаѓа како дел од планот за дополнително зајакнување на голманската линија и зголемување на конкуренцијата во тимот за домашните и европските предизвици. – Вардар е еден од ...

Тренерот на актуелниот англиски првак Ливерпул, Арне Слот, потврди денеска дека Мохамед Салах е повреден и ќе го пропушти утрешниот натпревар од Премиер лигата против Брајтон. „Тој е повреден и нема да биде во составот за утре. Добрата работа за Ливерпул е што има пауза за репрезентативни натпревари, но ниту египетската репрезентација нема да може да се потпре на него“, изјави Слот. Англиските медиуми јавија дека Салах има повреда на мускулот ...

Навивачите кои ќе се обидат да влезат на фудбалски стадион во Англија за да гледаат натпревар без купен билет ќе одговараат кривично. Ова се предвидува со законските измени што ќе стапат во сила пред финалето на Лига купот меѓу Арсенал и Манчестер Сити на стадионот Вембли оваа недела. Законските измени беа иницирани од хаотичните сцени за време на финалето на Европското првенство во јули 2021 година, кога илјадници луѓе без билети влегоа на ...

Фудбалерот на саудиски Ал Наср, Кристијано Роналдо, кој се повреди на крајот на февруари, го нема на списокот играчи повикани во репрезентацијата на Португалија за пријателските натпревари против Мексико и САД, јавија денеска светските агенции. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ ја повреди тетивата на натпреварот од саудиското првенство против Ал-Фајах на 28 февруари. Португалскиот селектор Роберто Мартинез претходно оваа недела изјави ...

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ќе инвестира во новата шаховска турнеја „Total Chess World Championship Tour“. „Шахот е неверојатна игра. Го изострува вашиот ум и е сличен на фудбалот. Мора брзо да размислувате, да им верувате на вашите инстинкти и да размислувате неколку чекори однапред. Стратегијата и планирањето се сè“, изјави Халанд за официјалниот веб-страницата на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ). „Инвестирам во ...

Во НБА лигата синоќа се одиграа осум натпревари, а вечерта повторно ја одбележа Словенецот Лука Дончиќ, кој постигна 60 поени во победата на Лос Анџелес Лејкерс од 134-126 над домаќинот Мајами. Последниот поен Дончиќ го постигна од линијата за слободни фрлања во завршните секунди од натпреварот кога целата клупа стоечки со овации го награди словенечкиот кошаркар кој дојде до својот личен рекорд според постигнати кошеви во дресот на Лејкерс. И ...

Првиот голман на бразилската репрезентација, Алисон Бекер, ќе ги пропушти претстојните пријателските натпревари против Франција и Хрватска, поради повреда, објави Бразилската фудбалска конфедерација. Алисон беше на голот на Ливерпул во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Галатасарај во средата, но, потоа, наводно, се повредил на тренинг. Бразилскиот селектор Карло Анчелоти го повика голманот на Коринтијанс, Уго Соуза, ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на АТП 1000 турнирот во Мајами. Натпреварувањето ќе се одржи од 17 до 29 март. Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ се откажа поради повреда на десното рамо. Во 2025 година, тој стигна до финалето на Мастерсот, каде што загуби од Чехот Јакуб Меншик. Претходно на турнирот во Индијан Велс, Србинот загуби во четвртото коло од Британецот Џек Дрејпер (6:4, 4:6, 6:7 (5:7)). Ѓоковиќ е 24-кратен шампион на ...

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната во шпанското првенство. Во видеопорака до навивачите, искусниот шпански тренер објави дека нема да продолжи да го води баскискиот тим во следната сезона, со што го ќе заврши својот речиси четиригодишен престој на „Сан Мамеш“. „Следната сезона нема да бидам тренер на Атлетик – ова е одлука за која размислувам долго време. Разговарав за тоа со клубот и ...

Двократниот МВП на НБА, Јанис Адетокунбо нема намера да се пензионира од сезоната 2025/26, и покрај уште една повреда и намалените шанси на Милвоки за плејофот, објави „ESPN“. Тимот му понудил на својот лидер рано завршување на сезоната, но 31-годишниот грчки напаѓач ја одбил понудата. На 17 март, Бакс објави дека Адетокунбо е надвор од игра поради повреда на левото колено. Ова е најновиот здравствен проблем во сезоната веќе обележана со ...

Во двата воведни натпревари од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички попладнево го совлада Силекс со 2-0, додека Тиквеш ѝ нанесе висок пораз на АП Брера од 6-1. Работнички до својата четврта победа во последните пет прволигашки натпревари дојде со двата гола на Попзлатанов, во 13 и 34 минута. На дуелот во Кавадарци, домаќинот Тиквеш веќе по првото полувреме имаше убедливо водство од 4-0 со головите на Стојанов (10, ...

Македонската фудбалска репрезентација двата претстојни плејоф натпревари за пласман на Светското првенство ќе игра во нови дресови дизајнирани од германскиот производител на спортска опрема Адидас. Претставувајќи ги новите дресови на својот официјален сајт, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека „станува збор за опрема која е наменета исклучиво за користење на овие два натпревари, додека во мај официјално ќе биде промовирана ...

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и следната сезона ќе биде дел од Борац Бања Лука, откако денеска го продолжи договорот со актуелниот првак на БиХ до лето 2027 година. -Тој вели дека ја сака Бања Лука колку и неговото родно Скопје, а дресот на Борац ќе го носи и следната сезона. Дамјан Шишковски, на радост на сите во Платонова 6, потпиша нов договор до 2027 година. Шиле, одиме на нови победи, објави клубот од Бања Лука. ...

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, го повика напаѓачот на Ливерпул, Федерико Киеза, во тимот за претстојните натпревари од плејофот за пласман на Светското првенство. Киеза се враќа во националниот тим по речиси двегодишна пауза и ќе се обиде да ѝ помогне на Италија да се квалификува за мундијалскиот турнир ова лето во САД, Канада и Мексико, откако Азурите ги пропуштија претходните две светски првенства. ...

Фудбалерите на Брага се пласираа четвртфиналето на Лига Европа, откако вечерва во реваншот на домашен терен го совладаа Ференцварош со 4:0 и ја анулираа негативата од 0-2 од првиот дуел во Будимпешта. Брага поведе со голот на Рикардо Орта во 11. минута, а Флоријан Грилиќ го усвои водството само четири минути подоцна. До крајот на полувремето Брага дојде до предност од 3-0, со голот на Габри Мартинез во 34. минута, а конечниот резултат го ...

Калчолигашот Кремонезе го назначи Марко Џампаоло за нов тренер, откако претходно денеска го разреши од должноста Давиде Никола по серијата од 15 натпревари без победа. Џампаоло по повеќе од десет години се враќа на клупата на Кремонезе кој го предводеше во третолигашката конкуренција во 2015 година. Претходно, Џампаоло ги предводеше Милан, Торино и Сампдорија во Серија А, а минатата сезона беше на чело на Лече. Кремонезе ја почна сезоната со ...

Во последниот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија, фудбалерите на тетовска Шкендија попладнево на гостински терен ја совладаа Струга на пенали со 5-4, откако натпреварот во регуларните 90. минута заврши нерешено 2-2. Шкендија два пати се враќаше од резултатска негатива, откако Струга поведе со голот на Радески во 13 минута, а Хамза го врати водството во 82 минута по израмнувањето на Ибраими во 74 минута. Струга ја делеа секунди ...

Машката ракометна репрезентација денеска имаше собир во пресрет на мини подготовките за пријателскиот дуел со Австрија што се игра в сабота. Овој натпревар се игра во рамки на ЕХФ неделата. – Треба да бидеме задоволни што го избегнавме првиот бараж со квалитетниот настап на Европското. Имаме квалитетен противник, сигурно нема да одиме да загубиме, ама резултатот ќе биде во втор план. Ќе пробаме некои работи што би ги користеле во баражот во ...

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, наскоро, ќе потпише продолжување на договорот со гигантот од Торино, јавуваат италијанските медиуми. Спалети седна на клупата на Јувентус во октомври лани на местото на Хрватот Игор Тудор, а неговиот договор важи до крајот на тековната сезона. Според италијанските медиуми, 67-годишниот Спалети ќе потпише до јуни 2027 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Спалети претходно ...

Италијанскиот фудбалски прволигаш Кремонезе го отпушти денеска тренерот Давиде Никола, по серијата од 15 натпревари без победа што го втурна тимот во зоната на испаѓање во Серија А. – Кремонезе објавува дека Давиде Никола е разрешен од должноста главен тренер на првиот тим. Клубот изразува благодарност до тренерот и неговиот персонал за професионализмот и посветеноста што ја покажаа во нивната секојдневна работа откако пристигнаа во Кремона, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
58%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
50%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.66
75%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
62%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
68%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
35%
1012
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
4.63
79%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
53%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
86%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84

Калај

43.91

Родиум

353658.21

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19